Си мислам, треба стварно многу луѓе да те заебале во животот, за да бараш скриени намери кај секој што се обидува да ти помогне. Особено ако помошта доаѓа и без да ја побараш. Подаваш рака, а од другата страна те пречекува сомнителен поглед. Му помагаш на некого, а тој цело време чека да му забиеш нож во грб. Светов е стварно отиден по ѓаволите.
Одамна престанав да очекувам нешто. Отрпнав од се, најубаво е кога ќе го испратиш мозокот на пасење, нит очекуваш нит се разочаруваш.
Иии денеска е убав ден,на баба ми и' е роденден,машала ја достигна 80ката. Милион пати имам овде пишувано за неа,сега само ова ќе го речам: жена од челик,алал да и' е. Најсреќен роденден идолу мој, да ти се множат годините! Уште долго време кога ќе доаѓам кај тебе да ми речеш да направам кафе за двете, да ми велиш едно десетина пати да ги земам папучите и елекот за да не ми биде ладно,да ми донесеш од најубавото благо,па фино лепо уз муабет да ми летне времето и да заминувам од кај тебе со насмевка од 6ка до 6ка. Ех,какви спомени имам од детството,неразделни бевме,ми беше и ќе ми остане една од најомилените личности во животов. Му посакувам на секое дете да има ваква мила грижлива баба, детството ќе му биде како од бајка. *** Во животов многу пари сакам за едно нешто:карти за концерти. Сакам да присуствувам на што е можно повеќе концерти и свирки, нема нешто позабавно од тоа, скокање,пеење,абе совршенство! Музиката те ежи,како да се губиш во нов свет,она чувство не се опишува.Нозете и кичмата јас си знам колку ме болеа од стоење,ама супер беше. За малку ќе заглавев и во mosh pit,арно глава не ми пукнаа туркајќи лево-десно. Картине ги чувам како од злато да се, кога ќе остарам ќе се присетувам на овие нешта со задоволство. Камо цел живот да сум расположена и да се забавувам како вчера. Ајт поздравче со една песна. Бидете весели,расположени и еуфорични како што бевме ние в публика вчера!
На фејсубук имам малку слики и уште помалку лајкови (од најблиските другарки, братучетки, роднини). Лајковите ама баш ништо не ми значат. Не се чекирам никогаш кога одам негде. Не ставам статуси кога јадам или пијам нешто. Не ставам 3554335 слики со дечкото (кога го имам хаха) за да покажам колку сме заљубени. Фејсбук не е живот, животот е надвор од него. Ама фејсбук не е за сите дефинитивно. И да ви кажам ич не ми е гајле што дечкото ви купил за 2 месеци врска.
Секогаш оние што се колнат дека не лажат, дека се верни, се всушност најголемите лажговци на овај свет. Доверба само во себе во друг никој..
Leleleeee luge, aj deka sme nepismeni i vrska nemame od pravopis, ( i jas se vklucuvam vo grupava), pravime greski i se. Ama deka citam na fb edna, "nepuni"- misli na godini, " poshto" " nejkje". Abe aloooooooo
Ова повеќе е до скопски дијалект отколку неписменост. Би употребила и јас некои од зборовиве во секојдневен говор или фејсбук статус, не значи дека не знам да зборувам литературно кога е потребно
Луѓето ќе ве повредат па ќе глумат повредени. Ќе ве уништат психички и ќе глумат жртви. И додека вие тонете во лудилото тие ќе го живеат животот, ќе уживаат. Ми се навраќаат лоши спомени, ги гонам, но не си одат.
Гледајќи на тв нешто како ретросспектива на Златна Буба Мара си помислувам дека сепак има нешто позитивно во нашата напатена државичка и ми дава малку надеж за иднината (штом и годинава ќе ја има и ќе ја води истиот водител)Искрено си мислев дека досега и неа ќе ја снема од оправдани техничко политички причини
Моментот кога недела ти е бодежи во стомакот значи дека е моментот за промена. Голема промена. Таква промена што кога ќе те видат сите да викаат - Уау, што и се случило??? Дали ви се верува дека некои луѓе се уклучени на вас како на полнач? И тие со најслатки зборови према вас... не го прават тоа намерно, ама намерата си ја имаат во потсвеста и ... јбг... ве црпат. Имам еден таков лик во животов. На почетокот си мислев дека си замислувам. И потоа сфатив. А следно... почнав да го вклучувам се помалку во животот. Енергетски ме буткаше, во целост. Се убаво што ќе го воочеше во мојот живот... буквално се уништуваше секој пат кога ќе и дојдеше пред очи. Намерата дечки, намерата да не ви е добро е посилна и од нив самите. И не, не се однесува на следното - леле бе види како убаво и оди, сакам и мене така (ова е некој нормален човечки секојдневен муабет)... Туку, сакам ништо да не и оди, цело време има среќа во ова или она, уф колку сакам да се уништи. Е кога седев на едно такво кафе...и кога го слушнав ова од оваа личност за една друга личност, ги ококорив оченцата. Парафразирам - се вработила таму и таму, зима толкава и толкава плата, леле колку сакам да ја убрља па да види што се замислува, уф само на три месеци нека е, па отказ ха-ха... Се згадив и сменив тема на муабет и донесов одлука дека никогаш нема да ја вклучам во ништо убаво во мојот живот. Ама баш ништо... Зошто би се радувала на мене кога не може да и се радува на нејзината исто така добра другарка? Не ви требаат луѓе полни со омраза... насочени само према себе и за себе. Верувајте ми дека дури и да не го мислат свесно, ве црпат. И предизвик се, насекаде ги има. Ниту тие се среќни, ниту вие сте среќни поред нив, а тогаш некогаш ќе станат среќни на сметка на вашата среќа додека вие тонете. Не знам зошто не би се радувала на туѓиот успех и среќа... ? Каков човек треба да сум да е тоа така? Кој идентитет треба да го имам? Како мирно ќе спијам? Ма од каде го вадат не ми е јасно? Кој мисловен процес? Нејсе... понеделник... порано те сакав, сега... сега за сега не си ми најомилен... ама ќе работам на тоа да си го вратиш стариот сјај. За твое добро, отпиши ги од животот. Нарциси, психопати и социопати. Додека тебе те лажат дека ти си чувствителна и си замислуваш, те прават луда или па ти се вадат на карта - абе зезање беше тоа, пресериозно сфаќаш. Па и ќе те доведат во ситуација ти да се преиспитуваш.
Од зборчиња како нејќе и пошто, не треба да се плашите воопшто дека се знак за неписменост. Овие зборчиња ги има и во речник, значи ок е да се употребуваат, не е страшно. Ама, од: Незнам, несакам, неможам, сеуште, мајками, сестрами, сватив, кои, кој, мој, мои, фторник, ние сне убави...е од такви луѓе треба да се плашите, и да се сомневате во нивната писменост. Како да ми ги боде некој очите. Инаку временцево малку ги помешало брзините, и уште од крај на минатиот месец веќе е пролет. Ама затоа главата и притисокот се пореметија Ич не е здраво вакво време во овој период, и демек бев во природа малку на чист воздух, ама не ми заврши некоја голема улога ни воздухот, ни ветрот, ни сонцето. Сепак ми е матно во глава. п.с. Многу ми се јаки овие си ги сакам, ама не знам кај да ги употребам
Сакам да кажам дека ... 1. Сигурно сте ме заборавиле, оддамна не сум пишал нешто на темава. Признавам, не сте вие криви, јас сум 2. Епа драги мои читатели, мојот зимски распуст се надевам дека завршии. ! 3. Ајде да не почнувам одма во брзо темпо, да земам малце време и да ја искористам оваа прилика да ги поздравам сите што ќе го прочитаат цело мое мислење, а особено оваа точка. 5. Ми текна на истата фора која на Вас не ви текна. Ја прескокнав 4тата точка. 6. @Lella не ги смета моите мислења за тролачки, исто како и јас ! 7. Енгелов закон вели: "Колку што е посиромашно едно семејство, толку е поголем делот од вкупните расходи кои мора да се употребат за набавка на храна" - Измислен е за Македонија. 8. Ако сакаш правилно да се информираш од медиумите како " Шител, Анал5, Алфа и сМРТ" тогаш гледај наопаку на сите информации, само така ќе се вратат во нормала. 9. Розите се врвени, а љубичиците сини, ВМРОООООООООО !!! 10. Не е битно кој и е притивник на Македонска ракомтена репрезентација до 50та минута .. затоа што и онака од 51-ва до 60-та ќе победат. 11. Си барам девојка ... 12. Предходнава точка доста реакции ќе предизвика.. 13. А си мислам дека оваа ќе биде последната точка за оваа година. Ништо веќе не ме интересира за да напишам, ниту да исмејам, ниту пак да искритикувам. ПозЗ3³ ®
Кога ќе ми текне какви разочарувања имав минатата година, болка, пропаднати соништа. Тие ме направија дупло по силна, без страв од нешто, по храбра и не толку наивна. Баш ми текна лани ова време каква бев, а каква сега. Уште сум емотивна, но мноу по силна. Еден другар ми вика "опасна си ти". И баш ме замисли уште колку по опасна би можела да бидам.
Zapomnete edno nesto ,vo zivotot na eden roditel nema nisto poloso od neblagodarni deca !! Ova go velam inspirirana i potkrepena so fakti od sekojdnevieto za zal...