Ама па стварно ситници ме прават среќна Уште посабајле по болници, не завршив работа на крај ама нема врска од Понеделник натаму На враќање си ги земав сликите од фото студио, 20тина слики од нас двајца и ми текна дека сите наши слики ги чувам во кутија па си купив и албум за да ги подредам, видов убави чашки и нив си ги купив. Ова само кажува дека пари не се за мене ама нема врска, се за љубов Се прибрав и еве ги редам сликите во албумот, се сеќавам која слика, кога е сликана и каде. Сакам во новите чашки покрај огнот да пиеме какао и да ги гледаме заедно сликите знам, знам премногу филмови гледам Ама не можам да си помогнам таква сум, непоправлива романтичарка и голем фантазер
До синоќа немав вечер од која се срамам, еве сега ја имам. Не можам да опишам колку бедно и ниско се чувствувам. Не знам дали повеќе да се лутам на себе или на другарка ми која дозволила да се правам будала. Другар ми ме теши дека се се заборава ама не сум сигурна дека чувствово ќе се заборави. Тежина во стомак, во глава... Каде погрешив и како си дозволив да изгубам контрола?
Слободен ден од работа - случајно понеделник, случајно после Оскаровската ноќ Хухухууу, хепи денс! Добро ќе ми дојде еден продолжен викенд, башка да можеме на раат да ги изгледаме Оскарите до 6 сабајле, па да си легнеме Туку, Бубаче го имала најубавото будење денес, а јас најлошото - со грч во нога! Не само што ме разбуди, туку и ме расони за една секунда! Што е најтрагично прв пат ме фаќа грч во тој мускул, па не знаев ни како да ја наместам ногата за да ме пушти 5-6 секунди бев во агонија и си вриштев без глас, за да не разбудам некого. И еве сега цел ден читам за магнезиум, калиум, банани и компири, бадеми и млеко, олигоминерална вода, топли бањи, масажи и други решенија за грчеви. Му се јавувам прееска и му викам: Слушај, јас претерав со вежбањето, викендов одмарам и очекувам да ме масираш. Договорено? - Договорено. Ете така Ај да го завршам постов со едно песниче
СДК1 - Љубoвтa не се нaoѓa, тaa сaмa тебе ќе те прoнaјде. СДК2 - Штo е финтaвa сo јaвниве фaци штo стaвaaт oчилa зa сoнце нa oблaчнo и дoждливo време или вo зaтвoренa прoстoријa?
СДК ... Денеска си мислаамм, една блиска пријателка убаво мислење вчера си даде ... Денес се повеќе дотични (деца над 30ти год.) се со синдромот "Петар Пан".
Седам на предавање и ги бојам крукчињата на буквите, цртам по маргините на тетратката, си играм со косата, а мислите којзнае каде. Од време на време ќе се потсетам дека треба да го слушам предавањето, и после 5 минути пак, отишла концентрацијата. Не сум била никогаш ваква, ама ете, животот не носи на патишта за кои не сме ни помислувале. Концентрација од пет минути, wow. Седам и слушам, ниеден збор не регистрирам. И изморена сум, а не гледам како би се одморила. Да спијам три дена без престан, пак ќе се разбудам изморена. Ми се чита книга, ми се пие чај со портокал и цимет и ми се гушка. Не можам да бидам повеќе клише. Вчера откажав дејт за да одам во кино и да гледам "How to be single". Ќе ми треба очигледно со ова однесување
Знам дека е клише кога ќе кажеме "Знам како се чуствуваш" , ама јас навистина знам затоа што ја почуствував твојата болка. Ја видов празнината во твоите очи. Преку очите ја гледаме душата барем така рекле старите. Ја сретнав пред неколку дена, имаше изгубен поглед, тажен поглед. Што се случи со тебе??/ Како дозволи твоите очи да го изгубат постојниот сјај кои го имаа, очи кои зрачеа среќа. Ти се восхитувам на храброста која ја имаш иако повредена и тажна, не стави маска на лицето за да глумиш среќна пред другите. Знам дека не ти е важно што мислат другите. Времето лечи се, се надевам дека со тек на време ќе се вратат повторно оние очи кои зрачеа среќа, љубов и исполнет живот. Очи во кои можам да се видам себеси.
Me nerviraat luge koga ke pocnat da zborat za nesto i ke prestanat,ne se doiskazuvaat. Aman, togas ne ni pocinuvaj da mi kazuvas.
Моментално неам нешто паметно да ви кажам. Ама сакам да споделам дека премногу се опседнав со една серија, не можам да дочекам среда да дојде, да искочи нова епизода.
Сакам да најдам тотален странец да му изнакажам се што ми тежи на душа и никогаш да не го видам повеќе...
Го мразам овој период,кога денот ми е ноќ,а ноќта ми е ден. То ест јас ич не го мразам,туку по некои (не)пишани правила,особа на моја возраст било срамота да станува во тоа време.И таа особа обично се опишува со епитетите како не одговорна,незрела,дебилка и дрн дрн. Морам психички да се спремнам некое време во кревет,па тек после да се соочам со сите станари во куќава.
Го обожавам овај период кога денот ми е исполнет од некоја обврска. Уште рано сабајле станувам и скоро цел ден испланиран. Почнав да слушам пофалби, се трудам и многу ми е мило кога е некој задоволен од мене. Се чуствувам прекрасно исполнето Знам шо сакам од животот, знам каква се гледам во иднина, шо се сакам да постигнам, да бидам горда на мене, но и тие околу мене. ЗАфатена јас со обврските околу мене, баш преѓеска за време на работа се забележав како мисла на него ми краде насмевка, од нигде никаде ми се шета низ мислите. Добро е шо никој не виде како сама си се смеам Баш ме интересира до каде ќе оди ова.
Ако ти е за утеха, јас на трезно правам глупости, ти ќути, прво имаш изговор, второ бар не се сеќаваш. Леле, времево е за лежење и гушкање и зјапање некаде во некоја планина додека надвор истура, за наливање со чаеви, за јадење печени лепчиња намачкани со путер, а не е за трупање самиот себеси со милион обврски. Продуктивност нула кома нула, главата ќе ми прсне, функционирам на кафесито, леле ама егзотично звучи вака, чајче, блакце, се' ме вие, се' ме боли, не можам да спијам, сите ми се криви, се' ме нервира, плус се подув цела, чао период на исушеност.
^Па религија најубаво се учи од филмови и серии, што мислеше ти? Ја, на пример, се што знам за религија сум научил од Монти Пајтон.