Како што повеќе растам и пополека почнувам да влегувам во светот на возрасните, конечно успеав да ја разберам реченицата која што татко ми ја кажа пред многу години: сите се променети, никој не е веќе како порано!. Моето прашање е, што е со луѓево, што им се случува, зошто одма те напаѓаат, осудуваат, бараат причина за карање? Ама навистина некој прашања немале одговор. Истово ова важи и за довербата во луѓето. Ќе кажеш некоја тајна на некој, по два саати цел град веќе знае и не е тајна. И за крај една многу важна реченица: Почит кон секого, доверба во никого!
ОНИЕ , злобните кои се повеќе го нагризуваат светов, постојат само да не јадат да ни ја тегнат душата лево -десно ? Или пак да не потсеќаат дека сепак треба да сме среќни , што немаме гнила душа како нивната.
Би избегала некаде. Би го спакувала куферот и би се отселила. Некаде каде ќе можам да ја одморам главата. Каде ќе можам да размислам за се. Но сама,потполно сама. На сите ни треба малку простор да бидеме сами,да се средиме. Да се средиме од хаотичните животи. Да ги подредиме коцките. На никого не му е совршено,па така и на мене. Би отишла на некој остров. Би го гледала морето преку ден,а ѕвездите во ноќта. И потоа би се вратила во овој хаотичен град,во овој брз живот,и помеѓу овие никакви луѓе. Би имала нови сили да се борам,и би била потполно смирена. Би ги средила сите работи,ама неможам... ја немам таа можност. Морам тука и сега да се борам,да се борам за подобар живот,да се трудам. Да пробам да си средам сите проблеми. Од каде да ја најдам таа сила? Како да останам сама со себе? Како да се средам и себеси и се околу мене? Како да ги подредам тие коцки ??
Значи човек кога е весел и расположен ни време ни облаци ни дожд неможе да му влијае на расположение,јас ептен сум среќен,незнам од што ама топ ми е.
Леле кога ќе ми текне што мислат наставниците/професорите за нас - Генерации што не учат, мрзи, не работници. Е мори наставничке, колку ти се нежни рацете, 2 пати си постара од мене, гарант повеќе чинии имам измиено од тебе и повеќе испеглано. Да, да, многу сте моќни, кога некој ви се спротивставе одма се фаќате за дневникот, само така сте паметни. Де остави го малку дневникот па да разменеме мислења, а?
Лекот за да го задржам доброто расположение на вакво време е пуштање на летна плејлиста. Си ја пуштив листата што ја имав направено за минатото лето и еве, патувам со мислите и не можам да го дочекам денот кога ќе се излежувам покрај базенот на тетка ми. Или покрај Јадранот, во подобрите денови. Ајде, ајдееее, уште некој месец ќе издржам некако. http://www.youtube.com/watch?v=ryxd76dYMlA
Не го сфаќам тинејџерскиов свет, ама воопшто... Незнам ни дали сум тинејџерка веќе. Тотално сум преразлична од останатите... Во последно време, незнам зошто, но се обидувам да бидам како нив... Некако не ми успева... Изгледа судбината на Лајтнинг е од дете оддеднаш да се претвори во жена. А каде е мојата адолесценција? Ова ме загрижува веќе..
Морам под итно да намалам со злоупотребата на кофеин. Пијам (во просек) по 4 кафиња дневно и тоа неретко и едно по друго. Мислам стварно не знам што да правам? Убаво ми е, една не ми е доволно. Сакав да напишам дека се мислам да не ми се мали шолјите, ама да бидам искрена тоа би ми бил изговор. Уживам во вкусот на кафеавиот благослов промешан, со млечна белина. Сакам стандард нес во шолја, сакам ајс кафе, сакам капучино, сакам со чоколаден вкус, сакам ирско, швајцарско, узбекистанско..какво и да е. Сакам коктели со кафе. Сакам чоколадо со вкус на кафе. Сакам кафе-торти. Мислам дека да најдам зрна кафе несомлени по дома, и нив ќе ги изџвакам. Алармантна е ситуацијава и мислам дека е редно да си најдам некаков друг пијалок. Па страв ми е притисок да си мерам да не увидам дека се дигнал до плафон.. Еве, ја цедам 3тата шолја за денес и ќе се потрудам да е последна. Наздравје! М,
Не се секирај, максимум се 8 шолји,до тогаш сигурен ти е притисокот Ова од искуство, поголем зависник од мене нема да најдеш
Kaко што малите деца знаат да те развеселат со својата веселост и наивност, така често и старите луѓе можат да ти го разубават денот со мудроста и по некој убав збор упатен кон тебе. А толку малку ни треба нас, на помладите, за да развеселиме некоја бабичка или дедо... Толку мали гестови на внимание, едно учтиво Добар ден, едно обично отстапување место во автобус или некој друг мал знак на почитување. Познавам едни такви комшии, бабичка и дедо коишто секогаш ги гледам заедно. Секогаш не` зазборуваат помладите во маало, ќе не` прашаат нешто за школо, за работи околу тинејџерскиот живот и ќе ни го разубават денот со нивните топли зборови... И едноставно не можат да не ти го разубават денот, не можеш да не ги почитуваш. Среќа е да познаваш такви луѓе на кои годините не им ја намалиле меѓусебната љубов и сплотеност, а ни позитивната енергија што ја шират...
Знаете штоооООО? Ништо. Така ми дојде. Овошен ден ми е, па сакам да си оттргнам вниманието од фрижидерот. Официјално станав и цедевита зависник. Три ги пијам на екс. До толку е границата, не за друго. А ако ги спојам со шумеќи таблети, тоа не се рачуна, така? Има огромна разлика. Ова е у прав, ова е у апче. Башка ова првото побрзо се раствора, не пшшти. Ееех, на што сè нема да налеташ низ автобусиве. Секакви нè има. Ама како бре не можам да налетам на некој што ќе се спружи низ автобус? Не му мислам на никого лошо. Ама зошто секогаш мора јас да бидам таа што се спружува? Криво ми е што како помала, не си пишував дневници. Секој ден нови правев, не ми се погодил ракописот и одма нова тетратка. А сакам да знам, да си ги преживеам некои случки повторно. Оти со помнењево некако сме скарани. Смир, смир, смир. Засекогаш смир. Кога ќе се скараме, пак ќе се смиримеее. АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ.
Вистината е, дека многумина, сакајќи да се уверат прво самите себеси, а потоа и другите, дека нивниот живот е совршен, прекрасен, идеален и сите други суперлативи кои можат да се употребат за да се опише едно човечко животарење, се спремни на многу работи. Нешто како што тинејџерка е спремна да направи се' за да биде ,,кул,,. Во глобала, ниски, глупави, бесцелни. Без поента и смисла. Веројатно и без разум. Работи во кои прво се губат самите себе, а потоа и своето достоинство. Па и кога тонев во мене имаше повеќе достоинство и разум отколку што има во нечии моменти на воздигнување. Но на крајот на денот, секој сам си прави и си одговара за своите постапки, сам си ги створува и ангелите и демоните во својот живот.
Ми беа ова напорни 2 дена.Но сепак на крај мислам дека се исплати со тоа што денеска си поминав многу убаво.Иако беше работна ден во градот беше раздвижено, а времето онака намуртено , малку врнеше но се разладивме само Многу ми е убаво кога гледам раздвиженост и покрај тоа што времето надвор не е беспрекорно, веднаш помислувам на неделите и месеците кои претстојат, како се ќе биде наоколу расцветено, во крадот по кафиќите ќе има народ.. милини Утре исто ќе ми биде напорна ден но нема да ми биде убаво знам уште сега...2 теста... многу лошо...Ми се стемнува кога помислувам на 2рото тромесечие но исто така до некаде ми е убаво што целото време ми е исполнето а учењето е главниот виновник за тоа, бидејќи едвај наоѓам време за тоа но морам да признаам дека самата повеќе се грижам да допринесам во организациите во кои сум член отколлку да учам за тест а тоа е најнормално поради дружбата Имајте убава вечер
Ке се вработам ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ КОНЕЧНООО !!!!!!!!!!! Прекрасно чувство многу сум среќна и се радувам нааааајмногу на светот.... Ова ке биде моето прпво работно искуство.... Чувството е прекрасно и би сакала секој да го осети. За некој ден почнувам. Нека ми е со среќа мојот нов почеток
Многу убав ден бе Само што се изнервирав сабајле кога идев на автобуска дека врне, ете ти еден дечко, ауу немам зборови па и во ист автобус си се качивме и на иста станица се симнавме епа сега како да ви кажам..судбина. Ќе го најдам бе, ако треба ќе го нацртам и на бандери ќе го лепам, ама ќе се исплати
Колку само еден поздрав може да те направи среќен...Вистински среќен! Си одам накај дома...Сретнувам непознат и го поздравувам.Поминувам,и си се смешкам самата себеси.....
Што е толку тешко да се извини човек? Да тешко е,ама толкав товар ти паѓа од срцето потоа...јас веќе некое време планирав да се извинам на една личност.Вчера го сторив тоа,и личноста ми докажа дека сеуште ме цени и почитува,всушност од секогаш ме е почитувала и покрај тоа што премногу и грешев.Денеска прашав „Зошто ми прости?“ а добив одговор дека колку е човечки да се греши уште толку е човечки и да се простува.И почнав да верувам во вистинско пријателство.Многу ми е мило што си го вратив стариот пријател,и овојпат со сигурност ке го задржам за навек. Благодарам.
Ехх, животе беее! Уште сега неправди, иронии, смешки, плачки, ЦИРКУСИ. Ни си да плачеш, ни си да се смееш, абе живот