Дали сега откако ме изоговаравте за она на што сум најранлива ве направи појаки? Дали вашите животи се побогати? Егото ви е нахрането? Е мили мои, не сте вие имуни на ништо. Нема таа вакцина на светот која ќе ве направи имуни на ниедна болка, на ниедна мака. Ќе дојдат и вашите 5 минути. А јас и понатаму ќе седам и ќе ве гледам, ќе се смеам како ништо да не било. Затоа што има нешто што се вика карма. Само лошо е кога ќе дојде по вас. Фрлајте само вие по мене со ножеви во грб. Секоја острица ме прави посилна и ја растегнува мојата насмевка поширока, а главата ми је крева нагоре.
Си го пуштив Closing time албумот од Tom Waits и читам поделба на имот помеѓу снајки, золви и свекрви. Чаша вино до мене и потпечени макарони. Класа сум. Ми се врти во глава дека еден ден многу сиромашна ќе бидам, па затоа сега купувам облека и ствари за да нели се обезбедам бар со тоа во иднина. Бог да чува, ама вистина кога купувам облека и нешто за дома таа мисла ми прелетува низ глава -добро е, ќе имам за црни дни. Претчувство некое? Се надевам не. Еве ви една песничка за стари спомени од тинејџерска љубов
Се можам да видам, ама кога се работи за донација сите крекате позади компјутерите. Еднаш пусто македонче да даде некоја донација без приговори, вака ќе биде, она ќе биде. Е ако му дадеш донација и да не му дадеш мислиш сигурен си, ти додека дремеш позади компјутер лупајќи на тастатурата, некој таму надвор на -12степени има потреба од топла душа. Самите ќе се изедеме меѓу себе, ама човечни нема да бидеме. Жално.
Најдобри учители се мажите ! Никој подобро од нив, не може да ја научи жената дека може да се ослони само на себе !
До мене е или стварно нема никакви дешавки низ градов? Нема каде да отидеш да се излуфтираш , да оладиш глава. Зимата е убава да , ама ако можеш да прошеташ, да скијаш, да се одмориш, а не да киснеш дома ко пензионер. Ама со 200 денари неделно баш и некој провод нема.
Со сто ума сум.Ми треба некој да ме поттурни и да ме охрабри да го направам првиот чекор.Морам да знам дека нема да сум сама ако заебам...
Солзи ми надојдоа кога ја слушнав песнава, која патем денеска првпат ја слушам. Мило ми е повторно да го слушнам овој глас со нешто ново. Некогаш и заборавам дека го нема Тоше, туку секогаш си го замислувам како патува низ светот и држи концерти низ него. Тоа го заслужуваше Тоше, светска слава, и поради неговиот моќен глас но и поради личноста што беше.
Никако не можам да ги разберам овие што имаат по 5-6 деца, а немаат леб да јадат. Само таткото работи, зема плата 6000 или 7000 денари, а треба да јадат 8 усти дома. Башка сметки, облека, прибор за лична хигиена, лекови, памперси....епа што се направиле толку деца? После државата ти е крива што не ти помогнала, а како да ти помогне ај? Ќе ти дадат намирници и памперси за месец дена, и после што? Пак да ви даваат? Убаво е да се имаат повеќе деца ама најпрво треба да се обезбедат услови за да се одгледуваат тие деца, пошто сепак најмногу патат тие. После малку кога ќе пораснат пушти ги на улица и нека се снаоѓаат. Ум малку, ум....
00:00 Една година со фемина,благодарност на тие што беа дел од едно годишната дружба.. Бујрум послужитесе јас честам
Ми доаѓа да отидам на аеродром и да го фатам првиот авион за било каде! Знам, филмско клише е малку, ама ми треба некоја промена во животот.
Обично не се изразувам на ваков начин ама ептен напишано како што мислам а не ми се преведува. Баш така. Многу сакам кога правам повеќе работи одеднаш. Пример: Варам кафе и сецкам зеленчук за супа, Пијам кафе и диплам алишта, (само домаќински примери дека друго одамна не ми се дешава) Муабетот ми беше дека неможам да ѓи разберам луѓето кои варат супа и застанати над шпоретот петнаесетина минути со лажица во рака,а на метар од нив,куп садови. Пак домаќински пример. Како бе ви успева? Јас неможам да достојам на нозе така. Неможам да разберам толкава неорганизираност кај лугето. Неможам и јас самата да се разберам како пак незнам понекогаш да уживам во кафето. Така е и со животот. Или ќе го уживаш по секоја цена или секогаш ќе си во трк со времето. Не верувам во златна средина,сакам да го уживам животот, но неможам да бидам дел од оние со лажичката во рака опулена во тенџерето без потреба.