Еве растам и си ја пејам како ли јас да пораснам, се до небо, се до ѕвезди високо, неа да ја надраснам и да речам малечка-ти си мала кукличкааааа....
И по некое време седнуваш на забарско столче и глас не ти се слуша и забарката откачена ти вели "љубовни звона тропкаат." Ми светкале очињата. А јас во себе велам ај побрзо да завршиме.
Од оние другарки, што еден период ти се лепат до уво, ти дишат у врат, секој ден ти се јавуваат па ги нема доооолго. Доволно долго да се запрашаш, што и се дешава човече?? А она, Еј еве нишо бе ти шо праиш од коа се неаме видено.... Ти враќа после 3 дена. И се заарнило нешто у животецот, ај пак те бара , ти иде дома, да ти се смачи од неа. Кој ѓавол сте бе ? Стварно што животињи бевте ? Лицата ви се згужвани како од реклама, а брчки немате, никакви записи на нешто што сте поминале.... Така си утите само. А де кое животно посакувате да бидете од фармата на Орвел? Ја би само за едно поле со лаванди, оти и на животните треба понекогаш да им се зборува, а мене ми е преку глава од зборување. Шоубави денови си имам, лесни... Удобно ми е во моите подруми. Не пуштам никој! Вчера си ги натопив усните со едно Скопско од цреша, знам, знам сите ви се гади од него. Шо било тоа за вас, епа отрујте се со опашина( тоа не е ни ракија, за бришење прозорци е). Ако, акооооо. Кога не ми е по ќеиф, тиква им печам на моите. Ај одам, иам сукња за теснење
Не кажувајте на никој дека сте среќни зошто ќе го уклучат зеленото светло и со брзинта на светлината ке тргнат за да ви ја унишатат...Какко си?-Супер сум..само толку мислам дека е доволно за овој завидлив свет...
Да се надоврзам, и кога конечно ќе се сретнете на кафе, се разделува од тебе со некој бош муабет како обавезно почесто ќе се глеате, слушате. И оп, пак три години и требаат да ти врати на порака.
Aбе глуми нешто као, или те сака или те мрази е муабетот. Додека ја нема, глеаш оп, нови магариња си фатила за лажење... Коа ќе се сретниме пак, Абе знаеш со оваа се дружевме, али не ми е ко тебе. Аха пукни. Пукнав и јас еве , јадам од тиквава , она чуре мене ми се потат стаклата од наочарите
СДК без мотивација неможе да се постигне ништо...мотивација и упорност...Некои велат мотивацијата била со краткотрајно дејство, епа и туширањето исто така- затоа се препорачува секојдневно туширање
Самодоворебата ми е на нула.. Некој доброволец да ме изнашамара Свесна сум дека многу работи зависат само од мене, дека мојот живот можам само јас да си го доведам у ред, свесна сум дека ако јас не се борам да успеам нема никој да се бори место мене. Проблемот е што немам ничија подршка, помош. Имам многу личности во животот што ми помагаат и подржжуваат само на збор онака само ме потчукнуваат по рамо " Еве јас те подржувам и се што можам ќе помогнам, само кажи што треба" и кога навистина ќе се обратам за нешто таа истата личноста и ти вика: "Абе знајш јас, ова.. аммм.. " и се ти е јасно и си викаш "ај заеби и така нема да биде" и се враќаш назад у кревет да си плачиш и се така у круг.. и Изморена сум веќе еве најсериозно И знам дека постов ми е хаос ама таква сум и јас и тоа е.. Барем да можев да се начукам
СДК ... Здравјето ви е најбитно! Ако не е комплетно, ништо друго нема да ви е во предност. И убавината ја губите ако не се чувствувате добро во сопствената кожа. Затоа е и битно енергетското поле кое вие го ширете да не се судира со негативно, исцрпувачко поле на други. Не трошете многу енергија на другите, чувајте ја за себе.
Абе ова @Ginger^ сегде си го пика носот? Од кога немам пишано, само ради тоа што не можиш да кажиш веќе свое мислење на форумов, да можат и ќе те истепаат...
Ќути, дојде да ме каже пред сите, дека се мешам во освојување на некоја Девица . Имам жолто на гаќите П.С Криво ми е дека неам освоено некој шо е девица у хороскоп Не одам по рецептот
Не памтам дали и порано имам пишувано за ова... Многу ми беше тешко во животов да престанам да се замислувам како мало, бушаво девојченце, дебелко, со долга и густа коса, облечено во едно спаваќиче за кое се скинував од рикање да го носам, клекнато во едно ќоше, како си ги затнува ушињата и мижи, а устето напрчено, спремно да плаче. Само да знаете колку страв носеше тоа дете во себе... Како цело време да ме следеше таа слика со мене, што и да правев, кај и да одев, на крајот од денот, девојчето си одеше и си клекнуваше во ќошето. Тоа ќе ми остане една слика од детството, една, да речеме, замисла за себе, што ќе си ја носам секогаш со мене. Не за џабе викаат дека првите пет години се најважни за развојот на личноста. Молам Бога да ми го чува паметот и да не дозволи да ми надвладеат над она што сум денес. Ми требаа години и години за да успеам да го исправам девојчето, да го натерам да стане, да се смее, да се радува. Да комуницира со луѓе, да верува, да љуби. И успеав во тоа, не викам не, убаво ми е, задоволна сум и среќна сум со самата себе. Не би била јас-јас, да не е тоа девојчето зад мене. Ама, секогаш кога ми е тешко, кога сум тажна, се чувствувам како тоа девојче, како да никогаш не пораснав и не станав тоа што сум денес. Смешно е како ме доживуваат другите, како човечка карпа, бар тогаш кога ми е тешко, а јас да можам, ќе клекнам во некое ќоше и ќе си ги затнам ушињата. На прсти се бројат луѓето што го имаат видено тоа девојче, не дозволувам, не сакам, нема потреба. Тоа е најинтимниот и најтемниот дел од мене, нешто што се обидувам да го контролирам, ама не секогаш успевам. Она што ме зачуди, е што конечно, нешто му го привлече вниманието на девојчето. Уште клечи во ќошето, уште ги држи рачињата на ушињата, ама сега ги отвори очињата и сомнително гледа. Гледа, како да не и' се верува што гледа пред себе. Не станува, ама вниманието е одвлечено, нешто ја раздрмало, размрдало, допрело. Нешто ја натерало да ја крене главата со бушава коса и да гледа. А тоа е добро. И се молам и ќе се молам, да гледа, полека, внимателно, не мора да брза... само нека гледа и нека види нешто што ќе ја натера да стане од ќошето и да истрча со сета сила кон тоа што стои пред неа.
Чудно е тоа на што се се спремни луѓето за да добијат нешто назад... Нешто што претходно било целосно нивно и така ноншалантно си го изгубиле.