Ова рококо стилот шо сакаат да го скоцкаат во влада...ќе ставале асални пердуви во перниците за троседи,двоседи ти реков ми рече ова она демек...епа ојте во кое сакате село..имате колку сакате кокошки и кубете ги пердувите! Не! Погрешно! Има толку многу кокошки наоколу,шо не треба вие,самите ќе се искубат да не берите гајле Добра ноќ
Сите имаме сопствени внатрешни демони и чудовишта кои лежат некаде длабоко во нас. Истите овие се способни да уништат еден цел свет во рок од една секунда. Од нас зависи дали откако ќе трепнеме и ќе ги отвориме очите пред нас ќе има рушевини и прашина или па ќе бидеме храбри и ќе издржиме без да дозволиме да не' срушат. Треба да се вложи труд за да не потпаднеш под такво влијание што би те натерало да сториш нешто за кое подоцна ќе се каеш само поради тоа што чувствуваш слабост во моментот. Застрашувачки е колку може да смени таа една кратка секунда. Клуч е самоконтролата и трпението. Само сакам да ги имам овие две од ден на ден се повеќе и повеќе.
Мразам разделби Толку силно те прободуваат во срце, што ти предизвикуваат голема болка и тага. Капки солзи се леат без прекин, чиниш река ќе сториме. Ќе ми недостигате најмили мои чичо и нина . Ќе се сеќавам на убавите моменти поминати со вас. Секогаш ќе бидете во нашите срца. Здравје некогаш понатака, се надевам дека Бог ќе даде можност да се видиме Ви посакувам мирен лет и мирно море
Денес сум саркастично расположена… штета што не го знам изворот ќе бев уште посаркастична ама на вистинското место. Е па живот
Се чувствувам како да сум скршена на милион делови и упорно ги берам деловите,ги лепам,составувам, но има делови кои се изгубени и кои недостигаат. Секогаш ќе фалат и јас никогаш повторно нема да бидам истата. Глупа споредба знам, ама имам во себе едно ужасно чувство кое трае и не поминува ...едноставно не поминува туку уште повеќе се засилува.
Чудно, си мислиш 7 планини и 7 мориња си поместил .... Ќе се изненадиш од сознанието кога со груба вибрација, ќе те здрма. На начин преку кој конечно ќе си ја отфрлиш идејата од главата. Ама се чувствувам силна за уште хероизми. Нека биде само матен облак. Синоќа сонував дека сум затворена во огромен калеидоскоп кое го врти некое суштество, чие око можев да го видам. Само го видов, оти стоев како беспомошен имбецил. Како кога стравот ти е навлезен во сите пори, и единственото борење ти е против себе. Тивко и убиствено. Стрелките од часовникот ми ја потврдија дијагнозата, оваа ноќ, око не затворив. Барем рамениците ми се полесни од вчера.
Нема ништо повеќе што ја разгорува мојата љубопитност од небото што го гледам кога ке погледнам нагоре. Простор. Бесконечен. Прошаран со светкави ѕвезди и месечина. Што се крие натаму? Погоре? Кај ѕвездите? Иако гледам само една површинска слика од вселената, таа крие многу повеќе. Можеби толку го сакам ноќното небо бидејќи се поврзувам со него - многу е слично со мојот ум. Како што е вселената бесконечна, без граници - таква е и мојата имагинација. Како што е тој простор се уште неоткриен - таква е и мојата креативност, мојот потенцијал кои допрва ке ги пронаоѓам и развивам. И исто така - ке искористам еден цитат - „Моите мисли се како ѕвезди кои не можам да ги спојам во соѕвездие“. А толку сакам да правам и соѕвездија, и да ги видам одблиску тие ѕвезди и да си ги одговорам сите прашања што ги имам за вселената. Па, затоа, сега, гледајќи во ѕвездите ке си посакам желба - да ги достигнам моите ѕвезди, да ги спојам моите соѕвездија...Посакувам и да си ја пронајдам и својата слобода, бидејќи секоја тежина што ја носам, во тој лебдечки простор се губи - нели? Посакувам и да си ја пронајдам ѕвездата која ке ми дава светлина за да излезам од црните дупки,а потоа, сакам да застанам сред небото и да засветам силно како месечината. Само треба да се вивнам горе, да полетам. И ке го направам тоа. Само треба да ги затворам очите. И да верувам.
Сакам да кажам дека вчера запознав две прекрасни жени. Убави, силни, насмеани. Кога ќе видам дека можам со некој на прво гледање да поминам два саати во кафана со муабет кој тече како река, знам дека имам прекрасно друштво на масата. Уште сум под импресии од убавина. И не знам што да готвам денеска...
„Цинични мртовци, насмевки пластични, фиктивни мали бајки розови. Трајна среќа од милион долари зад затворени прозори. Таа се предаде, не се ни бранеше, битката однапред ја загуби. Шминка размачкана, соништа скршени за овие суштества совршени. Златни окови, нечисти гревови, насмевки бледи изопачени. Внатре во дворецот на најадените живеат среќно тие, осамените.“ Многу сакам кога ќе заслушам некоја наша песна со убав текст. Ако некој го интересира:
Во живото не е важно колку падови си имал и колку лоши ти се повредите, туку и покрај нив важното е да собереш доволно сила и да продолжиш понатаму. Не е важно дека тлото под твоите нозе било затресено, туку дека и покрај силните бранувања си останал цврсто да стоиш. И не е важно колку причини си имал за да кренеш раце од сѐ и секој во твојот живот, туку да ја избереш макар и единствената причина за да продолжиш да се бориш понатаму за истото. Затоа што не можеш да го напуштиш твојот сопствен живот заедно со личностите/нештета кои го го напуштиле. Ниту да умреш со умрениот.
Сакам да кажам дека полошо нешто за домаќинка нема, месиш тесто чекаш да стаса и правиш кифли ги стваш да се печат и и сред печење да снема струја. Е да тоа ми се случи на мене, трудот ми се уништи за 15 минути
Се ближи месец февруари и се повеќе се затварам во себе, затоа што поминува една година без тебе. Боли, и тоа многи боли. Не знаев какво е чуството да изгубиш некој што премногу го сакаш можеби ќе беше подобро никогаш да не дознаев. Година дена без најубавите плави очи кои секогаш беа исполнети со живот. Година дена без мојата поддршка која секогаш ми велеше да не се откажувам дека можам да успеам способна сум. Ах само да знаеш колку болиш. На глас не можам да кажам што чуствувам ама хартија трпи се. Ме боли тоа што не успеав да те видам пред да си отидеш засекогаш. Требаше да најдам начин да го испиеме нашето последно кафе. Те барав со денови, те немаше. Ќе го памтам денот кога седнав на кафе и ми ја соопштија најлошата вест. Ме здоболе многу. Се чуствував како некој да ме тресна од земја. Година дена сеуште не сакам да поверувам дека те нема. Ми останаа само сеќавањата за тебе.Додека го пишувам ова солзите сами капат. Имам уште многу да кажувам за тебе колку беше најдобар. Сите те сакаа и те почитуваа знаеја дека имаш чиста душа. Ми недостасуваш и ќе ми недостасуваш. Знам дека сега имам ангел чувар кој ме пази од небото. А кога ќе го погледнам небото знам дека ти си најсветлата звезда. Ќе се сретнеме еден ден повторно тогаш ќе имам можност повторно да те прегрнам. For my best friend
Има многу добри девојки,шо во било кое време си одземаат од своето време за да посоветуваат и да помогнат на некој. Сега сакам да им се заблагодарам од срце
Поим за другарка: И имаш кажано дека бившиот од пред неколку години те нервира не сакаш да го гледаш, нападен е, само едно здраво и доста му е, го игнорираш намерно оти не знае за доста. И како да не си и рекол или пак намерно. Сношти в кафич и реков ако го види да се направи како да не го гледа, како да и реков обратно. Само шо се свртив до мене нз како се најде и почна да зборува се прави човекот муабети и типкава насред муабет не раздели ме тргна мене настрана и таа застана до него и почна да си прави муабет, а до тогаш не го знаеше во живо Ват д фак ? И добро јас ништо не реагирам и типов ме вика на цигара ќе одел да му правам друштво не излегов јас нормално, кај така ми е напорен, нема јас шо толку муабети со него и оваа му вика јас ќе идам и го турна да оди ЈАс цела запрепастена, шо се случува, добро луѓево со сила се прават будали ? Па се враќа ме прашува се лутиш ? Мене не ми е гајле за него, пред некоја година расчистив, ама таа како ДРУГАРКа и имав кажано дека не сакам да ми се тупнува на секое кај шо сум јас дека го игнорирам намерно, таа излезе дека му се упикува, хм Го аднала пред тој ден на фб, му пишала и сношти гледам му лајкувала слики. А ми вика мене глуп бил Поим за добра другарка
^^ Затоа таква другарка, дистанс. СДК ... чудо едно колку луѓево мислат дека ќе те излажат со сопствената глума. Им ја чувствуваш енергијата и знаеш во суштина што има, додека упорно сакаат да фолираат дека е поинаку. Бидете природни, секогаш! Подобро ќе се прифатите себе, а и другите ќе бидат пофлексибилни со вас. Ах, да. И не сакам подмуклост. Ако нешто сакаш да правиш зад грб, подобро е да го направиш пред очи некому. Биди "фер" до крај, нели ...