Се чувствувам изморено. Изморено, но среќно. Одамна не сум била олку спокојна. Многупати кога ќе речам среќна сум, работите тргнуваат наопаку. Ама сега морав да кажам. И пак ќе кажам. Нека слушне кој сака. И нека проба да ме растажи. И вие речете дека сте среќни. Убаво е чувството.
Имам фобија од труски серии. Сериозна сум, не можам да функционирам нормално кога ми зујат над глава глупавите дијалози и уште поглупавите синхронизации. Кога учам на пример, не можам да се сконцентрирам и крај, како некој со дупчалка да ми го буши мозокот. Веднаш менувам канал.
Го купувам онаа парче облека кое знам дека ќе можам да го искомбинрам во трисетина секунди. Некогаш толку имам време за правење комбинации и оние брзите, се покажале како најуспешни. Сестра ми, средношколка, се спрема три саати пред излегување, мислам... кој ритуал, кој луксуз. Одиш од соба во соба и собираш што можеш на тебе, тоа е. Викендов другар ми: знам дека се трудиш да го продадеш концептот спонтана убавина, ама жити се намести си ја јаката од капутот. И така ми ја намести тој одејќи. Не знам, кај мене или е лесно, или не вреди да се трудам. За глупост ко ова, а што останало пак за животот...
Она кога ќе ви прелее чашата, ќе се затворите в соба и ќе се исплачете. Луѓе сме, на сите ни треба, нели? Колку само ми олесна. Смирена ми е душава Спокој.... Земам в раце стар споменар... И вртам низ странците... Колку само добри спомени имам од тебе.....Ех, златни времиња....
Само јас можам да се разболам додека уште сум под антибиотици. Почна д меџик цркл... Ќе си пишам во таленти. Не знам како да го идентификувам. Смучено ми е...
Сакам да кажам дека не е фер клучот. Не можам да си каснам со друшките на раат. Како ќе земеме власт, ако не тераме редовно кампања! Ќе се жалам на Хан!
Јас не плачам дури и кога некој најблизок ќе направи нешто против мене, кога ќе ме здоболи само ги стегнувам забите и продолжувам. Ќе паднам, ќе ја истресам прашината од себе, ќе ги исчистам раните и пак ќе станам и ќе продолжам. Знам дека ќе бидам посилна.
Разбудена од сон, да сон. Сон со порака. Сонував скали, по скалите нит се качував горе, нит слегував доле. Наизменично правев горе-доле. Тоа ми го потврди моето мото дека "животот е круг, денес си горе, утре си доле"...запомнете...ЖИВОТОТ Е КРУГ
СДК ај не лајкувајте фемина инстаграм после 22:00 h! Па не е фер,црева ми кркорат и лиги ми течат за храна!
Кога човек е постар и помудар, сѐ помалку има желба да се расправа за неважни работи. Едноставно има желба да стане, да посака сѐ најдобро и да си замине. Заблагодарете му се на Господа што и денеска ја гледаме светлината. Имајте убав ден
Во контекст на постот на @Скопјетесакам имам потреба да дополнам.. Кога си млад мислиш дека си мудар и дека цел свет е твој па се зае*аваш со ситници и небитни работи. За оние кои се на почеток на својот живот имам само една реченица преку која сакам порака да им пратам: Гледајќи само во шините нема да знаеш до која страна доаѓа возот Не се затупувајте со ситници и небитници.Дигнете го погледот и гледајте со ваши очи.