Шетаме во три сабајле по улици низ Скопје, и гледам улично кученце. Ме фаќа за рака и ми вика: - Не Сара, немој да го галиш!!! Се доближувам до кутрето. - Сара, не! Клекнувам до него и се гледаме во очи. - Немој! Го галам. - Дали постои улично животинче со кое не си спријателена? - Многу, и едвај чекам сите да ми станат другари.
Меѓу нозе може авион да и' прелета, а некој ја прогласил за дебела за да биде модел... Обезноста и дебелината (не, не означуваат исто овие два поими) стануваат се' почеста појава на модерново време. Како епидемија се шират. И се залагам за тоа дека треба да се преземе нешто околу тој животозагрозувачки проблем. Ама се залагам и за тоа дека конечно треба да се сменат стандардите за тоа дали некоја манекенка или модел е дебела или слаба. Заради тие ненормални критериуми, прво самите ние си набиваме комплекси во врска со тоа како треба да изгледаме. А да не зборувам за тоа колку овие коментари влијаеле за појава на анорексија и смртни случаи поради истата. Немам ништо против plus-size моделите, а манекенките од VS може комотно да стават уште некое кило, за да си го заработат епитетот "жени со облини". Време е да се смени нешто во прилог на здравјето...
Во Пивница црнецот ме пречекува со -Здраво Марина а потоа ми кажува дека сум црнкиња Не знам дали он треба да провери диоптрија или јас да престанам толку да ја сакам црната боја? Ми мрчат дека не сум била забавна кога не пијам алкохол, а јас баш фино се осеќав.
Се согласувам со тебе. Целосно! Секоја крајност не е добра. Викаат дека екстремностите се најлесни. Најтешко е да се одржи и да се постигне баланс, нешто кон кое треба сите да се стремиме. Мене само ми пречи едно нешто, тоа што во последно време, барем како што забележувам јас, дебелината знаат да ја карактеризираат како нешто позитивно. Се објавуваат слики на plus-size модели и многумина ги охрабруваат. Не, не треба да биде така. Исто како што анорексичните се лош пример, така и оние на другата страна. Дебелината НЕ е нешто со кое треба да се парадира. Не може некој да ме убеди дека некоја со 20-30 кила (па и повеќе) кг вишок си се допаѓа кога ќе се погледне во огледало. Да не се лажеме. И едните и другите треба да поработат на тоа да постигнат рамнотежа но духот и телото. Сите да се стремиме кон здрава тежина, здрави навики, а потоа се друго
Истата јас, ама во обратна смисла се плашам од кучиња дека ме имаат нападнато неколку пати.Но мачките ми се најдобар пријател.Ме направија будала и за никаде дека сакав на едно маченце да му помогнав со скршена нога но не успеав. Кај мојот дечко се собираат мачки им давам и храна и вода се што треба како деца мои се многу сум тажна и за мојата мачка Зизи таа беше црна мачка но имаше точка бела на стомакот ми беше многу мила ме испраќаше и преќекуваше на врата но едно утро изчезна ја барав во секое ќоше дури денеска но ја нема.
Грдо е чувството кога ќе се присетиш на некој што ти бил како брат, како сестра дека веќе го нема до мене. Грдо е чувството кога ќе се присетиш на сите среќни и несреќни моменти кои сте ги минале заедно. Грдо е чувството кога една грутка ќе ти застане во грло која полека почнува да се претвора во солзи. Грдо е чувството кога почнуваш да ги сонуваш скоро секоја ноќ. А уште погрдо е кога ќе се разбудиш истата вечер, и немаш на кого да му кажеш дека си го сонувал...
Тоа што го открив cat scared of cucumber compilation е најпаметното нешто што сум го направила за моето ментално здравје во последно време.
Ех помина долго време кога прв пат пишав во таа тема а тоа е пред 5години. Тогаш се зачленив. Имаше членки што долго и убаво си се дружевме. @srcekrsacka, @k.i.m @N.Kety Gordana и уште многу други. Пишував во секоја тема се и сешто а сега сум заблудена во една тема со една цел. Поздрав женски
Во почесто време сум се повеќе внимателна да учам од туѓите грешки. Секако, и од своите. Еве на пример, татко ми е таков човек и често не размислува за последиците од неговото однесување. Што сакам да кажам, не дека татко ми е некој лош човек ( воопшто не ). Многу пати знаел да се смее на туѓите проблеми. И сето тоа замислете истото и нам ни се случи. Не ми е убаво што покрај него , проблемите ги проживувавме и останатите од фамилијата. Внимателна сум навистина, одбегнувам да ги земам за шала туѓите проблеми.Многумина го прават истото а не разбираат дека стварно се се враќа се се плаќа.Еве нема утре, ама за 5, па нека се и 10 години, ќе ти се врати сигурна сум. Не си интересен/на ако исмејуваш некој друг, разбери.Ама, твој избор. Мајка ми секогаш вика да не коментирам на луѓе со физички недостатоци, проблеми, итн. "Не коментирај, погледни и продолжи си понатаму.Не знаеш што може да ти се случи утре" ете ова ми вика. Јас само Сакав Да Кажам. Лео вечер зема Оскар луѓе, watch it
prekrasna druzba,prekrasni licnosti,i mene mi se edni od najubavite spomeni od femina pozdrav i od mene zenski <3
Шо е работава со џемпер-ролкиве со голи рамења? Ви студи, ви е топло, не контам.. Ајт, можда ја не сум фешн сенсорирана
Убаво е, убаво кога животот последниот удар ќе ти го зададе...силен и болен... Па ќе те направи без раце и нозе... Ќе те направи немоќна и нема... И ќе ти овозможи да гледаш како луѓето кои те сакаат трчаат и те составуваат дел по дел, трчаат и ја составуваат старата ти...бестрашната ти... Ќе ти овозможи да гледаш молкум и уживаш....