Откако убаво проверив за секој случај да не си ја заокружам мојава расеаност и да го лупнам мислењево во некоја друга тема по грешка... Да ви кажам дека, не дозволувам времето да ми го расипе расположението, али затоа дупло повеќе ми влијае и на концентрација, и на мрзливост па дури и на расеаност. Да да, сум приметила дека почесто ми се паѓа оној таканаречениот ден што није моја ноч, на ден кога е вакво мутаво времето. Еве денеска на пример два пати се удрив на исто место, плус станувајќи во автобус, на втор спрат, на кривина добро што не смачкав некого околу мене, не памтам од кога не сум била толку трапава. И... мрзливо време, мрзлива јас. Мене ми е убав дождот само за да го гледам од прозорец, да се излежувам дома со книгичка и ништо продуктивно да не (се обидувам да) правам. Тогаш би можел и да ме инспирира и да ме релаксира, ама со обврски едноставно - не иде. А плус и таман се мотивирав да мрднам малце и јас со некоја физичка активност, одма заговор времево ми направи, па не е фер. Таман испланирав во неделата да се активирам пред школо, дури и ролерки отидов да купам и се израдував што конечно ќе ги осетам на нозе после времето кога излегував пред зграда, и тогаш најде да почне пролетта да се претвора во есен. Туку, нормалните луѓе на дожд обично си имаат проблем со коли што ќе ги избањаат преминувајќи преку некој вир на пример, а јас - со отварање и затварање чадори. Да да, ова ми е втор пат како ми страда прстот при отварање и затварање чадор. Мајка ми ме зафркава дека е умешност човек да направи такви глупости какви што јас знам да правам кога ќе ми се погоди така денот. И така, јас барем и на тмурно време надвор си останувам во добро расположение, во случајов смеејќи се на сопствените глупости. Ај ариведерчи, идам јас сепак да пробам да бидам продуктивна, пошто книгиве не чекаат.
Дожд. Есен во пролетта. Минав крај накиснати луѓе кои не брзаат,минав крај разнобојни чадори,и приказни под нив.Замаглени прозорци ,заматен поглед и капки кои се губат на дното.Понекогаш ми се чини дека небото не може да биде потмурно, дека бурата не стивнува.Во студеното утро ги давам мислите во чајот од јагоди, го облекувам црвениот капут и излегувам ,чекорам низ светот.Нечии тајни остануваат тишина ,а нечии ги шепоти ветрот.Времето не се заборава ,го љубиш ти во мракот,до болка. А јас ги љубам бурите. За се што некогаш ме болеше. Еј креативецу нацртај смајли од капките.
Сакам да кажам нешто за форумов. Не ми е веќе интересен како порано. Ретко ги читам форумџиките кои ме занесуваа со своите текстови. Читам само кој што направил денес, како си поминал на училиште, по што добил 5ка или 1ца како и да е мање битно. Уште нешто сакав да кажам. Чувајте си ги блиските, значат и тоа како. Ме боли секоја болка нејзина, секој тажен поглед, секое жалење дека нешто ја боли, секој нејзин тежок здив. Ја бранев пред некој ден, се искарав со кој стигнав на улица. Две жени и се изнасмеаа како офнала, им реков " Смејте се, вие можете да одите, здрави сте. Но таа не е. " Не е... Те сакам бабо!
Колку само можам да се сложам со Someonespecial. Едвај чекам да се разведри времево,зошто мачно ми е и до тоалет да појдам,а не пак да излезам од дома,да зчистам по дома,да го прошетам кучето... Ужаси.Па и на времево како ќе шетаме кога калливо. Ужасно ми влијае и на расположението,освен ако не правам нешто што крајно ме исполнува(читање,филм,топла бања,храна ),и на продуктивност. Толку сум мрзелива што не ми се верува дека се сум средувала и сум постигнувала 10 работи за час да ги завршам,а сега чекам погоден момент до тоалет да појдам,да се намолам да станам,оти веќе ситуацијата ќе стане опасна. Во февруар,20 степени,сега мразилници.Постојано излежување и ништо корисно. Ајде,ќе издржиме сите метеопати уште некој ден.Поздрав,имајте пријатен ден.
Секогаш се прашуваме „што би било кога би било„, „зошто ова е вака а не така“, се нервираме кога не ги знаеме одговорите на прашањата, се нервираме и кога некој друг не знае да одговори на тие прашања. Но оти никогаш не се запрашаме -Која би била суштината на животот ако ги знаеме одговорите на сите прашања? П.С. времето е многу депримирачко
Абе колку сака дипломи нема има од каде сака, не знам каква дикција и знаење, правопис и вокабулар, ако константно го употребува прибидејќи за мене е неписмена и точка.
Колку е убаво кога ќе почуствуваш внимание од некого кога најмалку очекуваш Денеска добив подарок,за 8ми март но сега го добив Баба Васа е сестра на една моја комшивка,жената е многу шетана светска жена си е, иако е во пензија ужива во животот секој момент го кроисти да прошета и да види нешто ново а долги години живеала во Америка Летово беше дојдена кај сестра и на гости па обавезно не посетува и нас т.е мајка ми ... Се случи требаше јас да одам за Дојран со сестра ми на шетање па низ муабет спомена дека сакала и она да оди ама немало со кој ,па јас ја повикав да дојде со нас ...Колку се изненади не очекуваше,прво не сакаше за да не ни сметала,но ја замолив и кажав дека ќе ми биде мило и ајде се согласи дојде ... Каков ден беше тоа ... цел живот ќе го паметам,многу работи научив од неа за кратко време Од тогаш не ја имав видено,била болна нешто,па на терапии,или доаѓаше на една ден овде и неможевме да се видиме ... Денеска после толку време ја видов, абе денот ми го разубави бе Се симнува на улица и доаѓа ,ме изгушка и мене и мама па се замуабетија они и еве ја од кесата вади 3 кутијки убаво спакувани ... -Ова ви е подарок за 8ми март веќе помина долго време од празникот но сека стигнав да дојдам,да ве посатам и видам -Вели баба Васа Отварам,и гледам во мојата кутија имаше огромна палета со шминки Ваков подарок од никого не сум добила до сега . Спојлер Ај сеа и да ви се испофалам де Сенките ми се во сите можни нијанси ,под нив имам 3-4 нијанси на камена пудра ,а под пудрата има околу 10тина нијанси кармин и четкички за шминкање Не очекував подарок а уште помалку очекував дека деновиве ќе си ја видам старата пријателка Од неа научив дека годините не се важни за пријателството или за муабет помеѓу две жени ,она од мене добива големо почитување а јас од неа љубов која ја чуствувам кога ја гледам како ми зборува Нека е жива и здрава и господ нека е поживее да ги радува луѓето околу неа. А вие феминки имајте убав ден и уживајте во убавите моменти кои ни ги дава животот
Sdk nesto za forumot i jas. Isto kako jovana03. Kako nesto odednas da se smeni na forumot,veke ne e tolku ni interesen,a do pred nekoe vreme ako ne go uklucev i da bukvalno kisnam na nego ne ke sum ziva...epten apla stana ova so brisenje mislenja,baniranja duri ..politikata e ku*va. Ete kako gi deli lugeto i tuka.nema potreba nikoj da se slozi so mene ova e od moja gledna tocka.oladete malce luge,izborive kako taka ke pominat a ako sto mi izgleda so ovaa diktatura dosegasnive uste ke ni ostanat na vrat... Jbg....
Постојат постојат, како и оние што мислат дека правниците се правни лица Не се митови, реалност се. И тоа збориме за високо образовани лица со магистратури, специјализации. Во замена за бидејќи или при тоа веројатно, не сфаќам што им значи и од кој јазик е тој збор. Нека ми каже некој од вас, јас сум целата во прашалници....
Цел мој досегашен живот е една голема ИРОНИЈА! Да плачам или да се смеам Не знам дали да продолжам да бидам упорна или да се откажам????????
Овде, во Струмица, кога ќе се направи нешто што не е во ред, поточно, кога ќе се оплеска работата се вели: „Е ај сега ќе одам да се сликам кај Бурчо (на кирабитна ламба)“. А јас немам идеја кој е всушност Бурчо и што е тоа кирабитна ламба. На пример: -Истурив манџа врз новиот тепих! -И што сега? -Сега ќе се сликам кај Бурчо. Јас никогаш не сум го употребувала изразот бидејќи, како што реков не знам кој е Бурчо и што е тоа кирабитна ламба (просто момиче сум јас), но многу ми е смешно кога некој го употребува.
Ми се ближи роденденот, за еден цел месец. Април ми е омилено годишно време, до сега не сум имала неубав Април, некако месецот е посебен, има посебна убавина. Си порачав и подарок, уште од пред два месеци. Ќе очекувам куче (хаска им кажав дека сакам), ама какво и да е, куче да е. Не можам без куче повеќе. Ниту еден подарок нема да ме израдува толку како кученце. Еден куп незавршени работи, обврски еден куп. Не сум имала ден да седнам и да уживам, без некој да ме замара, да ми кажува да учам или некои слични работи. Ни треба на сите еден ден да бидеме офф од реалноста. Знаете како? Еден ден без проблемите, сама во топла соба, со секаква храна, добра музика а надвор времето да врне, е тоа сакам. Никој да не те замара, никој да не те чепка, да немаш никаква конекција со надворешниот живот. Ех, сонувам за ова.. Ужасно многу ми треба еден таков ден, а и не само на мене, сигурно сите сакате. И после полни со енергија може да продолжеме понатаму. Сакајте се. Одам јас да средувам сметки, а и да зготвам нешто за јадење. Петок е, ајде да уживаме. http://www.youtube.com/watch?v=vdB-8eLEW8g
Драстично ја скратив косата, ги извадив сите балетанки да ми се при рака, си купив жолто-портокалови прекривачи за во соба, расадив тоа сарделите, сега седам облечена во цветни шалвари, со мокра коса и кафе во рака...чекам лето! Подранив? Не!
Во старо време тука имало познат фотограф Бурчо, живеел на кружниот тек и до ден денешен стои неговата куќа, можеш и сама да одиш да ја видиш каде се наоѓа. Дури и кружниот тек се вика „кај Бурчо“, оној кружен тек кај подвожњакот што е во вид на 8-ка. Нормално, фотоапаратите биле ретка појава и сите правеле слики кај него. Не знам точно кога точно било тоа, одамна не сум правела муабет со некој на темава. А кирабитна или карабитна лампа (не знам како точно се вика), имала улога на рефлектор или блиц. Нешто слично е како газиена ламба, со таа разлика што чичко Бурчо ја користел за друга намена.