Свет - место каде апел за помош се игнорира и при докази дека личноста е навистина болна и без средства, а слика од 28 пиксела со „God's children will share and comment "Amen", and Devil's worshipers will scroll and ignore" ужива милионска слава. И како да не ти иде да ги построиш и шамараш по ред?
Секое дете си е со к'сметот. NOT! Дури да му дојде време само да си го бара к'сметот, пари и пари требаат. Ама тоа за совесни и самосвесни луѓе. Можеби децата се најголемата среќа на светот, ама гладни и боси тие нема да се среќни сигурно. И аман сум се претворила во инсомнично створение, си го сакаааам сонот назад! Сега!
Јаооо вака кога не можам да заспијам, па кога ќе ми дојде некоја идеја да се шишам утре. Јааао... па едвај чекам да се раздени. Лонг боб ит из. Јааао како ќе се премислам, а можда и не, па ќе го изненадам и ќе падне во жал, солзи и неверување јер има посебна конекција со долги светло-кафени коси. Не сака никакви други... само светло кафени и долги. Сакав да ја осветлувам, во депресија падна додека не ме убеди, сакав да ја прошарам во суптилни бебешки прамени, готово беше, раскинување работава. Ми отсветна од глава од практични причини. Ама шишањево нема да ми помине... осеќам. Ако ви кажам како зимава си ја оштетив косата... ќе се смеете. Не сушам коса со фен, ама... се топлам со фен. Хипотироида, јбг, слаба циркулација и раце, нозе, нон стоп ми се ладни. Колку и да е топло дома, ете така ми е. И за да не станувам да се притоплувам до грејни тела, јас си го уштекав фенот до мене и нема, нема подувкај си се... болест. Сега бејби слипот ќе си го уклучам со звук од фен...
И да сакав немаше да напишам ништо поинаку во овој тежок период од мојот живот од ова што го напишала@nena2010, sve se vraca sve se placa...
Денов ми почна тажно и болно,возејќи се во државен автобус,на горниот спрат имаше дете(20-23год) со даунов синдром,цело време ја гушкаше мајкаму и збореше дека животот е навистина убав,кога го гледав и слушав како зборува срцето ми се кинеше,сакам да сум моќен и да можам да му ја отргнам болеста и да живее нормално.Еххх животе животе,за некого си мајка,за некого си макеа :/
Сакам да кажам дека брат ми си замина дома, беше месец ипол кај мене на гости. Ама баш ич не се сложувавме, ние сме тотално различни светови. Да да да сакав да си оди, неможев повеке да се карам. Но, сега ми е тешко многу тешко крвта вода неможе да стане ама поарно е вака нели?......
Многу мразам значи некој ГОСПОДА (мажуленциња) кој сакајќи да се направат фраери, главни доблесни истакнати пред жени, девојки (во глобала со женско друштво) во неприсуство на жените нивни, (меѓудругото се оженети и се папучарчиња, перачи на вешто на жените кој го носеле за со швалерот), глумат лудило по социјалниве мрежи , истакнуваат демек вештини на сеопфатни, за се ги бива , романтичари , силни демек, дотерани, џентламени само за да стасаат до нешто за на страна за да можат пред пријателите да се пофалат кави е.ачи биле тие која ја изе.але па со прст ја покажуваат, А не гледаат дека женчињата им се толку способни што додека тие го глумат сето она погоре што го напишав за еднаш да еб.ат, они поминале цела АРМИЈА па дури и дома на кафе им ги носат како блиски колеги од работа. Каде сте МАКЕДОНЧИЊА УФФФФФФФ
Во животот се има почеток и се има крај. Сите старееме, сите еден ден ќе не нема. Ама не е праведно никој да замине прераро. Тогаш кога најмногу треба да се радуваме, да живееме, да споделуваме, да шетаме, крилата ни ги сечат.. Неколку денови ми се врти низ глава мислата дека животот не е фер! На некои луѓе енергијата можеш и виртуелно да им ја осетиш, да те облијат со милост, со добрина, да ти подадат рака и помош да ти понудат. Би сакала да можам повеќе да помогнам, да те гушнам. Овие неколку дена моите мисли се со тебе другарче мое виртуелно.
Минативе денови ни беа кризни. Секогаш кога малото е болно ние сме уште поболни од него. Се мразиме и самите себе и се околу нас. И после толку години, и после толку прегратки ТОЈ беше и остана човекот со моќ со еден бакнеж да ме однесе некаде далеку на место што само јас го знам. Тоа е место кое сум го креирала само за себе, каде што има само љубов, мир и хармонија. Ете...незнае за тоа место, а постојано ме ,,вози,, таму. Љубовта е интересна работа. Не се учи.
Сакам да кажам дека животот е круг, некои личности за кои сум имала почит не ме ни почитувале. Колку пати треба да се сопнам на иста гранка за да сфатам дека не се сите луѓе добри, не е секој човек човечен. Зашто мајко ме учеше да бидам добра, зашто не ме научи за лошото, да бидам злобна и лоша, да бидам гад. Не ме воспита да гледам контра на работите, ме воспита дека доброто со доброто се враќа. И секое искуство некој ми речее лекција плус ама уште колку лекции има до крај. И ништо не е лесно, како ни патот до успехот, ни животот воопшто. Што стана со луѓево што се толку себични и ги гледаат своите каприци? Светот е изопачен.
Мојата торбица при одење на викенд - просторот е максимално искористен, сè е убаво спакувано, сè си е на свое место, сè што може да се истури е запакувано во посебни кесички, а што и да ми притреба можам одма да го најдам. Мојата торбица при враќање од викенд - газ преку глава, патентот скоро и да не може да се закопча, не се знае кое каде стои, полњачот за телефон во несесерот, чешелот за коса кај апаратот... И задолжително малите странични џепчиња ми се преполни со некои работи што ultra last minute сум ги спакувала. Па оди снајди се. Ептен сум организирана за сè, ама за враќање дома секогаш се пакувам во рекордно време, па после ме боли глава кога ќе треба да се отпакувам. Треба да си спремам една торбица само за одење на планина, да ми стои така средена, наместо да се пакувам скоро секој викенд. Туку, деновиве за прв пат во животов јадев снег Не за друго, ожеднев ептен, па морав и тоа да пробам Кога непланирано ќе тргнеш на долга прошетка, снегот и шипинките ептен ќе ти засладат душа Ај за крај да залепам и една фотка во темава, да заснежи малку и овде
Денес станав тетка на машко бебуле.И нема крај на мојава среќа.Се надевам даде дека ке не израдуваш и на едно женско.Име сеуште не е дадено, но тоа е помалку битно.Нека биде живо здраво и среќно. Сите да си дочекате вакваа радост
Алал да ти е @AnaKarenina секој викенд на викенд Од викенди да не куртулиш што би се рекло. Јас инаку цел ден да вртам по интернет страници за готвење, ништо нема да одберам, и на крај веројатно ќе мачкам нешто на леб. Ама отидам ли на гости и видам што има за ручек, жива не сум ако не го зготвам истото наредниот ден. Ете така, денес гравче тавче (купено) откако изманијачив вчера во кујната на комшивката.
Време е за учење. Утрово ме фати мала криза од статистикава, ама ете помина. Сепак дур седам и се одмарам само ми се вратат бројки, табели, анализи, испитувања кои би можеле да се решаваат. Теоријата од статистика и се тоа. Се нема спас од ова. И најиронично е тоа што најмногу, цел семестар учев статистика и само тоа не положив. #среќа #статистика #јбг Патем, сериозно почнав да се интересирам за јога и се што таа учи. Па се надевам наскоро и ќе почнам со часовие само да си го растеретам малку распоредот. Останете ми поздравени
@theowndemon И јас ќе си се дружам со статистиката, собирам сили.. ама не ми оди СДК дека ме фати мрзата... блабла
Сакам да кажам дека понекогаш само сакам да исчезнам. Да ме снема. Или пак да заминам далеку одовде, на место каде што не би морала да ги гледам овие исти користољубиви и пакосни лица, кои се дел од мојот живот веќе некое време и сум ги сметала за едни од најважните личности кои ги познавам.
СДК Чуството кога се пакуваш и одиш некаде далеку од секојдневието, монотоноста и меланхолијата, некаде каде што има што да видиш и научиш, некаде каде што можеш очите да си ги исплакниш и душата да си ја наполниш со позитива, начитаност и префинетост. Баш ми е кејф на душата да си го исполнам утрешниот ден со едно мало куферче зад себе и со слушалките на уши..