Школските другари... Школските глупости.. Школксите клупи... Школските денови... СДК дека ми недостига школото. p.s. Кој сака да се замениме, утре јас за него да одам на школо?
За се што ни се случува во животот,без разлика дали е добро или лошо, ние самите сме заслужни. Ако некој не повреди,не остави,не понижи за сето тоа сами сме си виновни. Сме им го дозволиле тоа,зошто упорно бараме грешки во другите? Затоа што ни е тешко да се лутиме на самите себе. Затоа што е полесно да ги мразиме другите и да да укажуваме на нивните грешки без притоа да бидеме свесни за своите. Затоа што е полесно да кажеме дека некој не оставил отколку да признаеме дека ние сме го дозволиле тоа. Верувам дека сите различно размислуваме на оваа тема,но знам дека за се што ни се случува сме самите заслужни.
Чек бе ти не беше таа што 10 год уназад се одлучи докторка дека ке станеш? Ами како не ти се оди на школо уште од сеа Ах бре детски фантазии
Ајмо гасете интернет.... Женски...... Позз до сите што моментално сте сами и ви студи. (како мене) Ве чека најдоброто парно... Лека ви ноќ!
Не ми е јасно зошто сите мислат дека, ако се сами дома или било каде, дечко и девојка мора секс да имаат? Зошто одма сите на тоа помислуваат? Точно дека и сексот е битен за секоја врска, ама под интимност се подразбира и гушкање, и бакнување, и спиење прегрнати. Зошто е чудно за некои што биле 3-4 саати дома сами, дека си седеле гушнати, дека си гледале филм, или си зборувале на разни теми, или едноставно сакаат да се сами и да се одморат од сите....ама не, сигурно се сексале 4 саати без престан, пошто така се одржува една врска Ајде што се помислува така за дечко и девојка, па и за маж и жена што се тазе во брак, или што имаат мали деца, истото тоа се мисли. Ако те праша некој кај одиш? Ти викаш: -Еве децата да го оставиме кај старите малку да ни се одмори главата. Другиот: -Ааахмм (и онаа фаца као демек знам што ќе правите) е ако де, "одмарајте" Или ти се јавува другарка, и викаш: Еве кај Филип сме дома, си седиме и бараме филм...и таа: Ахм извини што ве прекинувам во "потрагата за филм". Исклучувате тел и после на вибер ти сигнува: ОПАААА .... Македонски менталитет.
Е многу ми е криво вака,кога ќе сакам да си купам нешто вредно што навистина ми е потребно плус на попуст. А парите веќе сум ги дала на глуповчина,што воопшто не ми биле ни потребни ни неопходни
Најголема маана ми е што не можам да си преќутам. И сакам така и со мене. Сакам се во моментот! Јас живејам за моментот, сакам да ја планирам секоја секунда од мојот жиовот, сакам да ја поминувам секоја секунда со личности кои го заслужуваат моето присуство, моите зборови и моите мислења. П.С. Планирам да се посветам на самата себе во целост!
Сакам , сакам сега да си до мене. На топло во мојата прегратка, а не во непозната и површна бо некоја дискотека. Доволно е само твоето присуство да го имам чувството како да цел свет е мој. Да ме собереш после школо за да ги заборавам сите погани погледи од не битни личности низ ходниците. Да се изгубам во твоите очи кои пламнат со љубов кога ќе ме погледнеш. Да сум ти доволна само јас...
Порано, кога бев по благото, татко ми секогаш ми велеше: - "Ќерко, ти да се омажиш за слаткар, сето благо од продавницата ќе го снема, во еден залак. Сирот човек, ќе банкротира поради тебе." Па, само што наидов на гифов и баш ми текна што сакаше да каже со тоа "во еден залак" и како ме замислувал дека ќе јадам
Многу сум среќна што имам човек како него до мене.Да ме подржува, да ме заштитува, да се радува на мој успех како на свој.
Тоа што вчера заспав накај 12 ми е една од најпаметните одлуки донесена периодов. И еве сега се разбудив, без аларми, свежа и одморена. Имајте убаво ладно утро, ве гушка Инги
Многу природно е со оние со кои сме блиски да имаме поопуштен речник и полабаво однесување. Но, за се треба да се има осет. Имате ли приметено дека кон најблиските повеќето немаат почит и ги преминуваат границите на однесување ? Зошто ? Зошто си уверен дека нема да заминат и да те напуштат. Но, во другарството не мора да значи. Ќе трпи човек, ќе толерира до бескрај, и години може да поминат, ама може другиот да ве шутни толку лесно, како никогаш да не сте ни биле другари. Јас сум обвинета од поранешна другарка зошто сум ја `откачила`. Не сакам такви термини. Ама ет да се изразам така. Со години бев нејзина подршка, рамо за плачење, невидена толеранција за сите нејзини глупости, направив еден куп жртви, преминав преку многу нејзини глупости на кои имав сопствена штета, и се атер другарството. Атер годините. Атер греота е. А, за возврат не добив ни 1% од она што јас бев кон неа. Напротив, природно и беше јас да сум и вреќата за шутирање. А, сите други пријатели ја земаа `низ нозе`, но по нив невидено се лигушеше и им беше послушничка. Вечито се жалеше како не ја бараат со месеци, само од корист за по бутици или навечер ако нема со кој да излезат, но кога и да и се јавеа трчаше по нив. Секогаш фина и насмеана со нив. Зошто ним пола збор приречи им ќе те отпишат одма. И како може некој со години да нема осет за својот најдобар пријател и да верува дека тоа вечно ќе трае??? Но, атер годините, атер толеранцијата....ништо не е вечно. Атер ми дојде паметот да не трпам многу, сега имам нови пријатели со кои цело поминато време е вистинско уживање. И за добро и за лошо. Време кое никогаш не е залудно поминато. Време во кое со вистински луѓе животот има поголема вредност.
Е дури сега почнав да се чувствувам старо. Се будам утрово, се капам и идам на утринско карање со брат ми кога гледам тој на училиште да ти бил. Едно тешко шо ми паднало, па сама си го пиев млекцето (дома моите имаат две малолетни деца). Вечерва почнав да читам една книга, стигнав само до предговорот. Одамна не ми се допаднала книга ама сепак ќе продолжам, неќам да оставам книга која можи да биди добра само поради лошо напишан предговор, а можеби има нешто шо сонливата јас неможев да го препознаам. Ете се случува. Морам да признам лошите денови ( ) си заминаја и сега сум спремна пак да шарам по постовите и се надевам не бев премногу критична последната недела ама има денови кога неможам да си помогнам себеси. Ете почнаа убавите денови ( ) Патем, ете сега за бате зборам, ете го само што си дојде. И се жали македонски му пишала наставничката 4. И сега чита забелешка: „Ученикот треба контануир--ано...“ не сум се смеела повеќе. Се чудам како и 4 има, а уште се жали <--- Ете го брат ми во некоја замислена алтернативна вистина. Останете ми поздравени
Замислете си го моментот кога од типично мамино и татино синче за кое е јавна тајна дека целото образование му е подмачкано со парите и познанички/пријателски врски на угледните и успешни родители, што тие две недели додека учиш за испитна - кога на пауза ќе се уклучиш на фејсбук стално ти е присутен на почетна со нови слики од дружби, фешти и сите могучи видови алкохол... е токму од таква личност, ќе добиеш подбивен „хехехе“ коментар дека твојот факултет и струката што си ја избрала, се прелесни. Отсекогаш онаа популарната фраза со „посебен круг во пеколот“ ми била премногу evil за мој вкус, ама за вакви и благо кажано е.