Kako mozhe da ima ljubov ako ne si odgovarate? Jas organski ne podnesuvam lugje so karakter sprotiven na mojot, najmalku kje se vljubuvam vo takov.
Открив дека кога гледаш во својата мајка, всушност гледаш во најчистата љубов којашто некогаш ќе ја имаш.
Морам да престанам да сечам фустани за да правам блузи кои ми се потребни во моментот. Морам да престанам да купувам фустани кои знам дека нема никогаш да ги облечам. Стигнав до посакуваната тежина и сега се чувствувам дебело, па морам да го вовлекувам стомакот
Зашто човек едноставно да се плаши да покаже дека е срекен пред другите луѓе ,а толку сакам сите тоа да го видат. Ако кажам дека конечно се состави мозаикот и дека конечно малку можеме да се опуштиме финансиски,бидејќи сопругот најде нова работа подобро платена исто така и јас работам во добра фирма со добри примања и во моментов сме стварно задоволни од ситуацијата , а несмеам тоа да го показам на никого затоа сто сите околу нас се како мршојади и ке почнат да досаѓаат за помош како се они немаат.Инаку имаат за секој викенд за ручек во ресторан а кога ке дојдат кај нас кукаат како немале пари па имале долгови ред други работи. На крај ми беше муабетот ако неможеш на свои најблиски да се пофалиш мислам на родители и на сестри и брака кога знаеш дека се завидливи што остана на другите подалечни.
Изгледаш совршено. Многу ми се интересни новиве кафичи, кафани, или гостилници ајде, кои ги крстат: Канцеларија, Дома, Пошта... Тоа, кога ти се јавува жена ти по телефон и ти вика „Кај си?“, како од пушка да одговориш - во Канцеларија! Во Македонијава наша само кафани и кафичи виреат. Кој не знае што да работи, или нема работа - нека отвори кафана/кафич, со некое такво привлечно име. „Кај си море, мамлаз?“ и следи одговор „Еве ма, у Министерство!“
Одвај чекам да бидам очајна домачица за да не морам на работа да одам! Ајт заминав. Понедељак.Бог нека е со нас
Како тоа бе на фб ставате слики од најинтимни моменти? Интимни слики? Па јас такви не би ги покажала на мајка ми а не да гледа цел свет.... Во 9 месец од бременост, цела отечена и распукана и гратис речиси гола... Само гаќи и прслук на вас... Не знам веќе, крај нема на вашите глупости....
Teмата "Дали верувате во магии?" ми е толку збунувачка што понекогаш не знам кој е сериозен, а кој се шегува.
СДК ... сите откачуваме. Измешавме неправилно правила, принципи, вредности, квалитети, неправди, мизерии, глупости, вулгарности ... Она што некогаш било забрана, сега е дозвола. Она што некогаш било квалитет, сега е ништо во очите на спротивните. Неквалитетот е пример за начин на живот. И општо во сите денешни "норми". Она што некој го живее како своја среќа е сечија но и негова. Она што некогаш беше чиста емоција, емпатија, љубов, денеска е некаков чист интерес, лицемерие, маскирана себичност. Она што некогаш беше еден за сите, сите за еден, денес е еден за себе, сите за никого ... ........ Не знам уште што се' нема да избие на врвот во овој хаос?? Ама пак, веројатно ова е природната состојба на живеењето, основата на животот ... За со време да се доведе редот. М ???
Претпоставувам дека повеќето од нас не сакаат глетка при која дете сред трговски центар, маркет или продавница се треска од земја и пишти. Но, денес бев сведок на една друга ситуација: мајка со две деца, мирни, прибрани и тивки, одат низ трговски, а од напред им се дере татково да побрзале. Тој се дере, а низ трговскиот, кој и така не беше многу полн, одекнува. Секоја чест!
Sdk deka sonuvav kako @Ketchup I @Sanjichka007 mi dojsle na kafe doma Posle ispienoto kafe, ubaviot muabet *da da, ubaviot muabet* ke izleguvavme vgrad a Kecho ne napraj frizuri. xD