Лицата со даунов синдром не се болни, тоа е само состојба која настанала поради бројот на хромозоми. Иако да, за жал во текот на животот може да имаат потешкотии со здравјето поради тоа. Особено е болно кога од страна на општеството се третираат како "поинакви". Со постов ме потсети на филмов, ми текна да го изгледам пак She was like you, right? A graduate?
Ако не ја зборуваш гласно својата вистина, некој друг ќе ја каже во твое име невистината за тебе. Не бегајте од себе и кажувајте ја својата вистина. Никому не му должите се да му кажете и да споделите за себе си, ама да го кажете она што го мислите, за кое што се залагате и што штитите си го должите себе си. На никого не му должите да му објасните само што работите, каде живеете, какви ви се родителите, какво ви е образованието, кои ви се емоциите, уствари не само кои ви се, туку и да се оправдувате зошто ги имате. Колку и да не му се допаѓате таков на некого, потсетете се дека и вам не ви се допаѓаат некои луѓе, па сепак зборуваат она што мислат.
Јас прво мислев дека е едно видео за децата со даунов синдром, ама кога видов дека е филм одма си го најдов и сега одам да го гледам. Сакав само да ти речам фала шо го посочи тука зошто не знаев дека постои ваков филм
Нешто што научив последнава пола година е да не се радувам ако се ми тргне на убаво, бидејќи после сето тоа цел универзум ќе скова план да ти уништи све. Не треба радување пред време, а тоа што го имаме треба да го чуваме, бидејќи лесно можеме да го изгубиме. Вистина било кога мајка ми ми викаше "почекај мала си, како ќе растеш ќе видиш како се е само потешко и потешко".
Љубопитноста е убава работа. Може да биде амбициозна. Но, толку да си љубопитен за туѓ живот? Зарем не е глупо тоа? Дури денеска добив „бизнис“ предлог: „Јас ќе ти кажам со кого иде оваа, ако ти ми кажеш...“ Греота. Исто така спонтаните одлуки ми се најмили така денеска одлучив да се шишам (по)кратко. Имам вртена коса и нема да ми стои, ама морам да ја обновам. Освен тоа, менувањето на фризура е како симбол за нови почетоци и промени така да можеби ке почнам да работам на уште некои работи што ги имам во план. Имајте убава вечер.
Не се радуваш ако тргне на убаво, а сигурно не се радуваш кога се разочаруваш... па што останува, кога да се радуваш? Ако ти е убаво на душата, радувај се бе, без никаква резерва и страв. Го испушташ моментот за џабе.
Единствениот начин да бидеш психички силна личност е да го заклучиш срцето, отвориш очите и уклучиш мозокот. Во било каков друг случај, ќе страдаш. Треба да научиш кога треба да си ладнокрвно ѓубре, бидејќи само таквите глава не ги боли. Оклопот околу тебе и никој и ништо не те допира, љубовта што сама ќе си ја создадеш за себеси е битна, мирот што ќе си го создадеш во мислите е побитен. Допуштањето на други личности во твојот живот треба да биде претпазливо, не знаеш каква цел имаат, некој само доаѓаат, ти рушат мирот, ти кршат срцето и те оставаат сам да се составуваш, по стоти пат. Згрешиле моите што ме учеа да бидам со сите добра и фина, на крај бев се' освен добро. Имало многу токсични луѓе, ќе си правам дезинфекција на душава...
Денеска некои од наставничките беа фризирани,пеглани во тоа косите... ГАРАНТ ОД ИСТИОТ ФРИЗЕР ГИ СРЕДИЛ...ЗА ВЧЕРА...УНИЈАТА
Уживам додека слушам музика преку слушалки и пеам на глас, дури морници ме лазат колку влегувам во филм, не за друго, туку дека не си го слушам гласот поради слушалките.
Се убаво туку шо прајме со дечињава што имаат 13-14 години а коси корнат на Цеца,Шабан,Харис Џинович...
Ништо повредно од две раце помали за половина од твоите а потсетуваат на твојата сакана личност. Ништо поубаво од чувството кога се вперени кон тебе. Оди оделисе од нив ако можеш. Треба да си многу мудар за да можеш да одбереш правилно. Да не се оделиш од нив кога не си спремен или да почнеш нешто да преземеш околу градење на нивна подобра иднина. Не сум мудра,само не сум спремна и одлучив да ја живеам сегашноста ако треба и поскромно. Секако и моменталните услови се на стана на мојата одлука.
Јас сум пак тука со дневна доза македонска музика. Бендов го открив затоа што сакам да ги ислушам сите што ќе свират на „Земјотрес“ и да бидам спремна. И се заљубив.
„Ако мислиш и ти да бегаш" – ми вели, "никогаш да не се обѕрнуваш назад. Твоето свртување може да биде кобно, зашто ќе дознаеш кој е тој што те брка. Ќе му го видиш лицето и може да се предадеш. Ќе застанеш и ќе му се предадеш" - вели. "Затоа бегај се додека не се умори тој што те брка. Додека не те заборави. И додека ти не го заборавиш него“. Цар! Петре М. Андреевски, Тунел
А еве ви и од мене.За секој што има сон и цел во животот.Дека се што ќе замислиш е навистина можно.6 - минутно видео за промена на расположение и ковање нови планови.Сакав едноставно да го споделам со вас.Можеби на некого ќе му го сменам расположението кон подобро.
Од сега не еден, не два, туку три аларми ќе си поставувам! И тоа на три различни телефони! Како може бе секогаш алармот да ѕвони, а само кога треба да се иде на испит, ондак се пошандрцува све? Ме разбудија моите саат време покасно. - Елена, не полагаш? - Да бе, еве, у сон моментално. Го гледам телефонот - алармов свети ли - свети. Ама глуп, не сфаќа дека треба да ЅВОНИ, а не да свети. Овој некој модерен аларм. А бе модерна сум ја, шо да ти кажам. Сунце му капиталистичко робовласничко. Ама битно не закаснив. Можеби... т.е. најверојатно... т.е. сигурно отидов ко расчупана кокошка, прибидејќи се „спремив“ за 10 минути. Ама битно стигнав на време. И по грешка таму испокликав да полагам нешто сосем трето, па испокликав икс на све, па после едвај ми го вратија тоа што требаше да го полагам. Гадна работа е несмасноста и паниката кога ќе се здружат... А кај мене се најдобри другарчиња. И ја батка обожавам подварок. И имам благо дома, ама ми се јаде подварок. И логично, кога нема да има благо дома, а кога ќе има манџа, мене ќе ми се јаде благо. Ебате логиката. И еве, у скоро 2 саат навечер јас си јадам подварок. Добро де... дур да го донесам у соба, идев низ соби со изгаснато светло, башка тоа си замислував како ме брка Баба Рога и 40 разбојници, па тоа тањирот малку ко да го бапнав у врата, па малку ко ми падна подварокот. Па малку чистев. Нејќев никој да разбудам, ама ко да ги разбудив и комшиите и така. И така си вежбам ја математика, али ми текна батка дека одамна не сум штракнала нешто на Фемина, па така дојдов тука. Ај пријатно.