Немало нешто поубаво од детски гласови по дома.Прво ми беше тешко но сега се привикнав и ми е интересно.Сегде се фалам дека станав дада.
Цел ден во трчканици ми помина, немав време да седнам да одморам, конечно да земам пола час, да седнам и да се релаксирам. Мислам заслужив.. Колку ми е убаво вака. Иако сум преморена, исполнет ми е денот. Немам време да размислувам за пробемите и затоа сум среќна. Сакам деца. Тие мили невини насмевки, па кога ќе те нарече „дада“. Мислам се топам, толку не ми е убаво кога некој ќе ми каже „те сакам“. Не ме нервира плачењето, баш напротив, слатко е. Кога ќе помислам дека некогаш од тоа бебе, од тоа мало дете ќе порасне во успешен човек, што ќе има семејство, работа, жена па и деца.. ми доаѓа некое чувство, не можам ни да го опишам. Убав, убав ден. Исполнет со смеа и само убави моменти. Одам сега да се спремам. На роденден сум.
Зошто кога нешто многу сакаме - не се случува, а истото тоа кога најмалку очекуваме и најмалку ни е потребно - се случува И зошто? Само за да се измешаат мислите и чувствата и да те потсети на нешто што веќе било заборавено...
Смешни ми се мажишта што прибегнуваат кон квази алфа жени, зошто со посилна не можат да се носат. Не дека е невозможно, туку потешко, а и некако самодовербата или им е мала или ќе им паѓа цело време, па ќе треба да си ја носат на ушка. Абе мрш таму. И после во 4 сабајле ќе плаче по телефони. Мизерии. Ти оди просто за уши и кај мајка му да разрешат некои проблеми меѓу себе. Како што ме вадат од кожа и жени кои се коска и кожа, тврдат дека гнетат многу, па сега се на некоја си диета... Ох леле...ох... кармо, дај фати удри и носи све во бестрага, па да станат 100 килашки, па да си викаат што ми требаше?!? На тема на муабетот, понеделнички протеинска, до тогаш ќе си ги шетам овие вишаков по себе.
По која логика кога некој ќе ти каже „Здраво, како си“ ти треба да му одговориш „Бегај“? Аман бе, што лошо реков? Какви кретени постојат... Па после, не ја прифаќале во училиштето. Те прифаќаат, туку ти не ги прифаќаш и ги бркаш како шугави улични кучиња.
Нема позитивно литературно дело кое така ќе те допре како што би те допрала меланхолија на хартија.. Зошто тагата е неисцрпен извор на инспирација и совршена аура за последователен аплауз?
Родителите од своја уста вадат за на нас да дадат но и по крај тоа некој тврди дека родителите биле лоши , несакале да ги имаат Шта речи ??? Дечињаааа берете памет, еден ден и вие ке станете родители та дури тогаш ке сватите како ве гледале вашите и што све морале да жртвуваат за вие имате све.... Почитувајте ги своите родители и сакајте ги бидејки некој би дал се само уште еден пат да ги види !
Добро, знам, на секои пет минути пишувам овде. Но ова морам да го кажам, или ќе повратам: Не постои нешто поодвратно од медицина. Нема шанси да студирам медицина, па колку сакаат нека одат сите одлични ученици таму. Грдо.
Добро бе Нана,извини вака девојко ама на секоја страна од темава те има по пет пати. Дај пополека малку,стварно врти-сучи на твој пост наидувам. Погледни си малку во мислењата СДК-XFactor-СДК-СДК-СДК-XFactor... Толку ли се има за кажување...
Сакам да кажам дека за ова нема секој да се грижи, но јас си одам... немам инспирација што да пишувам тука, за некои тука невидлива сум, а порано сум се дружела со тие некои... не, не сум навредена од фемина, само сметам дека не ми е местото тука. Има феминки со кои ќе контактирам и понатака, ама на фемина не... Сепак, посакувам да продолжат да ги постираат тие преубави текстови, полни со креативност во нив.
Вечерва излегов на прошетка со другарками дојдена од Ск,демек воздух да земам а јас отепана цел ден излезена ама ајде ќеиф да и направам и да не ја одбивам но оваа прошетка кратка повеќе ме умори психички отколку што ме опушти... Каде да одам во овај град да се опуштам кога насекаде во секое ќоше има спомени од нас,по која улица да одам и да се скријам од тие спомени?сватив да дека сеуште не сум спремна за вакви прошетки, ме гуши овај град неможам да дишам понекогаш неможам ... По половина час јас едноставно морав да избегам дома и да се скријам во моето креветче само таму се чуствувам малку спокојна и мирна и се кријам само таму во мојата соба ... На пат кон дома не успеав да се вратам пешачејки очите ми се наполнија со солзи се исплашив дека ќе те видам од некаде со друга,се исплашив многу истрчав влегов во такси ги затворив очите,солзите ми се тркалаја по образите,не ги отворив се додека не стигнав дома несакав да гледам ништо само сакав дома да стигнам ... Долга беше оваја моја прошетка и болна
Секако дека треба да пишуваме,како инаку,ама не само околу една тема да се врткаме и да спамаме во истата.Има дискусии и во многу други теми.Како и да е,да не редиме офтопици...
ај те молам погледни дека сум активна во 20 теми можеби моментлно ок ? И можеби мене ова ми е единственото друштво тука, јас можеби дома немам со кого да си направам моабет , и да кажам што ме мачи или што ми е тешко на душата па затоа 24ч го користам форумот... Не избрзувајте понекогаш прво прашајте зошто е така... Навистина знаете некогаш да повредите веке не коментирам повеке во оваа тема .... бидејки несакам да сметам и да бидам досадна...Ако некој мисли дека оваа е тетратка и дека ке се испише ок . ама јас не мислам така ова се неограничени страни и секој си има право да си каже што сака , а ако некој сака да собира лајкови правејки се паметен тоа е друго !
СДК мразам промени!!! Бљак! Ги мразам промените! Зошто луѓето и работите се менуваат? Зоооштоо?? Не може ли да биде се убаво како порано??????????
Фемина е во ПМС. Темава ми ја покажува во Насмевка,и викам шо е сеа СДК во Насмевка коа отварам Најдобрите твитови. Туку ова,си направив Твитер и многу ми е интересно.Хехее.
Медицината, како и секоја друга наука и струка не е ниту одвратна ниту не знам каква. За тие што имаат желба и трпение да го учат и работат ова е најголемото задоволство на светот, а со напредокот на медицината напреднале и еден куп други науки во светот, како и квалитетот на човековиот живот. Да не била медицината и нејзиниот напредок, децата родени со ризик за заболување или смртност ќе имале милион пати поголеми шанси да се разболат или да умрат. Тесно е врзана со многу аспекти од животот на човекот. Ако мислиш на тоа дека одвратно е да вадиш мозок од човекот или да му брцаш во дробовите тоа е друго, има луѓе кои немаат црева за таква работа. А, и има време, многу одлични ученици во средно заглавуваат, а тие од средно за на факултет дефинитивно треба да се најдобри. Се работи со живи суштества кога е во прашање медицината.