Ало 2016, ај смањи доживљај, океј? Многу се прецени, па сега проблем. Не знам колку пати сум го кажала во задниве месеци, ама еве го прољече на праг, од утре пролетно чистење од пети до уши, овој пат сум сериозна...ехм. Има луѓе на кои животот им е права линија. Не дека ништо не им се случува, туку се им се случува во мали залчиња и е тамам и супер. А мене? Мене или ми е ужасно досадно и влезена сум во рутина која постојано е исполнета со стрес и едни та исти глупости, денови еден до еден исти како низа или се ќе се испреврти наопачки, ќе ме крене како огромен бран, па ќе ме одвлечка до плажата и ќе ме сорине во песокот и ќе ме повлече назад. Да не можеш баланс да направиш. Нема, нема, нема и кога ќе дојде се од еднаш, глава да не знам каде ми е. Семејство, дечко, работа, другарки, колеги, соработници, здравје свое и туѓо. Ајупичкуматерсе. И ај више нека завршат годишниве сметки зошто ќе земам и ќе истепам некого на сред улица. Ама пак знам дека до мене е. Секогаш ќе има нешто што ќе го чекам, ај уште ова и ова и после ќе си се центрирам, балансирам (ми направи #хехе смешка, ѕирка што пишувам и ми вика, утре закажав на вулканизер...пресмешен е, не?), ќе фатам ред за се. Ахам...довиѓења. Во најголемиот хаос Лилиту, во најголемиот хаос треба да запамтиш дека исто така го можеш и пред се го мораш, јер тироида, јер живот, оќе?
Имам некое чувство дека најдобрата другарка најмалку за година дена ќе рипне втавче. Не сакам да се омажи Знам дека нашето пријателство ќе продолжи,ама реално никогаш не може да биде исто. Ни со време,ни со обврски ни со далечината. Среќна сум многу што ја запознав,што е секогаш до мене. Секогаш викав I wish i had a friend like me....и баш си добив friend like me. Ретко се наоѓа таква чиста душа како незината. ...Секогаш знае да ми рече,Аничке повеќе и од сестра ми те сакам
Има брат ми еден другар, така од далеку си го сакам. Си го гледам, си го пазам, кај и да иде јас таму сум. Да не се сфатиме погрешно, не е љубов или нешо у прашање, ама не можам да објаснам зошто толку си го сакам дечково. Не сме блиски, ама така, човек за мерак ми е. Шири премногу позитивна енергија, поради некоја необјаслива причина кога е околу мене, се кезам ко нездрава. Уствари он кој знае шо си мисли кога ме гледа таква, и плус увек у негова близина, ама ете. Некое енергетско поле ме влече накај него, да го сталкам кај и да иде, шо и да прави, со кој и да е.
СДК дека не ми се верува како тоа стоев 20 мин на балкон да гледам како се караат млад брачен пар Типкава му пцуе се по список , овој пеан со глава доле дипли алишта и на стол се качи да ги реди,излезе и ѓубре да фрли и куче да измоча , а она нервозно мие тањири ,лупа, пцуе продужуе монолог Еххх ... ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е МУЖ У КУЌА!
Сега си дојде од работа...не работи у смени и не е пекар. Мене сега ми почнува работниот ден, а не работам во фабрика... Ама му седам под јорган да му ги смрзнам нозете од моите нозе. Живот тарана. Сега ми се пријаде тарана. Почнувам со смути, а според часов ќе ручам у 9.
Трет пост по ред во СДК.. Многу мисли за искажување. Луѓе, среќна сум.. и чудно ми е. Какво време дојде, да се чудиш зошто си среќен. Ама не, кога подобро ќе размислам јас сум среќна секогаш кога следува некоја нова фаза во мојот живот, кога ми се случува нешто ново, а се преболува и заменува старото за нешто ново. Поминаа три месеци, ги гледам него и неа заедно и не сум лута, бесна, тажна.. Всушност, немам никакво мислење за нив. Тоа ме прави среќна. Симпатијата од моето бившо средно што ја манијачам по автобуси.. Собрав храброст да и пишам. И не се покајав заради тоа. Можеби е полн со иронија, чуден е, необичен.. Но, во секој случај подобар од тој што ќе ме ословува со "срце" и "душо" и што ќе кима потврдно на се' она што ќе го кажам. Плус уметник ми е. О да, може и он ќе ме заебе како и многу други за 2-3 месеци, ете можеби грешам и за него. Но додека трае, среќна сум, и никогаш не би му "вратила". Karma is a bitch. Денес многу убаво си поминав на излегување со две другарки со кои неодамна се здружив повеќе, иако заради тоа почнав да "губам" некој друг, но не по моја вина. Некои работи едноставно се случуваат... А јас сум подготвена да пуштам и запознавам уште нови луѓе во мојот живот. Уште една причина за среќа.. Задутре ми е роденден. Не верувам да го славам, но затоа планирам да направам еден голем роденденски шопинг. И да ги видам сите што ги сакам, цел ден да си бидам со нив. А за да ми заврши најубаво роденденот, сакам вечерта да си се видам со типчето, па да продолжам на журка до сабајлето. Лелее, луѓенца се изнапишував, ни сама крајот не знам да си го фатам. Ама тоа би било тоа, ам хепи енд ај хоуп ит уил лест. Бидете ми среќни и вие.
Се будам утрово со некоја тапа главоболка со куп глупости од сонови (размислувања не основани низ мозокот) се туширам се спаструвам за на работа и како по навика доцнам секој ден по 15 минути. Седнувам на биро кафето веќе послужено убаво мириса денес си велам се надминала кафекуварката ми го донела со кајмак, уклучувам компјутер и како што е адет додека пијам кафе грицкам некој интегрален кекс да читнам некоја вест . ИИИИИ секако не миновното избори се одложуваат на 5-ти јуни, Груевски до Заев, Заев до Груевски, АБЕ доста веќе не направивте роботи , мозок ни исправте незнаеме друг муабет да направиме освен дали ќе има избори и за кого ќе гласаш. Не труете бре за да си се наместите во фотеља за да си крадете и да се збогатувате та едните та другите ВЕ заболе за народот. Па младите бегале а бе џенем ќе фатам само уште малку и ни три дена во годината не се враќам овдека АМАН ВЕЌЕ
Убаво вика мајка ми, недомаќини сме. Од понеделникот вкупно сум спиена 8 саати. Стојам и спијам. Искочив во 4 дома, сега се враќам. Во 13 пак ќе искочам, кој знае кога ќе се приберам. Пмс ме тресе. Он ми се јавува ми вика до 22 не ме чекај. Ноќеска во 1 искочи, во 3 и нешто се врати, пробљем. Па татко ми во распад на Југославија имаше повезе ред него ли ние. Нека завршат завршни сметки о аман заман, сакам сметководителите со прачка да ги тепам. Уште анализа на крв и мокрача не им оставив. Ги мислам моите, ја мислам баба ми и имам испади со потреба за плачење. Страшното е што почнав активно да уживам во пасивно пушење. Што е следно? Цигара да запалам? Утринска жалачка...ај уште малку барем за малку... Да не испадне да сум трудна???
СДК, најмногу мразам кога сум грубо разбудена на ваков мрчаторски ден. Направивме договор со татко ми ова утро ништо во моја близина да не тропа, да спијам барем до 9. Вистина, оган запалил толку тивко, му се восхитувам. Не пуштил компјутер да игра - да не ме разбуди, ни телевизор. На сметка на тоа отиде надвор со чекан тропаше и го разбуди цело маало. Абе исав да се немало.
Денес на менито многу обврски! И утре, и петок.... Со чистење почнувам, прво на организмот,па на куќава. Всушност секој ден се прави тоа. Абе жената во својот дом, секој ден почнува од почеток ,од ништо , од нула, како да се гради еден внатрешен духовен живот , невидлив за другите, се додека не дојде она безредието... Тогаш сите ја воочиле разликата. Леле како ќе биде кога ќе се омажам? Во едната рака метлата, во другата актовката, во скутот децата, а во мислата мојот сопатник... Ова бара невидлив духовен данок, ало ! Што се сомневам ја во мене ? мХ.
На светот има толку многу за сите нас само ако имаме очи да го видиме тоа, срце да го сакаме и рака да го собереме. Светот е сцена: доаѓаш, гледаш и си одиш .
Јас многу тешко се решавам да направам промени во врска со нешто,ама животот не чека секогаш ти да се решиш,туку сам си ги носи промените. Бил подготвен или не. Сакал или не сакал. Промените си доаѓаат и сами ги пакуваат минатите спомени во кутии. Само што јас одамна се научив дека кога ни се чини дека работите се распаѓаат,тие само си паѓаат на местото на кое треба да бидат. Научив да верувам дека секое лошо е за добро. И дека се` си има своја причина зошто се случува и зошто токму сега. Утрово се разбудив нерасположена, скисната цела,ама после една убава прошетка сама со себе ,се чувствувам многу подобро. Инаку бев до Дм и не ми се веруваше дека не ми се допадна ништо,многу нетипично за мене.
Oдaмнa немaв пишaнo нa темaвa, пa еве oвoј пoст ќе ми биде специјaлнo сaмo зa @Viktorijaaa5 . Вики, честитки и ви пoсaкувaм мнoгу љубoв и среќa вo зaедничкиoт живoт и мнoгу дечињa. Честитки уште еднaш.
Zalno e sto vo sekoja prikaska ima ama, ama zdravje so pari se kupuva ili od nemanje pari se gubi. Rabotava e kako so kokoskata i jajceto, koj e postar, povreden ili poneophoden.
Многу ме нервираат продавачкиве во бутициве. Едни, абе не те оставаат да влезеш ко човек, кога ќе те нападнат од врата, не ти се ни влегува. Други пак, не стануваат од пултот, ни „повелете" , она основното ги мрзи да кажат, а да те поздрават, не доаѓа во предвид. Од крајност во крајност ! Или ти дишат у врат и те следат како куче низ продавницата - демек љубезни, или не те рецкаат ич и мува не ги лази за да те услужат. И јас знам да мрчам
Така ич не ми се враќаше назад, ама за прв пат враќајќи се имав една мала причина да бидам насмеана. Ме смее. Ме прави среќна. Не знам колку ќе трае, не ни сакам да размислувам на тоа. Уживам во моментите додека се совршени. Денов не можеше побаксузно да ми почне, а за белја и држеше баксузов додека да се вратам дома. Ама ај да не мрчам многу. Добро де, морам само малку, еве во спојлер. Спојлер Не можам да објаснам значи коооолку го мразам градов. Ни 24 часа не сум тука, а веќе се уморив, и сакам што поскоро да заминам пак. Ме гуши бе луѓе, многу ме гуши. Ништо не е како што може и треба да биде. Ни култура, ни почит, ни разбирање, ни сочувство, ни соживот. Кога ли ќе заминам со карта за еден правец во рака?! Ама знам дека ќе ми ја разубави вечерта.. Знам дека после ќе се смеам од 8ца до 8ца и ќе уживам.