Се молат 14-годишните девојчиња на форумот или да ги почитуваат правилата, или малку на некое правила од општа култура да се осврнат некогаш, или пак било што, малку нека подразмислат за нешто, само малку нека си го уклучат мозокот. Се ставаат ли бе туѓи слики од фејсбук на форум? Фесбукот не ти е блог, па се таму на чинија оставено кој што сака да си користи. Вие не ни заслужувате некој да ве има за пријател на фејсбук. И форумот, каша - попара го направивте. Ви го нема Гламстик, па ај тука... И модераторите, наместо селективно да пришат мислења може да подразгледаат некогаш по нешто. Како може 10 дена да седи мислењето и никој да не го примети? Се отишло по ѓаволите...
Зар сте среќни..? Одѕвонуваа зборовите во училницата.Гласот на професорката трепереше...3 тешки збора беа тоа.Се забележуваа по неколку капки солзи во детските ,невини очи. незнам беше одговорот.
Абе брада дечки, брада! Машка брада! На женски образ! Срамежлив бакнеж за поздрав! И местото ти трепери после пет саат и се осеќаш како средношколец. И некој пријатен дрвенаст, чист мирис ти останува во носот, мирис на него... Поминуваш под расцветана цреша и си викаш животов е љубов! И кога плачам е љубов! Најубаво ми е кога поентата на книгата што ја обожаваш ќе почнеш да ја живееш во суштината. Ми се случува лице в лице со Неподнослива леснотија на постоењето, растењето со неа, соживувањето буквално... Очи во очи со вистината. Како поминуваат деновите така се повеќе се ловам како многу работи правам многу поинаку... и одам до она кое го сакам. Некогаш не гледаш најјасно што е, ама има цел! И ти прави пеперутки во стомакот. И не е пропишана логичка последица на животот, туку свој, ама најсвој избор и едноставно ти си ти...таков,среќен!!!
СДК Значи колку е поразличен животот кога имаш вистински пријатели околу тебе.. Беспрекорно смеење,кажување тајни,шегување и оп денот поминал..другиот ден истото Вистинските пријатели се тешки за наоѓање,но лесни за губње..затоа кога ќе ги најдете вистинските пријатели немојте да дозволите да го изгубите.. Тие ќе ви се како браќа и сестри..кај нив ќе имате рамо за плачење,кога ќе ви треба совет тие ќе се тука да ви го дадат,ќе ве подржуваат во се.. Баш сум среќна што јас имам вакви пријатели.. Цел мој клас е со мене..тажно што ќе се разделиме..Тажно што не казнија и што сакаат да ни го разделат класот за ништо Ноо што и да направат тие НАС никогаш нема да не разделат сме биле заедно 8 години..и сега нема да дозволиме тоа да се случи..Знам дека ќе се разделиме за 2 месеци..но тие 2 месеци се посебни за нас..бидејќи се последните 2 месеци кои ќе ги поминеме како КЛАС!!
Ех, Спешлке и те како знаат да развеселат постарите луѓе, мерак да му е на човек да ги слушне, што имаат тие да кажат, понекогаш изгледаат како енциклопедија во движење, им се воодушевувам, се знаат Секоја нивна мудрост ја впиваш, целата концентрација ти оди во нивниот муабет, нивната мудрост.Среќа е Спешлке, секогаш даваат некаков мудар совет, а и токму тогаш кога ти е потребен.Само треба човек да бира што и кого ќе слуша во животот, тоа многу е важно, баш поради ова.
Видов, ама има наставничка по македонски. Ако таа не и објасни, која сум јас за да зборам, објаснувам и поправувам некого.
Да си се пофалам јас пак 5 месеци како сум член овде на Фемина Спојлер (мајка фемина си ја викам јас нели ви имам спомнато и претходно за оваа ) Ви благодарам на сите кои ме почитувате,оние кои редовно ме читате,разбирате ,делите мислења со мене,благодарам на оние кои ми понудија вистинско пријателство Иако ова е само виртуелен свет јас верувам дека добрите луѓе постојат а овде ги има многу. Да јас сум таква каква што сум како што сум претставена овде а верувам дека и сите вие сте баш такви добри искрени и мудри и во реланиот свет. Ми го разубавувате денот ,ме полните со позитивна енергија,ме охрабрувате,а и колку пати сум плачела со вас да знаете,ги читам вашите приказни и се соживувам со нив како да се мои ,се ставам на ваше место и размислувам како да ве утешам или помогнам,не тоа не ме чини ништо, тоа ми е задоволство ,тоа ми ја полни душата и прави да се чуствувам прекрасно... Ве сакам многу
Има толку себичност кај лугето, просто да се зачудиш.Ако си подобар од другите тогаш си штребер или ненормална.Но не само тоа,не можад да издржат во себе, не можад да ја издржат љубомората и им излегува надвор ха ха ха . Прекинете да го леаризирате мојот живот зар немате свои?!. Што криво ли ви е за тоа што искочувам насмеана од фах а ?!.Епа заразлика од вас ја не сум залетана во мозокот на седмо небо.
X без Y. Ексл без Слеш. Чај без вода. Петок без сабота. Плент без Пејџ. Пенкало без мастило. Телефон без полнач. Јас без тебе.
СДК најискрено одлучива веќе да не бидам статус-кво Мотивација: Обуката до УСАИД и запознавањето на нови, позитивни луѓе Вежбањето и внимавањето на исхраната Најоглемата вистинска тајна на светот-Ниче Димовски Книгата ми ја подари чичко ми кога ми беше најтешко и со негова помош завршив кај еден познат биоенергичар..кој моментално го поздравувам најсрдечно и му заблагодарувам за тоа што ми помогна. Всушност им заблагодарувам на двајцата. Вечерва пред легнување,баш одма ја земам в раце...пред неколку минути почнав да читам и наеднаш ме “ заслепе“ со позитивноста на зборовите... ДОБРА НОЌ на сите и слатки сништа
Отварам тема долна облека една особа 50 слики постирано, отварам тема венчаници исто, и да не набројувам. Па добро мајку му стара, ај децава некако и да ги разберам, ама возрасни луге? Претпоставувам темите се замислени да секој со еден или евентуално 2 поста да си го каже своето мислење или со слика да каже што му се допага и готово, да остави простор и на други а не да ги полни темите како да им е споменар. Значи сега можам ја да седнам да укуцам на гугал венчаници, долна облека и слично, и да си постирам до бесвест, ама не е тоа целта на форумот туку размена на мислења и ставови, барем јас така го свакам.
Никогаш немам прославено годишнина/ месечнина од моето постоење на форумов, дали сум нормална? Не, дали сте озбилни со тие виртуелни частења и одбележувања јубилеи? Нема врска, сакав да напишам нешто и самата на себе да си посакам среќа за утре. Решавачки ден ми е на факултет, ако ми го прифатат проектот можеби на вас и на сите нас идни домаќинки ќе ни биде олеснета една активност во домашните обврски. Нема да ви откријам што е, да не ми ја украде идејата некој, треба пари да се прават од тоа Добивам коментари од типот „Како можеш да си постојано среќна„ , „Како можеш нонстоп да си насмеана и расположена„ , „Како секогаш имаш нешто ново да кажеш„ .... Епа така е, на некои луѓе им е дадено да се нонстоп среќни, а други што и да прават неможат да бидат - би рекла баба ми, а јас викам дека среќата е во малите нешта и во начинот на кој го гледаш животот. Треба да најдеш убавина во се и да сакаш се што имаш, среќен ќе бидеш кога материјалните нешта нема да ти бидат неопходни за среќа. Пролет е бе луѓе, видете колку симпатични цвеќенца никнуваат покрај патот, какви пиленца има низ дрвјата, па и плуканицата на улица во форма на смајли е причина за насмевка. Се присетив на баба ми, рацете секогаш и мирисаа на една крема што мирисаше на горчлив бадем, секогаш ќе го памтам тој мирис, а некогаш кога ќе се замислам баш за тоа имам чувство дека пак некако го осеќам. Бабе те сакам! Дали кога нешто сакаш да постигнеш со целото срце, сите сили и енергија ти се насочени кон тоа нешто, ти значи многу тоа нешто и правиш се за да го постигнеш, а упорно ти бега од раце, треба да се откажеш од тоа? Дали треба да се помириш и да речеш дека не е за тебе и да кренеш раце? М?
А кога ќе се вљубиш втор пат... доаѓаат нова багра пеперутки у стомак и ги кршат од ќутек претходните или како?
Зошто никој не сака да се дружи со мене...што им згрешив...ако е поради тоа што сум послаба со финансии се извинувам. Седам денес во училница и ги гледам сите буквално сите си зборат си се смеат а јас сама на клупа си седам и ги слушам. Но понекогаш и ги разбирам не сум ни убава ни интересна. Едвај чекам да помине средношколскиот период.
Не е исто, и никогаш нема да биде исто за жал.. Друго е кога нештото гочувствуваш за прв пат, за прв пат ги чувствуваш тие т.н. пеперутки, ново ти е.. нешто што не си го доживеала. А сега да речам.. е во една рака како веќе поминато, веќе видено.. не е истата возбуда.. само имаш чувства.. не леташ во облаци и не ти е се розово.. гледаш пореално на нештата. Ниту една љубов нема да биде како првата.. никогаш..
Решив да си го раздрмам животот малку. Почнувајки од денес, малку по малку воведувам промени кои ми влијаат неочекувано убаво. Промени од кои се плашев. И сега сфаќам дека стварно единствен начин да се ослободиш од стравот е да му погледнеш в очи. И го поминуваш. ЈАС го поминав. Го изгазив како тој што ме газеше толку време. Абе парче го направив! Мотивирана сум, ќе напредувам. Да, а ако на некој не му одговара.. нека мижи. Shine on me, sun!