Во последно време сакам сама да си седам на кафе, на сладолед, на ручек. Преку глава ми е од муабети, од луѓе, од ставови, од внимание. Сама, си гледам некаде далеку, бистрам мозок, си чепкам по мислите, планирам, мирувам, комбинирам. Изгледа сум си станала добро друштво.
Честитки Анабеле и само успеси да редиш.Од успех и убавини да не куртулиш,само среќа да те прати. И нека и е среќен роденденот на мајкати да биди здрава,жива,весела и пред се горда на тебе,и уште многу години да си го чекате заедно
Цел ден ја слушам песната Born to make you happy и само ја пуштам на риплеј,и си мислам само на една личност. До пред 2 месеца викав "Јас никој не сакам и никогаш нема да сакам! Абе глупости! " Епа сега ете што ме снајде Многу било тешко ова.. Па јас што ќе правам? тек сега разбирам како е. Освен тоа јас како да не постојам не ме ни приметува дека намерно шетам по ходници во школо за да го видам и да бидам во негова близина,ѕвони и грабаш тоа ранецот одма прва искачаш за да го видиш во ходник дека и он одма најпрв искача па имаш можност да го видиш на проаѓање. Едвај чекам во школо да одам,како ли ќе издржам викендов?! А ова го кријам ко државна тајна Ако ме дознаат,ондак ќе пукне голема брука.. Морав негде да пишам веќе,ми се смачи да собирам во себе.На никој неќам да кажам не би се доверила а никако на другарка некоја. Па анонимно е ова
Со душа чекав да дојде викенд да се одморам малку да зачистам низ дома и оп испадна нешто непланирано. За убаво е ама несакам кога во последен момент некој ќе ми ги расипе плановите И сеа пак и овој викенд ќе ми помине за миг и ќе дојде понеделник и така се од ново ќе почне Иначе сакав да кажам дека цело време купувам две три исти нијанси на кармин Гледам,разгледувам,се шкртам по раце, размислувам,земам нов кармин и си идам дома гледам истиот кармин веќе го имам Е значи не ми се верува еееј ,нареден пат ќе си го земам несесерот со кармини и ќе гледам кој го немам тој да си го купам а не се едни исти Се изнервирав сабалјечки за глупости па
Само јас можам да организирам сите дома да гледаме филм комедија и истиот да има непријатни сцени милион. Само јас можам да легнам во 1 и да станам во 4 и да си гледам филмови тинејџерски. И после очи да ми паѓаат. Срце да ми спие цел ден. Само јас можам како луда да барам телефон во автобус кој е во релација охрид - солун и истиот да е во ташна во некој си патент кој прв пат го гледам. И така секогаш традицијата си продолжува иста ташна телефон во исти патент само друга локација,кафич . Цел кафич бара samsung edge,јас паничар невиден а тел во ташна. Луда главаа.
http://reactiongifs.me/wp-content/uploads/2014/04/fuck-you-middle-finger-peter-dinklage-penelope.gif Денес сум лоша
Колку само сонцево игра улога на нашата психа, неодамна овде пишував за времето и нашите чуства, метафоризирав поими кој што навистина ја доловуваа нашата животна суштина, денес и се уверив во тоа гледајки го народот како слободно излезе пред сонцето, седеа, разговараа и се смееа, да, сонцето не освежи на тој начин како што дождот не затупуваше. А после дождот немимовно доаѓа сонцето, едниствената метафора што означува репер за нашиот свет наречен живот.
Конечно.... Колку убав ден Ах, колку ми треба една терапија од неколку часа во природа..едноставно ја обожавам. Си ги наполнив батериите.
Одговорни деца можам да воспитаат САМО одговорни родители. Не очекувајте од вашите деца премногу, ако не сте им доволно добар пример на кој треба да се угледаат.
Ја чистев собата и успат учев how to whip and nae nae. Дури потоа сфатив дека завесата е тргната и сите комшии ме виделе. Ask me if a care...
Не сум човек што сака промени. Се плашам од непознатото. Тешко се навикнувам на нова средина, на нови луѓе. Тешко ми е дури да започнам да гледам нова серија, затоа што веќе сум се навикнала на старата, сум ги засакала ликовите и сум се приврзала со нив. Но, сфатив дека не може да одиме напред ако не ги прифатиме промените. Затоа, започнав со мали чекори, ја променив фризурата што ја носев со години. Повторно се запишав на фитнес. Го проширив кругот на пријатели. Се зачленав на фемина. Секој ден ќе се трудам да научам нешто ново, да направам подобра верзија од себе. И среќна сум, навистина. Има нешто што ми недостига, но ќе ги земам работите во свои раце и ќе го добијам она што го посакувам.
Сaкaм дa кaжaм декa нaпнaa сo тaa Цецa и нејзиниoт млaд дечкo и зa нејзините децa кaј биле, сo кoгo биле и штo прaвеле. Who cares?
Не секогаш станувам од пц кога им треба на некој од моите, без да се одјавам од фемина. А и не секогаш се случува да отварам и листам теми во категорија секс за дневна доза сеир... Ама, кога овие две работи ќе се случат, Марфи мора така последователно да ги спои... што ете како резултат пред малце седнувам пак на компјутер откако татко ми накратко проверуваше нешто, и глеам во гугл хром сум го оставила отворен сеирот околу цитат што го кликнав од смешни мислења и на кој се смеев пред 15-тина минути, или накратко уште од тогаш оставено у првиот таб „Орален секс“. Why, just whyyy?
Ми се јаде!!!!!!!!!!!!!Пица ми се јаде!!!!!!! Не ми велете два пати ќе одам до најблиската пицерија и 5 ќе порачам....