"Миле Паника@mile_panika4hХан: МК е во многу тешка ситуација. Он намерно ја девалвира за да падне цената на квадрат и после да си купи парче од рајот за џабалк"
Од такт ме вадат стипси. Вон дискусија е оној што штеди за основно јадење и сметки, туку тоа се оние поимошни луѓе, а толку стиснати, што се спремни за денарче да се расправаат и да си го растурат тој, каков-таков, углед што го имаат, брукајќи се и себе, па потоа и тебе што си во нивно друштво. Има господата постојана работа, мало хоби/бизнисче на страна, ама повеќе од стотче не давал он за заеднички подарок, можело тие пари за пивце. Стотче! Да му ја влепиш една наопаку, па да го заспиеш. Секој е**н ден се лигавиш врз тие флашите, глумиш газда, а ваму муабетов е у стил па што ако сме појделе 4 души со една касичка ко поклон. Блазе тебе штом ти е супер, ама мене ми е срам така. Ај иди појави се само со онаквото в раце, мајке ти. Животот мој е подарок твој-Маријан Стојановски.мп3 Никој не сме деца на Бил Гејтс, ама ако некој ти ја направил честа да те покани на скромна прослава еднаш годишно, не биди сељачиште. Не ти била толку драга и блиска? Супер, не биди лицемер и не оди. Иронично, баш тие идат да ждерат n-пати повеќе од другите гости.
8 начини како да ја намалите сметката за струја http://mojo.mk/article/8-nachini-kako-da-ja-namalite-smetkata-za-struja
Убаво е кога имам време да си го посветам цел ден на себе. Не сакам да сум во директен допир со снегот но убаво е кога го гледам од прозорец со шолја топло кафе. Денес сум оптимист, се натерав некако да верувам дека ме чекаат подобри денови, подобри месеци. Ви посакувам релаксирана вечер на сите!
Убаво ми е , не излегувам од дома и само го гледам снегот.Нека вее.Вечер ќе се посветам на пишувањето и едвај ќе запрам.Во позадина ќе ми пее Лана Дел Реј.Еден ден ќе ги направам моите горди на мене. Трудот ќе се исплати.Бидете упорни. Гушки
Сега почна да врне снег во мојот град и само читам статуси на фб ---- снегче.снееееееег,сноу,сновиинг , да не може човек на раат да се осете изненадено кога ке излезеш надвор и ке видеш снег...Ај нека е и ние по повеќе год видовме снегче...
Mислеле за некоја (женска) особа дека е интелигентна и посветена на своето образование - и одеднаш ја гледаат редовно дотерана, заинтересирана и за шминки, често шопингот знае да ѝ е релаксација и да направи да се почувствува убаво на душичката... И целите изненаѓени си го преиспитуваат првиот податок/мислење за истата, пошто нели двете никако не идат заедно, а во нивниот мозочен речник заснован на стереотипи - потребата да се изгледа убаво за самата себе по дифолт им значи површност на личноста... За некои типови на луѓе не ми се верува дека сè уште постојат, е ваквите ми се некаде на врвот на таа листа. Е ај сеа која година да им ја честиташ како нова, или кој век подобро кажано?
^^ Покатастрофално нешто нема. Јас не сум имала до сега таква ситуација, обично ми делат комплименти и ласкања во однос на изгледот, среденост и интелектот. Ама сум се изнаслушала муабети од типот ,, Добро, како можеш да комуницираш со некој кој работи како келнер/ка?,, . Мене ова ме убива. Полека, но сигурно.
Таа што не се сликаше на снегов.Е таа да си ја чуваш .Инаку изминатава година се случија многу чудни работи за кои и не претпоставував дека ќе се случат.Денеска славам 2 години со фемина .Можеби ретко пишувам сега во последно време,но ве читам и тоа редовно.Се надевам дека убаво сте си поминале за празниците.Се надевам и дека сте се одмориле .Останете расположени,ведри и со надеж дека оваа година ќе биде подобро.
Иначе да ви кажам јас баш се радувам кога ќе видам статуси,слики,муабети само за една работа а тема овие денови е и ќе биде снегот Нека си се радуваат луѓето зашо да не Еве и јас чекам да дојде утре конечно слободна недела и цела ден заедно еден до друг а веќе се договоривме и да се сликаме на снегот
Господи, помилувај ги. За еден нема место? 'Знаеш, ќе бидиме излезени со друштвото на Б (дечко, на една другарка) ' И нема место за мене сега на масата. Смета еден? Ај, ок. Некој јадеше кај мене. Некој излегуваше со мене кога немаше со кого. На некој му понудив рака. Поканив некој да дојде кај мене на родендени, и заборави. А, јас за неа дадов 200 ден. За роденденот. Се тргна со друго друштво ама ако. Не живеам бе за вас. Еј, се врти тркалото... Не заборавајте. Живи били па видели
Епа луѓенца, Life Is Beautiful или италијанците што би рекле...La vita è bella Денов ми е најубав. Ќе си го запишам некаде. Фала богу, хаха мк. традиција се облележа со сликичка. Нема ништо поубаво кога цел ден ќе сепомине со дечкото.Кога одиш до маркет и тој со ПЛАН те задржува.Ај ако не земи и тоа или ај појди и земи до пазар... Појди земи панкала у боја...хахаха...јас до тој степен заљубена што сериозно мислев сето тоа му треба...И после 40 мин или можи час ме фати, поради гужвите и семафорите...идам во стан и гледам масата декорирана, на масата свеќи, миризливи.А на голема чинија поставени солени мафини со фета сирење. Не можам да ја претставам таа среќа кога идам у стан, ладно ми беше пошто по елек излегов, само вино да земам и тој ме завртка.Мислев дека мразулци ќе ми искочат од прстите... љубов моја најубава <3
Zavrna nekoj santiM sneg. Na site im e samo na stapalata mene do kolena. Ami maljo sum Ocekuvam da snema struja sekoj moment..
Некни сонував толку убав сон, го сонував него. Стара болка од минатото. Сонот беше толку реален иако го немам видено 2 и пол години. И сфатив дека и по толку долго време го немам целосно заборавено, не знам и некогаш дали би го заборавила воопшто. Длабоката лузна во мене повторно се разрани со тој сон. Бевме помали, далечината си го направи своето. Тој беше и единствениот кој ми има толку многу значено, не знам дали би сретнала човек како него. Можеби кога би биле по храбри би можеле да промениме некои работи или така требало да биде. Сакам да кажам борете се за нешто ако ви значи, ако треба светот превртете го, ако вреди да се борите за некого или нешто, не седете така и да чекате да ви падне нешто од небо, пробајте се шо е во ваши раце, за да не ви биди мака после.
Живеам во онаа заблуда кога си мислам што ако се борам за нешто што е тотално небитно, а ги кренам рацете од она што треба да се борам за да го добијам. Како би знаела што би било вистинскиот избор? Не сакам да имам повеќе прокоцкани шанси, а не сакам и да пробам и да се изгорам, никако не си.
Кого лажам со насмеаново лице? Себеси, секако. Тоа не сум јас. Не сум навикната на позитивост околу мене. И секако, сите други се тука да ми докажат дека радоста не е за мене. Дека сум родена за да живеам во депресија. И така, поминаа и тие 5 дена со континуирана смеа и пак си продолжи депресијата. Барем убаво беше.