Ке бидете ривали на негативноста кога ќе одлучите да ги прифаќате луѓето и животот онакви какви сте ги запознале ослободени од очекувањата дека со текот на времето ќе се прилагодат на проекцијата во вашата глава. Без образложение се поразлични затоа што имаат право на индивидуалност. Таа постои за да бидеме посилни од самите себе.
Напорната работа секогаш, ама баш секогаш го победува талентот. По не знам кој пат се уверувам дека за некои луѓе е џабе, колку и капацитет да носат во себе. Ги уништува мрзата и не мрдаат од мртва точка. Развивајте се, одете напред, колку и бавно да е тоа, подобро отколку да стоите во место.
Пред некој ден запознав една тажна девојка. Не знам зошто е тажна, ни поради кој. Знам само дека веќе долг период е во депресија и знам дека ќе ја спасам од тоа. Не прашувајте како, не знам ни самата. Ама ќе успеам. Мора да успеам. Нема да дозволам уште подолго да биде каква што бев јас, или да стигне до повисок степен. Нема шанси.
Сонувам како влегувам во море. Сонувам како пливам. Сонувам како дремам во парна бања. Сонувам како ми се отворени сите пори на кожата и скокам во топол базен. Сонувам како пијам пиво, се замелушувам од пиење и двајцата насмеани гласно влегуваме со трчање во вода. Замислувам како пиеме чај додека надвор трупа снег. Сонувам како му носам пиво во базен. Како појадуваме со нозете боси врз свежо косената трева. Ова го сонувам веќе со месеци. Сонувам работи кои сме ги доживеале, кои сме ги имале. И пак ќе ги имаме, овој пат тројца. За повеќе да уживаме. Одвај чекам. Мојот совршен маж, љубовник, дечко, другар и ние две.
Ја најдов после година време,а комуникацијата продолжува надвор од овој форум Се радувам затоа што не сме се заборавиле,што имаме доверба една во друга после прекин од цела година,се радувам што уште е истата девојка која отворено кажува се и е прекрасна личност... Среќна сум што преку овој форум запознав мили луѓе кои веќе се дел од моето секојдневие
Имало уште надеж за човештвото Не е жена, херој е - Туку, го оправдувам детево што си заплака. Како тоа, дедо мраз не постоел? Абе, дедо мраз е тоа - Така, среќичка сум си. Сама на себе
Сакам кога… неочекувано ќе ми се јавиш и во рок од една секунда ќе ми кажеш „те сакам“ и ќе ми спуштиш слушалка. Сакам кога… ќе ме разбудиш со топла шолја Нес во кревет, во точно време за да не задоцниме на факултет или работа. Сакам кога… ги почитуваш моите другарки и го цениш мојот избор на блиски луѓе. И ги сакаш како да се твои. Сакам кога… ќе ме ислушаш и покрај плачливиот глас и ќе се заинаетиш да им вратиш на тие што ме растажиле. Да бидеш мој херој. Сакам кога… имаш разбирање за моите работни обврски и се нудиш за помогнеш иако секако ќе ти речам дека нема потреба. А ти сепак ќе ми помогнеш со тоа што си ми поддршка. Сакам кога… будалесто ќе ме кренеш на раце и ќе ми речеш „готово, те земам бегалка!“. Сакам кога… ми велиш дека не ми треба шминка. А сакам и кога се согласуваш на мојата потреба поубаво да се чувствувам кога ја носам. Сакам кога… несебично ќе ме пофалиш и ќе изедеш 2 парчиња од чоколадната торта која случајно сум ја загорела. Сакам кога… се грижиш за моето семејство поеднакво како што се грижам јас. Уште повеќе сакам кога можам да ти возвратам. Сакам кога… се гордееш со моите достигнувања како да се твои. Се гордееш со мене и моето надоградување, па работиш и на своето, што ме прави уште погорда. Сакам кога… планираш да проектираш дом за нас двајца. Во иднина тројца, а можеби и повеќе Сакам кога… секое наредно кафе не ти е убаво затоа што си навикнат на начинот на кој јас ти го правам. Сакам кога… не бираш време и место за да бидеш кавалер. Исто како што не бираш место и време за да ми кажеш дека ме посакуваш. Сакам кога… те сакам поради се’ што си сам по себе, а не само личност што тежнее да биде се’ што сакам – што ете случајно си, моето најискрено „те сакам“!
Незнам за вас, ама мене многу грдо ми изгледа пола кошула пикната во панталони а пола извадена надвор..
Пишуваш со некој непознат 3 дена на фб, веќе 5от ден одите да се видите на кафе а завршувате во кревет, и дури преспиваш кај него во стан. Значи имаш секс со некој што го гледаш прв пат во живо, а пред тоа сте пишувале рекордни 3 дена...и како да немам мислење за тебе дека си курва? Прво добро е што си жива, што ти се сите органи на број, добро е што не те масакрирал на спиење.... И добро не си курва, опуштена си
"како што таа ми ја одземаше тежината, додека трчав кон неа, како што не можев да видам ништо освен неа, како што таа живееше додека јас умирав, како што и јас не знеав како би умрел, ако таа не се родеше." Петре М. Андреевски напишал стихови што не се читаат, се чувствуваат. Најсовршеното објаснување за љубов.
@JollyGirl сепак премногу гледаш крими серии. Зошто некој би се трудел да прави толку муабет кога едноставно може да грабне рандом девојка од улица? Шансите да имаат СИДА се еднакви. Нема потреба ти да мислиш за типката. А уште помалку имаш право да ја осудуваш. Ти носиш одлуки и ги сносиш последиците од истите, таа од нејзините. Нејзино тело, задоволството е исто така нејзино. Нема да е на одмет и ти да се опуштиш. П.С. Цела Македонија брои 2 милиони, а низ светот еден град има толку жители.