До пред буквално неколку месеци се уште верував дека има космичка правда и дека секое добро дело се наградува. Верував дека животот секогаш бил добар. Верував во среќни краеви и бев исполнета со многу позитивна енергија. После многу саати поминати во себе убедување дека сум наивна што мислам така, конечно се убедив дека животот е тежок. Зошто ми требаше ова?! Подобро ми беше додека бев по малку повеќе наивна, но исполнета, него ли сега... Доаѓам до точката кога сфаќам зошто некои луѓе одбираат да бидат игнорантни... И сто години да живеам никогаш нема да можам да си погодам...
Никогаш не го сфатив феноменот мода/облека. Поминуваш часови по продавници да купиш нешто што ти стои, се лицкаш со часови пред пригодата, го обекуваш нештото до два пати и го забораваш некаде во позадината на плакарот... Која е целта? Не знам, скоро се’ што носев ко мала ми беше подарок од роднини или наследено од братучетки, па можеби тоа е причината што немам ентузијазам да шетам по бутици... како мала се трудев да замижам пред нив затоа што знаев дека моите не можат да ми купат ништо. Сега можам да си купам, но пак не ја гледам целта. Сум се дотерувала за разни пригоди, и се чувствувам толку неприродно и глупаво во свечен outfit што не можам да доловам со зборови. Не сум тоа јас. Часови поминати во потрага по совршениот фустан, часови за да се спремиш, и уште часови за да се чувствуваш ко налицкан идиот и да се смешкаш на комплиментите за добриот изглед. Не знам која е целта... Си мислам дека Тој не’ гледа од горе и си мисли што ли прават овие будали... Не е за радувањето поради пригодата, туку за тоа кој како ќе се покаже. Кој е најубав од сите. А воопшто не е важно.
Сакам да кажам чиста вистина-Никогаш неможеш да го изгубиш она што навистина ти припаѓа тебе, и не можеш да го задржиш она кое му припаѓа на некој друг.
Кога ќе се најдете во модна недоумица фрлете поглед во огледалото. Модата е менлива, но стилот е вечен. Тој е одговор на се. Секоја испишана лента на излозите со примамлив повик за сезонско намалување не значи дека е реална, а уште повеќе дека изборот на парчиња одговара за сечиј вкус и за сечија физичка конструкција. Некогаш шареноликоста е традиционален обид за разбивање на градското сивило кога нема нешто подобро да се понуди. И играта со бои е прифатлива за позитивно расположение во трули денови како јануарските.
Две минути пред да излезам за на работа ми текнува дека немам што да облечам и дека скиснав во едно исто, земав ножици и фустан и направив блуза. Еве фино стои, не ми е криво. Треба да отворам нова категорија на блог - Пропаднати состаноци, нема да верувате какви се луѓе има. Другарка ми ме теши - Барем излегуваш. Се мислам да престанам да излегувам.
Глумам нешто низ дома, водам здрав живот, се ставив на диета. Од утрово само на житарки сум а ми се јаде пица. Страшна работа е ова диетава.
Секогаш сонувам глупости но овој пат се надминав себе. Сонував дека Стојанче Стоилов ме учеше како да се бришам кога одам во ВЦ Ај добро утро!
Сонував дека сите ми го заборавиле роденденот и за да не се осеќам лошо татко ми натерал луѓе да дојдат, па ми славеле роденден во супермаркет Добро утро
Ми се свиѓа тоа што месецов сите корисници на телеком се соочуваат со спор интернет на маџента, а одговорот на телеком без исклучок е дека го надминале лимитот на безлимитниот интернет. Баш немаш вкус за мажи, вака да ти кажам
Ни пари ни злато ни вили ни острови ни коли ништо не може да се спореди со тоа да имаш личност покрај тебе што најмногу и значиш и најмногу ти значи. Нема поголемо богатство од љубовта. Барем за мене. Џабе да си најбогат на свет а да не сакаш некој и да не си сакан. Џабе е се.
Добар ден луѓе Јас одлично расположени, а вие ? Е не сум знаела дека сум имала толку среќа во животов Уште едно нешто да завршам до крајот на денов и викендот е почнат за мене
Има една народна, одеше некако вака (слободна интерпретација): За вкусови не се расправа... освен ако твојот вкус е различен од мојот... тогаш, не си во право.
Имав една комшика во средно што викаше: Кога ќе дојде среда, и петок ќе дојде. Го чекам за да здивнам, а и да земам плата. Седам вака простум и се мислам со што песна да ја испушам последната цигара - ова е кратка приказна за тоа зошто кафето на крај го пијам ладно. Јас уште денес ќе се радувам за утре, иако и утре ќе имам куп работа. Ги слушам денес децава на училиште (имаа одмор) : - Ајде сега ќутете сите, на три-четири, никој да не зборнал додека не дојде наставничката. Кога ќе влезе тогаш ќе зборуваме, играта завршува. Се било до играта, затоа толку брборење после тоа. Им вика еден мал: - Јас кога ќе пораснам ќе градам, и за сите тука од второ одделение ќе градам без пари! А чекај, зборнав, ај кога зборнав, да прашам, а може ли да се дише додека се ќути или не смееме да дишеме? И му вели другарката: - Паааа, можеш да дишеш, зашто тоа е воздух! Ајде сите, молк, и диши-издиши сега. Хев а најс Трздеј.
Пак се заебав. Сама себе си викав не оди у таа тема и пак отидов. Шо глеаш мор нешо шо знаеш ќе ти се одмили!!! Пак влегов во темана Фемина Инстаграм и пак ми се одјаде!!!! Бре до толку да морало да се сликаат глупости, па колку и да ви е вкусно чим сликате јадење мора естетски треба убаво да изгледа. А не изгледа.