@Magnolija претпоставувам дека не е секој создаден за работење од дома, како што не е секој создаден за работење на работа. Еве јас уживам да работам од дома. Седнувам кога сметам дека е време, кога претходно сум направила се' што би ми го одвлекувало вниманието. Седнувам и губам осет за време и за се' околу мене. Толку се задлабочувам, што не ми текнува да се напијам ни вода, ниту до тоалет да станам. Можеби е и до тоа што не пијам кафе и не сум никотински зависник, па не ме фаќа криза за ништо. Едноставно, додека не го завршам тоа што сум го наумила - не прекинувам. За среќа, тука се моиве за да ме прекинат повремено, за да не умрам на столче пред компјутерот.
Кога ќе се стабилизира времево? Станав сабајле расположена, дали е до тоа дека денеска ќе го видам него после долго време, незнам... Имајте убав ден.
@Lady Phoenix ти па како си ме разбрала два-три саата во ден работам, таман работа да не се задлабочам. Седнаш ли, нема станување, освен ако не сакаш пет саати да ти испаднат. Пишував колку ми е слатко кафето, да си пијам нешто, да се држам за нешто а не е здраво, ноу ноу. Работам од дома зашто сум студент и не можам да работам цело работно време. Плус ова е нешто што ќе ми остане без разлика што ќе работам понатаму. Инаку, не сум тип кој сака да работи од дома, можам, ама ми треба нешто дополнително. Сакам да гинам на бојно поле Оваа работа ми е супер сега за сега, работам со различни клиенти, се занимавам со многу креативност и дизајн, ама за понатаму барам повеќе. Таков тип сум, еве, ако одиме по типови.
Е па МОРАМ да споделам со вас. Случајно со мајка ми најдовме една страна за слабеење,напишавме податоци се и ја подигнавме диетата, не е воопшто скапа дека резултатот е НЕВЕРОЈАТЕН..Значит како е се пресметано во зависнот од пол,години,висина колку вкупно калории да внесуваш дневно.. Мајстори бе.. Ито странава е од македонец.. на почетна имат бесплатно да пресметаш колку треба кг да тежиш, прејако http://www.dietdrtomas.com/
Читaјќи хoрoскoп, влегувaм вo некoј филм кo пoсебнo зa мене дa е пишувaн. Вчерa пo крaтки рaкaви, a денес не сaмo штo ќе се нaoблечaм, дури и кaпче ќе си стaвaм. Имaјте убaв ден.
Иако знам дека сум преголем емотивец и знам да се расплачам на ситници, на работа зедов да читам тажна книга. После 20тина прочитани страници веќе почнав да плачам, па ме гледаат чудно од страна и ја оставив книгата за дома тогаш ќе можам на раат да си плачам.
Луѓето се чудна ствар. Тоа го воочив одамна но не бев сигурна до каде ќе пристигнат со нивната глупавштина и идиотизам а воедно и сеЉачизам. Живела Македонија.
Сум збеснала... Ама скроз... Не знам што ми е...... Се сакам по мое, се сакам одма и сега. Се некаде брзам да не не фатам дечкото, да не не се вработам, да не не не знам шо.... Едно ЈАКО ќотече за мене!
Дали има некој друг што е малце повеќе пренесен по хеликоптери? Малце да наслушам звук и одма сум на прозор/тераса излезена. Сега саат време прелетуваат над зграда, толку време дремам покрај прозор, си пијам кафе и кога ќе поминат им се дивам. Неостварена желба ми е да летам со хеликоптер. Ај се надевам биќе једног дана.
@macka91 been there, done that. Те разбирам Јас ретко да читам добра поезија на глас без да ми потечат солзи, не секогаш, ама ептен кога сум внесена. Еднаш така на предавање ќе се расплачев, гласот ми трепереше. Ама нема срам, тоа е. Бај д уеј, го читавте новиот магазин Портрет? Многу ми се допаѓа, ни требаше вакво нешто. Го прочитав во еден здив, сега, со душа го чекам следниов број.
Проблемот, со будалите како мене, е што имам муда и повеќе од што е потребно за еден човек. Тргнав да рипам со падобран од авион, не знаејќи дали и воопшто ќе ми се отвори падобранот. Рипнав, се отвори, летав, разгледав од горе, убаво беше, успешно слетав и на крај се спрепнав и паднав во дупка на земја. Само, кога сум била доволно будала за да рипнам туку-така, треба да е јасно и дека сум и повеќе од способна да излезам од дупката, да си го истресам газот од прашината и да си продолжам како ништо да не било. Е тука е целиот проблем, луѓенца. Што не ме сфаќаат озбилно кога кажувам која будала сум. А кога еднаш ќе ми се одмили нешто... Па, ајде да речеме, дека не бирам начин да ги исфилувам работите и да бидам фина. Ви реков дека во животот се' иде по заслуга.
ПМС е опасна работа, те тера да плачиш оти дечко ти не е тука, оти не можиш да ja наjдиш омилената боja на кармин, оти нема живот на марс, те тера дури и да ти недостасуваат jaдењата на свеки .. Офф ќе си умрам
Сдк дека ретки се оние луге кои ке Ви се jават само да Ве прашаат како сте. Преовладуваат оние другите, само од корист, кога им треба нешто од Вас. И нормално после пак ги снемува. Чуваjте ги тие првите, за другите не се нервираjте секогаш ке ги има.
Не мoже никoј дa ти се кaчи нa грб aкo ти не му дoзвoлиш.Зaтoa нaјпрвo пoчитувaј се себе си a пoсле другите.Акo не се пoчитувaш себе не бaрaј другите дa те пoчитувaaт!
МИ Е АПСОЛУТНО ОД СЕ И ОД СИТЕ НА ОВОЈ СВЕТ ПРЕКУ ГЛАВА!!!!!!!!!!!! МОРЕ И ПОВЕКЕ ОД ТОА!!!!!!!!!!!! ДЕФИНИТИВНО СУМ ПОД ДЕЈСТВО НА ЦРНАТА МАГИЈА!!!!!!!!!! помогнете ми некако
Ништо и никој не може да ми ги отвори очите. Дури ни зборовите од најблиските, од оние кои знам дека ми мислат добро. Денеска ме потсетија всушност колку време помина откако се изгубив самата себе. Откако животот го посветив на личност која останува далечна, што и да направам. Но времето и онака поминува. Само се жалам себе. Ја жалам својата изгубена убавина, радост, насмевката која веќе одамна не ја гледам кога ќе се погледнам во огледало. Како може да се плашам дека ќе изгубам некој што го немам? Не посакувам никој да дознае. А јас дознав, и живеам со тој страв секој ден.
Шо ви е денес со депресивниве постови? До времево е изгледа. Ај да се соземите сите, сега одма! Се осеќам ко да имам заштитен балон околу мене и не пуштам да ми влезе негативна енергија во полето. И одеднаш ќе се најде некој со игла, ќе боцне и пау - звук на експлозија. Треба некој друг материјал изгледа, балонов не врши работа.