Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  2. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    На the-girl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Настана масовен тренд на откажување од цигари, почна паника да ме фаќа малку искрено, што ќе праам јас кога се поише и поише пушам. Ту би ор нат ту би работава...
    Ги знам сите приказни наизуст, ти го празнат џебот а полнат плуќата со црнила и здравје земаат, ама па од се се откажав бре луѓе, храна ваква таква не, секс не, и сега и од цигари ли?
    А наскоро сакала несакала ќе морам да ги остаам барем за некое време, ама се уште не сум психофизички спремна за тоа. Нит сакам да мислам на тоа како пак ќе се закрнофнам зашто ќе се фрлам на масовно гнетење.
    Си реков така загрижено во ноќта и си запалив цигара, да се утешам.
    Е се утешив веќе....
     
    На WarriorAngel, fatamorgana123, prettyliar и 7 други им се допаѓа ова.
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Наравоучение
     

    Прикачени фајлови:

    На lana.del-rey, hermosa и agnes им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си среќен кога луѓето што ги сакаш се среќни,кога имаат насмевка што неможе да се купи со пари,кога ја остваруваат својата цел...!

    Никогаш не се чувствувам толку убаво како овие утра,кога ќе станам порано,и кога имам цел час за себе.Животот се тркала,некако се средува,ама кој знае како ќе биде во продолжение.
    Сама сум во големиот град и освен тоа што не го сакам,во некои моменти сфаќам како ме смирува и ми ги полни батериите.

    Па и не сум имала некој си муабет за овде,а мислев поинаку ќе биде..
     
    На Elena69221 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Си имам едно другарче од ЈСП од пред извесно време. Со тоа другарче секое утро си патуваме со ист автобус, не знам дали и тој ги цепи минутките за да стаса да го фати бројчето како мене, или ме почекува, затоа што бројот со кој патуваме е чест и го има на 6-7 минутки, а и јас со автобусите....еден па друг, светски патник. Вчера буквално пред нос ми замина автобусот, а другарчето исправено чека на транспортен. Зошто не се качил сега, одма почнуваат женските анализи :D И добро, целава приказна генерално гледана е секојдневна.
    Што ти значи женско его, се навикнав веќе на него, и кога евентуално нема да се начекаме ми фали,седнати еден спроти друг, си ловиме погледи, го фаќам како ме гледа демек срамежливо криејќи ја насмевката зад брадестото лице и ситните кафени очи, играјќи си со прстите. Интересно ми е мајке ми, а далеку сум од тинејџерка па ова да ми предизвикува немири хахаха.
    Барем утрото ни започнува со насмевки. :) Ќе го пресрамиме батето, само да ми е слободно седиштето :D

    Убав ден на сите.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, LittleChili, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Толку овие месеци бев тажна,толку трагично го прифатив фактот дека е толку,па тадури и од лекар ми посочија со следниве зборови:Твојата е тешка болест,ако не внимаваш на храна нема да се спасиш.... :o
    Така ли се кажува?! :fubar: ,но ете некако си се помирив дека тоа е тоа и сега сум подобра...пу пу да не се подречам скраја да е!!!
    Сега треба да одам по резултати и душава ми тресе,а мажотми само вели абе ричи.ааааа не се нервирај се ќе се среди....
    А вистината дека неможе да се среди,ама ајде мора така да ми рече нели?

    Затоа феминки мои сакам да ве поздравам и да ви посакам многу здравје и немојте да се нервирате,бидејки секоја болест доаѓала од нервоза...
    Имајте убав ден :*
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    .... 9 часот наутро неуморно ѕвони телефонот, ја кревам слушалката и наеднаш срипувам од креветот како попарена. Познат глас, неговиот, после скоро три години, ми требаше време да си дојдам на себе, да бидам сигурна дека тоа е тој, дека не е сон, дека навистина го слушнав..
    Низ глава ми поминаа сите сите наши разговори, некои моменти, како го запознав и низ се што тој минуваше...

    Имаше големо срце, штета што дозволи тоа да го искористат други и да го уништат
    западна во многу невољи, се дружеше со погрешни луѓе, се уништуваше..
    Но доцна го сфати тоа, премногу доцна...

    На почетоток го гледав како постар брат, се однесуваше така заштитнички кон мене, со текот на времето се вљубив, всушност како и секоја тинејџерка, мислев пеперутките во стомакот, непрестаното мислење на него, следењето со поглед е љубов, убаво ми беше во негово присуство..

    Се сеќавам дека имав огромна желба да видам каде живее, па еден ден после школо го следев :tmi: не ми пречеше тоа што истураше дожд...
    Детиште мислев дека ме сака само затоа што секој ден ми подаруваше куп насмевки :).

    На 15 години што знаев за љубовта, мислев љубов е ако те чести кафе или сок во училишната кантина, или ако те одбрани од некој лош школски кој постојано ти ја тргна ташната.

    Сакав да кажам дека никогаш не знаеме што не очекува во животот.
    Мислев дека уште многу долго нема да знам ништо за него, ама ете го се појави од никаде, чисто да ме потсети дека минатото секогаш ќе биде дел од нас без разлика дали ние го сакаме тоа или не..

    И да не бидам погрешно сфатена, сега после толку време имам дечко кој неизмерно, безусловно го сакам, кој ме прави најсреќната жена на светот :inlove:..

    А тој засекогаш ќе остане запаметен како мојата прва љубов, љубов од средно.. Па што, сите имаме некој таков зарем не :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SparkyAngel, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    За некој месец ми е роденден , но можеби ке го добијам мојот најубав подарок :inlove: :inlove:
    Кој ти знае но ми мириса така нешто :rock: :inlove: :* :P :$ :rofl:
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Демек,тоа што не те убивало те правело посилен,јеа рајт :rock: :^) .Што да кажам кога и небото со мене плаче и како мене е тмурно ,ем тажно ем бесно истовремено ...Се спрема бура.
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Се радувам што времето е вака тмурно,нека остане такво до после колоквиумска инаку ќе ме привлекува за шетање. :D
    Исто се радувам кога ќе станам порано,без аларми и триста урлања,туку сама од себе,и ќе го зграпчам денот,како што викаат.
    Кафенце на тераса,доза растурени соништа и книгата Физиологија до мене.Уште цигарче ми фали,ама на тоа не се враќам,се разделивме со никотинот од поодамна.Не дека не ми фали,ама нашата врска беше токсична :lol:
    А за насабајле најубаво песниче,за расонување и насмевка...
    www.youtube.com/watch?v=XbI1FpLd4Vk
    Со убавини да врви денот.
    Го пишувам постов дури сега, оти сега стигнав до лаптопот :D Студентски маки или немаки,сеуште незнам :D
    Имајте пријатен ден :*
     
    На anuskaNESTLE, Elennaa, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Бура од емоции имам во глава.. мешавини, бранови, грмења, невреме. Измешани чувства, измешани емоции, покриена тага, удавена некаде длабоко длабоко во мене.
    Чувствувам дека во секој момент ќе отплави, ќе дојде на површина, ќе проба пак да се пробие низ моите ветувања, ќе ги исплива моите солзи и повторно ќе дојде. Онаа истата тага, само повеќе болна, со повеќе скршени парчиња од срцето..
    Чувствувам како секогаш кога срцето ми се крши на делови, деловите остануваат во мене, бидејќи можеби некогаш ќе се вратат, ќе се спојат повторно, повторно ќе се чувствувам жива со желба за живот и нова љубов, со желба за авантура..
    Сакам да ја удавам тагата, затоа и плачам, да се удави во моите солзи, но изгледа е неуништлива. Се бори, сака да се врати, секојдневна борба стално се случува во мене.
    Кој ќе победи? Кои ќе бидат последиците? Ми ја уништува психата..
    Можеби и се е замислено, тагата не постои, јас самата ја контролирам, бесот е поголем од се. Желбата за нешто ново, за нешто различно..
    .. а сега, повторно се вратија измешаните чувства.
    Не знам што сакам, не знам што сакам да имам, не знам што чувствувам, а кога и ќе размислам подобро, не ни сакам да знам, нека остане така.
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=6dW6aNAZGTM
     
    На SparkyAngel, anuskaNESTLE, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Истиот пост би го споделила како и Jenniffer. Потполно истиот.
    ~Премногу проблеми на едно место. Никој не сака да најде решение,секој се води според чувствата,потребите а јас жртвено јагне.
    Деновиве сум подобра. Престанав да комуницирам со него, минус проблем од него. Разговорите со домашните ги сведувам на минимум. Одлучив месец и половина да не си одам дома. Да си се посветам на учењето,полагањето,дружбата со цимерка ми,муабетите со нејзе и музиката.
    Со еден колега паднаа ред муабети,обични,среќни. Времево врнежливо,така за никаде но премногу уживам во него незнам зошто.

    Реченициве измешани,исто како и моите чувства.
    Имајте убав ден! :*
     
  14. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Господ здравје да му даде на еден мој школски, како ме е насмеал, ми го направи денот. :rofl:
    Одговара музичко
    и треба да каже хорот во драмското дејство претставува поголема група на луѓе во зависност од содржината на операта - селани, војска, работници...; а тој наместо тоа
    - ХОРОТ СЛУЖИ ЗА ИМИТИРАЊЕ НА ЗВУКОТ НА КОЊИ :rofl:
     
    На Papillon.Papi, LittlePinky и Westlife им се допаѓа ова.
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    ****Тркалото Се Врти... Па МоЖе некогаш Ке Се Врти и Во Моја Корист****
     
  16. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Преголем паничар сум.
    И тоа за ништо.
    |(
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Решив да споделам неколку страници од мојот дневник. Онака... без причина.

    Дневник на КвинЕлена
    Не отварај. Ако се осудиш да читаш...ќе ти ги „скратам маките“.
    Се извинувам... Наместо редот погоре, читај „приватна сопственост.


    Стр.58; 26.03.2014
    „Нешто овде смрди...на риба“

    Something smells fishy...а?
    Е, баш така.

    Драг читателу, или сепак не толку драг бидејќи ми ја нарушуваш приватноста и ми буричкаш во шкафот. Не, подобро да речам, мамо...
    Сепак, драг читателу, денес беше многу чуден ден. Но и интересен. Како од некој детективски цртан филм.
    Времето е облачно, тмурно и во секој момент би можело за почне да врне. Но, колку и да го мразам дождот, не ми пречи. И онака придонесува за веќе „морничавата“ цртанско-детективска атмосфера.
    Инаку, би сакала, многу би сакала да почне некоја голема бура или поплава. Сепак, да нема големи штети. Само онака. Знам, имам чудни желби понекогаш.
    Но, нешто овде смрди на риба. И тоа многу. Аха. Смрди на риба.
    Всушност, многу работи смрдат на риба. Но интересно е тоа што кога се користи изразот „нешто смрди на риба“, нема доказ дека е така. Едноставно е така, сите го знаат тоа. Но доказ нема. Има, но е неоснован.
    Значи, нема.
    Но тој мирис на риба многу често е забавен.
    Јас имам некоја мазохистичка жичка. Многу сакам да читам морничави хорор приказни и мистерии. А потоа се ежам, ми се стега грлото, не можам да спијам. Срцето како да ми се обидува да се тресне од ...нештото што се наоѓа пред него. Не знам многу анатомија.
    Сепак, сега не морам да читам такви работи бидејќи оваа што денес ние решивме да ни се случува е баш онака, интересно и возбудливо.
    Почна да смрди да риба и порано од тоа, но јас немав шанса да го кажам тоа. Кога имав шанса (кога наставничката не беше во училницата)...(упс, почнав глупа реченица а не би чкртала сега низ дневникот, ај вака ќе ја завршам)...го направив тоа. Почнав онака без објаснување да повторувам „нешто смрди на риба“, колку да си ја правам интересна работата.
    Сите мислеа дека правам драми (обично сум таква, филмаџика) или се шегувам, или сакам да им досадувам или едноставно немам друга работа. Па и не ми беше целта да ме разберат.
    Па добив едно „зошто само не експлодираш“ од соученичка со која сум скарана. Колку некреативно од нејзина страна. Се кити со туѓи перја. И тоа со перја искубени од американските тинеџерски серии...
    Баш некреативно.
    Тоа не е се (топ-шоп), добив и едно „бртеруваш“ од одделенската бубалица (на која ја исполнува тао што ќе се прави стражар и ќе става ред во училницата) кое всушност требало да значи „претеруваш“. Лош изговор на зборовите.
    Па после почна онаа нашата „детективска“ дејност. Сега, ќе бртерам(претерам) и нема да ја споделам таа дејност. Само ќе кажам дека открив речиси се'. Но нема доказ, нели смрдеше на риба, де...
    А јас не си го трошев времето на докажување бескорисни теории па едноставно ја треснав работата.
     
    На Papillon.Papi, Moonstone.17 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    На некои наши "газдишта" во овластувањата треба да им стои плус и опис на крвопијачи и душовадачи.
    Што се не се изнаслушав сабајлево, просто неверојaтни работи, и тоа од така познати фирми, да е речам барани и поскавани работни позиции.
    Па кога ќе прочитам кај професија бизнисмен, сакам да се убијам со пиштол.

    Туку си мине времето а јас нити сум почнала да ја куцам магистерскава, како да сама од себе ќе се искуцам. Синоќа ме фати некоја паника, до 4 сум останала само да читам по материјалите и сфатив дека сум класичен мегаломан, сум ставала користена литература, сум ставала, дури 80 дела, јас пола од нив нема да можам да ги прочитам па тек да ги употребам. Па уште и треба да бркам материјали за кај нас, и тука господ во пижами ќе го видам. Која иронија, за англосаксонските земји најдов материјал и од повеќе од што ми треба, а за кај нас не само што нема ништо, туку и таму кај што има има, треба да се мољакам за да ме прими некое шефче и директорче. Ех!
     
    На SparkyAngel, Dvolicen, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.269
    ^ Ај ај не биди бубалица, на тие години не ти личи. :D
    Јас мојата само ја визуелизирам, уште сум на тоа еве речиси година од завршени испити. :wasntme: И немам грижа на совест. :D

    Абе... многу сакам нешто да кажам, ама... не кажувам!!!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Цел ден насмевка на лице... Дури и за она што не треба се изнасмеав.. :D :D Битно сум среќна јас, блескам денеска па за друго не ми е гајле. Дури и образите ме болат од смеење... Хахахахаха.. Ва, ва, вамм.. И ете ми ја среќата та-та-там... Ако утре ве известам дека сум несреќна, знајте дека сум ја потрошила среќата :D
     
    На eliesaab и Papillon.Papi им се допаѓа ова.