Знам дека кажав дека веке не коментирам во темава но зошто некому да му правам кеф ? Аако некој нема или не знае што да пише некој друг има... Јас досега од некоја феминка и 10 мислења по ред да сретнам со кеф ги читам и мерам ми е кога видам дека некој има нешто да напише да каже да се пофали... и СДК Се замолуваат Малолетничките или оние во пубертет , незнам како да наречам Да си ги контролираат хормоните, да не им биде јзикот побрз од мозокот... Прво размислите а потоа пишете... Вие не размислувате само пишете нешто како да си добиете лајкови на постот, тоа ви е целта , како и на фб што правите со сликите исто и тука , но не е исто таму може да се рекламирате колку сакате додека тука сме да разговараме, да си помагаме и да учиме нови работи а не да се НАТПРЕВАРУВАМЕ... ФАЛА ЧАО сакам да кажам едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ЗА прекрасните феминки и уште по прекрасните пораки кои што ги добив , дека моите постови им се допаѓаат и дека би сакале да сум тука и да се дружиме... БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДЕН ПАТ ДРАГИ МОИ а вие знаете кои сте сами ке се пронајдете....
А што треба да се прави друго кога ќе се логираме на форумов? На сите ни се случило барем пет пати во еден ден да напишеме повеќе мислења само во една или две теми. Ете така ми дошло и сум сакала, тие теми тој ден ми биле интересни и само таму во тој ден сум напишала десет постови. И што е тука погрешно? Ништо. Мој избор, и не морам никого да прашувам каде јас да пишувам. Не треба да те интересира кој, каде и што пишува се додека тоа не е навреда или пак оф топик, за кои пак ти не си воопшто надлежна. Дури и да е оф топик, рекламирање или навреда си има надлежни за тоа, а твое е, а и на сите останати, доколку сметаш дека не е соодветно мислење само да го пријавиш. А што е најиронично Nana19 воопшто не е тоа што ти го опишуваш. Такви можам да набројам сега во моментов најмалку 20 членови што темава не може глава да крене од нив. И видиш чудно, никој не ги ни заприметил, ниту пак се засекирал за нив. Интересни сте ми кога се правите паметни на туѓ грб. Демек ејјј, јас знам многу, јас ќе ти кажам. Ај да не ти отворам сега мислења па да видиме ти каде си пишувала. А ќе ти најдам нешто, тоа биди сигурна.
Верував. Повторно. Разочарана, по којзнае кој пат. Луѓето на кои највеќе им верував ми стануваат се подалечни. Да се борам, да бидам пак проста и наивна? Или да не простувам овој пат за навредите и болката која ми ја нанесоа? Ако поминам преку се, огромни се шансите се ова да продолжи и пак да си поиграат со мене. Ако не простам, тогаш ќе изгубам личност, (не)пријател... Или барем мислев дека ми е пријател. Вреди ли? А толку верував дека се ќе се среди. Ме изигра. Или пак не?! Му значи ли моето пријателство? Или пак алкохолот зборуваше во негово име повеќе од што требаше? Многу прашања, но без одговор...
Токму така, а и не е одвратна струка, еве јас сум одлична, но поради тоа не ја сакам, имам други причини. Едноставно од мала имам желба да учам нешто поврзано со медицината. Сакам фармација да учам и на некој начин е поврзано тоа, а и се мислам можеби медицинска сестра ќе одам средно, има време. Немој така да викаш секоја професија има своја тежина и убавина. Ете мене можеби економијата не ми се допаѓа, но не коментирам, бидејќи сите сме љубители кон нешто и како што кажав се има своја убавина.
Што е бе луѓе , вие знаете само да зборувате за другите,а за вашите деца не си ги гледате? Како тоа ,, те виделе во град со машко и одма ќе си се верел ,, ??!!
.. дека сум запрепастена од културата на касиерките во маркет. Пред редица луѓе на каса, таа на цел глас да рече 'У пи*ку матер', според мене не е нормално Друго, навистина кармата е кучка. Ако јас некогаш пуштав сигнали од мобилен со unknow number, сега мене некој ми пушта, и тој секој ден. Ама јас тогаш вртев само на симпатии Сега прашањето е, дали јас сум нечија симпатија Дали тоа некој се обидува да ми каже дека мисли на мене Мистерија е. А сакам мистерии. Имам чувство дека е некој. И знам кој... Ви посакувам пријатен сончев ден Драги феминки! Бидете добри. И на секој кому му е потребна рака за помош, пружете ја. МОжеби луѓето не знаат да покажат, ама се свесни за доброто што го правите за нив. И за крај, ослободете се од стегите на минатото. Минатото е само минато, нешто далечно, таму некаде закопано длабоко во душата. Концентрирајте се на сегашноста. Уживајте во тие навидум мали моменти. И не размислувајте дали грешите или не. Се додека сте среќни во тоа што го правите, оправдано е!
Ако поминеш преку се, тоа ќе продолжи, но она што добиваш од истото е мир, но не значи дека може да си поигра со тебе, едноставно ќе знаеш со каков човек си имаш работа, што ќе ти овозможи на добар начин да му дадеш до знаење дека не може да си поигрува со тебе.Ако пак му вратиш, ќе немаш мир, туку само повеќе ќе се влошува ситуацијата, не за друго ќе се нервираш.Алкохолот не е оправдување.Ако му значи твоето пријателство, ќе најде начин како да го зачува.
Дека недела ми беше еден од најубавите денови порано но сега ми е еден од најтажните... (можеби некој ме сваќа)...
Кога ме боли забот се претварам во Круела Де Вил, брајдзила или уште некое нервозно фрустрано женче кое не се трпи. Ќе убијам некако од што сум нервозна, не се поднесува ова веќе... Ако се накљукам со аналгини после ми се спие а не сакам ни да сум таква поспана... За ништо не сум деновиве а имам толку многу да завршам, налет нека иде веќе...
https://www.youtube.com/watch?v=1e8IbrM ... ture=share Ние,мислам белиберите да го направиме ова во Македонија има ливчињата да ги скинат,да не пцујат и да ни викаат дека треба да се убиеме
Го знаете она чувство кога.. кога сончевите зраци ви го осветлат лицето, и се будите со насмевка? Се истегнувате мрзеливо во креветот, и срамежливо се прозевате.. Се чувствувате среќно. Без некоја посебна причина, има елан во вас. Е тогаш, мора да се појави некоја будала, и да ви го расипе расположението!
Кој вика дека мажите не чистеле ?! Еве го татко ми куќата со правосмускалка ја чисти, а брат ми собира фломастери и боички, а јас и мама уживаме, добро де мама е на работа, не знам колку ужива. Секако дека не сакаат да чистат, но кога мораат, мораат. Јас требаше да чистам, ама секако си најдов изговор. Му реков на тато дека треба да учам за утре и немам време за чистење, а и навистина имам за учење, а мора да биде чиста куќата, бидејќи утре ќе дојде другарка ми, за да учиме математика, во вторник поправаме оценка. Тато ми вика штом е таква ситуацијата јас и брат ти ќе средиме се, ти само учи нема проблем. Како „учам“, мислам немам зборови. А да дур не сум заборавила да ви пишам уште ова. Тоа што бабите и дедовците стално ни го кажувале како мали, јади повеќе за да станеш голем/а, јас ја преименував во јади повеќе за да станеш дебел/а Пред некој ден бевме кај баба на ручек и таа така му вика на брат ми и јас ова и го кажав. Па добро тоа и е вистината. Одам јас да учам, имам премногу за учење, ајде ништо не е ова. Имајте убав ден.
СДК жално е тоа што на форумот почна се почесто да ги има оние кои ПРАВЕЈКИ СЕ ПАМЕТНИ и сакајки другите да ги подбутнат надолу само за да тие изгледаат паметно. ВЕ жаламммм ! Жалам што немате свои мислеља па само ги реадактирате другите велејки како се досадно , како само тие пишувале и незнам што не.... Се знае зошто го правитет тоа за тие пусти ЛАЈКОВИ..... Но само едно да ви кажам ЛАЈКОВИТЕ НЕ СЕ НАЈ ВАЖНИ ВО ЖИВОТОТ... Има милиони други побажни работи лајкови се само нула... Што поскоро го сватите тоа тоа подобро за вас....
Зошто толку лесно се враќаат старите чувства? Зарем не треба кога ќе кажеш „го преболив“ да го мислиш тоа? Или да мислиш дека си го преболела, а одеднаш тој ќе се појави. И срцето ти чука 300 во секунда, а знаеш дека тоа е лошо, знаеш дека не треба така. Доволен беше еден поглед во гужвата, добро, не беше еден, беа многу поеќе, доволно за да се повтори тоа старо чувство.. А конечно кажав дека сум среќна. Веќе ако сум среќна, на никој не кажувам. Пу пу пу.
Верувам дека сум редок пример штом не се жалам дека пораснав. Дека стареам, дека созревам. Годините се само бројка. Имам добра пријателка која вчера славеше роденден, 35. Едноставно, се договоривме дека слави 30. Јас на пример, кога ќе дојде време, планирам до 43 да славам 30. Единствено што ми се допаѓа со годините е мудроста. И авторитетот се разбира. Станува, барем за мене, како нервоза над која имаш контрола. Бес кој имаш право гласно да го исфрлиш. Или барем имаш избор, како во мојот случај да го собираш на куп и да се надеваш дека наскоро ќе одиш на викенд на врвот на висока планина, сам. Посакувам да имав легитимен изговор да го направам тоа. А и храброст. Во име на толеранцијата јас кукавички се повлекувам од својата личност. Клише е за мене да тропнам нешто рандом искрено како на пример, замолчи, или , фустанот ти е гној, едната веѓа ти е подебела од другата, детето ти е невоспитано, не ти е пријател, се дупите. Исто и одговорноста ја сакам. Те тера да се разочараш од себеси во позитива. Да се разочараш па од себе да направиш личност која се однесува како што и доликува. Незнам зошто луѓето толку бегаат од позитивната страна на одговорноста. Како да ја игнорираат. И тогаш детето во нив почнува да се глупира и да лаже, да смислува изговори и се спремни на секакви работи само да ја замаскираат ситуацијата. На пример, маж ми направи нешто што знаеше дека не смее, и утрово избега од дома. Мене ми е смешно, само се чудам кога планира да се соочи со мене . Што се однесува на глумците од детски театар, незнам зошто мислат дека нормалните луѓе се само родители на училишна приредба кои се преправаат дека не чуле дека децата го заборавиле текстот. Познавам исто, 30 годишна жена, која без нималку срам ми се појави на врата со поклон во раката и распетлано деколте. Да бев будала, ќе мислев дека така се облекла затоа што го дои син и кој има 4 години. Дојде да флертува со останатите гости, во придружба на нејзиниот идиот од маж. Каква храброст е некој така да се однесува откако јасно му давате до знаење каков е вашиот став за вашето фиктивно пријателство кое налага глумење бебиситерка и глумење привремено оштетување на сетилата колку да се избегне непријатноста која ја предизвикува нејзиниот флерт насочен кон мојот маж ? Предизвикана храброст јас ќе ви кажам пријатели. Тоа е предизвикана храброст, охрабрена. Затоа не се двоумете да им ја кажувате вистината на луѓето, не премолчувајте. Најефективно е тоа да го направите за време на отварање на чинот на претставата. Засрамете ги вие штом тие не се засрамиле доволно од себеси. Затоа што не се знае дали повторно ќе имате прилика, и дали истата вашата љубезност ќе ја одобри. Затоа, направете го тоа, навремено.
Време е за пролетно чистење на мојата соба...Некои работи треба да се исфрлат а нови да се додадат така е тоа во животот....сакам да ја средам убаво оваа пролет можеби ова ке биде последен пролет во мојата соба се надевам дека нареден пролет ке биде тоа на друго место