Денот го завршувам со чаша бело вино (чаша!?) и она моето веќе не пијам сега е веќе нема да се опивам. И сега, од оваа гледна точка по долга асптиненција, си велам ај ќе се опивам, ама со усул. Па ми текна дека усулот го фрлив некаде во мојот детски куфер за спомени и споменари (читај кутија за чевли) и не планирам да го отворам за да не плачам што сум била глупача. Не за друго, имам еден куп облека што немам каде да ја носам (а, не е балска ) заради моево ветување дека нема да бидам веќе парти енимал. Валјда треба да ја сместам во некој гардеробер на срамот кој по потреба ќе го отвора некоја втора јас. Битно, виното е уште тука Како замена за денското кафе и чај. Значи не можам без некоја шолја која ќе ја влечам со себе по собите и ради која ќе ми паднат сите книги и пенкала и кога обавезно како некоја лејм женска хероина од чик-лит ќе си кажам - еве, ова сум јас, симболично паѓам, седи си на место. Уште не можам да го прежалам лошиот старт на оваа година, уште! Ќе ми тргне денот и обавезно ќе ми текне на тоа и ќе се штрекнам, како по добар секс Ама ако, треба да паднеш за да си ја чукнеш главата. Ама, толку ниско?
Ни форумов не е тоа што беше, се поголеми глупости се пишуваат, а модераторите ич не реагираат. Да беше некој нов член одма бан ќе добиеше за глупостите, а сега демек ако си поредовен член може да тресеш глупости по сите теми и пак никому ништо.
Некои луѓе си даваат премногу значење. Ги сакаш, почитуваш, помагаш, им ѕвониш да ги чуеш и све во тој момент глумат зафатеност па и смс ти пуштаат ти ѕвонам подоцна и секако ти се јавуваат утрето, или рано сабајле, на сред ручек или касно навечер е не кренав и јас де недостапна сум ако сака игра на БИЗИ во ред и јас ќе смислам триста лаги на зафатеност, лесно е тоа, тешко е да си човечен и да цениш, пошто очајно бараш да те ценат. Но како се свири така ќе играм, прилагодлива сум јас
Пред некој ден почнав за ова да размислувам откако разговарав со другаркиве на различни теми и на крај се изненадив од впечатокот кој им го оставам на луѓево околу мене поради тоа што сум затворен тип на човек. Се плашев да ширам нови познанства,од причина што често на луѓето им делувам како арогантно,вообразено и ладно суштество,поради тоа што сум тивка,ме лупа трема и не можам веднаш да се опуштам така лесно. А не сум таква,навистина не сум. Мака ми е што понекогаш оставам таков впечаток. Цел живот откако памтам за себе чувствувам страв и срам за се' и сешто. Се плашев да не направам нешто па да се засрамам и себеси и моите. Се плашев дека нема да успеам да ги направам моите горди на мене. Се плашев да чујам што мислат луѓето за мене. Се плашев дека во некој момент од животов ќе потфрлам со учењето и од мене ништо нема да биде. Се плашев дека нема да успеам да ги достигнам своите цели и амбиции во животот. Се плашев да кажам свој став/мислење во врска со нешто бидејќи честопати во денешно време те разбираат погрешно или ти праќаат ладен поглед кога ќе кажеш нешто што не го очекувале. Се плашев пред некого искрено од срце да кажам нешто бидејќи тешко стекнувам доверба во луѓето,па со тек на времето и низа околности станав затворена личност. Дури и неколку збора да кажев некому кога нешто ме мачи, отпосле се каев бидејќи мислев дека го смениле првобитното мислење за мене. Се плашев да се зближам со било кој,повторно поради страв од разочарување. Стравот од неуспех и разочарување е истотака пречка кога сакаш да почнеш со нешто ново. И уште се плашам,но сега се трудам да го надминам стравот. Не сакам да е вака засекогаш. Страв,страв,страв... Чудо едно колку може да го кочи човека. Едноставно не можеш да живееш слободно,како кафез е. Од лани од петни жили се трудам да го сменам она што ми смета кај мене, сакам промени на подобро,најголема желба ми е ова и сакам да ја остварам. Не сакам да сум човек што го разгласува насекаде она фамозното ,,New Year,new me" или па да си ветувам од следниот понеделник дека ќе почнам,а тој понеделник никако да дојде. Кога си решил нешто да направиш, почнуваш и не запираш. Сега,нормално преку ноќ не бива, фалење наоколу за твојот план не помага воопшто,а да не зборуваме за дрдорење на сите дека си ваков,дека си онаков, не се трудиш да се смениш. Ако сакаш да си поинаков,пробај да смениш нешто,почни веќе. Во случај да не успее,барем знаеш дека си го дал максимумот од себе. Работи си на нештото тивко и терај како да не се случува ништо. Кога ќе дојде време и кога ќе успееш, самото ќе се покаже.
Си замислив желба на полноќ, се надевам дека ќе ми се исполни. Цел ден се изнашетав, па кога се прибрав ми текна дека имам за учење, битно ми текна. Се избањав и ми се приспа уште толку, ќе си легнам уште малку. Денов ми беше прекрасен, дружење, насмевки, пријатели, ми требаше опуштање. И така убаво си се опуштам јас, а полагам во среда. Што биде нека биде...
Толку лјубоморства на една убава работа што ке му се случи на човек ли ке се лјубомори?Па не се менјаш ја знам.Таквиот човек цел живот ке си остане таков никогаш нема да се смени .Толку е тешко да се дели вистинката среќа,и радост,ли.Очигледно е дека е тешко,ама јас вистински се сменив за некои луге,.Не сум истата јас.Само престанав да бидам многу добра и почнав да се однесувам како што другите се однесуваат со мене .
Таман положив кај професорка шо ме малтретира 3 години, ми бара две семинарски за да ми пишела оцена. Eбате тоа.. Крај нема.
Ќе напишеш маче И откако ќе ти стае оценка, очи нема да и видиш Да не бидам офф, СДК, една од желбите што си ги посакувам од порано, деновиве ќе ми се исполни Can't wait Другата желба од списокот ми е да ја посетам Шведска, да шетнам малце, да видам бели свет. Најверојатно оваа желба, 95% ќе се исполни наредна година, а можеби и оваа година. Како и да е, секако ќе се иде Ами, меѓу толку убави нешта, секогаш постои и мала тага Дајте, кажете некоја магија да го успорам времево
Имам купено купони за Банско, но нема да бидам во можност да ги искористам. Станува збор за понуда од 8.100 денари, за 4 ноќевања за две лица со појадок и вечера во Златева куќа. Понудата исто така опфаќа ски опрема и 2х2 ски карти за скијачка зона Добриниште. Купоните можат да се искористат до 15ти март. Ако има некој заинтересиран да ме извлече од ситуацијава да не ми пропаднат парите бидејќи нема да имам одмор до таа дата нека ми пише...
Комплетно ме опиша, од почеток до крај, особено со болдот. Вака сум многу „силна“, многу дружељубива и шегобиец, всушност таква каква што навистина сум пред многу блиски и пред оние кои добро ме познаваат. Сакам многу луѓе од форумов да запознаам и да ги видам во живо, да ми бидат пријатели и во реалниот живот, но се плашам дека магијата меѓу нас ќе исчезне токму поради тоа што стравовите и срамот ме кочат да бидам тоа што навистина сум.
Кaкoв пaничaр сум стaнaлa, не ми се верувa! Стaнaв утрoвo пoрaнo сaмo зa дa гo следaм летoт нa мaж ми. Oд oвие нaпaди,бoмби... Кoсaтa ми се кревa. Сaмo дa биде дoбрo. Дa слетa безбеднo.
СДК... Ако не сакате јавно да се декларирате како такви или онакви, воздржете се од коментар и дистанцирајте се од етикетите за да не се доведете во состојба сами да ги пресечете.
Глава ме боли луѓе, пак сум под стрес во понеделник полагам испит и ми е страв. Многу ми е страв, пре стравот ќе го полагам неголи испитот. Нели крајот е секогаш тежок?!
Н е се плаши ! Јас од испити се плашев само во 1 ва година,бруцош нели,и тоа како се тресев кога ке ми текне,ама само тогаш и повеќе не.Не мисли негативно,така полесно ке ти биде,само читај си мисли дека си знаеш тоа и ке видиш дека ке положиш! Со среќа!
Бог се јави ! Нека е за многу години празникот Христијани Ве изначитав и сега ви пишувам и се читаме утре Убав ден
СДК ... оној/она кој/која упорно зборува и си "докажува" себе и на другите дека е најискрениот, најчесниот, најотворениот, најемотивниот човек на планетава, во суштина е најлицемер! Мисли дека успешно може да ги залаже другите, а сам/сама себе се лаже. Нека ме демантира некој ако мисли обратно.
СДК 1: 99999999 пати наместо "Ми се допаѓа" притиснав "Пријави". Зашто од мобилен сум. СДК 2: Да славиме уште многу години Водици. Бог се јави!