Многу ми се интересни жени што своите изјави ги завршуваат со "проверено" или "мое мислење". И готово, со тоа си даваат авторитет на што и да рекле, па не осмелувај се да дадеш свој коментар.
Го чекаш твојот автобус и никаде го нема. Се качуваш во првиот што наидува и само што ќе се качиш го здогледуваш твојот. Така е за многу работи во животот.
Запази ги твоите мисли-стануваат зборови. Запази ги твоите зборови-стануваат дела. Запази ги делата што ги правиш-тие стануваат навики. Запази какви ти се навиките-тие го градат твојот карактер. Запази каков ти е карактерот-тој ја крои судбината. Што мислиме-во тоа се претвораме! Мислата е најмоќна. Добро утро и ви посакувам убава недела.Да не го мразиме понеделник
Добро утро Феминки... Добар ден, за кого како. За мене веќе е ден. За малку ќе почнев да пишувам како и денес не е мој ден, како не се чувствувам добро, но се сопрев на време. Тоа не би го напишала јас... Тоа е само мојот страв, немирот кој се обидува да ми каже дека ми следува неуспех, тага и лоши денови. Затоа ќе кажам дека добро се чувствувам. Денес е просечен ден, но си ветувам дека барем ќе се обидам да го поминам најдобро што можам, да се смеам, да уживам со убава храна и музика, шолја кафе, ако ништо друго, барем да уживам во оние "обични" задоволства. Каде бев, а каде сум сега? Направив важни чекори. Поблиску сум до својата цел, а тоа е најважно. Се борам со секоја клетка во мене, дури и кога помислусвам дека немам сила, но знам дека ја има. Денес одбивам да се плашам и ја одбивам секоја негативна мисла. Се фокусирам на иднината, знам дека најубавите денови ме чекаат.
Луѓето се создадени за да се сакаат, а материјалните работи да се користат. А светото е во неред, луѓето се користат а материјалните работи се сакаат. А времево е април. Во април сите се сакаат. Епа , ајде. Убав, мирен ден
Се извинуваме, заборавивме дека само на вас згодните ви е дозволено да се сликате. Ако тоа ти смета, тогаш ти стави си ја раката на очи.
Од понеделници сакам слободни понеделници, па уште и на први од месецот. Па уште пред врата буквално џитнато порачаното пакетче.Ме израдуФка. Да бидам искрена, во моментов малку ми е досадно, ама да не извољевам. Се мислам да чистам, ама некако...мееех, мрза ме тепа.
Она кога во 8 и пол сабајле одиш по пешачката патека крај Вардар. Зима е, ем понеделниκ, на κилометρи нема ниκој. Сфаќаш деκа секој нов чекор те потсеќа на сите оние пати кога си го врвел кејот јуришајќи со точак или трчајќи со другари, другарки, па и девојка. Следно што знаеш, запираш за момент и се запрашуваш каде отидоа/исчезнаа 80% од тие луѓе. Следи оној познат „шок“ дека со најголемиот дел од нив едноставно дошло до разидување на патиштата. Има и такви со кои едноставно веќе не се „мирисаш“ баш. Неκој неκому згρешил. Со нив се случува и „фамозното зјапање во телефон“ кога ќе се разминете. И јас го правам тоа понекогаш, далеку сум од светец. Блага насмевκа ти пρедизвиκува сознанието деκа на сметκа на сеκој што заминал, дошол неκој дρуг, со своја важна/споρедна улога. Сите оставиле неκаκва тρага, κои помала, κои поголема. И следно што знаеш, секој нареден чекор по патеката ти е патување месец, па и година(и) назад во минатото, потсеќање на моменти, но пред се' луѓе со кои си бил и кои во тебе буделе нешто што можеби во моментот ти фали. Слатко-горчливо чувство. Чувство што ти е познато зашто си го имал, но и ти фали зашто моментално можеби го немаш. На крај, она што сфаќаш е дека си гладен. Одиш во првата пекара од крајот на кејот и земаш бурек со месо. Одлучуваш дека е најпаметно да ги оставиш ваквите слатко-горчливи патувања низ времето за другпат... Сега, се' што е важно е дека си гладен. Наздравје јадење!
@Srckata28 Јас би рекла, не да не се сликаат, туку нека го прават тоа послободно или да си изберат поосоодветна поза, отколку тоа да ја ставаат раката преку стомакот, што испаѓа дека на самите нив им е неугодно или се срамат, што го прави сето akward. Инаку, СДК, не ти е Понеделникот крив, до животот ти е И на кој да се јавам, да го помести летото, малку порано ќе ми треба од планираното.
Hello February! Please be good. Убав Понеделник! Убав почеток на неделата, а и убав почеток на месецот. Во автобус, си седеа две стари женички. Збореа што ќе прават за ручек. Еднава и вели на другата: „Ќе го правам омиленото јадење на мажот ми. Ми причинува задоволство и сакам да го гледам како ужива во таква ситница од моја страна. До ден денес, после толку години брак." И вистина е дека среќата е во малите нешта. Колку само денес се израдував на мојата прва добра оценка на факс. Среќна ме прави една единствена убаво склопена реченица. Некогаш и едно зборче. Среќна ме прават прегратки. Еден куп позитива од мене денес. Имајте убав остаток од денот!
Толку силно сум ја чукнала глата дур земав јаболки, шо мислам редно време е да си легнам ама некако не ми оди.
Немам намера да се осветам на тие што ме повредија.Затоа што тие се послаби од мојата искреност,ќе оставам на времето да го видам резултатот на нивната слабост...
Денеска ми се случи нешто што ми се случува многу ретко - се изненадив од една личност. И тоа пријатно се изненадив! Никогаш не мислев дека таа ке може да каже нешто такво, разумно и созреано. Но, тие зборови баш ми се умилија, и воглавно ме зачудија.