Кога некој ќе земе да расшрафува/поправа некој апарат, предмет или било што, интересно е како секогаш излегуваат вишок делови. Нашата чудесна Македонија...
Какво утро Божеее врнжливо, мрзливо. Си направив чај и си прелистувам така по фб кога гледам тетка ми, вујко ми и уште неколку мои пријатели и роднини ти честитаат син. Крвта ми се заледи ми падна тешко. Зошто се радуваат на твојата среќа, зошто воопшто те имаат сеуште во пријатели зарем не знаат дека ти ме уби мене или сочуствуваат зошто јас те убив тебе. Никој не беше виновен едноставно премногу се загушивме јас бев премлада ти премногу очекуваше од мене. После 4 години ми требаше да го искусам животот, што ли ќе беше ако продолжевме, нели сега ќе имавме наше дете... Незнаев дека чекаш дете, веројатно незнаеш ни ти дека и јас го очекувам најубавиот дар. Овие чувства ги препишувам на хормоните во спротивно зошто бе ме задушила твојата среќа, зошто имам грутка во грлово? Секогаш си мислев нема да сакаш друга како мене, а ни јас друг како тебе но ете се случи. Две личности имав во животов со тебе пораснав, а со мм созреав. Сега сме секој по својот пат, среќно нека ти е. Живо и здраво да ти е синчето секогаш да те радува.
Комшијава реновира од мај месец. Па добро има ли некој закон да го регулира ова? Јас знам дека он може нема финансии се од еднаш да направи, ама кркркркркркр, секој ебан ден. Кога ќе видиш вака, не е дека нема финансии, туку во континуитет буши и работни денови и викенди. Кој ти е проблемот човече? Гледам ова се провлекува низ многу случаи, се си мислам дека има некој дух во секоја зграда што прави мајндфак со комшија што реновира, уствари никој не реновира, туку те јебе во мозок. Не е бре реално!!! Шала на страна, нема смисла. Ајде денес сабота, работата што утре е недела и утре ќе галами. Јас не знам што толку прави. Чудесии... Па како ми е мука, се разбудив со притисок 70 со 40, сега ми е 150 со 100. Ми оди да му се качам и со џогер да го тепам. Крк-крк-крк,чук-чук-чук, да ти го начукам више,аман престани. Со чеканчето чук чук кај него од глава.
Учев до касно, утрово се разбудив задоволна поради тоа што половина материјал ми е совладан. Прво станување отидов во кујна да правам ручек, им ветив на моите дека јас ќе готвам денес. Си пијам нес, малку одмарам, па после ќе се фатам пак за книгите. Малку ме боли стомакот, па ќе си го поминам така цел ден опуштено во пижами, со книги, музика, сама. Мора да одморам од гужвите, празниците, да си посветам внимание на себе. Периодов имам една цел, а тоа е да ги положам последните два испита и мора да се потрудам да се оствари тоа. Сакам да пријавам магистерска за месец дена. Лани работев на еден проект, имав и понуда за понатаму, но морав да одбијам поради тоа што почнав да работам на друго место и сега малку ми е криво поради тоа. После сесијава планирам повторно да аплицирам и се надевам ќе имам шанса повторно да го работам тоа. Уживав во таа работа, ја работев со љубов и воопшто не ми беше тешко. Иако не ми е работа по струка, сепак ми е нешто во кое се пронаоѓам и го правам добро. Сега работам само за викенди и размислувам дали воопшто вреди да продолжам. Не е напорно, ниту е лесно... Мислам дека одам на оваа работа колку да не бидам дома, да се дружам, да заработам колку за излегување и тоа е тоа. Сепак да се седи само дома и да се нема никаква активност е многу досадно, а јас сум научена да сум постојано во движење. Многу планови, соништа, желби во еден ваков дождлив ден...
Вчера сите беа потресени поради сликата на Анима Мунди. Јас ниту сум вегетаријанец, уште помалку веган, но свесна сум дека млекото е тотално непотребно, па и штетно за возрасен човек. Ги разбрав многу добро Анима Мунди што сакаа да посочат, но начинот, таа агресивност во коментарите им е сосема погрешна. Целосно е погрешен пристапот. Од друга страна, се покажа затвореноста на нашиот народ да прифати и слушне нешто ново што оди во прилог на нивното здравје, иако информациите за штетноста на млекото одамна се познати. Веќе не држат вода аргументите од типот, "а нас како не изгледале", " а ние како сме пораснале", " па тогаш зошто педиатрите препорачуваат млеко"... Млечната индустрија е огромна и се вртат огромни пари во неа, па никој нема никогаш да ја забрани. Кога не се забранува тутунската индустрија, а на сите ни е јасна штетноста на цигарите, тогаш не може да се очекува дека на пример Битолска млекара ќе излезе и ќе каже: да, нашето млеко е полно со хормони, антибиотици и прашоци. Сепак, се остава правото на секого да одлучува за својот живот. Но, искрено би посакала Анима Мунди да го преиспитаат начинот на кој го презентираат својот став, а останатите луѓе да ги отворат своите видици и да се заинтересираат малку "надвор од кутијата" и надвор од дотогашните граници на размислувања, пред да напаѓаат, осудуваат, негираат и пишуваат одвратни комемтари на со социјалните мрежи.
Аииии не можам да се начудам колку се луѓево наивни или се прават али не бре наивни биле Толку ли не можеш да согледаш кој ти прави лице, а кој те цени а притоа се декларираш како сезнајко и на висока нога али шта чеш некогаш подобро се гледа од ниско Оф леле мори мајко што убаво ми почна денов
Срамота е да ја извадам санката? Со сестра ми двете сме по 55, валјда ќе не собере. Ќе пискаме повеќе од дечурлиите, ветувам. Таман ќе се осигурам дека сестрата во наредните три години нема дечко да си фати.
Многу ме нервира претеранава употреба на зборовите моќно и секси.И кај што треба и кај што не треба.Им се губи значењето.Не се' и сешто е моќно и не секој е секси.
СДК ... јасно ни е на сите како треба, што треба и дали треба да прифатиме и користиме позитивна психологија и филозофски моменти во животот. Ама се повеќе фолиранти гледам направија коктел од реалност и илузија ... Праксата животна ни дава сосем друга слика. Мисли позитивно, делувај позитивно, ама не заборавај да бидеш реален и приземјен.
А па од кај да знаеш јас каква сум, може бетер сум ама изигрувам лудило тука Има потреба да мислам на типката пошто на кого му се жали сега? Мене. Вчера малку плачеше дека не и се јавил, а сега мнооогу плаче дека уште и се нема јавено, а на фб само seen и остава. Јас прво не можам да разберам како може некој од прво гледање толку многу сексуално да те привлече па одма да скокнеш во кревет во истата секунда со него. Така се знае само кој прави. Не другарка, не сестра абе што сака нека ми е, јас не можам да ги разберам таквите. Во 90% од таквите случки се знае дека машкото стварно ужива, а девојката ќе очекува дека пак ќе се видат, дека ќе почнат и во јавност да излегуваат, и се надева дури и на врска (ако се слободни). А тој? Тој сигурно сега со друга се договара за вечер. А девојката што е во негови очи? Тоа што го пишав плсу излегува искористена и небитна. Ама секој што сака нека прави, а јас си имам право да си го кажам мислењето, ко и секој нормален човек.