Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    ПРИБИДЕЈЌИ (поздрав Хипстер, мислев како да го употребам зборов во реченица, и ми требаше многу време да ми текне, не знам како природно им иде во говор :rofl: ) Орбитрекот ми е начин на канализирање на негативната енергија, во последниов период е прилично употребувано средство. ]:)

    Зачудувачки, делува. Посебно ако пцуете додека вртите, прво го пцуете тој што ве изневирал, после се пцуете сами оти сте дозволиле некој да ве изнервира, па пак пцуете оти не треба да се нервирате, па после се пцуеш оти треба човек да се прифати со сите маани, па пцуете оти крцка додека вртиш на него, па пцуеш по времето, куферот, факултетот, полагања, што и да ти иде на памет... Зборот ми е, се качуваш и во глобала пцуеш додека вртиш. Ама помага мајка му стара. Плус ти помага во одржавање на линија или добивање на нова линија ако претходната линија повеќе личела на геометриско тело. :D

    Е, кај бев... денеска одам, бендисав една сукња пред некое време, онаква стреч, тесна, залепена, до коленици, со едно кожно напред, како за не знам, за најјаки пи*ки. И си ја мислам цело време, уф како ќе ми стои, уф убава ли ќе ми е, уф вака, уф така. Уште камшик ми фали и ќе испаднам како таа од Сикрет дајери оф а кол грл, таа Шарлот ли, што мачеше мажи. :rofl: Некако си мислев дека ќе виси нешто што не треба од сите страни, дека ќе ми биде мала, дека вака, дека така.

    АМА! :D

    Си ја облеков, и тоа зачудувачки минимално бројче, некако скептично го облеков, и уште поскептично го закопчав, жими мене чекав да пукне патентот и да одам да слапам нешто на враќање дома од очај. Ама кога си го видов струкчето троа смалено :o , газот подигнат, ништо не виси, барем не нешто трагично, и си се гледам во огледалото и си викам - Дузи, пи*ко една, рибетина, ЦУЦА УБАВА, МУА! :D Орбитрек сејвс д деј, уанс аген.

    Не забегав, само сум исклучително добро расположена и покрај факултетските обавези. :D Чекам да поминат, и да ми дадат Америте виза, и да одам да слалалалаллаааааавам. Нек се угоде и нек е со арно и на арно. :devil:
     
    На Bozica1980, ozbilnazena, Bile15 и 49 други им се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    се соочувам со загуби, во моментов плачам од тага!
    Ќе ми пукне срцето,мм ме теши,ми вели таков е животот....знам дека е таков, но тешко е кога човек се двои од блиските!
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Многу ми е интересен феноменот кога во петок сите си одат од работа насмеани од шестка до шестка, без разлика колку стресен ден имале :D И јас сум една од нив де, не велам не :lol: Светот автоматски е поубав во петок, се' е поубаво, се' е прекрасно! И да врне и да вее, пак е прекрасно, зошто е почеток на викендот.

    Ах, колку тешка и стресна недела имав не можам да објаснам, а тек па какви два наредни месеци ме чекаат не сакам ни да помислам. А и нема да мислам сега на тоа, викенд е и сакам да уживам, зошто додека да трепнам ќе дојде пустиот понеделник.

    Во мене тлее нескротлив нагон за трошење пари. Впрочем, го имам секогаш после стресен ден/недела/период, па така и денес. Ми треба утеха бре луѓе, а има ли подобра утеха од шопинг? :D

    Ете така, дојдов во темава со намера да се жалам, ама нема. Колку и да ми е тешко, колку и да имам работа периодов, колку и да сум преокупирана со свои, а богами и туѓи проблеми, нема да кажам ни збор. Напротив, викендов ги туркам сите грижи и проблеми под тепих и блеснувам со оптимизам и добро расположение. Решив малку да се разгалам, доста правев работи за други.

    Вечерва ја земам другарка ми под рака и одиме на шопинг, па ќе го носам Него на вечера, да наздравиме за тоа што сме тука, што се љубиме, што сме едно и што заедно постоиме во светов.
    Е така! :)
     
    На ozbilnazena, naturally, ana-girl и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Исто како што најголемото, најсјајното јаболко може да биде црвливо, така и убавата личност може да биде ѓаволот кој ќе ви носи несреќа во животот... :!:
     
    На lana.del-rey и poenta им се допаѓа ова.
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Болничка сум. :|
    Наместо да се изналежам,јас бев на лекар,се изначекав и потоа си имав гости дома.
    Другарка ми ми дојде и ме расположи и тоа многу. :nod:
    Плус и ми донесе благо. :angel:
    Искрено,не знам што би правела без неа. :?:
    А,и да.
    Ако видите џукела кај што трча исплашена,да знаете дека јас ја збудалив.
    Па,така и треба кога постојано ми спие во двор и плус ми лае постојано. |(
    Ми доаѓа таквите да ги убијам.
    Пред некоја вечер,спиев и ме разбуди нејзиното лаење.Кога зедов да тропам на тоа прозорецот,ем се исплаши,ем уште еднаш глас не и слушнав таа вечер.
    [​IMG]
    Не дека немам милост кон животни,само мразам залутани џукели кои ми спијат во двор и не ме оставаат на раат.
     
    На lana.del-rey, LittlePinky и QueenElena им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Црни очи, црвени усни, црвен фустан, црни штикли..
    Гордост и интелигенција во пакет со убавина. Дама.
    Мирисот на парфем е познат по неа. Тие убави нежни ноти на мирисот.
    Кога оди по улица сите се вртат по неа. А таа со очилата на глава, ташна во рака и една љубов во срце, продолжува напред .
    Во животот на таа девојка нема лева и десна страна, само право. Цели кон иднината а живее во сегашноста, минатото за неа е минато.
    Интелигентноста е пола убавина. А таа има повеќе од се. Со еден збор, совршенство.
    Сите ја посакуваат, сите ја гледаат и сонуваат но никој не ја има. Гордоста и е поголема од било се, прави да и биде убаво на самата неа. Не се грижи за другите личности. Сама себеси си е најбитна.
    Продолжува напред со високите штикли и стандарди. Не се плаши од пораз, тоа е непознат поим за неа. Таа само со убавината може да добие се.
    Мажите воздивнуваат, ја посакуваат, веднаш. Но, никој не се обидува да и пријде. Се плашат од неа, успешна е, а често мажите се плашат од успешни жени.
    За неа не постои никакво машко, таа е сама во овој свет. Таа е обвинета за кривично дело, има украдено многу срца, многу погледи и воздишки..
    Осамена а посакувана.
    Таа е дамата во црвено. :l:
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=y_5iEv0gnjo
     
    На ana-girl, lana.del-rey, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  7. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека стварно е иритирачки кога ќе прочиташ едно исто прашање што се поставува низ една тема. Ги мрзи да прочитаат неколку страни наназад да видат за што се дискутирало, па дури после тоа ако не им е јасно да прашаат. Стварно многу иритира и на одредени теми одредени членки што редовно ги посетуваат и одговараат сигурно се чуствуваат како оние што ги викаат повторечки папагали. |( Е денес баш низ 2-3 теми процитав такви многу поставувани прашања и едноставно ми дојде да си го траснам компјутерот. |( Е тоа сакав да кажам. :)
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК дека е во ред да се дава и ПОЛИТЧКИ РЕКЛАМИ но немора бре на 5 мин.. Па веке знаеме секој што ветува и што ке направи , кога гледам филм и кога пуштат реклами заборавам што сум гледала филм или некоја емисија..Нека се најде некој слободен термин и нека вртат тие реклами , или пак исфрлете се што има предвидено и само тоа нека се дава....
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Денес денов ми беше полн со емоции. Толку многу чувства... само што стигнав на работа ете ти од сабајле непријатни изненадувања, работава беше ни да плачеш ни да се смееш |(
    Туку тоа не беше ништо во споредба со загубата на моето куче :(
    Сега целата сум ваква ;( Епа неможам бе многу си го сакав кученцето, мајка ми вели се плаче ли толку за куче? :x
    Но јас го сакам и тоа премногу, многу се приврзав за него, се навикнав.
    Кога беше болно јас бев по цели денови покрај него, го носев на ветеринар, се грижев толку многу... за сега да останам без него..
    Се надевам дека таму некаде далеку од овде ќе му биде поубаво, ќе си најде и друштво.

    Најтешко ми е кога ќе ја видам неговата куќичка празна. :(
    Некој можеби ќе се смее и ќе ми се чуди кога ќе го чита ова, но знам дека сите вие кои имате или сте иламе домашно милениче знаете како ми е и колку ми недостига.
     
    На Bile15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    СДК дека навистина никогаш не очекував дека ќе слушнам вакво нешто.Некој да не знае во кој век живееме.
    :^) |(
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Пишам бришам ... Се губам на фемина одреден период па пак ме има па ме нема и така си се вртам во круг. :?:

    Заљубена сум до уши во него :$ а и тој во мене :$ е ова ми е најубавото нешто што секоја ден ме прави среќна и неверојатно ми е како ми дава сила и храброст да издржам се, па и кога мислам дека не можам.
    Секојдневно ми даваат комплименти дека сум променета. И да конечно и јас можам да потврдам со гордост дека сум проемента и тоа од поодамна и поубаво ми е вака. :angel:
    Најголемото нешто што ми представуваше најголем проблем го отфрлив од мене а тоа е стравот и несигурноста која ја имав во мене, секогаш кога и да започнев нешто ново или за било која ситуација јас секогаш се прашував а што ако неуспеам? повторно ли да дозволам да бидам повредена? И многу често се препуштав на тие прашања, секогаш сакав да бидам јас поразената, секогаш мислев дека мене ми се нанесува неправда. Тогаш не сум сфаќала колку би било полесно кога би ја отфрлила таа несигурност во мене. Денес кога гледам колку е добро да бидеш во животот храбар се каам што порано не сум дејствувала да се променам.
    Јас верувам дека се што се сака се може па затоа и успеав.
    Порано кога одговарав на табла се преопотував, пелтачев и се вцрвенував во образите без разлика дали знам или незнам и на крајот секогаш не ја добивав оцената што не ја заслужував, онносно добивав помала оцена а професорите ми велеа да бидам по сигурна во мене на следното одговарање.
    Денес не е така денес излевам на табла и пишам што знам добива оцена која што ја заслужувам и фино лепо си седнувам на место, не се прашувам во себе што ќе биде ако погрешам ако се збунам не го нема тоа и полесно е и поубаво за секој. Не сум само во училиштето вака туку и во поголемиот број на ситуации во живото.
    И кога ќе ме прашаат како се промени, што ти беше мотивација?
    Јас одговарам дека најголемата мотивиција си бев самата јас, бидејќи секоја ден бев тажна и се нервириав како се мене ми се случуваат неправди, а всушност проблемот бил во мене. Колку што сум по храбра толку по блиску сум до мојата цел - да си ги остварам соништата. И верувам во тоа. Знам. Можам! :)
     
    На lana.del-rey, Elennaa, leighton23 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    28.3.2013
    Пред точно една година ми се случија ужасни работи.
    Одев,талкав низ старите мрачни и темни улици... Стари исто колку и годините, мрачни исто колку и љубовта, темни исто колку и минатото.
    Порано ми викаа дека можеш да градиш се нагоре и нагоре, но може една вест или суштество да сруши се. Буквално се, од корен. Најбаксузни години 2013 и 2014 година. Полни со лоши исклуства, спомени и лошо минато...
    Од ден на ден се чувствував по осамена, по чувствителна, по слаба, по тажна. Последните две вести ме скршија. Отидов на генеколог, ми рекоа дека уште малку имам да одживеам, најмногу уште 3 години. Си дојдов дома и ја видов како мајка ми лежи на подот. И го мерев пулсот, но таа веќе беше мртва.
    28.3.2013 ТЕ МРАЗАМ ОД ДНОТО НА ДУШАТА! Се чудам како сеуште можам да седам, и се прашувам дали јас ќе можам да го почуствувам мирисот на моето дете, дали ќе ја почувствувам во срцето таа радост, таа исполнетост...
    Дали? Ќе можам ли?
     
  13. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    :( :( :(
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас немам на кого да му кажам добра ноќ...
    Немам на кого да му пишам кога ме боли рачето (како онаа ноќ кога си ја секов и ти ме однесе на болница)потоа наредната и наредната и наредната ме држаше за таја повредена рака де додека не ми го извадоја завојот,сега само лузната ме потсеќа на таа ноќ ;( ...
    Немам за кого да се грижам повеќе,за кого да правам пица,на кој да му ги правам омилените макарончиња со сос...
    Немам со кој повеќе да гледам цртани и да се смеам на глас да се чуствувам како дете...
    Немам кого да карам,пред кого да плачам...
    Јас како да немам никого повеќе на овај свет како да немам ;( толку е мојата душа празна и болна
    Да јас немам никого да ми кажи добра ноќ ;(
     
    На mims-89, QueenElena, ColoursOfTheRainbow и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Среќна сум и ништо не може да ме онерасположи. :) :) :)

    Не сум пишала пост на темава долго време, чекам да ми се присоберат повеќе работи кои сакам да ги кажам па си пишувам еден пост за се'. Ако не сум заборавила.

    СДК Откако тргнав некои личности во животот кои само ми сметаа и ништо добро не видов од нив, не сум била нервозна за ништо. Ама баш за ништо. Значи целата негативна енергија ми била од нив. Тоа да се чудиш. Абе цело време бев напната, а тогаш не знаев зошто и како, дури тоа ти станува секојдневие и мислиш дека едноставно тоа си ти и така функционираш. Страшно. Од тогаш како да се препородив. Не сум напната, постојано сум расположена, не се карам со никој, не се нервирам, убаво ми е... А ова е вака една година, скоро. Всушност сега ми текнува дека јас се зачленив на Femina веднаш после оттргнувањето од тие луѓе. Некако како нова страница да завртев во животот.

    Не трпете секого по секоја цена. Кој и да е, и дечко и другарка и колега..., ако гледате дека повеќе не ве прави среќни и немате заеднички теми за разговор, тогаш поштедете се и вие од нервози и другите околу вас. Не е битно дали сте биле заедно или сте се дружеле еден месец или десет години. Секој се менува, ако пред пет години сте биле најдобри другарки, не значи дека и денес можете да бидете тоа. Можеби некоја од вас се сменила, можеби се случиле нешта кои влијаеле на вашиот однос, и тоа е тоа. Бидете само реални и искрени кон себе дека некои работи мора да завршат за ваше добро, а вие сте си најбитни. Едно од тие другарства што јас го завршив, траеше повеќе од 12 години. Подобро да кажам цел живот или откако памтам за себе, своите постапки и размислувања јас се сеќавам дека до мене имаше секогаш уште една личност. Ама исто така паметам и дека секогаш имаше потежок карактер од мене. Ама тоа и не е така битно на тие години. И не, не можам да кажам дека не сме биле лојални другарки. Сме биле спремни на се' една за друга, или барем така сум мислела. Сме делеле се'. Една кришка леб на два дела сме ја јаделе. Најдобрите години од животот ги поминавме заедно, созревавме заедно, пораснавме заедно, одевме на журки заедно, се пронаоѓавме себеси. Се радувавме на многу нешта но и тагувавме заедно на една од нејзините најголеми трагедии. Ама знаете, џабе е се', тогаш кога јас почнав најмногу да се радувам и кога животот конечно почна да оди во нагорна линија за мене, кај неа гледав само завист и слушав зајадливи коментари. Беше шок за мене ама сепак тука сфатив дека е крај. Се разочарав не дека не, и ден денес можам да кажам дека ми недостигаат разговорите со неа и смеењето на шали што само јас и она ги знаевме, ама веднаш после таа мисла си велам "не вреди, ти направи се' што можеше ама не успеа".

    Пред некој ден се шетам низ City mall и пред мене гледам две девојки најверојатно најдобри другарки, нешто зборат, се смееја, и едната одеднаш ја гушна другата, баш онака другарски. Ми дојде едно чувство на носталгија, измешани чувства, си викам зошто мораше да излезе така, зошто испадна таква личност на крај, зошто кога другите ми забодеа нож во грбот она беше индиректно од нивна страна... Ама тоа е тоа, не можеш никого да промениш, барем знам дека јас немам никаква вина и имам чиста совест.

    СДК2 Црвениот лак најмногу го сакам на цел свет, АМА воедно и го мразам најмногу на цел свет кога ќе дојде ред за бришење со ацетон. Значи пола саат ми треба и пак во ноктите сум како да сум заклала некој. Добро бре луѓе, само на мене ми е така? Вие како го бришете црвениот лак? Па да му се одмили на човек. А не е до ацетонот, супер си е. Ама кога ќе се размачка лакот оди па избриши го. Ај некако ќе го избришам со триста маки ама пак од страните не можам убаво да го избришам и се познава. И се бањав и садови измив и една блуза на рака си ја исправ, не бре и не, не се вади се' и крај, инат ми води.

    Ама и јас за инат не се откажувам од црвен лак и гајле ми е, па што. :wasntme:

    СДК3 Кога ќе видам и слушнам дека пејачиве од нашава ни скромна естрада пејат на митинзи кај политичариве ми се одмилува живитецов. По автоматизам и да сум го сакала пејачов, и да сум слушала некоја песна негова веќе му откажувам другарство. Па мора ли бе мајката секаде да се меша политиката. Па толку ли им е дојдено баш до тие пари. Како Тоше никогаш, никаде на ни еден митинг не пееше? Е по тоа се гледа, кој пејач каков е. И дали музиката му е живот, а покрај тоа и заработува од неа или пак гледа само да лапне пари, а музиката му е онака колку да се работи нешто. :fubar:

    СДК4 Без карактер и цврст став ништо не правите во животот. Сите ќе ве шуткаат лево, десно и никој нема да ве сфаќа сериозно. И другарките ќе ве користат, и колегите на работа исто така, дечкото ќе ви прави што на него ќе му текне, дури и родителите ќе ви кажуваат што да правите, секако тоа не со лоша намера ама ќе живеете како они што ќе сакаат, после па свекрвата ќе ви се качува на глава, а вие ќе ќутите, па децата и така ќе биде секаде и секогаш. Затоа, барем тие што сте над 18 години, застанете цврсто на земја, преиспитајте прво што сакате вие лично, па после почнете да целите кон тоа. А не да се прилагодувате на сите по секоја цена и да се плашите да кажете некому "крај, доста е, од тука јас кажувам, а не ти."

    И

    СДК5 Љубов е кога дечко ви се нафаќа да ви купи улошки и воопшто не му е ни срам, а ни гајле. :rock: Дури ве убедува колку е тоа ок и нормално. Јас знаев дека имам многу либерте дечко ама дури и ова ме изненади. Не дека не е нормално ама некако е несвојствено за нашево ни балканско поднебје.

    Абе го сакам најмногу на цел свет и крај. :inlove:

    Толку сега за сега, поздрав и бидете паметни зашто тоа што денес изгледа сосема нормално и безопасно утре може да биде дури и смртоносно. Полека со чекорите што ги правите. ;)
     
    На Sexybaby86, Elennaa, leighton23 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    И така незабележливо деновите си врват....
     
    На prettyliar, Elennaa, lana.del-rey и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Не да си врват, леткаат, тоа зш земјата брзо се вртит, немет време за чекање :o: :geek:
     
    На Kaylie, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Сакам да споделам едно искуство со вас од кое сватив колку сум несоцијализирана :D
    Ние другарките се здруживме од пред 1 год. со едни машки што не се од наше школо и 2 од другарките имаат дечковци од таму. Едниот од нив славеше роденден (дома) и нормално бевме поканети. А тој е срцка, како постар брат ми е (иако сме на иста возраст) мн. е добар. И отидовме со другарките, облечени стандард, фармерки, хеланки, кошула, џемперче, а кога влеговме таму другите девојчиња - сите во фустани, нашминкани, згодни, и по природа се повисоки од мене 1 глава па врз тоа и штикли. Се почувствував малку грдо и дебело на почетокот кога се споредив со нив. Мноогу ми беше awkward, бев како „Не сум навикната на волку луѓе“. Не викаат да играме а јас сум во себе „Почекајте бе да се социјализирам малку“. Башка песните, сите турбо-фолк :D Аа некој ги знаев, од баба ми и кога се зафркаваме со другарките на такви песни :D Дури на крајот ми погодија (со The world never sleeps и Niggas in Paris). Потоа дојдоа и другарите (во собата каде се играше, а јас и другарките седевме како утки). Со другарите веќе сум опуштена сите ги научив, башка почнаа да играат ора и ми погодија оро и успеаа да ме станат и да заиграм оро и ме расположија :D Дури и на слика ме фатија |(
    После пресекоа тортата, изедов парчето и дим да ме њама 8) :lol:
     
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    И ноќва ќе ми ги движи вените по неговиот ритам.И ноќва ќе му барам мир а тој ќе ми дарува немири.И ноќва ќе ме оттргне од светот со боја на виножито и ќе ме одвлече во мракот,ќе ме зароби а јас ќе заспијам со неговиот шепот.Дожд.
    Како се заборава?
    Можеби светот ќе ми мириса на цвет од цреша,а ќе нема суштина.
    Празни места. Пролет
    Мене секогаш ме боли крајот.А убива празнината.
    Се заборава ли?
    Се заборава ли,вкусот,мирисот,среќата,допирот и неслучените среќни мигови,се заборава ли светот тогаш,оној кој мина?
    Исчезнуваат ли насмевките,избледуваат ли соништата?
    Веруваш ли во вечни мигови,и кога светот ќе престане да постои?
    И веруваш ли на ноќта,која за секој немир има име?
    На мојот календар е Октомври.
     
    На Kaylie, cheetah.girl, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 7 други им се допаѓа ова.
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Некои солзи ги голтам, некои ги плукам...
     
    На prettyliar, leighton23 и lana.del-rey им се допаѓа ова.