Многу добар текст, навистина. Но, мене многу ми пречи стилот. Знам дека сега ќе ми се нафрлат многу форумџии, но сепак. Како можеш да зборуваш за некој што урла кога ти во твојот текст употребуваш зборови како у, све, ваЉа ? Да не се сфатиме погрешно, јас комплетно се согласувам со кажаново, многу се претерува со несоодветни суперлативи...
Поручеква бев бебиситерка и кога ме видоја моите така ме прашаја шо не е во ред со мене, па се пошегував дека ме фатил мајчинскиот инстикт. Никогаш поубо не си поминав со дете. Прво ги учевме боите, а сигурно и друг пат имам напоменато, многу разбира ама уште не зборува па полека научивме 6 бои, па цртавме пајче и го боевме во дадените бои. После брат ми немаше желба да не дружи па „Мими не ига Деко“ и налутена фаца беше резултатот. После дојде и брачед ми па дури јас праев салата, малиот се пикнал под маса и се забарикадирал со столици зошто „Јас амам тој“, па после мораше малце да си поиграат со количињата за да си се здушат малце Абе срце
Нема љутиш, таман работа. Тука сме да се дружиме. Не знам, не викам не - иако знам да напишам цело мислење и на литературно македонски, некако кога мрчам, повеќе ми лежи скопски, да не речам, жаргон. На литературен јазик некако не можам доволно добро да си ја канализирам омразата. Инаку, ако веќе сме искрени... Спојлер: КОЈ ПРИЗНАВА, ПОЛА МУ СЕ ПРОСТУВА и мене ми се ежат влаката кога во твоите мислења читам саде деминутиви - ручече, чајченце, кафенце, летенце, моренце. Си викам - добро, биваше ли секоја именка да биде во деминутив? Како и да е - тоа сум јас. На некој друг најверојатно ова му е симпатично. У секој случај, се надевам не замеруваш и не се лутиш за искреноста.
Од ко сфати што изгуби, ме бараш? Доцна сфати, жалам. Една врата затворив, истата не ја отворам повторно.
Се вработив не е поструката ама за почеток и оваа е добра,искрено не бирам работаработа,нај битно мие чесно да си заработувам .. Ќе ве честам од првата плата
Излегов денес после 20 дена од дома, отидов си извадив пари и наместо белешката од банкоматот, јас ги фрлив парите во корпата за ѓубре, па морав да ги вадам .
Лoшo е штo сетo oвa ствaрнo се случувa, нa пример збoрoт "буквaлнo" вo aнглискиoт јaзик тoлку бил кoристен вo реченици штo имaaт пренoснo знaчење, штo три речници веќе имaaт дoдaденo уште еднo знaчење нa збoрoт, сетo тoa зaтoa штo мнoгу луѓе гo кoристеле кaде штo не требa. http://dictionary.cambridge.org/dictionary/english/literally?a=british&q=literally
Баш пред некој ден на чет објаснував колку ретко ми се случува да се насмејам за некое мислење прочитано преку компјутер или телефон. Многу точно. СДК... Колку е ужасна глетката на замрзнати плуканици по улициве.
Грешката што луѓето ја прават постојано е тоа што наместо искрено да разговараат за проблемите, постапките и однесувањето тие потајно молчат и лицемерат насекаде. Лесно е да завртиш грб на ичија постапка но тешко да успееш искрено да разговараш и да го решиш коренот на секојдневието.
Од мајка ми го имам наследено она коментирање на филмовите: Не не не не оди таму, не таму или леле абе сврти се види го... бла бла бла Тоа што најмногу го мразам уствари и јас го правам, затоа дечко ми не сака филм да гледа со мене коментатор не ми е рамен.
Чудно колку ми дојде фино и мило кога денес на фејсбук видов детенце од една пријателка како дува роденденска торта, а тортата со обичен бел шлаг, аматерски нацртана некоја фигура од чоколадо и бројка од годините. Во домашна атмосфера со најблиските. Морам да признаам промена е од шаренилата од фондан, свеќи кои прскаат, торти на 3 спрата, мајки и блиски дотерани ко за на свадба, маси декорирани со балони и триста чуда, игротеки, 300 фотки. Претпоставувам тренд е, претпоставувам мислите ако така не го прославите роденденот вашето дете несреќно ќе е, поточно не сакам да претпоставувам, ваши си се причините. Јас потреба да на таков начин прославам роденден на дете немам. Прослава во градинка па прослава дома со блиски и неколку деца доволно е. Без фустани со чипка, без ново комплетче специјално за роденден за малиот, без готвење 3 дена наназад или високи суми за торти, кетеринг и игротеки. И пак е среќно, добило торта, добило неколку подароци, доволно е.
Може ли да пуштам еден спот, една песна кај што ќе нема голи газови? Не најсеризно можно ли е ? Ми се гади веќе. Не се слуша музиката, се гледаат газовите.
@Umbrella22 ме насмеа слатко Сдк, ги мразам овие периоди, кога ќе ме обвитка мрачното сивило на тагата
Некогаш се чувствувам како да сум дел од некое друго време. Скоро секогаш. Време во кое се оди на балови и луѓе, кои си веруваат. И на дождливо време, на кружен тек на еден чуден начин се судираат со чадори во раце. Се судираат желбите, но патоказите се идентични. Некои сакаат познати врати, а јас сакам да ѕиркам во нешто потаинствено. Е многу врати отворив, а во нив наѕирнав дилеми од некои зрнца светлинка и надеж. А и верба, во љубовта, во својата, во себе... во името. Може ли за таа љубов да се зборува без претенциозност како кај Чехов, но и со проникнување на сетилното и метафизичкото како кај Дарел ? -А и да не се зборува, се осеќа. Како воздух и ситни честички, како мирис лета околу .. Без ликови, само низ нашите најтемни ходници. Сивкаво е времето,мокро и голо. Да се симнам од облаците, да излезам од атмосферската обвивка. Ме вика едно мјаукање на Кафка, мачорот од "Марина" на К.Р.Зафон. Поздрав и убав викенд.
Се плашам се повеќе да сакам. Оние кои ги сакам заминуваат од мене. Секој ја бара својата среќа. Знам имаат право на тоа. Но размислуваат на тоа дека ќе ми недостасуваат премногу??? Среќен пат другар ќе ми недостасуваш многу. Имај мирен лет и мирно море се гледаме за година дена.