Порано се правев дека сум силна пред другите, а уствари бев толку многу ранлива, мислев секој момент ќе се скршам. А сега не се правам, туку чуствувам колку сум се променила, падовите и луѓето околу мене ме направија да бидам силна во вистинска смисла. Силна, позитивна и посреќна од било кога.
Два пати доживеав иста болка. Два пати бев скршена. Два пати бев разочарана во животот. Кога брат ми, а потоа и братучед ми се разболи и лежеа во болница. Не ги делам. За мене и двајцата се исто, тие се среќата на дада. И двајцата ги сакам и повеќе од браќа, како мои деца. Како дел од себе. Многу ми значат во животов. Кога тие се среќни и јас сум среќна, кога тие се тажни и јас сум тажна. Првиот пат, кога брат ми го задржаа во болница беше март месец. Петок беше. Бев втора смена јас. Отидоа сабајлето со татко ми, го однесе во болница. Тоа сабајле првпат во животов без разочарана. Потоа отидовме со мајка ми да му однесеме алишта. Очињата му беа насолзени. А јас се кршев на мали делчиња. И сега кога се потсеќам, кога го пишувам ова ми течат солзи. Таа недела немам спиено ич. Вториот пат, беше скоро. Се јави баба ми да каже дека братучед ми е болен. После се јави уште еднаш да каже дека отидоа во болница. Пак истата болка, пак истото разочарување. Се прашував зошто ние? Што сме згрешиле? Бидејќи вујко ми беше на работа, јас и мајка ми отидовме кај нив дома да земеме алиштата да им однесеме. Бидејќи не можевме да влеземе, излегоа до вратата вујна ми и братучед ми. Очињата му беа насолзени, а видов на рачето го боцнале. Ми приоѓа мене, ме гушна и ми рече Росе многу те сакам. Тој момент ќе го памтам цел живот. Сега и двајвата се здрави и живи. Никогаш повеќе да не се повтори тоа. А брат ми сега и девојка си фатил, еее си порасна и он. А девојчето е многу убаво хехе. А и многу е мила. Се радувам за него, дај Боже секогаш така да е среќен. И секогаш само убавини да му се случуваат. И нему и на сите кои што ми се најблиски и најмногу си ги сакам. Само да сме живи и здрави, другото и не е толку битно. Се се поправа, ама без здравје ништо.
Нема спиење за мене :') Пак стражарев да не влези некој дома и таман заспав по два сати тато: „Еј чајо не го пиеш?“ „А медо го изеде?“ „Ајде стани да јадиш.“ - „Те молам, сакам да спијам.“ „Ајде, ајде. Сега е поставено на маса. Ајде.“ - „Абе остајме да спијам!“ „Ццц, а печката да ти ја исклучам?“ - „...“ „А сијалицата?“ - „Се сеќаваш бе?“ И така сега ќе си шетам нервозна. Ненаспана. Се туфка мама шо му дозволила на тато да земи чашите од соба, а знај дека цела вечер кашлам и прашање е дали сабајле или на ручек ќе заспијам. Ајде то е. Останете ми поздравени
Знаеш дека ти успеала врската кога тој до тебе ти рекол - убаво ми е што се будам до тебе зошто си тешка будала кога стануваш од спиење. Што има лошо во тоа бе дечки да си ја пееш од сабајле Џони, Џони, јас папа? А? Ете тоа е. Им се јавувам на моите шо праите, татко ми па еве 12, мајка ти сеа станува, доручек у кревет и носев. Сакам и јас така да стареам! Јас му туткам смутија, он штрапа по тастатурата. Се надевам денес ќе ме лиши од нервни сломови. Ќе го носам на релакс. Недеља.
Аман бе луѓе до кога со малограѓанштинава и мааларството! Мразам, од дното на душава мразам кога некој квази граѓанин ме сретне и си мисли дека е способен да ми прави испитни сесии со бош приватни прашања за мојот сопствен живот. Абе вие разбирате од култура?! Немате манири и некакви си принципи или воопшто и не ги познавате овие зборови во реалниот и начитаниот свет?! Немате свој живот и свои проблеми или обожавате да "квачите јајца" врз туѓите! Дно дна на сево ова па и кога слушнам некој квази човек како ми предодредува моја интима и мои сопствени обврски, чиниш требало да се прилагодуваш на луѓето кога биле слободни и расположени за дружба пази, во спротивно не чиниш ако ТИ лично имаш свој живот, своја приватност и обврски и не можеш на "пепелашките" наоколу да им квакнеш дома и да ги чекаш како слеп за стап. Ајде бе!!!!
@vitamina Не разбираат витаминче ни од култура ни од образование ни од градење себе како личност и дека својот живот е само свој..и секогаш гледаат дали дворот на комшијта е среден а нивниот е да се удавиш од нечисто ама тоа е..и затоа пушти ги да си лаат кучињата...
Она што мојт минутата да го донесит -годината не мојт. Се потресив за еден момент. Господ да и даде трпение на мајката, а малото душиче секако ке биде во рајот. Господе, не ни давај искушенија што неможеме да ги издржиме. Амин.
Викендиве ми минуваат пребрзо. Додека се свестам дека треба да здивнам, се фаќам во моментот пеглање кошула и спремање за работа. Додуша и работните недели ми поминуваат брзо, што е фино, ама некако се осеќам како во магичен круг. Си натоварив уште други занимации демек да разбијам монотонија и после ќе се чудам каде ми отишол викендот. Епа каде де. Ве читам на некои ви е супер да работите од дома, на други обратно, јас исто спаѓам во онаа група што нема теорија да седнат дома и да работат. Таква екскурзија ми се случи летово, траеше скоро 2-3 недели, не по моја воља и нерви искинав додека да се вратам пак по старо. Ми требаат луѓе, динамика, теренска работа, па дури некогаш и галама, тензија. Дома ми е дома, сакам кога ќе си стигнам да се излежавам, да пијам некоја чаша вино, да земам да си прочитам нешто без никаква обврска и рок, него јас како сакам и кога сакам. Периодов имам нешто за учење па останувам прекувремено на работа само да не дојдам дома, пошто знам дека концентрацијата ќе ми спласне. Не ми е проблем толку интернетот и фрижидерот, тоа имам и на работа...него самото тоа како си го доживувам поимот - дом. Денес цел ден фаќав нешто да чистам, буткам, преместувам, готвам, се искарав поштено и со една служба за грижа на корисници, се‘ направив, само тоа што планирав, не Ама затоа сега сум бајче Морам под итно некако да се реорганизирам.
Е со годините, како човек си сфаќа некои работи. Само ако забегам многу сакам некој да ми каже, не сакам да станам разгалено жениште. На пример, дека лете сакам ладно кафе, зимно топло, без шеќер, само со млеко. Дека не ми е убаво да јадам ако нема салфетка до мене. И не сакам да јадам без нож. Сакам кога ќе ги соблечам алиштата и мирисаат на парфем. Во недела да си ја сменам постелата; а другите денови, да ги ,,сончам" перниците. Обожавам наутро да пијам зелен чај во омилениот шол и ако пијам во некој друг, ми го нема тој шмек. Да се мачкам со обичната, нивеа во метална кутија и после лицето да ми мириса на тој чист мирис. Сакам еднобојни чорапчиња, да не се шарени. Кога сум во автобус, да седнам од левата страна; кога сум во кола, исто од лево. Да носам свилен веш, во темни, загасити бои. Парите во новчаник да ми се подредени по големина и свртени на лице. Потсечени и кратки нокти, никако долги. Пижами со горни кратки ракави, што ко за инат, никако да ги најдам. Порадо ќе гледам цртани, отколку трилери. Морам да излуфтирам во просторијата каде што седам и тоа петпати во денот. Сфатив и дека уживам да слушам радио-програми. И не дека нема да преживеам ако не е така како што сакам јас, ама ете, ми прави мерак на душата ако е така. Па посебно кога ќе си развијам некои свои ритуали што се состојат од налевање со чаеви, шлапање со помади и прскање со парфеми, проследено со валкање на чиста постелнина и фантазирање до 101 и назад. Потоа сфаќаш, па за се' во животот е така - не дека сонцето нема да изгрее ако не е, ама па зошто да не ти биде убаво, нели?
Не верував дека јас ќе започнам еден ваков пост.Клише.Ама ако е. Јас сакам да кажам дека ќе пукнам од љубов.Колку љубов може да се собере во срцето на една мајка? Многу, многу...повеќе од многу.Колку што не може да се измере.Не знаев дека е вака.Кога ми беше самп едното си велев каква емоција, радост, каква ЉУБОВ.Кулминација.Но дојде и другото.Луѓе драги...дали е можно.Љубовта не се разводни.Не се расцепка.Не се распадна.Ми се дуплира.Ми се помножи.Ми порасна уште за толку.Си велам може ли да ја собере таа љубов во ова срце?Можам ли да се носам со оваа емоција, оваа радост? Еее не само што можам.Уживам во тоа.Исполнета до максимум.Си седам си ги гледам и си викам: "Зарем е можно вакво совршенство да е мое, да е наше , мое и на мојата друга малку поинаква љубов?"Две прекрасни суштества, две бобинки, две дудинки, два цвета најубави. Што ми го красат домот, животот и срцето. Имајте здравје и бидете среќни.Ништо друго не е битно. ВЕ САКА МАМА.
Мразам необѕирни пушачи!!!!! Значи ако вие сте одлучиле да си се труете и да живеете во чад и смрдеа океј, не ми смета воопшто баш напротив сум за секој да си прави што си сака. Ама кога сте во просторија со други луѓе кои не пушат и не одлучиле да дишат чад и да смрдат на пепел малце имајте обѕир. Посебно родители. Не ми е јасно како ви дава душата да си го труете чедото заради ваша лична зависност. Секој ден се карам со татко ми. Не се седи в дневна бре. Се капам и смрдам на цигари. Ми е тешко озбилно да дишам значи ме гуши ми смрди... И му е гајле дека цел живот ме труе. Му е гајле бе. Сите луѓе на светот се себични и точка. Не родител, не брат сите до еден. На крајот секој си го тера сопствениот кеф не гледајќи за другите. Да дај Господ да си заминам од ова куќата побрзо!
Значи многу се досадни снимките од ЈСП што ги мантраат на разглас во автобусите. На секоја станица со истите прекинуваат нечија омилена песна.
Човекот се надоградува и учи додека е жив.Го проширува својот поглед кон светот,оди напред.Прифаќа и учи од грешки. И навистина нема ништо полошо од ограничен човек и од човек без ниту една амбиција.
Барам поддршка... Емоционална... Да биди покрај мене, Да ме поддржува Да ме бодри да одам напред Да ме прашува како се снаоѓам на работа, Да ми даде одредено мислење за нешто Да не објавува се и сешто по Фб Едноставно, кога сум со него да знам дека тој е тој Тишината да ми биде пријатна со него Секој момент магичен да биде Многу ли барам?