Денес ми е среќен ден. Ме разбудија и ми кажаа дека сум положила. Јас уште со едно око отворено, почнав да скокам од среќа и го грабнав тел, му пишувам на вибер"миличко, јас сум положила, хепи хепи хепи сум" и тој ми враќа "горд сум на тебе". Е нема, значи нема подобро од ова.Едвај чекам да го гушнам
Некогаш ми доаѓа да си ги гушнам колената и да се покријам со јорган преку глава, и да останам во фетус положба цел ден. Другпат сакам да глумам суперхерој и да бидам продуктивна, па ме мава реалноста дека не можам да завршам се.
Ако нешто во животот не можам да сварам тоа е љубомора и зависности кои се граничат со екстремности. Сите сме зависни на некој начин без разлика дали е тоа од кафе или омилената серија ама зборувам за некои потешки зависности. Некако ми нема смисла да се дружам со такви луѓе, што ги јаде сопствениот црв. Дури и одбивни ми се, до толку што се забележува. Реално сакам да го сменам тоа кај мене, знам дека можеби си имаат некоја мака, ама дај присобери се, човеку. Исто и овие љубоморните, посесивните, не се свесни дека тоа ги обликува како личност и им го уништува секојдневието? Од толку што се несредени, а овие љубоморниве плус и злобни некако не можам да и ја поднесам енергијата потоа главата ме боли ради нив. Ми се иде така да ги затресам за рамо додека не си ги средат мислите. Може и мене некој сака така да ме истреска Ама ако, слободно, белким ќе имам бенефит.
Не го разбирам моментот на поставување слики на социјалните мрежи од запросувањето на некоја девојка. И секогаш под сликата стои "таа кажа да" и срциња, смајли и што уште не. Ме интересира дали доколку кажеше не ќе ставевте слика. Само прашувам.
Немој да бидеш човек што треска глупости и не знае што зборува САМО за да се најде во муабет. Немој ниту да лажеш,исто така само за да се најдеш во муабет..да да, имам и таква другарка јас..
Кога им требаш не те оставаат на раат, кога тие ти требаат ... не е важно, снаоѓај си се сама. Среќа што сум доволно способна па работите секогаш подобро ми излегуваат кога си ги вршам сама Другарки бе. Да, за дремење на кафе, за да им бидам рамо за плачење, и за да им ги слушам плитките муабети, оговарањата. Моите проблеми се како и секогаш, последни на листата. Во ред, памет за друг пат. Инаку, ми се наближува еден од најважните испити. А јас некако немам трема, имам всушност, ама некоја позитивна, толку позитивна, што се замислувам како ќе блескам таму, како ѕвезда на сцена додека одговарам. Лесно е кога се има мотивација, кога имаш некој што ти е причина да се движиш само напред, да се соочуваш со леснотија со секој проблем, дури и да им се смееш во лицето на проблемите. Да, затоа што знам дека целиот труд ќе се исплати
Во последно време, сите се правдаат на погрешната карта. Биди си центар во својот свет, но немој да мислиш дека си центар во тој каде сите живееме.
A vo megjuvreme vo Mc'Donalds, so porcija nezdrav kaloricen obrok, dobivate gratis tri parcinja jabolko. Propaganda za zdrava ishrana
Луѓенца се разбира ли некој во C# програмиски јазик, ми треба помош околу еден код не можам да разберам што е грешката ?
СДК ако нешто научив во 2015та година е тоа дека не може се' да добијам одеднаш и сега во истиот момент. Многу работи кои ги посакував оставав да чекаат и не се трудев да ги добијам само зашто би ми требало повеќе време за да ги остварам, а не ми се чекаше. Не да не се трудам, сакав со труд и сама да ги остварам ама ако може целиот тој труд да го пројдам за еден ден и веќе од наредниот да имам што ќе посакам. Епа нема така. Мора време, многу време. За некои работи потребни се не само месеци, туку и години. А што побрзо ги започнеш, побрзо ќе ги завршиш или оствариш. Колку повеќе чекаш, толку подалечно е се'. Затоа не чекајте, ако нешто посакувате, а ви треба време да го направите, почнете сега, одма, во истава секунда, многу побрзо ќе го добиете, отколку да чекате тоа да биде одеднаш. До сите родители. Како се носевте со стравот пред да станете родители дека ќе бидете добри во таа улога? И дали воопшто размислувавте за тоа? Дали воопшто имаше страв во вас? И она што најмногу сакам да го знам. Како се носевте со мислата дека нешто може да му се случи на вашето дете? Како преминавте преку тој страв и сепак одлучивте да се остварите како родители иако знаевте дека на секоја незгода ќе ви застанува срцето? Не можам да го надминам тој страв. А родител не ни мислам да станам во наредни четири години. Последниве неколку месеци се среќавам често со мали дечиња и гледам како родителите реагираат на некои немили настани. Абре крв немаат во нив. Стрес е тоа бре луѓе... Како се носите со тоа? Кај се учи тоа? Па мене за туѓо дете ми прерипува срцето кога ќе се засопне. Ми прерипува! А за мое? Ќе умирам на секое негово паѓање, послека но сигурно. Толку многу размислувам на оваа тема во последно време што мислам дека јас ако вака продолжам нема никогаш да се остварам како родител. Не би можела да се носам со целиот тој страв и стрес секојдневно. Мислам дека нема да можам да се носам со болката ако нешто би му се случило на моето дете. А сакам деца, сакам премногу. Дали сум единствена? Или па јас премногу му ја мислам? Не мора да ми одговорите, можете да ги сметате и за реторички прашањава.
Кажала да, значи се вериле. Тоа е убав момент за да се сподели и јас тука не гледам ништо лошо или чудно. Ако кажала не, најверојатно раскинале. Во вторава ситуација не знам што би објавиле Како и да е, јас попрво би гледала слики од запросувања, отколку да речеме партиски препукувања со кои предизборно ме трујат на фејсбук, те едните те другите.
Сеа коа че се сетам дека на бившио мој му сметаше што ги слушам Суперхикс ми иди да му дадам еден TKO. Му сметаше дека си скокам си се веселам.И ми префрлуваше, не личело чупе така да се однесува. Имав 20 год тогаш.... Која будала бил бе?? Алоо дечко...
Јас разбирам дека на секоја девојка и е важно мислењето од нејзиниот дечко,ама се си има граница. Еве, на пример,една моја поблиска другарка пред една недела се исфарба руса,а денес ја гледам пак си ја вратила старата боја. И велам зошто? Па,на дечко ми не му се допаѓаше,ми вели. Ако толку ти е важно неговото мислење и велам,во ред е .Само знај дека навистина преубаво игледаше. А,не не и онака не беше ништо посебно-промрморе само,а знам колку се радуваше кога излеговме од салонот. Ах,си мислам,од секогаш бил по малку(повеќе) љубоморен и control freak,ама што е многу,многу е. Имајте убава вечер
Никогаш не можеш да знаеш што денот ке донесе и каков ке ти биде. Денес мене денов ми почна стандардно ко секоj ден. За после некое време да дознаам дека една блиска приjателка починала. Беше болна од рак, па и се подобри ситуациjата, ама ете си отиде. Млада со дев мали деца,. И така пола ден ми помина мутаво, сакав да помине денов. За да попладнево маjка ми да добие повик дека еден од омилените ми братучеди ке се жени. Лани брат му, оваа година тоj. Сдк за краj животот се состои и од добри и лоши денови, некогаш и самите си одлучуваме дали се добри или лоши. Живеjте го животот секоj ден како мислите Вие дека е наjдобро за Вас
Луѓето ти го прават она само што дозловуваш да ти го прават.Изгледа касно го сфатив ова.И преходно ја имам употребувано оваа реченица ама ми се чини како да зборовите лебделе во возух и се губеле. Лесно е да се каже паметна мислам тешко е да ја преточиш во постапка.Нема погадно чувство од тоа гушење кога ке сфатиш дека си искористен.Што е уште потешко знаеш дека е по твоја вина.Знаеш дека ти си крив дека ти си дозволил, ти така си се поставил.И некогаш нема што многу да се направи.Некогаш треба да дозволиш да пропаднеш цел, за повторно да се издигнеш.
Ех да можам да го вратам тоа време кога си одев во школо, се би дала да можам да се вратам пак ах ми фалиш школо мое
Вистината и правдината понекогаш каснат но кога тогаш излегуваат на виделина. Ми се има десено да помие и повеќе од една деценија за да личност невидена со години дојде и ми рече дека згрешил. Рече дека ова ништо нема да промени во животите наши,но сакал да знам. Тогаш кога призна,јас размислував исто како него,да,згреши. Се чувствував исполнето заради неговото признавање. На дело не добив ништо,но некако ми олесна и мене на душата. Камо сите кога грешиме да знаеме пред да згрешиме. Барем за клучните работи во животот. Сега на овие години,и ова искуство,сама неможам да си поверувам дека за ниту една од клучните работи во мојот живот,незнам дали сум згрешила. А мислев дека знам. Тоа само еден знае.