Сакам да пешачам со саати и без цел, така се разоткривам себеси. Тогаш повторно по милионити пат во денот се потсетувам дека треба вака безгрижно да ги живеам деновите. Детски, палаво и чисто. Со сила, трпение и слобода Онака исконски. Другар ми, ми вика, :"Ти некако машки размислуваш во главата, не се шокираш, не малтретираш како останатите жени". А јас му викам : "Не давам на секој да срка од манџата на мојата дховна кујна" . Ако доволно добро ме запознаешe ќе сфатише дека истовремено сум месечина и симбол на темнината, ја имам моќта на Персефона, силата на чекањето на Пенелопа и слободниот дух на Лилит. Во овој голем "културен сендвич", невкусни ми се сите работи кои трпат или подлегаат на некаква репресија... Додека за убавото, вкусно ми е се додека имам отворени перцепции за тоа. Дури и падовите, ги сметам како делиции, каде што не ми се доминантни траумите... Туку, туку ми поставуваат едно скалило на вредности, на едно здраво ниво, на едни здрави нозе. Посладок залак од тоа нема, а и не мора да добивате признаница од позната или непозната адреса.... Светот е ваш и доволен. Нека бидам луда. Тоа не ме фрапира ниту е некаков шок. А и за Камбоџанците велеа дека се луди затоа штo се уништуваат себеси, а дали ние сме поарни од нив? И ние на CNN имавме свои 5 минути на лудост, да не заборавиме.
Влегуваш во канцеларија кај претпоставен да разговараш за тоа како не си баш најзадоволна од плата, распределба на обврските во фирма, сигурна во себе мислејќи како ќе распалиш како Ленче на прес, и после две минути внатре не знаеш дали се смееш, плачеш, се расправаш, час бараш повеќе, час се извинуваш што не си работела повеќе Што ми е оваа недела? Хаос, емотивен хаос, ова не е пмс, ова не се хормони на трудна жена (во случај да сум, а да не знам), ова е кога од толку многу собирање во себе, глумење јачина и покер фејс, се изли во неколку дена. Да си пропаднам во земја од срам како не го изведов подостоинствено. Гуска.
Треба ли секогаш ставот кон нештата да го поистоветуваме со возраста? Дали како човек расте и созрева се повеќе сака да ги потценува тие пониските од него, станува посамоуверен, и ужива да го навредува достоинството на еден помлад од него?:Сакам да се искажам, немам прилика. Зад грб ми кажуваат зборови што ме погодуваат, не можам да возвратам. Не, не се работи за мои врснички кои ме озборувале, туку за возрасни луѓе кои ги почитувам и за кои мислам дека можам да им верувам. Само заради таа мала почит морам да молчам, да дозволувам некој да си го надоградува егото. Сите ми велат - Млада си, ништо не знаеш, само ќути и слушај што ти зборуваат другите. А пак "другите" кажуваат работи кои од некои трети ги слушнале, за кои јас не смеам да се правдам. Да вистина е млада сум, се уште учам некои работи, но тоа не значи дека немам достоинство нели? Достоинтвото е границата на авторитетот кој го примаме од други луѓе. Си велам - како ли јас утре ќе се поставам, пред некој помлад и на пониско ниво? Сакам да го ислушам сечиј став, затоа што и од некои кои мислиме дека се неискусни, всушност знаат некои работи кои искусните не ги знаат. Подобро јас да клекнам да ја гледам личноста во очи, отколку таа да ја крева главата да ме погледне мене.
Како што многумина од искуство наназад кажале.. Се се пребродува и се се заборава низ животот. Кога човек пребродува некоја важна животна ситуација тогаш по дифолт и заборава на истата проживеана низ минатото. Така и јас.. си седам, гледам и размислувам. Каде бев а каде сум сега.. Може животот ни одминува мошне турбулентно а деновите ко саати отчукуваат од часовникот на ѕидот карши, но најважното е дека не си сам, не ти студи на душава и каде и да си легнуваш и јадеш до човекот што го љубиш длабоко од срцето. Немаш време за солзите кои одминале на прегашните секојдневни поминати ноќи, немаш мисли кои што си ги делел илјадници километри наназад, немаш копнеж по нечии очи кои што ти значат се, немаш темнини и студови среде расцутената пролет.. Љубов!!! Понекогаш ако не и секогаш е потребно човек да помине низ трње, студ и безброј виулици за да научи да ги цени и почитува работите што ги добива од фунционалноста на нашиот живот. Она што е наше е најслатко!
Тоа што му се обраќам со Влатко наместо со Дарко не кажува ништо, нели? Му велам на другар ми дека веќе се изморив од излегувања, а него не му е јасно какви приказни имам за раскажување после секој дејт. Мајка ми се смее и ми вели - Да беше помлада можеби постапките ќе ти беа симпатични ама со тек на време стануваш се попребирлив. А тоа што сама си го уништувам организмов и лицево е друг муабет. Јајца пред работа без лоратадин, па сега се чешам ко луда. И не можам да поднесам деца кои плачат, а секој ден сум опкружена со нив.
Не ми треба никој да ми кажува што како и да ми објаснува со саати за да ме убедува за нешто,доволно ми е сама да видам... Исто и со него ,доволно е само да го видам и знам,дали е уморен,дали е гладен,дали не спиел цела ноќ,дали е среќен,дали е тажен,замислен... понекогаш и погодувам на што размислува и што посакува без да ми каже. Толку добро го познавам што дури и кога легнува по дишењето го чуствувам кога заспива и потонува во сон Ме нервира кога ќе ми кажат : што ти требаше да се мажиш, кој те излажа да се омажиш, уште си мала за да гледаш маж, имаш време уживај ... Ако постои вистинска љубов чувството те понесува и се што посакуваш е да си до него,да градиш свое семејство,да се пробиваш низ толпата држејќи го за рака,да се насмевнувам сама кога ќе ти текне на него,да ти недостига да го слушнеш додека е на работа ... Иако сама на себе неможам да си верувам што веќе сум жена во брак а не девојка,пресреќна сум што до мене имам човек кој што знам дека цел живот цврсто ќе ме држи за рака и биде секогаш до мене и во добро и во лошо... Ми вети,си ветивме еден на друг
Во последно време страв ми е да постирам слики на социјалните мрежи од внучињата пошто знам дека следуваат неизбежни коментари од типот "ууу шубоо те личи, ајде сеа и кај вас, поскоро и на ваша глава...." Не, не ме личи и нема поскоро кај нас, досадни сте со коментарите и не личи, ама стварно.
Не сум личност која лесно верува, а уште помалку дозволувам да бидам исманипулирана или излажана. Обично на оние што се околу мене секој ден им ги знам навиките, им го знам начинот на комуникација и добро знам кога им е непријатно во текот на разговорот, кога лажат или пак кога целосно се отвараат. И баш напротив, ова не го сметам како долест. Поради баш оваа емпатија што ја имам кон сите, на крај јас сум онаа што трпи се и сешто, и не ми е лесно. Многу ми е драго кога некој ми се искажува, баш ми ласка тоа што некој ме мисли за личност на која може да се искажеш и да и веруваш, ама голем товар е. Во себеси чувствувам дека носам куп свои проблеми, и уште поголем куп проблеми на сите пријатели. Некои работи посакувам да не сум ги знаела. Многу ми е тешко кога некој ќе ми се исповеда за безизлезната ситуација во која што се наоѓа, а јас единствено што можам е да му понудам рамо за плачење, ништо повеќе. А таква личност најмногу мене ми треба... Некој да слуша, да разбере, а не да слуша и да го чека редот да почне тој да се жали. Пазете кои ги нарекувате пријатели. Поприбирлива сум за пријатели, отколку за партнер.
Ushte ne sum se smirila, a eve za pola saat kje se kachuvam vo avion za nazad. Mislam deka cela godina kje zboruvam samo za toa deka go vidov Kralot i deka ni maftashe.
uste eden den i konecno ke go vidam brat mi, posle celi 2 godini,ako da ziveeme na dva razlicni kontitenta a ne vo ve razlicni drzavi. srekna sum epten,mi nedostiga mnogu ama konecno ke se iznaguskame <3
Отворен ми е прозор и ми мириса на пролет... Овој мирис и овој топол воздух ми даваат некаков чуден мир, ме потсетуваат на некои изминати времиња, ме враќа назад, некаде од прилика во средношколските денови кога секоја пролетна вечер отворав прозор или излегував на балкон да уживам во воздухот и во ѕвезденото небо, додека ги слушав омилените песни... ми имаше нешто магично во тие моменти. И иако оваа вечер е таква, разликата е во тоа што тогаш знаев повеќе да се опуштам и задлабочам во тие моменти, а сега како да ми фали нешто, како да сум преоптеретена со неважни и површни работи кои ме спречуваат да уживам комплетно... Сепак, убаво е.
Чувствувам дека не припаѓам тука. Градов ме гуши. Скопјево не е за мене. Го сакам, ама верувам дека во некој друг град би би била посреќна. Градов на ништо убаво не ме потсеќа. Сакам што поскоро да си одам. Што за жал тоа не е можно. Некој можеби многу сака да живее во Скопјево наше и чувствува дека припаѓа тука, ама јас не...
СДК дека ми е многу драго што последниве неколку месеци запознав прекрасни личности, баш во тие моменти кога се чувствував нај осамена... Многу сум била среќна што ве имам во мојот живот кој до пред кратко време изгледаше толку безнадежно
Не ме интересираат туѓите животи. Не сакам да знам многу 'познати' личности од градов. И смачено ми е од муабети 'Ее, како не го знаеш него, бе целата град го знае' I haven't heard и не ни сакам да знам кој е и шо 'функција' има дотичната особа. Шо помалку ме знаат толку поубо. Не сакам да се истакнувам. Со одредена група на луѓе сакам да контактирам. А инаку со сите живеам 'Еј,здраво како си? Шо има ново?' Шо не е јасно? Гуд најт!
2016 има огромен потенцијал да ме уништи. Истовремено и да ме шета насекаде со насмевка од уво до уво. Треба да одберам сама.
Ај и ја да споделам нешто вака сакам да кажам дека за овие 5месеци како сум на форумов запознав неколку мили и драги личности од тука и сум премногу среќна што ги имам во мојот живот
На денешен ден една шутарка се зачлени на фемина. Е тој ден,23 февруари беше пред 3 години. Истата таа шутарка тресеше и треси зелени,растураше и растура и ќе треси зелени и ќе растура хахахахха Ви благодарам на сите за дружењето дечки,за смеата и вашите прекрасни постови што обожавам да ги читнам итн итн Ве сакам сите,
СДК. -Сакам да имам своја соба, само МОЈА.Мое катче, мое место, мое скривалиште, мое рамо за плачење, моја тврдина,мое место каде што со задоволство ќе бидам сама.Мое,мое, мое.Преку глава ми е од тоа некој постојано да ми влетува во соба со некакви изговори, преку глава ми е од тоа да го "бркам" брат ми во друга соба( а која соба) затоа што сакам да учам, вежбам, читам, лакирам, одмарам, спијам,лудувам, преособлекувам, слушам музика.... и би била најсреќна на светот кога моите би ми го овозможиле тоа, најсериозно. Живеам за тој ден кога нема да се пресоблекувам со страв дека ќе влета некој како детектив во неа, кога ќе гледам филмови на рает без да се тресам и да се вртам постојано на оние "понезгодни сцени" да не влезе некој случајно, да можам да се исплачам на рает без да ме замараат,да спијам без да се карам со брат ми да намали компјутер и да исклучи струја оти кога е гласно или светло ма колку и да ми се спие не можам да заспијам. Смачено ми е од животот во заедница во трособен стан, смачено ми е коа се враќам уморна дома после 387464564 часа да не наидам на празна соба, празен простор.Чекам 18ка, факултет и малку да ми одмори главата.Толку.
Ве сакам бе ејј ептен. Ко пола живот да ве знам Еске моја дигни глава, скупи снаге, ако не друго барем ќе те смееме одвреме навреме.