Па исплачи се ќе ти олесни.А за се остало повлечи се,затвори очи и уши со еден збор игнорирај ги сите. На почетокот е тешко,но подоцна ќе се навикнеш.Пробај да заспиеш.
Neznam dali postapiv pravilno,no cuvstvata mi se mesaat izmegu platonska lubov i prijatelstvo,strasta ja nema veke.sepak mi znacis i ne mi e zal sto ti pisavne sakam da te izgubam no ne mozam i da spijam poradi tebe.ako moze nekoj help plis
Moже дa спoделaм нештo? Имaм кoлегa штo личи нештo нa комбинација измеѓу еден мoј селебрети крaш oд еднa серијa и еден јебoзoвен бивши... Знaчи зaштo?! Ае М,
Моментот кога братучед ми кој има 3 годинки ќе ми каже многу те сакам и силно ќе ме гушне. Е за такви моменти вреди да се живее. Сонце дадино е тој. Кој кажа дека животот не е убав?
Денов ми започна во 6:30 будејќи ме огромната потреба за блуење попратено со страшна главоболка.Стомаков му прави протест на алкохолот,што мислев дека испарил заклучно со моето легнување.Кој го измислил мамурлаков и зошто мора на ваков брутален начин да казнува невини луѓе ? Не требаше да биди вака,денов ми беше планиран за учење,а не за немоќно лежење. Болештина ми е. ^ Денес братт ми заминува некаде далеку на неколку месеци.Не сакам ни сама да си признам колку многу ќе ми фали,последниов период кога запаѓав во некој чудни љубовни срањенца само тој можеше да ме издигни и да ме потсети колку всушност вредам и колку многу заслужувам. Тој е од оној тип на машки,што ме тера да мислам дека не се сите исти,а женска му 9 години е најсреќната жена што си го има покрај себе. Еднаш сосем случајно во мобилен што го користел,а потоа требаше да го користам јас,заборавил да ги избрише пораките.а јас пустата неможев да одолеам а да не ги прочитам.Се запрепастив.И после 9 години од нивната врска,тој без повод и праќа пораки со содржина колку е среќен што ја има. Некогаш онака ми паѓа жал за мене.
Никогаш нема да се предадам во животот,затоа што животот е борба,за среќа или жал некој губи,некој победува.Но каков е таков е животот е еден и единствен кој нема реприза.Борете се за она што го сакате,не се предавајте лесно,ширете љубов и позитива така животот ке ви биде полесен за живеење.
Здраво Убав ден денес,сончево,а мене ме фаќа една таква голема,женска нервоза,тоа чудо едно. Вчера изедов една крофна и три благи палачкинки со крем од стрвост,од пмс од кој знае што. Во меѓувреме подготвувам уште еден значаен испит и час си учам час си плачам. Час сум решена обавезно да одам на полагање,час решена дека нема шанси да одам. И така. Нешто не поврзано со муабетов погоре,ама што достигнување на луѓето во мк е да работат како службеник? Не прифаќаат други работни места,се друго им е под чест,чекаат да бидат службеник. Не ми е јасно,да чекаш да бидеш затворен во канцеларија со административна работа цел ден.
Знам дека не сакаш да те гњават вака, си сакаше лесно да се искажеш, ама ова од искуство. Види, мирот не можеш да го најдеш ни во семејството, ни во дечкото, ни во работата, ни во пријателствата. Мирот само ти можеш да си го најдеш, сама во себе. Кога еднаш ќе го најдеш, ништо нема да ти го земе, верувај ми. Ова од некој што избега до другиот крај на светот да најде мир, ама џабе, ни таму не бил. Ела сега земи ми го раатот, не можеш и да сакаш, не го давам. Сега се' што си посакувам, кога си посакувам нешто, е прво здравје, па внатрешен мир и спокој, а другото ќе си дојде, порано или подоцна.
Стално кога го форматирам компјутеров оставам еден дел што никогаш не го чепкам и не се ни трудам да го средам за да биде попрегледен. Едноставно крстен е како „Свашта“...и сериозно, мислам дека нема што нема. Ако нешто сте си изгубиле некаде, побарајте го можда е кај мене во компјутер. Вчера решив да го отворам после дол период, години се во прашање, за некои фајлови и декада цела поминала како си спијат на хард диск...не знам што црв ми влезе. Се вратив во некоја друга ера...се осеќам како многу работи да се случувале во некој друг живот, како некој друг да ги правел. Милион луѓе и случки што сум ги заборавила скроз, некогаш денот ми го одбележувале, сега ниту една клетка не ми вибрира кога ќе се присетам. Буквално како во сон да поминало. Искрено немав претстава дека толку време поминало, ни дека толку многу работи се случиле во меѓувреме за да ги потиснат сите овие. Сериозно збунета сум. Што фино си мислев дека сум многу млада, now, I'm not so sure
se custvuvam presrekna koga sin mi ke se razbudi i ke dojde da me bakne oti misli deka seuste spijam pa saka da me razbudi,sonce mamino .
Ми почнува денот со планирање за утрешниот. Ова треба да извадам,ова да се потполни, она да се извади аман...ама добар барем нешто има. И генералкава и денес трае.
Во право си знам тоа.. Ама некогаш кога ти значат одредени личности нивните постапки и зборови болат, вознемируваат, доведуваат до лудило. Посебно кога сите ќе се "договорат" во ист момент да те разочараат. Едноставно не можам да ги игнорирам. Можеби само треба да научам подобро да ги прифаќам и да се помирувам со работите. Можеби е можно да имаш мир и кога си разочаран и кога ти е тешко. Можеби не треба среќата и мирот да ми се толку поврзани... Ќе научам си викам. Мило ми е за тебе искрено се надевам ќе си го зачуваш раетот оти скапоцен е.
Некогаш сум нежна како роза некогаш сум како коприва ....за туѓи животи јас време немам ...БРАВО ЕЛЕНЧЕ
Ако транзици се луѓе што го менуваат својот пол. Тогаш како се викаат луѓето кои живеат во транзиција?
Одалечени од гужвите,каде што има почист воздух,наутро грее сонце а навечер дува ветре... Мала куќичка за среќно семејство.Доволно место во неа каде што секој ќе си има свое катче каде што ќе може да наоѓа мир и доволно место каде што сите ке можат да споделуваат среќа,радост,насмевки,па дури и тажни моменти. Кујна доволно голема за да може од неа да се шират само убави мириси,и огромна работна маса како што посакува тој ... Детска соба каде што децата ќе растат опкружени со убави бои и многу играчки,на еден од ѕидовите да бидат закачени цртежите нацртани од нивните мали рачиња,а додека растат да ги гледаат и да се сеќаваат секогаш кои биле нивните први цртежи Спална соба во која што ќе има огромен плакар и уште поголем кревет ...темни бои и пригушено светло. Дворче во кое ќе има многу цвеќиња,зеленило,плодни дрвца,патеки по кои децата ќе трчат и ќе учат да возат велосипед , тревник каде што во лето ќе има базент,шарени дрвени клупи и маса за мама и тато да кркат скара со другари и да се налеваат со ладно пиво ... Се надевам дека некогаш овој мој сон ќе се оствари па да ви раскажувам секојдневни случувања од малата куќичка со среќни луѓе во неа
И да те дополнам, во дворот куче, елка која ќе ја китиш во зима и стол на нишање за читање книги приквечер со чај Дај Боже да го имаш сето ова, и тоа набрзо