Знам дека е Недела кога отварам фемина и гледам 3, 4 страници испишани во СДК. И кога ги читам истите уживајќи во моето чајче вака во доцните ноќни часови. Иако снегот е ладен, јас гледајќи го како врне чувствувам некоја топлина. Ми се полни срцето, веднаш менувам расположение. Стојам покрај прозорец гледајќи во него. Се сеќавам на убави моменти. Ги гледав децата како играат, трчаат и се радуваат. Како да се видов себе си. Себе си и друштвото на улицата во нашето маало. Се сеќавам, јас како нај малечко, едвај душа вртам, губев во битките во снегот. И кога полудував од болката од моите ладни камен рачиња, трчајќи дома со плачење кај мама. Да ми ги стопли. И наредниот ден како да не се случило ништо, санката во раце и прва сум. И секој ден пак. И пак, и пак, и пак... Се додека има снег. А кога ќе го снема, со нетрпение ќе го чекав тој од наредната зима. И се уште сум таква. И секогаш ќе бидам. Во себе, мало детенце кое секоја година се радува на снегот, како прв пат да го гледа!
Да бевме свесни за своите антиталенти како што сме за талентите,ќе ја поштедевме барем околината. Тоа дека ќе се поштедевме и самите себе си, не ми се верува баш, оти или сме свесни и глумиме лудило, или до толку сме несвесни што ни нема спас. Тука неможе ни родената мајка да ни помогне. Не би и верувале.
Бев кaј бaбa ми 2 денa. Кучетo не мoжеше дa дoјде сo мене, пa гo oстaвив мoите дa гo чувaaт. Денес дoдекa се врaќaв рaзмислувaв зa неa, зaштo вo пoследнo време честo oдеше пo гoлемa нуждa, пa јa смaлувaв кoличинaтa нa кoски вo нејзините oбрoци зa дa ги дoстигнaм пoсaкувaните резултaти. Несвеснo, сo сериoзен изрaз нa лицетo гo прaшaв тaткo ми: "Кaкaше денес?" (мислејќи нa кучетo, секaкo) Зa жaл или среќa, тaткo ми (a претпoстaвувaм ни билo кoј друг) не е читaч нa мисли, пa пoмисли декa зa негo прaшувaм. Мaјстoр сум кoгa стaнувa збoр зa непријaтни мoменти.
„Како можам да бидам изгубена, ако немам каде да одам? Како можам да бидам изгубена, ако не сакам никаде да одам?“ Mислам дека луѓето се среќаваат со причина. Со причина остануваат еден до друг изгубените души. Со причина некој не сакаш да избуткаш од себе, а ако го бутнеш не оди. Два пара тажни очи, две различни истории. Која од која потрагична, која од кога покомична. Која од која полоша, која од која подобра. Која од која поразлична, која од која послична. Ти удираш во месо, тој удира во коски. И двајцата ве боли. Минато, тоа е нешто што поминало. И веќе ќе го заборавиш, и ќе дојде и ќе те потсети на нешто. И како да те обвинам тебе, кога на себе не можам да си простам? Затоа, не простувај ми ни ти. И си велиш, Господе ќе направам да ми платат. Ќе им вратам се еден ден. И на моменти забораваш. Ги затвораш очите за кратко и кога ќе ги отвориш забораваш на време и простор, и посакуваш тоа засекогаш да трае. Ги затвораш очите и почнуваш да се молиш да заборавиш и да исчезнат застрашувачите слики. Се молиш и чекаш. Веќе не знаеш и на што се молиш. Почна да не си сигурна. Си го чекаш времето твое. Денот кога ќе застанеш цврсто. И добиваш некаква сила. И застануваш на Сонцето да ја почувствуваш топлината. Го гледаш Сонцето, ама не свети. И се заколнуваш уште еднаш, дека ќе го завршиш денот и дека ќе ја дочекаш ноќта храбро. Дека нема да страдаш повеќе за истите работи. Се заколнуваш дека ќе истуриш боја на сивило. И во ова се колнеш, се колнеш дека Сонцето ќе засвети. А кога ќе засвети, собираш една кутија сјај и ја носиш поклонетата празнина во гроб.
Jас ви сум човек што плаче да го однесеш на некој пуст остров и да ме остаиш таму. Не можам бре ова имендениве и неделниве ручеци со поширока фамилија. Јас си ги сакам стварно, ама многу се напорни. Особено ако јас уште не сум била отрезната од саботата и не сум си ги пребројала цревата што си ги истурив . Седнуваш да јадеш и оно се збори константно . Па нели до пред некоја година тие беа што не учеа дека кога се јаде не се збори? Ви се верува дека вчера цееееел ручек се збореше за јадењето на тетка ми дека било убаво? Ок беше, ама може да го соџвакаме? Таман се престанало на темата, некој пак ќе спомне, ако не некој друг, тука е тетка да потсети... Па ај живели да сме напраеле, па не доголтнато па ајде пак... Значи се повеќе и повеќе сфаќам дека многу сакам тишина. Мцкање уз јадење, дерење за приглувите, несмешни смешки, крцкање прсти, штрапање влечки на недодигнат чекор... Да ви кажам, многу ми дојде на душичево некако... и еве денес понеделничково сонце што убаво растерети малку.. утре оп, пак неработен 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10. Бидете ми поздравени! , ваша М,
она чуство, кога ти се јавува некој што не ти се јавил милијарда години, само за да те праша како си и дека онака му текнало на тебе...и нормално, покана за кафе, ручек, дружење... машко сум ама претпоставувам дека тоа е она чуство кога ти викаат, симни ги гаќите и наведни се...
Ќе ти нуди Лајанес или осигурителна полиса. Како твитот де. Кога сме кај полисите... Ах уел... веќе цел месец еден лудак ме брка по телефон и се кара со мене за осигурителна полиса. Сега го ставив со име - не кревај. Му викам, не сакам, ок? Не сум заинтересирана, а тој упорен, се кара со мене како смеам да не сум заинтересирана, па колку било тоа добро. Добро, кој ги обучува овие луѓе?? Кој?? Не сакам, значи не сакам. Ако не секој, секој втор ден тој упорно и упорно врти. Ем последниот пат буквално го отерав у пичку матер, ама он скромно констатираше дека ќе ме побара пак. Дали е здрав човеков? Ми е гајле што ти треба леб да јадеш, ама не на мој грб и по секоја цена, тоа е насилство бре. Башка не верувам во осигурителни фондови од многу причини кои се докажале за точни, а најглавната е што средствата кои ги исплаќаат се многу ниски, а почесто е цела процедура на докази за да те покријат. Почесто сакаат да те изманипулираат. Несреќа на другарка, а има осигурување. Кршење на заби (од 4 до 4 горни), потрес на глава, скршена рака на три места, пукнати ребра, набиеници, надомест - 15.000 денари. Епа фак оф. И ван темава... Само мене ли овој Марко Поповски што сакаат да го подвалат како машки модел и посакуван ерген, ми личи на крт? Сериозно ми личи на крт! А кој знае како изгледа крт, знае дека не изгледа најпривлечно на светот.
Не постои веќе добар човек (мора да има мало грамче "злоба") . Добро ,може претерав или па се јавува пак мојата наивност,ете 1:1000 е добар! Само кај да ги најдеш? Во Бог верувај ,се друго проверувај! Се на одредена дистанца со одредена резерва ,за да нема несакани репризи.