Оваа неодлучност ќе ме убие еден ден. Се мразам во вакви моменти, и сама си наштетувам, и на другите околу мене им наштетувам. Стварно сама се мразам најмногу. Цел живот така.... Ако појдам зошто сум пошла, ако не појдам зошто не сум пошла ќе се јадам. Не знам да живеам.
Верувате ли во карма??!! Една личност многу ме навреди, преќутив, но не заборавив. Понекогаш кажаните зборови ми одѕвонуваа, ми го параа срцето, но молчев и си велев не е можно некој да е толку пакосен. Дај Боже никогаш да не се најде во слична состојба, но ете се најде, стигна до неа, во поинаков облик, но до неа е. Се загрижив да не сум проколнала некого, но не, не ни верувам во такви нешта, скраја да е дека посакував вакво нешто, но ќе излажам ако не си реков само да можеш да видиш како е, па тогаш суди и зборувај. Сега можам да кажам само жал ми е, но нема да сум до тебе, ниту да те сослушам, ниту помогнам, ни посоветувам. Бездушно од моја страна, но најверојатно заслужи!!
Не дека немам доверба во тебе, ти си ми душа, само сакам да ти кажам да стојш подалеку од тоа ѓубре. Го видов како те гледа. Нека проба да ми те чепне, па нека му ја мислит.... Ова, ова ми го рече. Душава ме пече значи. Нема, нема да ја злоупотребам неговата доверба во мене. Нема да подлегнам на страстите кон тоа ѓубре. Ке се држам, му ветив. Ке го исполнам тоа ветување, нема да го понижам и повредам. Нема! Ах Господе дај ми сила да издржам. Јас не се предавам така лесно, ама чим речам дека не ми е добро, значи неиздржливо е. И зошто сеуште ми се нема јавено да ми каже дека стигнал, иако веќе требаше уште пред еден час да стигне. Ете ти уште една грижа.
Најдолгиот месец во годината мене ми минува како никогаш до сега ,толку бргу што не ни почуствував дека денеска е 20ти. Дали желбата што ја замислив за оваа година почна да се остварува ? Или пак само почнав од некаде затоа што мора ,кон остварувањето на желбите се оди полека зарем не ?! Среда денеска а мене ми е понеделник и се осеќам цела ден како прваче ај за арно и за убаво да е само и за некој денар плус Имајте убав ден
Висoкa мoдa,висoки тoнoви, висoки штикли,висoкa технoлoгијa...a oд сетo тoa имaм сaмo висoкo челo и висoк степен нa тoлерaнцијa. Сaмo тoa...
Оф, уште сега ме фаќа нервоза, стомаков ми се превртува.. Уште 140 дена и никогаш повеќе нема да ги видам ѓубрињата. Уште малку остана, потоа слобода. Ги мразам.
Понекогаш ми доаѓа да оставам се` и да заминам некаде далеку. Да започнам нов живот. Да заборавам се`. Од секогаш ми било најтешко да кажам збогум. Без разлика за што и кој се работи. Не знам дали донесов вистинска одлука. Чувствата ми се хаос. Малку требаше за да ми се преврти целиот свет. А среќна бев. Или сеуште сум. Само можеби не сум свесна за тоа.
Не дека нешто глумам лудило,ама луѓе кои ми прават добро сакам да им враќам со дупло,да ги наградам,да им ги стоплам душите со по некој убав збор или добро дело. Оние кои што чувствувам дека не ми мислат добро,само сакам да ги оставам позади себе.Не сакам воопшто да ми се моткаат во животчево.
Е па да и мене ми треба некој да ме 'турни' и да ми даде поддршка. И јас сум човек. Да ми го разубави светот, да го направи малку розов. Да ме насмее, да ми кажи дека СЕ ќе биди во ред. СЕ. Ми иде да кренам раце од се...... А велат... Тогаш кога најмногу ти иде да откажеш, тогаш е моментот што треба да се случи... за да се промениш.....
Времето е драгоцено нешто.Треба точно да знаеме како и на кого го трошиме и посветуваме.Ќе има време за исправки,но некои мисли од типот што би било кога би било,би не мачеле.Но од друга страна најважно е да се продолжи напред,да не се стои во место и да се извлекува лекција и поука од се. Периодов ми е некако многу убав ,но тоа што сакам подеднакво на сите да им удоволам,почнува да ми пречи помалку. На моменти се осеќам уморно,но и среќно. И убаво е чувствотото кога трудот се исплати.Излегов прилично задоволна од испитот денес,а помалку не требаше ни да очекувам. Имајте убав остаток од вечерта.
Од секогаш сум сакала да имам најверен другар, да бидеме секогаш тука еден за друг, да си помагаме, да си даваме совет, да знам се за него, да знае се за мене. Секогаш сум копнеела за едно искрено, верно пријателство со машко. Машките се поголеми пријатели од женските 10000000% Ама чим до сега не сум го има, од сега потешко.
Пред да започнеш да зборуваш за туѓите грешки и постапки најпрво пробај да се запрашаш себе си дали си светец излезен некаде од рајот. Знам дека е тешко и несватливо ама ова е само реалноста.
Љубов на прв поглед... мислев не постои, ама ете во текот на испитна сесија мора да откривам нови работи. Ми се плаче од што ми е убаво, не бе од што си правам сценарија во главата што не знам ни дали ќе се остварат. Лош вирус, само нека ми помине побрзо... шо ми е беее ?! Знам што сакам, ама не можам да го имам... и ај сега ...
Пријател...вистински, редок вид...пожртвуван... Поминаа 10 години...како да беше вчера...секој миг...секоја лудост...тага...љубов...болест... Ми поминува низ глава секој миг заедно поминат. Ти благодарам што постоиш и си секогаш тука за мене. Што не дозволивме никој да го уништи нашето пријателство... Што ми даваш мир и простор кога сакам да сум сама, рамо за плачење кога ми треба утеха, прегратка кога се чувствувам осамена, што доволно е да се погледнеме во очи и без ниту еден збор да се разбереме... Ти благодарам што никогаш не заборави се што сторив за тебе, ни јас не сум заборавила. Ти благодарам што си тука кога ми е најтешко. Ти ме познаваш, ти ме разбираш...со поглед без збор... Знаеш дека оваа карпа од човек нема камено срце. Ти ме познаваш, ти ме разбираш...ти благодарам!
Не можам да прифатам дека утре сме во школо аман... ПА МАКИ МАЧЕЊЕ,И УЧЕЊЕ и од прв ден гарант ќе биде тоа нивното "Имаме нова лекција" или "Кој ќе ја повтори минатата?" Како не бе седев јас за време на распустов и учев за тебе да ти ја повторам минатата лекција. Или тоа нивното "Се одморивте?" -НЕ,НЕ СЕ ОДМОРИВМЕ! " Наместив ранецот,спремив униформата.. Не можам сон не ме фаќа,не можам да заспијам а на сабајле со тапани да ми тропаш да ми истуриш една кофа вода врз мене нема да се разбудам. Тоа е тоа..