Добро бе само ја ли сум толкав баксуз бе Господе ?! Како е можно теренот да падне од 11 до 21 фебруар ?! Не можеа друг датум да најдат ?! Да не може човек ниту Трифун и Валентин да прослави , ниту 3 години брак што срека ке имав ...
Во животот секогаш се водам по: Секој е невин додека не се докаже спротивното! И еве сега си бројам добиените ножеви во грб од "невините" !!
Правило број 1 кога одиш во вц по кафичи/ресторани/трговски: дури и да си сигурен дека нема никој, а е затворено, тропаш на врата, чекаш 2-3 секунди да не врати некој, па отвараш. Во спротивно, немој да се лутиш ако таа врата ти ја влепам по нос. Си влегува невестата, уште во скут да ти седне. Правило број 2: Раце миење, аман! Гледаш некој/а топ среден/а, си излегува од кабина и си цепа надвор. Како јадете бе со тие раце? Фаќаш триста кваки, фаќаш валкани пари, бришеш газ... и си седнуваш да јадеш. Не сум болна чистота, ама врати од такви вц-а отварам со лакт или хартија. Несфатливо ми е ова немање основна хигиена. Мајке ви.
СДК има некое задоволство во броење ситни пари. Често правам извади од касичка, преброј, пак пуштај една по една. Поготово сега со железните 10 и 50. Небаре различен звук даваат.
Call me weird ама за мене пролет почнува со отварање на сезона ладно нескафе. Турското го пијам само преку есен и зима, ладното нес преку пролет и лето. Двете никако не смеат да ми се замешаат, не прифаќам, не можам да прифатам. Си ја отворив сезоната на ладен нес, не сакам да прифатам дека се уште треба со зимска јакна да се шетам.
Интересна работа се канцелариите... Токму во овие простории се решаваат битни прашања зад затворени врати. Одлуката ја донесуваат неколку личности и таа зависи единствено од субјективното чувство и добрата воља на личноста која има авторитет. Tаа одлука сигурно ќе смени нечиј живот. Е сега, дали на подобро или во спротивната насока... Арно велат старите, здравје, па останатото ќе се угоде.
Денес, на ова мрчаторско, облачно време, решив да одам да купам поклон за другарка ми за роденден, да земам уште нешто за дечко ми за Недела и да се наградам себеси малку, со нешто мало што ќе ме усреќи. Никогаш не очекував дека ќе го купам ова. Никогаш. За само 100 денари. Само ојдов на рафт, не очекував да го купам ова. Само го видов и одма на каса да го платам, Божем ќе ми земи некој. 500 парчиња ... сон
Јас од што толку сакам да направам, ќе се возбудам и на крај ништо не правам. Единствен сум на светов. (емотикон со пиштолче пукајќи со во глава со надеж дека ќе го промаши ) П.С. Нема повеќе точки, штотуку заминаа во историјата Збогум легенди !
Има тука феминки што во основно на патронат учествувале со некакви кореографии? Ги барам да се јават Си се смеам сама со себе кога ќе ми текне како сме се спремале за приредбите Деновиве се потсетив на тоа покрај најмалава братучетка што моментално се спрема за ваков настап. И гледам дека многу работи се смениле во меѓувреме - децава сега песните можат одма да ги најдат на интернет, па прават комбинација од повеќе песни, па гледаат најразлични кореографии на јутуб, разгледуваат идеи за аутфит и фризури... Такви работи немаше во мое време. Ние бевме среќни ако ја преснимиме песната на касета без некоја радио реклама во позадина Врв на средување на косите ни беше пеглање, ама тоа ако некоја од нас има пегла дома, па да ја донесе. За облека паѓаше најмногу карање, зашто Мартина немала розева блуза, сакала плави да носиме, ама па Сања немала плава, она сакала виолетова... Смешки. Една година се сеќавам дека си шиевме пантолони. Купивме материјал од женски пазар и ајде на кројач. Мислам дека уште ги чувам, збутани во некој плакар дома. Кореографиите па, приказна сама за себе. Не така, вака да биде, овде ќе се вртиме, овде ќе рипаме, па вака со рацете, па онака со нозете, Бритни на последниот спот вака правеше... Циркуз. Секој ден после часови вежбај, ама најомилен дел ми беше кога нè ослободуваа од часови за да имаме проби во свечената сала. А на настапот секогаш имав трема знаејќи дека моите се дојдени да ме гледаат. Од симпатијата не ми беше толку срам колку од нив Од повеќето настапи имам само слики дома, ама од еден имам и снимка, морам да ја најдам и да си го видам мојот хип хоп денс
Јас пијам ладно нескафе цела година, без разлика дали е -10 или +40. Најбитно е друштвото и доброто расположение. Наздравје
Не знам дали некој гледа Се’ или нешто, ама мене моментално ми оди во позадина додека пишувам. Не еднаш сум го фатила... Како да го наречам? Шоу? Емисија? Не спаѓа во ниту една категорија. И врв ми се гостите, т.е. противниците на банкарот, или како што ги викаат - натпреварувачи, само не знам во што се натпреваруваат... Ниту трчаат, ниту погодуваат нешто, ниту одговараат на прашања, ниту готват... Прво, најурнебесно ми е претставувањето. Кој е, што е, со кого е, а за крај најинтересното - амајлиите. Боже Господе. Амајлија, носи слика од внуката, а внуката во публика. Нашла карта - седмица треф пред Сител. Амајлија му е пенкало, маче, куче, заб, икона, уште изваден, опериран орган да извадат пред камерана. Па со наводно интересните и смешните, несекојдневни и необични случки и приказни додека трае „нештово“. Па, дали да го отворам овој куфер или оној? Па ајде интуицијата што вели... Па пу бреее, интуицијава велеше дека е сина сума, а таму да ти бил милионот! Јаз’к да е! Амајлива за ништо не ја бива некако... Па ајде да се утешиме со уште некоја прикаска, во која ќе го инволвираме банкарот... Па ајде малку и ќе го искараме зашто вака не’ шупчи во здрав мозок. Таква бламажа, за на крај да си одат, во најлош случај, со 1 денар... Па мене ми е срам за нив, додека ги слушам. А ретко кој си оди со поголема сума на пари, зашто голема е човековата алчност. Никогаш доста... И на крај - шлап по чело, да не кажувам со што... Ми недостасува времето кога даваа вистински квизови на телевизија и кога од нив можеше нешто и да се научи. Сега се’ се сведува на изигрување болен мајмун. Бљак!
Периодов ептен се осеќам ко пензионер. Дека се уште болна, па ништо не праам по цел ден, абе едвај чекам да си легнам. Не ми поминува денот еј, жими се. Легни у 9, стани у 9. Сама не памтам коа сум се разбудила у 9, без аларм, наспана и тоа. Kатастрофа, одам да си легнам.
Глеав некоја дискусија на форумов за филмовите на Тарантино и покрај Pulp Fiction со неверојатната Ума Турман, друг филм ми е Inglorious Basterds. Подобар ми е вториот од едноставна причина што го глеав 2010, 2-3 дена после поразот во ЛШ на Манчестер Јунајтед од Баерн. Тoгaш имaв 20 гoдини и мнoгу се пoтресувaв зa фудбaл. Можете да замислите како реагирав коa ги потпалија нацистите. Филмиште. Неам друго што да кажам, цркнав на кеј
Другарка ми + бившиот = Мислам срцев удар ќе добијам... А да ме предупредеше некој пред да видам сама?? Од толку луѓе во светов што постојат, баш вие двајца сте се нашле да се заљубите...стварно???????? Дефинитивно требаше да ме предупреди некој, па дури и "другарка ми" сама да ми спомнеше, подобро ќе беше отколку вака. Одам бедоксин да барам за шокот. Не можам ни да опишам каков шок е ова. п.с. УШТЕ ЕДНАШ ДА ПРАШАМ: СТВАРНООООО???????
Најјако ми е кога размислуваат по пола саат која кутија да ја отворат. Како да има некакво логично објаснување која сума би била во која кутија.
@AnaKarenina јас се пријавувам Спремавме кореографии на велико, имав и јас едни црвени ѕвонарки мајка ми ми ги шиеше специјално за настапот...oh dear Еднаш купив и спреј за коса, направив прамени, па им се појавив дома како луда во главата...дел плетенки, дел истапирана, виолетова Гледав слики пред некое време, живи комедии, цела среќа видео што нема Членував и во драмска секција, одев во хор, пишував и читав поезија, па на еден патронат знаев да се пресоблечам по сто пати и ко мува без глава да трчам од едно на друго место Бесно детиште бев, тестирав граници, ама многу убаво детство имав. Скромно, ама среќно...и доста продуктивно, секогаш со некаква занимација. ...Ех...времиња : )))))
човече потежок и заебан факултет од овој НЕ ПОСТОИ денес учевме палеографија-полагање само на испит за старо словенско писмо леле мајко што грешка направив ке одам јас по паметот на тетка ми;утре естетика тешко на нас!