Болна сум ко пес, што и да значи тоа. Не мораше стварно. Докторот, аууу ова инфекција на горни дишни патишта, ова алергиски, ај цитерал, кортико и инхалации. Чекај да те чујам, аууу си спуштила на гради. Панцеф, кортико, антихистамини и инхалации! На што ќе ти пијам кортико, ти да пиеш кортико, не пијам кортико. МРАЗАМ КОРТИКО! На свој ризик, стварно не пијам, поодвратен лек од тоа не постои. Во светов и во целиот универзум, отров! Уствари технички не е ни лек! Не знам што е веќе. Само знам дека од кортико ми се повраќа, ми се лоши, се ме боли, лигаментите ме болат највеќе на свет и не постојам кога сум на кортико. И затоа веќе КОРТИКО НИКОГАШ!!! Животе курво, за Нова година болна, сега пак. До кога?
Твојов доктор ми личи на некој опседнат со професијата, онака филмски го замислувам, може и вагиналети ти препишал од возбуденост. Кај инфекција па и алергија, на што алергија? Ти си настинала може и грип си фатила, батали цитерали, кортико и сл., пробај лечи се на природна база. А инхалација треба да правиш, со камилица најубаво и бел слез. Јас само од тоа се плашам сега, дури се плашам што ти реплицирав да не ме префати Вчера една исто опседната докторка на вести како збореше за вакцинација, испадна дека требаше сите да се вакцинираме од грипот и колку може побрзо, по можност веднаш
Јас стварно не можам да ги разберам... Не можам да ги разберам зашто се толку зависни?! Па што сакаат од мене,што? Се собрале четири 'другарки' од клас како бабине на средсело што се собирале и главна тема на озборување сум им јас.Ми стига на снеп чет ми го прати една од нив отворив и гледам пишува "Т. посака да умреш" Толку се прости,толку им е прост односов,а гарант го кажала тоа јас ја знам неа многу добро. Значи до тој степен ти да дојдеш и да посакаш некој да умре,тоа не е убаво,горниот си одредува за тоа.Јас нив не можам да ги сфатам што сакаат,си набиваат комплекси и мене ме озборуваат. За греота... и што постигнале со ова? Ништо.. Како и да е,во животов секогаш ќе се најдат некои вакви комплексирани луѓе,а со нив само на дистанца,немаме никаква корист од вакви. И сликава е врвот.
10 ден ...јас сум ништо. Празна ми е душата.Боли секоја секунда. Битката е изгубена. Татенце...што да правам без тебе :'(
Се случило непосакуваното? Или сеуште се борите? Знам дека ниеден збор не може да биде доволна утеха, ама животот е пред тебе и ќе ти помогне да се исправиш и продолжиш. А саканите ќе живеат во нашите срца. Можам само да замислам колку ви е тешко. Животот е суров и непредвидлив и после такви борби веќе ништо не е исто како порано и ќе мора да се адаптираш на промените.
Денес кога се враќав од школо поминав покрај една паркирана кола. Внатре седеше едно девојче од околу 2 години. Кога ме виде се насмевна и почна да ми мавта и тоа е најубавото нешто што ми се случи денес. Одеднаш посакав и јас да сум две години и да им мавтам на рандом странци по улица.
Зошто упорно ме туркаш во бездна на сумњи?Зарем толку сакаш да ме гледаш така погазена од сопствените чувства? Премногу сум тука...Треба да ме нема некое време,така ќе сфатиш. Како секој човек така и ти.Го сакаш тоа што не можеш да го имаш...
Da, najteskata borba e borbata protiv samiot sebe, protiv cuvstvata... Sobrav hrabrost I ne mu pisav, go ostajv na seen. 2:1
Мразам кога луѓето од мене очекуваат чуда. Па немам волшебно стапче, не сум чудотворец... последно кога проверив, само обичен човек сум... а имало чаре и за твојот проблем, само ако дојдеше на време...
Ми се скрши срцево. Ме врати годинини наназад. Ти ја праќам сета љубов што ја имам, ќе те имам вечерва во моите молитви мила.
ГО ВИДОВ ЗАД ШАЛТЕРОТ!ГО ВИДОВ ЗАД ШАЛТЕРОТ!МИ РЕЧЕ ЗДРАВО!МИ СЕ НАСМЕВНА! Му светкаа очите или мене ми светкаше мозокот? Кога излегов од обложувалницата си се смеев ко недозреана и така едно 5 минути одев по патот.... Фала ти Господе шо даруваш вакви лепотани да работат во обложувалница...му реков да не треба лична карта,дека едно време ми бараше мислеше ја ова малото којзнае кое одделение,кое одделение бе 19 години,одделение....наместо тоа овој пат кога уплаќав спортска лепотанчето ми рече нема потреба...сонце срце мое...вака така ќе ти дознаам име муце Се радвам како кога на дете мало ќе му дадат чоколатце да го смират да не плачи....ГО ВИДОВ СОНЦЕТО ЗАД ШАЛТЕРОТ! Ееее шо не се крие во Моцарт.....ГО ВИДОВ ЗАД ШАЛТЕРОТ!И ПИШАМ КО НЕДОВЕТНА СО КАПС ЛОК.... е шо да прам ко е убав?
Да знаете неколку работи доколку сте контакт со мене: 1.Никогаш не ми давај слушалки во раце. 2.Никогаш не ми давај ластичиња/шнолки во раце. 3.Никогаш не ми давај воопшто нешто во раце. Бидејќи ке го уништам во истиот момент штом го пипнам. Да, јас сум таа личност. Имам покварено 8 пара слушалки од лани и бројот расне. Ластичиња/шнолки губам по 5 секојдневно. А, денеска си купив ланче и отварајќи го, го скинав и си ги одлепив чизмите. Сериозно, зошто сум толку несмасна?
И јас сум единствена во нешто. На пример во немањето ич верба. Еве признавам, не верувам во ништо. Не верувам во Бог. Не верувам во карма. Не верувам во подобра иднина. Не верувам во надеж. Не верувам во љубов. Не верувам во себеси.
Мислам дека вечерва подумрев од среќа. Луѓе,го положив првиот испит,втора по ред на список со најмногу поени,сега ме чекa уште усниот испит и оцената во индекс. Се тресев од страв уште од првата недела кога ми кажаа дека на нашава група на факултет ќе предавала најстрогата професорка кај која сите паѓале испит. Што бе лоша професорка,баш е кул,саркастична и забавна! Се трудев да го игнорирам ова бидејќи и во средно и во основно додека учев ми кажуваа овој строг,онаа лоша,па баш кај нив најдобро поминував и имав супер оценки. Ако кон некого некој бил лош и строг,не значи дека за сите ќе биде таков. Вакви приказни од други да не слушате. Дополнително развеселување ќе ми биде вечерашната свирка и конечно ќе се собереме цело друштво на куп после долго време,едвај чекам да излезам. Иако јас не пијам алкохол,за положениов испит мора да ве частам со нешто Друго,на најсаканата личност во мојов живот вчера и' беше роденден. Личноста која се' во животот би жртвувала за мене,а за моиве успеси се радува најискрено од сите.Бидејќи не бев дома и бев зафатена со испити,не бев во можност да купам подарок. Утре ќе тркнам низ град и ќе купам нешто. Задоцнето,ама не е заборавено. Веќе имам идеја што би купила,се надевам дека ќе и' се допадне. Најмила мамо,да ти се множат годините,сакам секој ден да те гледам насмеана. За тебе да изнапишам и милион страници малку ќе биде. Камо сите да имаат ваква мајка како што имам јас. Толку скромна,мила,емпатична и грижлива. Најскапоценото нешто во животов ми се таа и баба ми. Само убавини во животов да те следат,го заслужуваш најдоброто! Те сакам најмногу!
Мене најмногу ме иритира кога некој ќе ми каже дека се' е до психата. Поставена ти е дијагноза, примаш терапија а некој се осудува да го сведе тоа на психичката состојба. Интересно е што скоро секогаш кога некој дознава за тоа, првите коментари им се од тој тип, сигурни се дека јас некаде грешам и дека одам со главата во ѕид. Се воздржувам од саркастични коментари и им објаснувам подетално на оние кои сакаат да дознаат повеќе околу тоа. Кај нас секој сака да се прави доктор нели, па затоа добивам многу патетични анализи од нашиве експерти. Не сте стручни лица, не си давајте право на такви бесмислици кога не знаете низ што поминувам. Некако се навикнав на глупоќата на луѓето и сега ги знам сите можни сценарија на памет.
Алергична сум на луѓе што со силаа се прават неписмени. Се чекаат на други и други да им вршат работи за што и самите можат, ама ги мрзи да си го помрднат задникот. Спиење до 16часот не те прави неписмена девојко, туку теоретски неодговорна. И не ти е друг крив што незнаеш да си организираш убаво и никој не ти е должен да ти извршува твои обврски. Ако те одбие не значи дека не сакал туку неможел и не е твој потрчко, и нема потреба од ваква си, таква си. Веднаш те чита човек дека поим немаш од почитување.
После се што се изначитав,ќе почнам да гледам турски серии. Па тие ми ти биле се на основа на вистински приказни. Дефинитивно се има по светов.