Оние кои најчесто на своите лица имаат насмевка, кријат најголема тага во себе. Насмевката е таа што им дава сила!
Колку е глупаво кога некој се ќе направи за да го засакаш со целото срце а после ќе те остави,ќе замини како никогаш и да не постоел... А велат вистинската љубов не умира...за жал има многу девојки што се разочарале од ова по одреден временски период,свајќајки дека се било само миг,само момент и кога ќе трешнеш поминува... И поради ова ретко кој верува во љубовта,па и до некаде има право!
Една работа што ме нервира кај некои луѓе е тоа што мислат дека седнување на кафе и тоа два-три пати на ден е нешто најбитно на свет. А која е тука потребата, толку ти се пие кафе и не можеш да се видиш со луѓето што ги сакаш (па некои и не) на друго место, или треба да бидеш виден од некого? И тука настануваат лутки, иако можеби нема да ти признаат како тоа ти не можеш секој ден да си со нив, ама тоа подразбира исклучиво на кафе, твоите зошто раѓале деца ако немаат пари да им даваат пари за кафиња секој ден?! Логично, нели Твоите имаат да ти дадат, супер, топ, не ми пречи, мене едноставно не ми е тоа приоритет во животот да одам на кафе, цело време - истите личности, истите муабети.. Порадо би отишла кај другарка, би си направиле турско, запалиле цигара, ќе пуштиме некое музиче. Или па би отишла од време на време на некој добар транс да се раздрмам, на некоја изложба, кино.. Ама немам со кој. Речиси сите со кој се знам, или имаат други интереси, или се исто по оваа кафе шема. И да, се' ова што го напишав, помалку или повеќе се однесуваше на мој добар другар. Иако се дружиме само две години, имаме доста поминато заедно и речиси секогаш бил тука за мене, но не знам.. Со текот на времето, сите работи кои ми пречеа кај него, а ги преќутував сега почнаа да испливуваат на површина, и не знам до кога ќе издржам а да не избувнам. И после три месеци, се појави нов тип во мојот живот и среќна сум, нормално два-три пати сум му го спомнала, сакам да споделам и ко да наидувам на некој ѕид на незаинтересираност, и не знам зошто е тоа така.. ...
Дуке. Другарки. Вино. Каење. Како пес пред порти. Многу сум лоша кога сум лута. Животни неправди, па и машки вечен пубертет, ко божем малку ми беше. Ма чао човече, без извини и одење бос и пеш до мене не те земам предвид. И уште не ми е поминато. В сред ноќ пред порти, да не му земал некој место. Упичкуматерину, многу чувствителен период, па и пмс, он го окрка, ама ќе се правиме дека јас фул сум во право. Утре веќе денес, опет нова борба. Си ги сакам родителите и сите луѓе на светов, дури и тие што ме нејќат.
Сдк како што кажал нели Марфи - кога ќе тргне лошо тргнува по најлошиот можен редослед... има денови кога мислиш светот е против тебе, ама се е милива категорија...
СДК дека ми се шета некаде на планина кога е вака убаво времево. Ама како и секогаш кога си слободен времето е лошо, а почнеш на работа одма сонце.
Сакам сонце премногу,сакам кога ги гледам луѓето позитивни и насмеани,едноставно сонце ги прави луѓето весели и насмеани.Сакам позитивни луѓе,доста ми е од негативни,намрштени,нервозни. Абе јас сум ти батка,да ме фатиш и да бегаш
Не може Златна Бубамара да биде супер кога го пуштаат Сашко Коцев на сцена во последните 15 минути. Благо речено, разочарана.
Здраво. СДК Ајде денеска се надеваш - нема ништо , ајде ќе почекаме до утре што ќе биде да видиме.Ако нема никаква информација пак "се фрлам" на барање факултети по нетов и нешто сепак на крајот ќе излезе. Кога имаш сон и секој ден мислиш на истиот, со цел да го "одржуваш" во глава за да не згасне желбата.. едноставно се подалеку си од giving up. И знаеш дека еден ден ќе успееш, дека ќе го исполниш.Кој што сака нека си зборува, битно е што тебе ти се врти во главата.И што ти чувствуваш, колку е голема вербата и надежта. Keep going - понеделничка мотивација I can do it.
СДК дека некои луѓе се толку големи мрчатори и толку негативна енергија внесуваат што не им е јасно дека се додека така се однесуваат никогаш нема да им ,,осамне,,. Сам си праќаш сигнали на судбината. Сам си ја кроиш кармата. Сам си ја викаш несреќата. Да си позитивен се учи. Само мораш да си ги насочиш мислите каде што треба.
Постојат луѓе кои самите се ја креираат својата енергија и постојат и такви кои немаат способност да креираат своја и спијат и пијат врз туѓа. Се хранат и растат огромни. Ако сте ја гледале Хироус, ќе се сетите на ликот кој имаше карактеристика да ги краде и стекнува туѓите моќи. Немаат ниту своја инспирација, ниту своја мотивација. Имав другарка која ги фаќаше сите дечковци со крадење на идентитет од другарките околу неа. На мојата личност фати двајца. И во една ситуација, седиме они двајца и јас и тогашниот ми дечко. И го слушаме дечково како со импресионираност зборува каква е другарка ми, а дечко ми со ококоречни очиња не му е јасно што зборува овој и дали се заебава. Моето чувство беше како да ме ограбиле. Она... како попарена се смее под мустак. Раскинаа, нормално. На крај ја откри вистинската личност и и рече дека е манипулативна и лажна. И ние престанавме да се дружиме. Сега сама мизерува. Некогаш не ни треба потврда, но исто така некогаш па и ни треба, веќе кога ни крадат наше, да ни речат - леле супер си во тоа, многу ми се допаѓа што го имаш она... чисто како гест на благодарност што учат нешто ново. Крадливци и грабливци. Е на таквите скинете им ги врските. Не им ја давајте својата енергија, чувајте си ја себично. Не ви требаат ниту пријатели кои не ви помагаат да растете, кои не ве критикуваат, туку ве тапшаат додека тонете во сопствената несреќа, а ви викаат дека сте супер. Неумесни да ви дадат животен фидбек за да ве кренат и нахранат, да ве воздигнат, а вие... вие го правите секој ден за нив тоа. Некои се па доволно луди и самозаљубени и да не ги прифатат позитивните критики јер они се совршени и идеални, таквите нека одат во три лепе па. Не бидете со луѓе кои не прават подобра верзија од вас, а вие упорно правите од нив и ги воздигнувате. Им го обогатувате и оплеменувате животот, ги лепите со украси, ги лечите...ама рѓата ќе искочи еден ден, сепак е една евтина бижутерија во прашање. Ако сте бисер, не се фрлајте самите пред свињи.
Ако ве праша некој... среќна сум! Нецелосно... несовршено... ама искрено. Нежно, кршливо.. и меко како старо перниче полнето со пердуви... Лесно како влакно од неговите трепавици.. Се разгалувам со виножитата на ова улаво време стуткани во две очи. Како некој да ги собрал најубавите чувства и ги тутнал во само две раце.. со поглед и мирис на море. Радијација од емоции кои талкаат длабоко во душа и на било која лузна и да се залепат ќе позлати. Како златна потковица и чичко оџачар да се споиле и црткаат прикаска заедно. Со тенок свилен коноп како машна околу кутија. Крваво црвена. И жолти ружи! Во негова пижама со разбушавена коса и полу испиени чаши вино.. На балкон, изгрејсонце, море и тој. И така секој нов ден. Ако ве праша некој... среќна сум!
Понекогаш се прашувам како ќе биде ако направам уште еден профил, се пуштам самиот на себе и не дозволам да се ќарам.
Имаш право, алтер егото на Боун е хардкор верник, ќе се контраат секој ден со цитати од Библија во соодветните теми. Потоа Боун ќе пише у љубовни проблеми дека дечкото му е голем верник, дали да му подметне дрога за да го разлабави малце, ама тоа е више сосем друг муабет.
СДК Мојот карактер секогаш веруваше во изгубените животни вредности, почитта и културата, и тоа е тоа што важи, да се верува во пријателството и вистинската дружба, лесно е да не се замараме, но тешко е да се обидеме да заживееме и да се спријателиме со вистиснки луѓе, да бидеме искрени во муабетите и да научиме да разрешаваме наместо да лицемериме и да го завртиме грбот кога некому најмногу му треба. Никогаш и не престанав да верувам.. Пријатно сум изненадена од гротото луѓе кои што најпочитувано ме изненадија со врачената честитка.
Мислам дека ќе си раскинеш со себеси уште нефатен (неќарен) себеси. Или ако не успееш да се ќариш себеси еве ти давам дозвола пушти ми се мене ама јавно не преку лп. Педери стоп. Свашта И така јас после толку време баш во сдк. Се моли една дотична особа це да се јави на рапорт, знам дека е тука, знам дека е зад завесата и дека будно следи а ниту еднаш не ми пиша а баш очекував барем некој збор од нејзе. И јас се заинатив и не пишувам бе, во обратна ситуација јас ќе пишев прва. Знам дека е тука некаде виртуелно (ме лајкнала одамна), знам дека престана да се замара со форумов од икс причини.