Ај нека кажат правниците како ова се докажува на суд? Што и кој се смета за сведок? Како ваква ситуација би добила основ за тужба?
Денес имав чест да видам ендемичен вид на студентка која не знаеше на кој факултет е запишана, и која година е Немам коментар искрено, ужасно посакував да е скриена камера, или да ме заебавале, или да си играле мајтап со мене, или да сакале да видат како ќе реагирам....ама ноп....пред мене беа две девојки на факултет и: Девојка1: На филозофски да речам, така? Девојка2: Абе на филолошки си запишана, Блаже Конески, така кажи.... Д1: А прва сум? Кој семестар? Д2: Речи сега за некој ден дека втор ќе запишуваш, си знаат они.... Посакував да се завртеа девојките и да ми речеа: -Погледни онаму скриена камера ти правиме...ама не ми рекоа.... Ај па може памтењето го изгубила Да живее владата, да живее Груевски што го поттикна секој (буквално секој) млад човек да се запише и да си ја проба среќата по некој (било кој) факултет. Па на крај краева што мора да знаеме на што сме запишани? И онака работа нема да најдеме, ама барем ете некаква диполма ќе си имаме, колку да се мешаме со народ. Кога ќе и ја дадат дипломата на девојката баш ќе биде изненадена на кој факултет била запишана п.с. Една диполма и за мене ако може...по ваша желба, не пребирам
Hannibal на TV, а јас се занимавам (читај: тупам мозок) со зигоморфни и актиноморфни форми на симетрија. До кога бе, до кога... Се надевам, до сабота.
Од утре почнувам да ја гледам серијата GREY'S ANATOMY од 1сезона,1епизода па се додека не ми ептен здосади,а и THE BIG BANG THEORY доаѓа во предвид,плус тоа еднаш неделно за време на викенд по едно филмче.
Бидејќи на сите се им смета и се вистински професионалци за туѓите животи, 24/7 опседнати со тоа кој што направил и зошто тоа е простачки, јас би една Пиња Колада и да наздравам Уште 4 месеци е лето
Она кога си имаш сосема просечен ден, одбележан со сосема обични моменти... Но се појавува личност која најмалку си ја очекувал со која „удираш“ неколкучасовна доза закон муабет... EПА ЕВЕ НЕ ЗНАМ! Не знам за вас, риспектед лејдиз и жентлменос, но јас вечерва ќе си легнам окезен џоа релјеф ми се протега на лицево... Океј, ќе го направам тоа откако ќе завршам со купот работа за кој само што дознав дека стигнал... Yay me. =.= Смејте се бе луѓе, тоа осмесите ве красат до небесата и назад! - мудра (и досега невидена) мисла од архивите на Најти, 27.1.2016 / 23:59
Значи преку глава ми е од на постови за помош на животни, за донации или вдомување да се најдат некои ПАМЕТНИ многу и ХУМАНИ со коментари од типот: „ами бездомни луѓе колку има оти нив не му помагате“ или пак нешто како „дечиња колку има за посвојување вие со животните сте напнале“. Алооо? Нормални?? Какви луѓе бре какви деца споредувате. Јас НА КОЈ САКАМ ЌЕ МУ ПОМОГНАМ. Ако сакам ќе земам и ќе оформам непрофитна за заштита на штурците и ќе берам донации за нив и ќе се залагам за нивниот опстанок. Океј? Тие ненормалните што седат на фб и коментираат ми се гадни. Ако толку си загрижен за дечињата во домот или за бездомниците слободно донирај алишта, средства, помогни му никој не те спречува напротив баш би била среќна ако им се помогне. Ама немојте бе да му префрлате на луѓе што сакаат на животните да му помогнат. Сфаќам дека некој не е љубител и не го интересираат бездомните животни, ама некој е љубител и ќе му помага колку сака. Никој со сила не ве тера ништо. Сум била и кај дечињата без родители на неколку добротворни акции и ако видам некој бездомен што му треба помош колку можам ќе му помогнам. Ама и на животните исто. Море море мореееееееее... Сегде да се смешало да се кажело. Будал народ.
Понекогаш си замислувам колку само среќно место би бил светот, кога на сите луѓе би им се остварувале оние најпосакуваните сценарија што нè посетуваат совршено искреирани како дел од лесното фантазирање пред сонот да ни чукне на врата... Добра ви ноќ!
Малечка моја све ке се врати еден ден не се секирај така да ти уживај си ми и не ми се замарај до толку со небитни лугенца
. толку. Сакам да кажам ама работава е боље да не кажувам. p.s. @Crna Dama , штета што двајца членови одговориле измеѓу твоите постови иначе ќе направеше хет трик со 3 коментари во серија Добра ноќ. Ваша М,
Кој го смислил правилото дека ноќите се за спиење м? Јас најубаво после полноќ функционирам. Јуху абе ептен парти ќе ми биде ако не го положам со 8 или повисока предметов утре. Ќе биде плачки работата зошто го поништив. Ох, само нека помине, па ќе му ја мислам од 8ми што и како ќе полагам. Ме полудеа испитиве. Не знам ни јас што учам веќе. Едни задачи, други, теорија, теорија на англиски, јазици... И така јас си откачив уште од вчера. Бај д веј, ич не ми е гајле. Среќна сум. После толку време сум среќна и весела. Не станувам со мака и со главоболка. Не можам ни да спијам од толку убавини. Само за убаво нека е, не ми треба сон.
Ако некој ви недостига што можеме да стореме за да ви го донесеме до вас? Ништо??? Епа поштедете не од патетики
^ @kjukli same here, мила Обично сум morning person, ама за време на испитна се претворам во ноќна птица. Всушност, ова време уживам во учењето СДК, позитивни мисли водат до позитивен живот! Изминатите денови баш сум оптимистички настроена, па можам да ви кажам дека полека го напуштам депресивниот период. Ништо не успеа да ме мотивира повеќе од старата јас. Пред некој ден буричкајќи низ компјутер, случајно наидов на стари резултати од испити. Ми дојдоа убавини на душата. Се сетив дека и покрај сите неубави работи кои ми се случија за време на студирањето, имав и баш убави периоди во кои бев комплетна и среќна личност. За момент го почувствував присуството на таа девојка, која очајно ја барав последните неколку месеци. Ќе се врати, знам дека ќе се врати!