Па кааааај си ти? *** Толку имам инспрација што не можам да заспијам, ниту да спијам, ниту да се разбудам. Си го реметам сонот до немај каде. Причина? Реалноста нема време за мојата пуста имагинација, поетичност, драматичност... се' e остај за други времиња.. Некако многу брзо станав она што мислев дека никогаш нема да станам. Така ми избива во сон, мислам втор живот живеам во него. Бар да земам да ги запишувам, една збирка гарант ќе излезе. Гарант
Денес останав гладна и добив превртување очи од келнерка заради јадење што на крај си го платив без да го изедам. Шо знам, не ми е нормално да е скроз океј да не јадеш на пример свинско од религиозни причини, ама ако јас одбијам кашкавал да ме гледаат како да сум хипик што не се бања и прави ритуали на полна месечина. Опрајте се луѓе.
Производ на правилно искористена имагинација е креативноста во секој можен облик. Резултат на неправилно искористената имагинација се оние познати overthinking сценарија, кои вклучуваат проблеми што всушност постојат само во нашиот ум. На нас останува да одлучиме како ќе ја насочиме нејзината моќ...
Не знам за другите тетки ама јас сум супер тета и си ги сакам најмногу на свет внуците Бидете како тета Рама
Знаете што? Мразам попусти. Зошто? Прво, преголема гужва е, не можеш да разгледаш на раат. Одзема многу време, инвестирано во чекање во гардероба. Сите бели маички се со пудра. Тибам женската култура . Плати го ако си го пудросала мори коконо циментирана! И од друга страна ги мразам зашто парфемот што го купив пред една недела, сега беше 1000ка поевтин . 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10. Колку што мразам попусти, толку сакам да купувам во машки продавници на попуст. Абе милина ми е тестостеронот околу мене во машките оддели. Цивилизирано, џенталменски си гледаат мажите. Не сакам да споредувам со женските хиени зашо треба да излегувам и не можам да го зарвршам постов напето како што го почнав. Јас уствари општо многу сакам да гледам и да правам друштво при бирање машка гардероба, ама вака сега со попустиве ептен мерачки ми дојде денас па дури и подусреќив некој од маживе во моја околина. Ajде убава сабота народе. Јас нешто посебно расположена сум за излазак, се мислам, може и Џолин јакната ќе си ја носам, што има врска. Огледало и гардеробер ме зову. позз, кис4е, муа. ваша М,
Во денешно време баш и не е лесно да си добар...треба да си доволно силен, за да ги поднесеш последиците од твојата добрина.
Ми иди дa си лупнaм три шaмaрa oнaкa дoмaќински. Дoбрo,шo се дешaвaт сo мoјoв ум, сo телoвo..ич не се пoслушни.Три вечери тaквa несoницa имaм шo пoчвaм дa oткaжвaм.Утре неделa,џoa дa се испружaм дa си свaрaм кaфе,дa си јa прoчитaм зaпoчнaтaтa книгa јaс нa рaбoтa ooooo! Еден куп дoкументи имaм a oкo немoжaм дa склoпaм...aмa сегa ќе ги избркaм сите мисли ,ќе се стуткaм пoд ќебе и ќе зaспијaм.Сигурнo
И така стандард си отварам форум на фемина и гледам во известувања пост долг машала уморна бегло поминувам преку него и оп, "во училна" блазеси ви деца ретко кој возрасен уште може така да го понесе чуството
Добро де, маливе треба да се учат на некаков ред или на неред у секојдневиево?!? Нашиве родители биле "аутлет" што не учеле како така на почитување, на ред, на коректно однесување и на тоа како од нас да бидат вистински луѓе?! Под хитно превоспитување на возрасни, поточно родители!!
Лежам гледам звезде гранд по некое непишано правило дека мора да се гледа демек (или тв ме гледа мене), а ми се вртат мисли од типот" зошто бре мора да сме помодарска нација, зошто бре мора да сме расипани, зошто ни е подраго да присвоиме туѓо одколку да створиме сами нешто, зошто мора да ни ја килават државава и да го обезвреднуваат националното да ја деморализираат човечноста и да не прават безвредни и зошто мора да не тормозат само со политика, избори и ред такви сра.а
Си легнав, си се покрив и сега спиење тешко. Инаку мило ми е што научив гледај прво за себе па после за други.
Многу зборам ,дааа многу ! Алапача сум ,без влакна на јазик... Абе не за џабе рекле : ќути си, д*пи си . Ама добро е , во последно време намалив малце , ќе ми дојде паметот некогаш ваљда.
Помнала Госпожата покрај Клинички центар и одма се мисли докторка е ! Во комишии се гради мини зградичка-она е архитект Другарка и е бремена-она е гинеколог Старосватицата бебе има- таа е педијатар Ја изгледала еднаш АлачкА и одма -куварка е !! Маж и е правник - адвокатка е ! Нема деца, Не е мажена, нема ни партнер. А знае се !?! Не и треба да е ,,инволвирана,, во ништо ! Да ти се поврати од надри лекари, надри писари, квази градежници... Па да видиш и на форумов ги има такви. И што е најинтересно, СЕ знаат, од сите области Тие таквите се НАЈЛОШИ
Недела оти си ваква..ама лошо некако ми тргна денов Плус ноќеска лошо спиев плус со болки Ќе помине и ова ајде И плус многу сум ослабена..49 кила станав луѓе..страв ми е повеќе да се мерам