Многу ми е криво што денешните стандарди за убавина се тон шминка,напрчена уста,силикони и сл. Потајно се надевам дека повторно ќе дојде време кога мерило за убавина ќе бидат прекрасните актерки од минатото,како Одри Хепберн,Грејс Кели,Софија Лорен и многу други. Убавината е одраз на елеганција,женственост,умереност,природност и грациозност,а не ова што го гледаме денес.
Денес сретнав една момичка комшика од кај мајка ми,си помуабетивме малце,се пофали дека си ја исфарбала косата и дека за тоа и земале 2000 ден. и дека си направила нокти за 900 ден.се тоа беше во цифри,секако си работи си зема плата ке си ја троши како што сака. Инаку зборот ми беше за тоа дека има земано и јас плата и тоа доста голема но не овде туку во странство но никогаш не сум ја трошела на залудни работи,хм залудни за некој се тие или незнаат дека да ги дадат,но секогаш купував вредни работи кои имаат корист,нешто за дома или незнам таква сум си јас да не речам гледам за дома. Ете тоа сакав да кажам.
Зошто мораш да бидеш секогаш лош и дрзок за да ти се враќа со добро?! Затоа што, одразот на добрината е молчењето, немањето свое јас, немање карактер, страв од искажувањето на сопствениот став, наивен, прост со еден збор никаков. Жално и навистина многу реално во денешницава се формира, доживува и објаснува зборот "доброта". Да бидеш "лош" значи да бидеш искрен и дрзок, а тоа не значи дека навистина си и злобен.
Гужва пред гол. Осечам се недељно. Со ,,љ,,. Надвор е ептен фризинг, грч ладничко. Излегов денес во набавка и неделна прошетка и смрзнав. Си се вратив домче на чајченце со ќебенце и книга... И таман си викам денес ќе си се опуштам неделно, со семејството... Почнаа да ѕвонат телефони, камера за неделава договорена, емисија за утре закажано снимање, и ајде трчи гони луѓенца, организирај се и така... Не ми пречи. Вооошто не се жалам. Вчера си се изнауживав, времето непогодно за излегување и се одморив скроз. Спремна сум за работнава недела, а понеделников ќе биде баш добар. Нови почетоци... се надевам на успешни проекти...
Абе луѓенца,не дека имам замерено против некого нешто на форумов(оти ретко пишувам,пуста инторвертност до кај ме доведе) ама нели темата за околу и преку 40 е отприлика наменета за таа група а не и помали или .. ?
Често во фрижидерот, многу јадења чуваме во пластични кутии. Вчера, отварам кутија со амбалажа од сирење, со намера да си јадам и имав што да видам Наместо сирење, во кутијата имаше грав
Зошто се снимаат по втор или трет пат македонските народни приказни што се веќе снимени? Ај овие новиве да личеа на нешто ок, ама живо срање се. Старите глумци-легенди, старите приказни-легендарни.
Денес пмс ми е најзабележителен и освен тие 2-3 часа кои пиев чај надвор и гледав шолји во Џамбо, немам желба ни да одам еден туш да манам да се релаксирам. А и снегот веќе почна да се топи. Ајт барем на еден ден го имаше, не ни прашав за повеќе.
Обожавам зима. Тој мирис на зима. Да се шетам во зимно време. ЛАден воздух. Сето бело околу мене. Со капа, шалче, нараквици. Тишина. Толку ме исполнува. Можам со часови да се шетам и да сакам уште.
Некои бакнежи можат да побудат чувства што не знаеш дека ги имаш. Се чувствувам како да имам вулкан во стомакот и како да експлодирал и сега сета таа лавина испарува и ми причинува топлина, спокојство, среќа, насмевка и желба за почесто да го имам ова чувство. Најсилниот мускул во човековото тело е виновникот за едно од најпрекрасните чувства. Кога ќе се сплоти со неговиот, во мојот свет што го гледам само со затворени очи, постигнато е совршенство. Се е како што јас сакам. се функционира правилно и се трае колку што јас сакам, или се додека не почне нова песна на радио. Доброто бакнување се должи на дополнението што партнерот го прима од вас. Ауу ама сум перверзна вечерва
Пред некој ден морав да примам инфузија,па додека ја примав се обидов да мислам на убави работи кој ми се случиле. Чудно,но прво што ми падна на памет беше летото, журките до рано наутро и некој рандом фаци кои ме насмејале. Тоа е суштината,во тешките моменти се присетуваме само на моменти во кои сме биле среќни и на личности кои направиле да се чувствуваме прекрасно. И одовде прашањата: зошто да си го трошиме времето на луѓе кои не не прават среќни? Зошто да поминуваме време залудно,кога може да го искористиме времето со вистински личности создавајќи спомени? Да навистина,зошто? Мислете на себе си и дозволете си да бидете среќни.Секогаш минувајте го времето до личности кои ве прават среќни и кои ве смејат. Тоа се личности кои навистина ви требаат во животот.Тоа што ве прави среќни, не може да биде грешка.
Aaahahahahhahaha, dusicka. Toj trgnal mislenja da berit ko na niva Спојлер Ko demek neznaese deka ne ti se vbrojuvaat
Или на пример може да оставиме секој да биде каков што сака без да ни биде криво. Секој си има своја убавина, и секој има различна перцепција на истата.