Повеќе од еден час прозорецов чека да ги истурам чувствата, а не можам. Ми стои грутка во грлото, а солзите чекаат секој момент да почнат да течат една по друга. Можеби таа мирно ги прифаќа дијагнозите, но мене ме кршат. Знам дека глуми, знам дека е силна само заради нас. Цел живот шеги прави за тешкотиите кои ни се случиле или ни се случуваат. Така учевме како да ги надминеме проблемите, да научиме да живееме со се. Вели - Немој да плачете никогаш, мене солзите ме донесоа до тука. Е ај не плачи, ај.
Ден полн со успех. Возачката во мои раце е. Сите оценки собрани во индекс. А на лугево се нешто им е чудно. Денес додека чекав во банка со колешките (плаќавме за нов семестар)Ме застана вработена во банката. И ми вика пак ќе дојдеш на пракса кај нас, ќе се запишеш на магистер? Второво прашање ги збуни на колешкиве и сите се претворија во уво. А јас викам здравје, планирам да одам. Потоа цели 2 часа следуваа прашања од типот. Зошто ќе се запишиш? Ама можда и нема да одиш а? Ајде да останеме Америка(ако одиме)? Е зашо па да учиш? Не викаш и ние да се запишиме м? Страшно значи. Јас незнам што е чудно и изненадувачки.
Што кога од мислата, направиш креација место сценарија? Тоа постанува сопствена драматургија, со лелеави, лила конци. Потенциометрот е во нас. И тогаш кога ќе се отвориш, не прснуваш од плач,туку... https://media.giphy.com/media/xTiTnndu65AuxCNnig/giphy.gif
Порано, по кафани оделе директорите и сличните одбори, а денес, 15-20 годишни деца што од дома им даваат пари за да идат да се понашаат како директори, и сосема неважно е дали имаат да им дадат или едвај сврзуваат крај со крај, those brats don't care.
Во последно време со дечко ми сакаме да си купуваме практични подароци, па така јас му предложив да му купам ланци за колата. И нови раткапни, зашто старите ги испогреба при едно мачно враќање од планина низ снег и мраз. И ме заебаваат од страна: Аии ама добра идеја! Знаеш ли ти на колку машки им е скурчено од мечиња, срциња и шолји со заеднички слики? Абе остај се, некаде некој дечко сега жали што не сум му жена
Не знам што да земам да читам, два дена барам книга по гр, по амазон и ништо не ми фаќа око. Тоа е кога човек има премногу избор. Порано оди до библиотека, од мирјам имало само, добро, тоа е, да се чита нешто. Кога не знае човек што сака не може да се одлучи. Јануари развлечен како и секогаш до бескрај, ама барем зимава не ми е многу ладно, па се поднесува некако. Како би се напила пивце, ама кога нема и кафето ќе заврши работа.
Благодарност до оние шо факултетите ги земаат со бубици и со пријатели од партија, е заради вас патиме ние обичните смртници, и заради вас не можиме да влезиме на работа како шо е редот. Волја немам за 8 семестар, никогаш не си велев дека толку на крајот ќе се разочарам. Шо подалеку од тука, само подалеку
Седам и ги стискам рацете во тупаници за да не направам нешто за кое после ќе се каам. Се имам изгорено од мојата брзоплетост многупати. Се воодушевувам на самоконтролата што успеав да си ја наметнам. Секој ден, станувам насабајле и се потсетувам самата себе - денес, мораш да останеш човек. Потоа, викам, фала ти Боже, што ми помогна да останам човек вчера. Морам да останам човек, затоа што сакам да докажам и покажам дека... Не, не се сите исти. Не, не сакаат сите да излажат и да зафркнат некого. Не, нема да избрзам. Не, не сакам намерно да повредам некого кој ни малце не е виновен. Не, не ми е гајле како другите се однесуваат кон мене, се' додека јас сум си чиста самата пред себе на крајот на денот. Да, сум свесно човечко суштество и битие. Да, можам и морам да се контролирам. Да, имам доволно дебели нерви и за ова. Да, моето разбирање и трпение можат да одат и во овие длабочини, кои, морам да признаам, досега беа непознати за мене. Да, ме напаѓа и инает и бес и лутина и тага и страв и се', ама затоа што сакам да останам човек, свесно одбирам да погледнам зад и под нив. Едноставно, не можам ни да си поверувам колку зрело и стабилно си ги раздвоив и насочив емоциите и мислите и плановите и желбите и целите. Не ми се верува ни како смирено и спокојно се справувам со товарот што стигна на мој грб, а не сум ни направила нешто трагично лошо во животов, напротив. Па сум испливувала и од поголеми лајна, вака најискрено кажано. Сакам да верувам во тоа дека се' е карма, која порано или подоцна ќе ни се врати, се молам да биде фрли си зад тебе, за да си најдеш пред тебе, се молам и да добијам сила за и понатаму да останам човек, оооо колку е лесно да бидеш гадинка, животиња, ѕвер... Знаете ама лесно можам да бидам таква? Да дозволиш да те проголта виорот на разочараност и да дивееш наоколу, уф, па тоа е стопати полесно од мојата огромна самоконтрола во моментов. Ама јас одбирам да не го правам тоа, СВЕСНО. Се' додека одбирам која сум, ќе бидам и ќе останам човек. Мене тоа ми е побитно отколку што било друго. Затоа што си се сакам самата себеси кога сум човек, си имам внатрешен мир кој никој и ништо не може да ми го земе. Немам потреба да го кренам моето его со спуштање на нечие друго, немам потреба да се вивнувам во облаци, ако цврсто чекориш по пат кој сам си го одбрал, немаш таква потреба, воопшто. Тоа може да го посака само некој кој гледа од најдлабоката бездна и не го догледува патот, ами само небото, ете така да знаете. Мојата среќа не зависи од никој друг, ами од самата мене. А ете, заклучив дека сум среќна само кога сум човек, па така, како да ме обви некој штит на нешто што ни јас не можам да си го објаснам... и ништо не може да навлезе под тоа и да ме прободе. Само, на моменти, баш затоа што сакам да бидам човек, а човекот греши... се плашам од самата себе и од тоа колку силно можам да треснам со тупаницата по маса. И... веќе подолг период ме фаќа една носталгија за еден дом, за едно место, на другата страна од светот. А не знам колку мојата самоконтрола може да влијае врз таа носталгија.
Зачудувачки е колку некои луѓе можат да те озборуваат, а единствено нешто што знаат за тебе е ... само твоето име...
Значи ми треба некој така да се испукам... уф кога пилатес терминот би ми бил денес, а не утре. Колку се луѓево злобни, па до каде ќе одиме? Цел живот ќе тапкаме во место, ќе љубомориме и правиме сопки? Зошто? Сфаќам, ок. Ама луѓе бе, во вакви моменти навистина не можам да ги сфатам целосно. Која е потребата да сопкаш некого ? Понекогаш се преиспитувам и дали правам нешто лошо, каде грешам... Но мислам дека успехот е клучната причина, сепак. Колку што ги има сопкачи и злобници, ги имам и оние најмилите, секогаш тука за мене...И за нив ми се живее.
Овој денес стварно ептен ме изнервира и налути. Ама пуста слабост кон благото, особено кон тоблероне... ме омекна
Мене убавите работи допрва ми доаѓаат, а вие што се испукавте со проформи, каде ќе ви оди душата? Како да ви објаснам дека не ми е повеќе гајле за вас? Воопшто.
Блаже Конески - Болен Дојчин Кога бев преполн сила што придојдува како матна речна глава, кога се сетив вреден за мојот подвиг, достоен за слава, кога ми закрепна гласот за најдлабок збор, раката за најтежок меч, ногата за најверен од – тогаш се сломив. Паднав како црешово дрво од премногу род.
Ах мамичке моја, колку само те сакам да знаеш. Секој ден поминат заедно со смеа, со шали го обожавам, не би можела да издржам ден без тебе
Дневна доза македонска музика, трет ден. Ова ми е најомилената наша песна, плус преработката од Фолтин, меѓу омилените бендови. Љубов.
Не знам дали сум кажала овде, ама имам една маана, многу брзо се откажувам од нештата. Една сопка да ми се појави на патот кон целта и веднаш се разочарувам. Стигнувам до крајот само кога ќе ме фати инаетот, тоа дека јарец сум во хороскоп. Знам дека не е убаво што ми е таков карактерот, ама што да правам, посилно е од мене. А овој јануари некако брзо ми помина, не знам зошто и како, обично секоја година најразвлечен месец ми е. Можеби оти цело време сум до движење де таму де ваму. Во последно време често го имам тоа чувство дека тапкам во едно место, во една иста точка, и работите никако да се сменат. Да бидам искрена, веќе не ни се надевам дека ќе се сменат, одамна се разочарав и се помирив со ситуацијата во која се наоѓам. Ама некако се потешко се носам со секојдневието, и сакам крај и некакво решение. Можеби за 2 недели ќе добијам одговори на многу прашања. Празно ми е во душата, празен ми е животот, како така да талкам низ деновите... Многу неповрзани мисли, таков ми е овој пост, со несврзани реченици...
Денеска го отворив моето Dear future me писмо, што е напишано пред година дена од past me, obviously. Беше наменето за поfuture me од што сум јас сега, но ми требаше мотивација денеска. Да, можам да кажам дека сум ја направила среќна старата јас. Многу работи што и биле желби станале вистина, во однос на мојот карактер. We are stronger now! Можеш да бидеш горда. А, сега, ке работам да ја направам посреќна уште поидната јас.
Јас сум филозоф на мојата филозофија и така си учам филозофија на мојата филозофија... Спојлер: не чини многу да учиш...удира по мозокот