За роденден ми даде пари а не ми честита, и не ми ги даде лично туку преку мајка ми.. Вчера ми подари нов таблет, не ми го даде лично туку преку мајка ми. Незнам што сака да постогне со ова... не мора да ми збори и уште половина година ако сака сеедно ми е. Не митреба неговата љубов знае дека само вакви работи ме прават среќна. Фала татичко хахаха.
Ми фали А1,многу и тоа. Незнам дали имате приметено али откако пропадна А1,на другиве канали наши нема ништо освен ТУРСКИ и ИНДИСКИ серии. -.- И порано имаше да Шпански,ама ова е веќе неопишливо.Аман мозокот ни се затупе. Порано се знаеше секој ден на а1 имаше по некое филмче некоја добра сериичка како Вовед во анатомија,Лост,Очајни домаќинки итн итн итн.А сега што имаме?Малечката невеста ц ц ц ц ц ц до кај сме отидени срамотаааааааааааааааааааа.
Почнував будна да сонувам за некои работи и веке почнаа да ми се исполнуваат ! Сонувајте сите и исполнувајте ги соновите
СДК дека вчера пред да го испратам мислењево го пријавив она спорното мислење, и ми стигна меил дека пријавата е разгледана и се превземени соодветни мерки, и бла, бла, бла... Ама мислењето се уште си стоеше... И си реков, ај да видам, може пораката автоматски се праќала штом ќе пријавиш мислење, ќе почекам до утре... Ама нееееее, гледам многу ви фуфка... Браво модератори, навистина знаете да изберете кои мислења заслужуваат да останат, а кои да се избришат.
Зошто секогаш мораат да се случуваат вакви глупости? И тоа баш кога мислиш дека се' e во ред? И зошто секогаш како додатна пратечка глупост следува и „Мамичка, зошто не јадеш? Ти не се грижиш за својот организам...“?
Коа ќе се заљубиш втор пат, ти е како новата багра пеперутки да добила легитимно на избори. Првата багра одлетува нечујно и новите пеперутки летаат низ собрание, оставаат прав од виножито низ владиниот стомак, создаваат коалиција со среќата, именуваат министри за уживање, насмевки и среќа, а министерството за оргазми еуфорично работи на воспоставување контрола над сите екстремитети... редовно неуспешно на врвот од прстите на нозете, кои во клучни моменти оддаваат послужност. Кога ќе се заљубиш втор пат, е исто како првиот, само боље.
1.Многу се нервирам кога некој погрешно ќе ме сфати. 2.Многу се нервирам кога некој на некого ќе каже, низок/ниска, дебел/а си итн... и што ако така му/и каже, демек ќе порасне тој/таа или ќе ослабе? -Нормално дека не. 3.Многу се нервирам кога некој озборува зад грб, а пред тебе се прави добар и ти се обраќа со убави зборови. 4.Многу се нервирам кога ми се јаде, а сум на диета. 5.Многу се нервирам кога ми се спие, а јас не сум во можност да си легнам. И фактички животот ми (ни) поминува во нервирање. Вчера и денес од нервоза се и сешто кршам и на се се дерам. Математиката е крива за се. А шлаг на се симпатијата и најдобрата ми другарка, кој од кој прави поголеми проблеми и КИЗНАЈТ кој повеќе ми ствара нервоза. Оти се нервирам за глупости бе? Црни Дрим т.е јас сум видела многу глупаци што се обиделе да скокаат и да пливаат во оваа река, али не успеале. И времево ми ствара нервоза. Се гледа дека сум нервозна, дури од нервоза бубулица ми излегла. Пост со огромна негативна енергија, сметајте ко да не сум го напишала.
Сѐ додека се објавуваат нелекторирани статии и колумни со милион правописни грешки и несоодветни интерпукциски знаци, ќе си се прашуваме „шчо напраифме”.
Она кога си наоѓаш белешки од пред 3-4 години и кога сфаќаш како си сакал да си одиш од Македонија од тотално ПРАЗНИ и ПОГРЕШНИ причини кои не ти давале смисла, туку ти биле од порив за преживување. И најтажно, кога сфаќаш дека се истите за мнозинството... и си викаш, зарем сум била со исушен мозок?! Па зошто после не си успеал во истото? Пф... јасно како ден, барем сега ми е јасно. Ех хеееее...како работите се менуваат. Другарка ми денес ми рече - ЖЕНО МЕ ИНСПРИРАШ!!! Оу тенкјуууууу! Мислам дека ќе почнам навистина да хранам еден нарцис во себе. И онака до сега бев погрешно сфаќана дека сум, сега бар да си станам прописно,ПААА ШТОООООООО?! И онака многу наивковци и финковци што ги знам, они тотално не се нарциси, само што се самозаљубени во се што прават и мислат дека СЕ НА СВЕТОВ ЗАСЛУЖУВААТ!!! Замислете откачам се и се предадам на живот посветен на ИНСПИРАТИВНИ ГОВОРИ. Циркуз!!! Мразам циркуз! Уствари каква врска има тоа сега? Која е тајната на твојата забезекнутост повеќе од која е тајната на твојата коса?! Да успеам, па ќе ви кажам, до тогаш на празно ќе блебетам и ништо не кажувам, НИИИ-ШТО.
Лицето ми е најголемиот непријател. Многу ме мрази, а и јас него го мразам. Прво на се, не се направи убаво, второ е тоа што секогаш кога има некој важен настан, најчесто кога ќе го сретнам него цело лице да ми се исфрли со акни и мозолчиња. Свашта му купувам, го гледам, го пазам и вака ми враќа. Ааа НЕ. Косата исто така, изгледа ми кројат некои планови со лицето. Кога лицето ми е исфрлено, косата треба да ми биде убава за да го одвлече вниманието од лицето, ама тогаш и косата ми е катастрофа. Сериозно се запрашувам „штоооо ви згрешив па вака ми враќате“ А момент е кога покрај сета таа нервоза и дво часовно правење на косата, ќе заврне дожд. Четврток од секогаш ми е бил лош ден. Сето тоа ми започна од кога ми го отровија кученцето, после тоа секој четврток ми беше пеколен, се' до ден денес. Не се сеќавам да сум имала убав четврток. Мора нешто лошо да се случи, си се припремам по цели недели за дочек на четвртокот. После се, убав ден, исполнет со смеи, пријатели, љубов, чоколадо и убава музика. Што уште треба на човек да биде среќен? Пари? Ми треба некое евро, кога веќе прашувате. И еве денес сум правела една година од кога сум зачленета на фемина, да ми се множат.
Денес сум променливо и саркастично говедо. Да. И сум голема флегма. Некое ново чувство во мене, мешавина од мрза и тага. И невози. Мразам кога ќе му кажам на некој да не ми прави нешто што ме нервира продолжува затоа што мисли дека се зафркавам, а јас всушност имам скриени намери да го изедам. Ајдее, за некој ден ќе ми заврше па се ќе помине
Сакам коцки.Мали,големи,еднобојни,разнобојни,сеедно. Во детството ги доживував како играчки и несебично им се радував,а сега се трудам да ги склопам за да имам целосна приказна.Боите се измешани како и чувствата и тешко се подредуваат.Таа необјаснива магија на промена на нештата ме прави непоколеблива за да го продолжам обидот за склопување. Несебично ги кријам во рака како резервен џокер што не знам кога ќе го употребам. Нивната моќ е потег кој има две страни,талкање кон добивката или помирување со загубата. Неуспехот ме поттикнува да го побарам патот до успехот.Првиот чекор е детски,но не и наивен. Не се откажувам.Упорните успеваат,а надежта последна умира. Се враќам на местото и забележувам дека мојот ред за погодок се одложува,па сфаќам дека среќниот број за некои не значи дека е добитен и за мене.Останувам каде што не сакам да бидам, понесена од вербата дека некогаш шестката ќе ми биде наклонета за да го завртам повторно тркалото. Чекањето е неизвесно,но не и невозможно.
Ако верувањето е успех до она што го посакуваш Тогаш јас верувам во нас... Верувам со секој атом од моето тело , со секоја сила од мојата душа, со секој здив останат во мене , сепак Верувам... Верувам дека и ова наскоро ке помине и дека постои тој ден кога јас и ти конечно ке се прибереме на едно место.Дека пасошите ке ни служат само за летен одмор... Мојот пасош е празен не постои.Додека твојот е целиот исчкртан со еден печат кој води на едно место и пак назад до дома. Верувам дека еден дек кога заедно ке се подсеќаме на овие моменти нема да ја осети оваа болка која што сега ја чувствуваме двајцата Јас тука , а ти таму далеку.... Верувам и дека тоа време наскоро ке дојде , бидејки болката секогаш полека но сигорно убива. Верувам во нас и во ова што го имаме, бидејки ова е нешто посебно што не секој може да го има. Верувам во тебе бидејки знам дека ти си тој , и ти верувај во мене бидејку јас сум таа.. Верувам во нас , и верувам во нашето утре , во нашето ЗАСЕКОГАШ човекот кога е тажен има најголема инсипирација... НО ЈАС ВЕРУВАМ
Очекувам сметката за струја, за овој месец, да се намали барем за 5%. Телевизор ќе пуштам после Велигден. Барем кај мене во соба. Не дека до сега го уклучував којзнае колку, ама сега, во никој случај! Штетно е. Има фала Богу серии и филмови по интернетов, што ќе ми е телевизор? Можам да ги гледам кога сакам и колку сакам. Не дека пред тоа имаше корисна програма, ама ајде.
Она чуство кога ќе се релаксираш со едно долго туширање,крем со прекрасен мирис и идеш право во кревет,и се опушташ до добар филм.
Ви се случило некогаш да заспиете под туш? Мене да. Еве, пред некоја минута. Можеби знаете, не ми е денот баш. Па откако ми дојде преку глава од сите глупости решив да одам да се истуширам. А таму некако топличко, млакичко, убавичко...Човек да си заспие. Тоа и го направив де. Многу чуден ден, денес. Толку ми се спиеше што дури не пеев под тушот. Но, во еден момент, онака во полусон, од некаде ми „светна“ и си помислив Што...абе што правам јас? Спијам под тушот. Невозможно. До толку ли сум забегала? Па после уште една „сијаличка“: Чекај малку, ЧЕКАЈ МАЛКУ! Сега ќе си пуштам малку ладна вода, па ќе се ококорам! Тоа и го направив. Добра идеја. Или сепак имам некоја мазохистичка жичка... Не е важно. Важно, се ококорив навистина. Сепак, сега ќе си легнам. Не дека ве интересира, но утре имам четири теста, едно испрашување и физичко (се надевам, тоа значи кошарка). Добар распоред, нема што. Туку, аде, ќе се довлечкам некако до викендот... Добро утро...ова де....добра вечер...ноќ де, ноќ...