Ovoj PMS-ov, cudna rabota be zeni. Ovoj pat me premaci. Nisto ne jadev ama Boga mi vekot go ispiv Loso mi pocna FeBrUaRkO
Нaјинтересни ми се луѓетo кoи нa друг му јa укaжувaaт грешкaтa, a истoвременo тие јa прaвaт истaтa...
Пред ова сонцево надвор возбудено трперам, баш секоја пролет имам исто чуство, чуство на топлина, возбуда и позитивност. Не е почеток на пролетта но изгледа, и сета еуфорија на зраците кои блескаат, пчелите кои зујат, прекрасните мирисни цвекиња на некој начин ни топли душата и не потхранува со убава мисла и добар збор. Едвај чекам да дојде, да ни дојде пролетта, да пешачам, да потрчам како човек, да се возам на точак и несвесно да си потпевнувам. Знам, се сеќавам лани ко вчера да беше, кога ги броев деновите за да ја гушнам љубовта, кога го возев бициклот со саати и мечтаев, мечтаев од срце за позитивност и спокоен живот, се спремав за прекрасните недели кои ме очекуваа и со радост се стремев да се дотерам и заминам, заминам до него, да уживаме и да се смееме пред пролетта. Оваа година, оваа пролет, ќе шетам, ќе се смејам, кафе ќе пијам несмасно ќе брзам и ќе се токмам за на работа и бициклот ќе го возам знам, ама со него, мечтаењето ќе го претворам во реалност, а реалноста кротко ќе ја живеам, ќе славам, ќе се смеам и ќе живеам, со задоволство ќе го прифатам секој понатамошен ризик но овој пат не сама, туку со него ќе го проживеам. Сакајте се, љубовта е моќна - онаму каде што е вистинска .
Ма тоа така ви оди на сите дека ми иде роденден. Се зезам. Туку... Да речеме дека во последниве 5 години запознав нескромна бројка на луѓе. Нешто што најмногу мразам е да генерализирам, но сепак... луѓето, искуството ми го дозволуваат тоа. Сите богати луѓе, сите богати деца на богати луѓе (деца од по 20 до 30 години што значи не се баш деца), се далеку посебични, нечувствителни, себецентрирани, од оние кои се со просечни и подпросечни примања. Факт. Просто незамисливо е како може да вообразат дека светот се врти околу нив. А интересното е што сите се декларираат како чувствителни. Ми доаѓа да ги распалам и да им речам - не срце, ти не си чувствителна, ти си растроена, види, погледни низ прозорот има улични изведувачи, дете што проси, ете тоа се проблеми. Не е проблем тоа што ти тврдиш дека не сакаш да го водиш бизнисот на татко ти, туку сакаш нешто свое, а од друга страна сакаш да ти дава пари, а ти да си бркаш твои работи, па уз ред солзи, ред мрсули да ми викаш - ама јас сум личност, тој не ја почитува мојата личност. Мислам, чекај малце, погледни се што збориш и на што личи ова... И згора, тие што ете така имаат животна несреќа, си го заслужиле. Преку леб погача, па и ти се блуе. (кога мислам на богати мислам на месечни приходи од 15.000 евра, да се разбереме, ете толку богати, а и не е непознато во психологијата за да заработуваш многу треба да си психопат. Речиси сите милионери имаат некакво психолошко растројство, па или се психопати или имаат нарцисоидно нарушување. Оти нормален човек би делел се со сите... или па се би им дал или па би работел без пари или помалку пари, има помало чувство на вредност...) Ехем...
Јас сум спој на особините на сите мои блиски луѓе, а сите се скроз различни, и тоа веројатно објаснува зошто сум толкав хаос од човек.
И на мене ми иде, заедно ќе славиме . Уште една помината година, уште едно поминато искуство, уште многу падови и подеми, уште една реалност, ред разочарувања и ред созреаност и секако уште една начукана бројка нанапред ..
Можно ли е потсвесно да сакаш човек толку години? 10 години.... Недоразбирања, детска љубов.. 14 години јас, тој 18.....По 6 години добиваш животен удар и сфаќаш дека не си размислувала како што треба, згреши што се однесуваше несоодветно. Ти недостига ТОЈ, се што е негово. Памтиш бакнежи, неговиот мирис, прегратките. Си правиш филмови, ако би бил повторно твој... Дете. Што знае една 14 годишна девојка што е љубов? После мене се фати со неа. По 10 години... Тој ја прекинува врската. Таа Спојлер кучка го изневерува со сите од партија. Оди со женети мажи. Го повредува тоа што го чував колку што можев дур беше мое. Мене ме боли...... Дали е можно и по 10 години да сакаш некој? Зар е можно да се биде повторно во врска? Дали некоја од вас завршила со бивша љубов? Женски, јас поминувам низ ова.... Да, ЈАС. А,него ми светат оченцата.. Кафените оченца... Ако си признаам себеси, секоја вечер ТОЈ ми беше единствена морална поддршка во се. Секогаш си го замислував како е до мене и ме гушка. Добра ви ноќ
Убаво е да си имаш сестра,многу сакав да имам сестра дали помала или поголема,мислам дека секогаш би ми била најдобра другарка,со која ќе ги споделувам добрите и лошите работи.Но за жал немам,но затоа пак си имам многу себичен и неодговорен брат,е помал е и затоа е таков..... од мал. Сакам да кажам,љубовта и поврзаноста се докажува кога сме далеку од личноста која ја сакаме и ни значи.Ако се издржи таа далечина,тој копнеж,тоа чувство на отсутност,тогаш дознаваме колку е силна љубовта. Посакувам да имав барем малку моќ,да можам да сменам некои работи.
Мајка ми денес направила над 90 палачинки. И уште еднаш покажа зошто во оваа куќа е невозможно човек да држи диета.
Напиши нешто, избриши го.. пак и пак... па нема што да се каже, некогаш само сакаш да си пиеш кафе и да оставиш другите да кажат нешто и да се насмееш. Прекрасен ден, многу кафе и многу интересни теми на разговор. Уште да можам да се одморам како што сакам, се ќе биде добро.. ама ајде во Јули барем ќе спијам по десет часа. Фб не ми се отвора, од што се трудат луѓето да се навредат, да покажат кој е поголем кабадаја, да споделат некој статус, за кој немаат ни грам мозок да го смислат. Да не ми требаше за споделување документи и интеракција со колеги... ќе го избришев. Станува место каде што доминираат актуелни политички настани и работи што не ме интересираат. Од многуте резолуции за 2016, една ми беше да престанам да користам фен за коса. Хахаха who was I kidding ?! Два пати неделно за два месеци испукани врвови. Пак на фризер не ми се оди. Колку и да ве потценува некој, запоменете дека не вреди ништо повеќе од вас, а тешко и дека има постигнато нешто повеќе од вас во животот. Секој ден учам дека мора да си упорен, мора да трпиш некој за да постигнеш одредена цел, мора да си психички стабилен и да не се предаваш, колку и да е тешко ќе си пролееш некоја солза и пак ќе пробаш се додека не успееш
И повторно ноќ... Тишина.. Немо стојам на истото место и како повторно и повторно да го слушам истото. Зошто се најдов на тоа место и баш во тој миг... сеуште не можам да си одговорам. Едноставно знам дека беше се' по Божја промисла. Да дознаам која сум во твоето срце. Таа ноќ ме уби. И мислам дека да добиев нож во срце, немаше толку да боли колку тие зборови. Те сакав како сестра. Не дури и како сестра, туку повеќе од тоа. Ја соголив душата целосно... и за што?! За ништо! И повторно поминувам на истото место. Замижувам... Плачам во себе. И иако толку боли, сепак ова ми е една животна лекција. Да не верувам толку наивно! Мислев дека ме сакаш како сестра, а јас сум била спротивното. Можебиб сега не го гледаш тоа со духовните очи, но еден ден ќе видиш. Нажалост тогаш нема да бидам онаа старата. Тогаш ќе ме нема. Иако ме уби духовно... сепак ти простувам. Бог ќе ми ја исцели раната. А за секој збор... Бог да ти возврати со добрина. Никогаш да не бидеш тажна, туку насмеана. Зашто Љубовта и колку да е ранета, простува. Биди благословена и преблагословена.
Еве не знам како да им погодиш на луѓето како да не ги нервирам.Едно две ќе ти кажат нешто што е вистина,па ќе ти речат се зафркавам шо ти е тебе? Океј,не сум совршена.Ама океј, не си ни ти, ни таа, ни тој.Никој. Може и не сум добра колку што мислам дека сум.Ама се трудам.Сакам се повеќе да се надоградувам себе, да бидам подобар човек, ете се трудам..Нека не ви чини.Секако на некој нема да му чини, и секогаш ќе биде така.Сакам да најдам некого што ќе ме направи подобра личност.Сакам да му верувам на некој да знам дека ме води кон подобар пат, и заедно со него кон подобро. Уф. Здраво Вторник
Жената покрај тоа што е осудена да трпи страшни болки при породување, покрај тоа што секој месец се замара со ОНИЕ денови, па капак на се е кога ќе ти бидат уклучни емоциите на центрифуга, поточно ПМС. Блазеси им на оние жени/девојки што не ги чувствуваат толку сите симптоми на пмс. Еве на пример скоро сите мои другарки, освен малечка нервоза, друго ништо не осеќаат, а јас? Голема нервоза, јадам ко говедо (посебно чоколади), плачам, па се смејам, па ми текнува на некои "le sexy" моменти, па пак плачам, па срцето ми чука силно од нервоза......мислам дека најизразени симптоми имам јас, и никој месец не ме прескокнуваат. Ама до некаде ми е убаво, пошто тогаш ми доаѓаат едни такви тешки зборови за карање, еден вид жалопојки, и ми е мерак да си се карам и обично плачам додека се карам. Па уште да начекам некоја песна или филм тажен...ехее баш чистење на душата и очите ми е тоа. И најмногу ми е мерак да се карам со еден другар, едвај чекам нешто да погреши и да се караме, па ми се извинува, па јас лута се правам (а не сум), па пак се караме, па кога ќе добијам се смируваме и се така до слидниот пмс. И утре ќе одам на фризер, леле ако не ме направи како што имам замислено, има јас да ја шишам неа.
Јас мислам човек колку и да не веува во Бог, факт е дека тој како личност постоел. Е сега во врска со тие чудата можно е на нервна база да е нешто... или пак од промаја. Исто, би сакала да кажам дека ако некогаш се решам да празнувам слава тогаш тоа би било Свети Антониј Велики бидејќи тој е заштитник од лудилото и ѓаволот. Значи секоја чест на системот религија, за сите мислеле
Некој кажал дека вратата во неговиот живот е отворена... И за тие што сакаат да влезат, а и за тие што сакаат да си одат. Е така и кај мене. Само нема да биде интересно да е се толку едноставно. Па затоа постојат такви што не сакаш од одма да ги пуштиш да влезат па подзатвараш вратата ама гледаш колку се упорни и туркаат ли туркаат па решаваш да дозволиш. Така и за тие што решиле да си одат. Ама има едни најкомплицирани. Стојат на врата и кочат сообраќај. Ни ваму, ни таму. Таков кај мене е он. И муабетот од прилика ни оди вака. Јас: Абе ќе влегуваш?! Тој: Не, многу ми е топло внатре. Јас: Епа излези тогаш. Тој: Ама не сакам да излезам, така па многу ладно ми е. Види овде, таман. Што е, ти пречам? Јас: Да, сакам да затворам. (и сега божем лут и навреден од мојот одговор, излегува и уште сам ми ја треска вратата). По извесно време, некој чука. Ѕиркам, тој. Јас: Ее, пак ти. Што сакаш сега? Тој: Абе морам да влезам, заборавив нешто. И ајде, пак отварам. Влегува, топло му е, убаво, си седи. Се додека пак не му притреба тоа ладното од другата страна на мојата врата па пак да посака да си замине. По извесно време пак ќе посака да се врати. Нема да сакам да му отворам, лута ќе бидам. Кога ми рекол дека заборавил нешто, клучот од вратата ми го украл па сам ќе си влезе. И пак по некое време ќе посака да излезе. Се додека јас не се решам да ја сменам бравата.
Не грижи се. Емоционални флуктуации, ред тага, ред нервоза, болки во половина, болна предница, главоболка, болка во стомак или желудник, преголем или премал апетит, прекумерно спиење... Стави во барабан, изврти го и како лотарија почни да влечеш симптоми, додека не извлечеш барем 60 % од нив. Останатите може да подранат или задоцнат. You're not alone! (кај мене е наследно)