Колку глупи приказни се овие новиве беее (сега баш на канал 5 даваја) абе старо сие старо....на ништо ова не личи! Се знае Шенка и Ѓорѓи се кралеви бе знаеа да покажат емоции шоти вистински цареви ова е нешто ни вода ни киселина како иди светот се побатал е. А рно рекле старите копај новбунар во стариот не плукај!!
Љубомора, негативна енергија, несоница, мобилен телефон, интернет, скрипти и небитни предмети што едвај опстојувате на УКИМ, фатете се сите за рака и у курац гонете се. Раката си ја повредив, ужасно ме боли, ми иде се у пичку матер да отерам, рамото ме корне од болки. Инаку вежбите ми се направени ама страв ме фаќа да ги пратам на таа нафуфлената пошто ЗНАМ и МОРА (инаку не е жива) да ми ги врати се во црвено обоени и ќе се нервирам уште толку... Ќе си легнам сега, и скрипти, и рака и се у курац уште еднаш нека оди.
Зошто да е сѐ упростено, кога може да биде комплицирано? По ваква логика работат македонските амбасади и конзулати. Ти треба помош? Ќе си почекаш неколку месеци, не се информирани они, треба да дознаат.
Добро утро... Не е ни утро веќе, јас и онака сум станата од пред неколку часа. Спремам два испита, за сесијава последни. Премногу ми се важни. Највисоката цел ми зависи од нив. Но мотивирана сум до бескрај, дури и тремата ја снемува кога ќе се сетам што добивам ако успеам. Сакам да верувам дека се ќе биде добро. Демек ако не е добро, значи уште не е крај. По природа не сум оптимист, повеќе на темната страна сум навикната да гледам, онака "за секој случај". За да не се разочарам. Но кога ќе ми текне каде бев, а каде сум сега, не можам да не бидам горда на себе. И не можам а да не поверувам во тоа дека кога имаш огромна волја, неопислива желба за нешто, ништо не е тешко. Ви посакувам убав ден, и пријатен викенд на сите. А вие мене посакајте ми среќа.
Да ја разберете тежината на испитот треба да го пробате неговиот вкус. Дефинитивно ве става на тест на издржливост, храброст и способност за надминување на истиот. Но, ајде помина сега може да се ослониме на вечерната веселба - свадба.
Исполнувајте ѓи своите цели затоа што луѓето можат да зборуваат ден-два ама вие ќе бидете среќни цел живот.
Убав е денов Планирам и цел ден дома да си го преседам и некако не ми се излегува ни вечер..и што ако е викенд Планирам да гледам филм, да поработам малку на себе (да вежбам) , да пишувам и да пијам пиво сама,тунајт Кому му е гајле.Уживам,среќна сум.Ги сакам тие што ме сакаат
Новиве актери нека си ја фрлат дипломата, оти Ѓорги Колозов „цар“ бил. Па ај ондак ништо ново да не се праи, ни нови филмови, ни музика, ни серии, ни приказни оти старите „супер“ биле?! Кој безвезен муабет ми е ова значи. СДК 1 Страшно се ме нервира деновиве, едвај чекам неделава да помине, да ми се вратат хормоните у нормала. СДК 2 Имав многу лезбејски сон за колешка, не ми е океј моментално.
Има 3 години откога сум преселена во оваа зграда,во овој мачен влез.Претходно кај што живеев имаше асални луѓе,не само од влезот,не само од зградата,туку цела околина околу 10.000 луѓе беа така за мерак. Имавме комшилук сакам да кажам.Да,сите си живеевме сложно ко браќа шо се вели,некогаш се каравме,ама се смирувавме,некогаш се смеевме,некогаш плачевме,па дури и на свадби се каневме! Овде...3 години...никој со никој...до толку немтури,намќори луѓе немам видено во животот значи... Никој кај никој на кафе,ретко онака некој а да ти речи а камоли добар ден,добро утро,добра вечер итн... Ајде се навикнав дека се такви,ама не можам да ги сфатам...секакви има то е Ајде тоа,еми комшииве од први спрат купија куче...и сега кучево наместо дома да го чуваат,може кучето да се издресира за домашни услови имам бројни примери како доказ,ама овие моиве се чудо.Сега тоа кучето...значи:спие пред чергичето,некогаш во дворот,некогаш со кучињата скитници некаде.Потоа,којзнае и дали го хранат,бидејќи кога и да види некој дека излегува од влезот трча по него во надеж дека ќе добие храна и топлина љубов,па доаѓа полошото...целото кутрото се треси надвор студено камен ладно,тоа се треси исто како кога ќе видиш гризли пред тебе...ете така буквално,со очи насолзени се треси паленото...Остај тресењето,тоа кутренце квичи цела ноќ,понекогаш и цел ден овде пред скалите во влезот или некогаш под балконот.Човек не може да заспие,а камоли да учи или слично од тоа квичење.Добро бе,не му е жал за кучево?Зошто го зедовте воопшто?За ќеф?И јас имам ќеф за коњ на пример,па не зедов коњ тука да го чувам хиииии да црека...Животно е бре,и тоа е живо суштество,земете го дома,топлина,љубов,храна сака тоа...а не скитање со уличните кучиња по мразот и трчајќи по секој што фрла ѓубре мислејќи дека храна му носат...сега не квичи.Ако го прибраа дома арно сторија,ама ако пак се пентери наоколу,не е арно да ви кажам...Понекогаш ми доаѓа да го земам дома да го чувам...ах бре Многу ''јаки комшии'' имам,нели?
@Bender Rodriguez Се согласувам со целиот пост, само дојдов да кажам дека она со Бил, не е од сега скоро, сум го сретнала од поодамна и беше интересно кога беа една-две такви слики, ама сега напнаа стварно, особено па тука со Трајче. Цели профили на Инстаграм има во стилот bidi_kako_trajce Овие луѓево да не видат нешто... Ама како и секое меме веројатно ќе го снема за три дена.
Еве ме. Еве ја мојата вистина. Во депресија сум од пролетта 2014. Од тогаш како сиот свет да го изгубив. Бегам од светот. Бегам од луѓето. Деновите ги поминувам под ќебето плачејќи и посакувајќи еден ден да имам вистински живот. Секое утро се будам велејќи си себеси: "Требаше веќе да се убијам. Зошто сѐ уште не сум го сторила тоа? Пак ли истите глупости ќе ми се случуваат? Пак ли ќе слушам за тоа како сум безвредна и целосно разочарување за сите?". Да, се смеам. Постојано кога сум со луѓе. Но, вистината е, се смеам затоа што не сакам никој да мисли дека сум тажна. А и на кој му е гајле ако плачеш? На никој. Последниве неколку месеци многу се трудам да бидам подобра. Си ветувам себеси дека веќе нема да плачам, дека нема да се жалам, дека ќе се смеам почесто. Запознав луѓе како мене, се обидувам да ги направам среќни, се обидувам и себеси да се направам среќна. А потоа, кога ќе падне ноќ и пак ќе се срушам на креветот липајќи додека да заспијам, сфаќам дека не поминало. И сфаќам дека крајот на ова одвратно чувство не е ни блиску.
Се вадам од такт кога некој сосема неважен ќе ме праша: И ќе има ли свадба наскоро? Што ти е па тебе гајле, и да има ти сигурно нема да бидиш на списокот на гости се ежам од такви луѓе, најозбилно.
Се прашувам колку од другаркиве се редовни членови на фемина, а јас не знам за тоа? Ги пронаоѓам во некои постови. Busy day. Одвај чекам да дојдам дома и да одморам како што доликува.
Читав сега еден твит за мрсули, па ми текна... (Не знам дали има подобар збор за „мрсул“, ама како и да е...) Мрсуливе се чудна работа. Кога е ладно - се растекуваат, а кога е топло - се стврднуваат.
И кога блескаш од радост и кога тониш од тага секогаш биди насмеана, со полна самодоверба, зрачи кога чекориш.