СДК дека почнаа да ме нервираат оние реклами: ,,...патување за денот на вљубените за Св Валентин...,, ,,...што ќе купите на саканиот за Св.Валентин...,, ,,..со што да го изненадите саканиот за Св.Валентин...,, Св. Валентин, Св. Валентин,Св. Валентин,Св. Валентин.... Се прашувам -ние католичка Држава сме ?? Златен празник си имаме Св. Трифун, го продадовме за нечии маркетинг Понекогаш ми се од про-сељачизам. Виделе нешто на филм...ама не разбрале до крај. Пусто Македонче
СДК кога е топло и сончево времето луѓето ми се најубави... што ти значи сонце, одма ведрина носи... еххх едвај чекам пролет/ лето и друго што ми беше муабетот, ааааа и I feel good ...
Кога сум дома сакам надвор. Одам надвор, сакам дома. Кога има благо, сакам солено. Кога има солено, сакам благо. Кога сите се дома сакам да останам сама. Кога нема никој дома, сакам сите да дојдат. Браво за мене, не знам што сакам.
Убав ден започнат со мајка на тераса јас кафенце и цигарче она чајче.Сакам сончеви денови ја будат позитивноста во мене.Ајдее пролета нека дојде што побрзо сакам повеке сончеви денови.
Мoже не е зa тукa, aмa пoврзaнo е сo пoстoт нa @referentka зa Вaлентин. Што ќе правиш за Свети Валентин? - Што д'н се пада? Недеља - Епа печени компири и батаци
Каков елан ми даваат вакви сончеви денови Уште да не сум затворена во канцеларија и топ ке беше Ц ц ц каква сум бе само да се кукало
Најтрагично е тие што не почувствувале на своја кожа, мислат дека преувеличувам, дека измислувам, дека сигирно не е толку променливо расположението....ама еве среќа или несреќа имало и други ко мене
Фебруaр сме aлooo свесни сте? Јaс не. Пoминa 1, уште 11... Кaкo неусетнo ми се шмугнa Јaнуaр, немaм збoрoви. Ај штo немaм oсет зa време, сум гo изгубилa и тaктилнoтo чувствo. Штo ќе фaтaм, рaсипувaм, кршaм, истуривaм... Среќa немaме фритезa дoмa, зaшo уште тoa не рaсипaв периoдoв . Убaв сoнчев мaјски ден. Дoдекa трепнеме ќе дoјде и 5ти месец, пa вие мислете му јa. Дa не биде пoсле декa не сум ви кaжaлa. М,
Јас вака сакам да ви кажам нешто,одамна се токмам да го пишам ова, дали тука или на фб. Пред некој ден се дигна фама за статусот на Драгана Костиќ. Немам ништо против девојката, но она каква била, чива ќерка била бла бла не ме интересира. Овие луѓе што ја подржуваат од која димензија се? Јас не сум во ниту една партија, но девојката полека но сигурно станува академски граѓанин, начинот на изразување, говорење, па дури и профилот и се навистина катастрофа. Разбирам да си огорчен и да си очаен во оваа земја наша мала ама напатена, но кога веќе пишуваш нешто што многу луѓе ќе го прочитаат барем да го средеше профилот, каде со тие голи слики, каде со тој вокабулар? Академски граѓанин на еден од најголемите Универзитети во Македонија се изразува со изрази"моронке,глупачке..." Нас не учеа 4 години за етика, вештини на пишување и морални вредности. Во ред тоа нејзино си е, ќе пишува што сака, но треба да се внимава колку тоа остава впечаток, барем изрази се преку поголеми зборови без употреба на вулгарности. И јас можам да напишам статус и морав тука посилно е од мене. Јас 4 години поминав деноноќие над книга, се отрув со кафиња, се отрув со лекови за смирување на паники, со "отрув" себе си со нервози и стресови. Отидов на факс да ја земам последната оценка колешки со години не ме прашале дали ми треба нешто ме изедоа со поглед кога професорката ми честиташе за завршување. Фала колешки и вие да си дочекате на ваша глава, јас не јадам со поглед, ни се тркам побрзо да дипломирам. 4 години сама се борев за материјали, сама си наоѓав, си правев семинарски. Мене никој не ми помогнал,ниту ми понудил помош, а јас првите две години им ги дадов две мои раце и во трета година грбот ми го свртеа. Две години редев 10тки во индекс, со секое мое радување растеше нивната љубомора. 4 години кога сум чекала ред на шалтер во студентски ми ги давале нивните индекси, секогаш сум ги зела никогаш не сум им ги отворила да гледам оценки, не ме ни интересирало. 4 години гледав резултати и за вас, за мене никој не гледаше. 4 години се изборив сама. 2 години беа ослонети на мене, а кога ми го свртеа грбот самата се изборив. На секој колега сум честитала за дипломска, ги изеде таа љубомора и конкуренција да ми честитате. Не треба искрено, самата и се радувам. Вие што успеавте со понижно да ги избуткате другите, се надминавте ли себе си, зедовте диплома, дипломиравте ли? Или си седите дома и си ја гледате врамена дипломата на зид. Си се восхитувате колку е било тажно 4 години во заблуда да бидете. Се вработивте ли? Ви се симна круната или се дигнавте чекор плус од сите нас. Да си дочекате сите диплома дај боже, големо олеснување е.
Да се растовариш од желбите и очекувањата, да можеш да се одлепиш од се она што е опипливо и што се поседува, е најголемо достигнување. Но,ако го прифатиме концептот дека сме зедно со творецот на вселената и позади вселената, тогаш не можете да бидете сами, заради тоа што сите ѕвезди се ваши и кој може да ви ги земе? Дефинитивно се ваши, мора ли да ги симнеме? Покрај сите мои афинитети и буколички медитации, ова звучи прилично будистички. Морам да признаам. Но, еве пак ќе го цитирам Вилијам Блејк кој нема врска со будизмот... "Оној кој се врзува за радоста го уништува крилатиот живот, а оној кој ја бакнува радоста во лет, живее во зората на вечноста." П.С. Ми се врати мачката, после 3 години. Веројатно затоа што не бев врзана за неа... Чиста љубов, ете ми ја пак .
Пиши пa бриши и никaкo дa ги oдберaм тoчните збoрoви.. Пoминaa 8 месеци,прaзнинaтa вo мoетo срце е истa кaкo првиoт ден,првиoт чaс,првaтa минутa,секундa...Кaкo ли јaс дa прoдoлжaм нaпред без твoјaтa рaкa и пoддршкa?Ме oстaви кaкo јaгне нa oвци..Кaде си дa ме нaречеш гугутче мoе...Кaде?
Денес едно бубаче мало денот ми го направи.Чекав ред на каса во продавница а тоа легнато во количката,немаше повеќе од 5-6 месеци.Почна да ми гуга,да ми ги пружа рацете како да сака да ми речи крени ме .Знаеше,осеќаше дека го сакам иако прв пат го гледам.Цел универзум собран во едни очиња. Не знам дали ми се развива некој мачински инстикт со годините ама сакам сите да ги гушнам,допрам и да го осетам тој мирис на бебуш.
Наставничка на мали ученици,по пат се дере по нив со стап.Погледнав уште еднаш да не ми се причини,не бре долгичок фино изработен стап или прачка како сакате.Останав ваква
Времево е жива болест. Од низок притисок, имам висок 180 со 140. Не е здраво да е толку топло за ова време во годината... се осеќам како да тлеам од внатре.
Дузи мислам пишуваше за работењето од дома... Се е супер и океј, ама кафе врз кафе, бре. Завршувам со едното и веднаш почнувам да правам друго, па на третото веќе си велам, ај нема смисла, и го менам со чај. Не дека толку очајно ми треба кофеин туку да се прави нешто. Мислам дека сум зависна од допирот на чашата до устата и самиот чин на приложување. Друго објаснување немам. Кревањето и сркањето од чаша е, најверојатно, новото чепкање на лицето. Додека не сум си преточила жестоко, мислам во ред е. Него, периодов си мантрам...
Секогаш се раководам по едно правило во животот: прави ги работите кои те прават среќна или на начин на кој ќе бидеш среќна. Ако нешто не ве прави среќни зошто да го правите тоа? Исто и со луѓето,зошто да трошиме време на луѓе кои не не прават среќни? Расположението овие денови ми е обратнопропорционално од времето(што е многу чудно за мене,но луѓето се менат,зар не?)колку е надвор посончево толку сум јас понерасположена и депресивна. Но ќе се обидам да се вратам на старо еве ветувам. И мене ми фали позитивната тиркенбал. Всушност, ми фали малку позитива но ќе го средам тоа со некоја добра книга. Време е да се повлечам од социјалните мрежи малку и да се посветам на себе.
Половината ми е со напрчени муцина и ц*цина, а другата со фрлени мерцедесови клучеви на маса, зборувам за ноусбукот... Легендата се остварува, секогаш кога имаш колоквиумска недела пред тебе, секогаш времето е прекрасно надвор, ти треба да учиш а тоа блеска ли блеска...што би бирал, пекол или рај, кафе или чај ? Или не, претерав со компарацииве ?