Пред две и кусур години прв пат го гледав филмот со Амели и мислев дека е тапа.Таа умислена,детинеста па и музиката со хармониките и Париз-скроз на скроз клише ми беа. Ни сама не знам зашто таква негатива ама со овој памет сега филмов во рок од 2 дена неколку пати го извртев и го анализирав до последен детаљ.Многу добар филм.Уствари,одличен е.Не за друго,ми завршува испитната сесија.И меѓу другото,мрдам од мртва точка.
Жени абе аман дигнете рачна.. Не може секоја да биде фешн блогерка или моден креатор, мора некоја и копчиња да шие на хаљините
Стојам на темава десетина минути, влегов со намера да напишам нешто но не сака да излезе од мене. Просечен ден, како сите други. Ми фали. Толку многу ми фали што мислам дека не можам да дишам. Ова чувство ми го отежнува животот. Се обидувам да мислам позитивно, кога ќе погледнам на календарот, гледам дека остана уште малку. Многу малку, до нашата повторна средба. Се што сакам е да го забрзам времето, да ги преспијам следните неколку месеци. Се надевам дека сето ова ќе вреди...
Многу го ценам присуството на луѓето,нивната почит,љубов...Тоа што одвоиле време да бидат со мене на мојот ден ,заедно да се смееме и поминеме убаво.Бескрајно сум им благодарна. Исто така и на него. Работите што не можат да се купат ми се највредни и не би ги заменила за ништо .Посебно задоволство и среќа ми будат. Го поминав мојот 21ви Роденден во пријатна атмосфера со уште попрјатни луѓе. Исто така на мојот роденден,тој ден,заврши и испитната сесија.Можам да кажам дека успешно ја поминав,задоволна сум бидејќи трудот се исплати ,а чувството после тоа е преубаво. И во оваа година посакувам најмногу здравје пред се ,за сите луѓе,како и за мене.
Toni Sanac Mihajlovski пред 3 часа · Ќе работиш 24 години у театар, и после некое недоебано курвиче ќе дојде да ти ги негира сите награди, улоги, и иљадници претстави. Ќе се прашува ороспијата сороспијска како и зошто си станал директор. И тоа пази уметнички. Ниту знае што значи тоа а и не ја интересира. Ама гомна мора да се јадат. Какво курвиче си тииии..неопределено.. Еве дами и господа како изгледа речникот на уметнички ДИРЕКТОР во МНТ....влезете кај него на профил и ќе ви стане јасно за што зборува поточно... Знам дека човекот не е нормален и е за во лудница, сере и си јаде од истото, почна да му го лиже на грујо и стана и директор дури (браво) ама вака да се обраќаш на девојка која може ќерка да ти биде и која не ја познаваш, па засрами се бре говедо болно. Не ја познавам девојката, не знам дали има врска со политика, не ме интересира ништо, само уште од вчера и го прочитав статусот, ете си пишала тоа што мисли и сега кога видов овој идиотов болен што пишал, ми се згади. Па и таа Жугиќ кокошката демек многу повредена е, повредени и се чувствата...мрш бе курво една, мрш сите говеда гнасни. Ако не е размислува ко нив значи е курвиче. Ете кај живееме...ете кои луѓе се директори....спремајте куферите додека не е касно...
Мора да сум единствената која не вели "уште еднаш да се случи, ќе направам така и така", и потоа да поминат уште мал милион ситуации каде тоа се повторило, а јас пак сум била силна на зборови. Не, јас не ги давам таквите втори, вербални, клише шанси, name it as you wish. Еднаш случено, веднаш сечам во корен. Ми велaт, престрога, екстремна сум била. Ама, на кој после му е мирна главата, а кој си ја пука со се наредно што иде? Problems are for solving.
Понекогаш сакам да напишам од оние рефератине мои огромни, оние кои сум ги сфатила по долго размислување и кои имаат поента, или оние кои мислам дека ќе сменат нешто кај некој во главата, ама ми текнува дека Реин ми забележа дека се глупи, па губам желба. Така што, она што сакав вечера да го изнапишам, ќе си го разработам у глава, сама, надвор на тераса, со чај, на ладново, оти на трудниците никогаш не им студело. Инаку знам зошто трудниците се големи во телото. Толкави големи души во мало тело не се собираат, а трудните носат две души во себе.
Денеска година и осум месеци со љубовчето. Не знам од каде да започнам... после долга врска одма се појави и другарките првата недела дена ми викаа да му раскинам оти од небо се гледа дека сме различни. сега сосема други кооментари, сега викаат дека погрешиле и дека сме топ заедно. Некако како покрај него се чуствувам најсигурно. Сакав да го изненадам, онака малце, ама да знае дека го сакам како уште првиот пат кога го здогледав. Направив капрезе салата, купив мафини ( оти правањето не ми е добра страна..) и свеќи... напишав писмо...на word имаше точно 900 зборови. И си поминавме, најубаво. Едноставна вечер, ама за мене најубава.. да ни се множат љубовче мое... со тебе секаде...и на месечината, и на ѕвездите... - feeling loved.
Може беше ова само реторско прашање, ама еве еден совет од мене. Користи планер. Не електронски, туку купи си убав дизајниран планер (јас во пракса си го викам тефтер), едно убаво пенкало и маркери во неколку бои. Прво дефинирај си цели -месечни, квартални, годишни и напиши ги на почетните страни. Почни секоја вечер да пишуваш задачи за следниот ден. Создади си листа на приоритети и обележи ги задачите со различни бои според степенот на важност. Можеш да си создадеш сама легенда според која ќе си ги обележуваш целосно, делумно или незавршените задачи. Создади од него уметност, биди креативна, имај го секогаш со тебе. Запишувај си и мотивирачки цитати. Може во почеткот ќе ти одзема време, но понатаму ќе ти стане рутина и ќе те мотивира страшно. После секој успешен ден со завршени задачи награди се сама себе со нешто-филмче, излегување... Јас например, бележам не само работни обврски, туку и сметки, купување, вежбање, заболекар.. .
Многу се нервирам кога поради некои, ќе треба да го променам планот. Истото тоа можат и самите да си го реализираат, но нели поубаво е кога не си ја мачиш душичката. Секогаш ќе се најде некоја будала што ќе го направи, па ти културно без срам ќе си прашаш. Океј, еднаш разбирам, па и два пати, ама не секој ден! Па и ако ги одбиеш или не дај боже ги игнорираш, се лутат.
Да ти кажам искрено нешто...тешко. Од сите страни притискања напади ама ако ти е совеста чиста тогаш не би требало да се секираш.
Чиста е совеста... Ама онака постојано оние што ги сакам нешто изводат... Немам мир дома, немам мир во другарството, немам мир во врската. Моментално никаде немам мир. Само сакам еднаш за промена се да е океј. *Си дојдов дома плачејќи. Ми дојде тешко и само што влегов во портата заплакав. И Марли. Мојот Марли. Само тој е секогаш тука за мене. Само тој знае да ми ги избриши солзите како никој друг. Кучето ми е Марли иначе. Разбира дека ми е тешко се колнам разбира. Буквално ми иде да спијам вечерва в двор за да сум до него...