Не декa не си у правo, aмa штo не гo пишеш oвa нa фб? Зaшo тукa? Oд другa стрaнa пaк не те рaзбирaм штo се нервирaш сo вaкви рaбoти... пa нaпрaви им хaјд или aнфoлoу нa тие штo пoстoриaaт и решен прoблем.
Ве молам не ја претварајте темава во фејсбук. СДК беше место каде доаѓав да прочитам дел од секојдневието на некој, каде ќе видеш како некој размислува и какви ставови има за одредени работи, а сега не можам ни да препознаам во што е претворена. Не ме тепајте, не хејтам. Сама ќе престанам да ја отварам темата, ама од другите не ви бегам.
Да се нашиве познати личности како светските ѕвезди пример, ќе си имаа ако не цела екипа ама бар еден човек -советник за односи со јавност, па пред да се појави било каде, пред да даде интервју, пред да напише статус на фб или твитер, пред да возврати на провокација, ќе мора да се консултира оти заради еден погрешен збор не повеќе, во вода може цел углед да му падне а со тоа и кариера. Повеќето од нашиве го немаат тој луксуз, па мора природно паметни и одмерени да се, за да колку толку ги оправдаат функциите и титулите кои ги здобиле а да не е очигледно дека ги добиле на изволте, да не е очигледно дека не ги заслужуваат. Тешко е а? Очигледно. Сите ќе се откриете со ова мреживе, и ку..и, и сељаци, простаци, и кој како дошол до диплома, функција, и кој заслужува цела кариера да му отиде низ шолја само со еден потег. Заслужено ви е.
Сакам. Сакам чисти бели листови, љубезност од рандом луѓе, тенки црни фломастери, мирно утро, плаво небо, чај од брусница и вино. Сакам да љубам и да не се свртувам, и без трепет во окото... знаејќи дека секоја љубов е вечна додека трае. И не е Хегел фрик, фаца е, само треба да имаш афинитети за да го разбереш. Добив аплауз, како со потсмев ( страшно, страшно, страшно) А ќе ме прашаш... Ќе ме прашаш ти мене. Зошто правам се како што треба, а се случува точно како што не треба? Амааа тогаш, тогаш.
Луѓе вака некогаш... Ме фаќаат паники за брак. Читав некоја тема сега поврзана со брак нешто... И онака колку е битно да се направи вистинската одлука. Колку само е битно да си сто проценти сигурна дека сакаш со таа личност да го поминеш животот, и макар и да си сигурна пред бракот колку е голема веројатноста да се смени се после бракот. Значи сега си размислувам онака гласно што се вели. Имам време до брак, млада сум. Ама искрено страв ми е. Дали ќе најдам некој што така ќе се разбираме и ќе функционираме како што треба, дали ќе згрешам, дали ќе сум некогаш воошто спремна... Од сега ми е страв хаха. Стварно многу сакам семејство. Онака тоа ми е една од неколкуте желби во животот. Ама сакам функционално, исполнето со љубов и разбирање какво што сум немала јас во детството. Се помалце од тоа ќе биде ужас. Затоа мислам дека неколку години во бракот не треба да се има одма дечиња. Малце да се привикнеме, да видиме каде сме што сме. Да се навикнеме еден на друг и на новата ситуација... Стварно би ми било најкриво во животот ако имам дечиња и ако треба да се разведувам и да му правам трауми. Ама знам дека не би можела да седам со некој што не ми е по мера. Ај да си пуштам серифче јас... Будала. Ќе сум мислела сега на бракој.
Скоро секоја вечер јас имам иста мака - филм да гледам или книга да читам. Многу голема мака, знам...ама така додека мозокот е окупиран со нешто од горенаведеното, вистинските маки ги потиснувам барем за некој час. Добра ноќ. Спојлер Нека дојде саботааа, ми се љуби
22 Среќен да ми е роденденот, во 22та ќе си посакам само убави работи да ми се случуваат, доста беше веќе од се, да си дипломирам на време, и најголемата желба шо си ја замислив точно во 12 и шо од срце ја чекам веќе неколку години со ред На мама и бато, ќе му посакам само здравје првен, после се друго само ќе си дојди , да ми се живи и здрави и секогаш покрај мене Среќна суммммм Почастете сеее
Од кога почнаа луѓето да шират морални вредности по слики на фејсбук? Кој ви к*р бизнис ако ми искоментирате дека не бидвало слика со дечко ми на фејсбук да имам?Ако не ве бендисва слободно скрол надолу и нема да ја гледаш..Мрчатори на сите страни бреееејјјј
Секогаш е добредојдена добра книга. Обожавам да читам, се внесувам скроз во книгата. Една толку добра книга не ме остави да си легнам без да ја прочитам до крај. Таква мистериозност до самиот крај, ја читав со страст, не можев никако да ја оставам. Одвај чекам утре да земам нова книга. Еден ден ќе успеам, ќе ја завршам започнатата домашна библиотека. Моја голема библиотека баш како шо ја имам замислено.
Смешна спојка сме. Кога треба да се оди на настани кај моето семејство, тој ме стимулира да одиме, а јас смислувам изговори зошто да не одиме. Кога треба да се оди на настани кај неговото семејство, јас го стимулирам да одиме, а тој смислува изговори зошто да не одиме. Тоа е тој баланс. Јас мислам дека тоа е добро, инаку ептен ќе те отуѓиме. Јас ги бранам неговите, он ги брани моите... обично секој тегне на својата страна. Ама на крај и двајцата завршуваме начукани. За да се поднесе... За мене е светла точка и ако е дел од денот, зајдисонце ми е. Топло, румено, роматично, привлечно. Деца, од утре сум на диета. И внимателно бирајте си ги другарчињата, сакајте си ја фамилијата, бидете заљубени и не се ломете на глупави луѓе.
Ги обожавам оние позитивни луѓе, кои на сите работи секогаш гледаат позитивно. Пример немаат пари, ама викаат битно имаме здравје. Или ќе падне на испит, вика ајде битно се потрудив, и битно си знам доволно за себе. Или ќе добие отказ, вика битно оставив некој денар на сметка кај децата, ќе најдам друга работа. И општо во секојдневните ситуации така се однесуваат, пример не му пали колата, нема да се нервира и да пцуе туку ќе си каже шега на сметка на колата и ќе си замине со автобус. И многу други такви ситуации. Едноставно тие луѓе се секогаш насмеани, и колку и да им е тешко тие си ја олеснуваат работата. За разлика од негативните, ај нив како може да ги сакаш? Како може да сакаш до тебе да стои некој негативен што 24/7 се жали дека нема пари, дека колата му е стара и не пали сабајле, дека испитот го поминал со 8ка и тажен е зошто не го поминал со 9ка ќе најде нешто само колку да се нервира сам, и да ги нервира и ги полни со негативна енергија тие околу него. За жал повеќето се како тие вторите, и затоа овие позитивните од што се ретки кога ќе најдете некој таков треба како дијамант да го чувате. Да имаш таков пријател/дечко/девојка/брат/ сестра...знај дека имаш вистинско богатство, пошто ќе те полни со позитина енергија, која за жал се помалку ја има а многу ни е потребна на сите.
Утре во 12 имам лет, а јас абер си немам, куферов 30 кг а до 23 дозволено, а пак ништо не земав, наместо да средам денес се, јас си спиев, па и со дечко ми како треба не се испративме, аман од вие патувања или таму или тука, не бива вака воа.