Сигурна сум дека сте имале ваква средба во животот. Сум била на многу семинари, обуки и тренинзи, сама или со познати. Некои биле со стотици присутни, а некои со мали неформални групи. Освен програмата сама по себе обавезно се сретнувам со тн шупак од човек независно од полот. Оваа личност никогаш не се прилагодува со мнозинството, некогаш е и надвор од културата. Секогаш има специфично седење, од што е посебна, па сите седиме нормално, она доле на под, или соблака кондурчиНа, ете така и е удобничко и си е природна. Прва трча кај тренерот/обучувачот полна со прашања и од прашања преоѓа во приватен разговор од типот од каде те знам (а сто посто добро знае од каде ја знае личноста ама да не испадне манијак), па ако испадне преку некого ехеее па и муабет и за чоекот што не е присутен. Секогаш им е или поладно или потопло од другите и тоа мора да го експресираат и сите да знаат, а вас може и мразулец низ нос ви виси, ама си ќутите. Секогаш на паузите споро паузираат, последни земаат кафе или закуснуваат, споро се движат и последни се враќаат назад. Обавезно констатираат дека им се јаде сега нешто благичко, зошто не јадат благичко ама после јадење мораат ете, плус сега и им работел поише мозокот, па им барал. Или ќе бараат благо или во најдобар случај си носат сами моцарт или фереро, јер така се хранат, инаку во други услови и чоко бисквит им брка работа. Ако е психолошка темата, ааууу ми се деси една да кажува како мрсули вадел малиот ама биле позелени зошто изгледа она работела на себе. Они секогаш имаат нешто да кажат и мислат дека нивното е повредно, подлабоко и поголемо од туѓите искуства. Секако некако успеваат да украдат од времето на целата група и да направат се да се врти околу нивната удобност и битност. Досадни сте. Ако се препознавате, не бидете тој пис оф шит. Ах уел...
Денеска сакам да ви зборувам за болката и за стравот. Ви текнува ли на Pain and Panic? Види спојлер. Спојлер Е, јас би одела со послободно преведување на македонски и би рекла Болка и Страв, затоа што паниката не е ништо друго, освен страв. Болката и Стравот, исто како пријателчињата од сликава, одат заедно, рака под рака. Ако дојде едното, доаѓа и другото, се чуваат еден со друг и некогаш, не знам дали не боли затоа што ни е страв, или ни е страв затоа што не боли. Друга работа е, што од најмали нозе, не учат да избегнеме болка и не учат дека болката се избегнува со страв. Немој да трчаш, ќе паднеш. Биди мирен, ќе ти пуштат инјекција. Ако не јадеш, ќе бидеш гладен до вечер. Земи учи, ќе ти стават единица. Пази кога преминуваш улица, ќе те згази кола. Најраните сеќавања за тоа како светот функционира, бар мене, ми се основани на страв од болка и болка од страв. Како минат годините, само се зголемуваат и болката и стравот, да веќе стигнуваш до еден момент кога сфаќаш дека секоја ебена одлука ти е основана на тие две работи. Страв дека ќе завршиш како никој и ништо во животот, затоа што тоа ќе те ти предизвика болка и патење. Страв дека ќе останеш сам и дека ако љубиш, ќе те повредат. Страв дека нема да се оствариш на професионално ниво. Страв дека се' е минливо. Страв дека ќе останеш во средина што те гуши. Страв дека сите лажат и се лицемерни. Страв дека некој, некаде, некогаш, ќе те повреди. Страв дека животот нема да ти биде таков каков што си се надевал. Слободно, заменете го зборчето страв со болка погоре и повторно речениците ќе имаат смисла. Долго време се дружев со другарчињата од погоре, па мислам дека цели дваесет години ги носев, едниот под едната, другиот под другата рака. Ми тежеа, ме болеа, ме притискаа, ама за жива глава не ги оставав. И знаете што? Ништо. Само јас носев дополнителна тежина, која ме болеше повеќе од вистинската болка, а сега рацете ми се слободни да му се радувам на животот. О, да, не знаете колку е ослободително чувството кога сфаќаш дека веќе не стравуваш, затоа што, така не ни боли. Ги сфаќаш како составен дел од животот, ги прифаќаш со отворени раци, ги гледаш како нешто нешто што мора да го осетиш и тераш понатаму. Ни најголемиот страв кој би го почувствувала, нема да спречи мене некој да ме повреди, да ме навреди, да судбината си поигра со мене, да животот ми фрли бомба пред мене. Ни најголемата болка што би ја почувствувала, нема да биде пострашна од оние што веќе сум ги преживеала, ме болело, преболело и поминало. Животот е таков, одиш и горе и доле, па те тресе, во круг, па те вивнува високо угоре, па те фрла под земја, те укопува, па ќе те лансира меѓу ѕвездите... Ама спремна сум да се соочам со тоа, спремна сум и да ми биде пак страв и пак да ме боли. Ама со самото тоа што сум спремна на тоа, нема да биде ни толку болно, ни толку опасно. Ми вика некна еден дечко, опасна си била тиииии! За во скроз друга ситуација ми го кажа ова, ама сфатив дека нема некој што сум го запознала, а да не ми го каже истото. Ми викале и дека сум темпераментна, сум се смеела, ми викале дека е тешко човек да ме остави во едно место и да ме најде пак таму, сум паѓала од смеа, ми викале дека сум препаметна за многу работи, дека сум искрена, дрска, јас пак, хии хи, хаха! А знам дека биле во право, затоа што сите тие работи доаѓаат кога човек е храбар и не се плаши да почувствува болка. А, кога не се плашиш од пеин енд пеник, нема да се плашиш ни да ги осетиш сите емоции за кои душата ти се ослободува.... радост, среќа, ведрина, оптимизам, да осетиш еден душевен мир, кој луѓе со години го бараат. Е, да, опасно е кога човек не се плаши веќе од ништо и е подготвен на се', кога е подготвен да го освои светот, да го преврти наопаку, да отиде лево и десно и на сите страни, додека не успее да си го најде местото, затоа што, извини, ама животот ми е еден и единствен и сакам да го уживам и изнаживеам со полн здив... како и сите останати храбри луѓе.
Сакам да чувствувам. Љубов. Додека лежиме гушнати, тој ми шепоти дека сум прекрасна. Додека седам со моите родители и им ги слушам разговорите. Додека пијам пиво и се смеам на глупави шеги во друштво. Среќа. Готов производ после многу денови работа. Добри резултати на испитување во болница. Положен колоквиум. Насмевки на лицата на луѓето кои ги сакам. Болка. Од онаа која е предизвикана од празнина кога некој ќе си отиде, до таа прекрасната кога ми ја кубе косата. Кога не можам да си ги сопрам солзите, а среќна сум затоа што сум способна да си ги покажам емоциите, конечно. Или во тинејџерските години, дури си го гребев коленото секојпат кога ќе сум нервозна или тажна, за да си го преусмерам вниманието на моменталната болка, а не тоа кое се случува. Лутина. Им спуштам слушалка на луѓето кога ќе ме налутат, за да ги заштитам од сопствениот бес и од зборовите кои би ги кажала, а знам дека ќе направат да се покаам. Страв. Кога сама шетам по темни улички ноќе, намерно. И во темница сама гледам хорор филмови, за да почувствувам нешто. Се плашам од празнината на немање чувства. Порадо би била тажна, отколку да живеам живот во кој не чувствувам ништо. Не сакам сивило. Сакам бои.
Стерилизирањето на мачката го одложувам веќе подолго време, небаре мене ќе ме сечат а не неа. Бидна сабајлево, ама поштено си ја споделив нејзината болка. А таа под анестезија можеби и чувствувала помалку од мене. Мене срце ме болеше.. онака.. се изненадив себе си од сопствените чувства. Ми се јавува мајка ми и прво ме прашува како сум јас, а после како е мацата. Е она знаеше зошто не спиев ноќеска... па ми вели... "будалче, толку многу се испосекира, а замисли да можеш да си ги помножиш тие чувства и грижи со трилион, за да видиш колку многу се интензивни кога се работи за свое дете.." Па ми текнува на она што братучетка ми откако доби ќеркичка лани и го кажа на тетка ми.. одеше некако вака.. "..мамо, ти знаеш дека јас многу те сакам, ама сега знам колку ти мене ме сакаш!" Тоа е таа единствена, најголема, најсуштинска, незаменлива, безрезервна љубов. Чиниш мало сонце кое ти го собира во прегратка, а всушност е големина поголема од сите светови и универзуми.
Kylie Jenner lip tutorial во само 5 чекори: 1. Земете shot glass. 2. Фрлете ја некаде настрана. 3. Направете си салата. 4. Во салатата ставете дупло повеќе сол и оцет отколку што треба. 5. Уживајте во вашите надувани Кајли Џенер усни. Повелете и другпат.
Недела како ден многу го мразам, досаден ми е. Нека помине побрзо утре имам богат план, па и нешто да се подновам
Една од најпаметните работи шо секогаш сум си ја велела себеси Ич, не ме Спојлер боли Стојко за другите. Гледам да се дружам со тој шо ми одговара, гледам да им помагам на оние што сметам дека треба да им помагам. Како да станам подобра личност? Како да бидам попозитивна? Мааа, треба да бидеме оние шо сме без глумења... Јас барем пропуштени сме. Не бе, не сакам да одам со толпата. Поразличен од другите, а сепак свој. Недела денес, некоја сугестија за тин филмче? да се опуштам попладнево.... Ајде еден поздрав од мене.... Yo!
Од оваа куќа никој да не замине. Во оваа приказна никој никого да не го напушти.. Не сакам среќен крај, сакам среќа без крај.
Ме потсети на моите први оргинал патики. Бев 5 одделение и отиднавме со мајка ми и татко ми да ми купат патики тогаш носев број 38. И моите мислеа дека ногата уште ќе ми расте во пубертет и ми купија 41. А јас си ќутев и викав супер се. Поминаа 12 години од тогаш и уште ми се големи ногата ми остана иста, а патиките се сеуште нови.
Е што е тоа да се нарече дом? Таму каде одиш да се одмориш, а наместо тоа ти се троши енергијата и ти се полнат негативните батерии, таму каде во значајни моменти се оддалечени едни од други и кога владее хармонија само кога финансиите цветаат? Се нема веќе топлина, се нема веќе блискост, се нема веќе поддршка и доверба. Ма фак ит!
БРАВОООО...не знам што би кажала. Во мојата борба со анксиозноста ова само уште повеке ми помогнаа. БРАВООО
Која е причината која ве тера цело време носевите да ви се забодени во туѓи животи ? Толку ли сте неисполнети и искомплексирани ? Жал ми е , најискрено. Се осудува се , се коментира се , ви смета се. Среќни парови ви сметаат, опуштени девојки ви сметаат, мајки со бебиња ви сметаат, старци ви сметаат, се ви смета. Станавме многу нечовечен и злобен народ. Народ кој подобро ми се занимавал со туѓите проблеми отколку да ги реши своите. Народ кој критикува и удира по се што е различно од неговото. Чекате на туѓи грешки, уживате во туѓи страдања само за да се утешите дека кај вас е подобро. Па ако треба да чекам на некој друг да е несреќен за да почнам да го ценам моето, нека иде се во бестрага. Среќна сум. Мали промени како перничињата во дневнава ме прават среќна. Прекрасно е . Испружив нозе и од мерак за новиот чајник ќе испијам 2 литра чај од нане. А не ми е еден од омилените. Си ги правам филмовите
Стојам пред огледало, па нагло се вртам, полуприсебна. Си личам на митолошката медуза со милиони змии околу глава. Изгледа проблемот е во фактот дека сум совршено способна да ги префрлам сеќавањата од краткотрајното во складот на долготрајното помнење. Мене не ми е јасно зошто таму ги задржувам? Како ли влегов во такво е*ено клише? Просто, како ли ми успеа? А што лагано си живеев...
Патетични сте веќе со таа ваша фалц шминка. Кога веќе еднаш ќе видиме тема „Вашата долна облека низ слики“ ?