Почнав да играм една игра зошто стигнав до информација дека можам да имам лик - вампир, но испадна немало тоа. Па избрав ... демон. Па добра е за вечерно тепање на време.
Добро де и јас сум паметен или барем така ме лажат моите. Сака да си проба од забранетото овошје, можам да ја разберам, напливот на адреналин е дел од тоа. Како мал често крадев цреши од дворот на кошиите не знаејќи што ме чека ако некој ме фати. Еднаш видов како децата во комшии кај братучед ми си правеа снешко и беа многу весели, jaс си реков дека тоа мора да престане. Кога се прибраа дома им влегов во двор и им го срушив снешкото, подоцна кога излегоа спремни да си играат и го видоа растурениот снешко изразот на лицето им беше бесценет, почнаа да плачат. Не знам зашто го дадов вториот пример, забегав во друга тема ама ситуацијава ме потсети на тоа. Подалеку од такви мисли. Фемина нема да биде фемина без Сања.
Што убаво би ми дошло, некоја куќарка в планина,квечерина,јас и тој на терасиче и штурци. Останатото...приказна..
Добро, сакам луѓе кои се почитуваат себеси, кои сакаат да бидат некој и нешто, и кои постојано се надоградуваат. Се заљубувам во луѓе со квалитети, способности и таленти, се заљубувам во нивната интелигенција, ме фасцинираат. А на таквите секогаш им треба некој да ги сака и цени. ***Не предавајте се мозоци мои, му требате на ова општество
Имам милениче златна рипка. Си молчи по цел ден, меморија има 2 секунди, ама ЗЛАТНА е. Си ја крстив Горге Иванов.
Добро утро. Какво време,не се знае што му е. 7 март имам одлучено да не се тагирам на фб кај сум,што сум. Што има цел тоа тагирање,како порано не размислував вака,може затоа што ми било интересно. Но сега како размислувам и не сакам веќе. Не е толку важен мојот чекор ниту пак кај ќе одам,како демек исто ко да не си бил некаде. Напротив си бил а доживувањата ги задржуваш за себе и за најблиските. Премногу завист предизвикува тоа,утре кога ќе работам секој ден ли е задолжително тагирање?! Ете преку ноќ ми се промени мислењето. Имајте убав ден,јас одам да шетам во друга држава.
Месеци ажурирав вести на онлоајн поратал и постојано наидував на статии од типот „Препознај те кога мажот ве сака..“ и истите знаци, истите приказни секаде, чиниш мајстор за љубов од нив ќе станеш. Затоа девојки, во предвечерието на нашиот празник јас ве почестувм со мојот личен список на знаци кои јасно врескаат дека еден маж не ве сака. Додека го составив списоков крв и солзи пролеав, затоа вие барм бидете мудри и искористете го максимално!!! 1. Немање време - Девојки мажот кој ве сака (говорам за здрела машка личност, не за пубертетлија) не може да нема време. И Брак Обама има 24часа во денот на располагање, па и секој друг маж. Кога мажот е заљубен има потреба и од најмалиот миг одкраднат за да го мине со онаа која му влегла под кожа. Нема не можев, немав време... се е тоа не сакал да ве виде и крај! 2. Повици кои не стигнале – баба ми велеше „земи го оној со кој ти оди муабетот, зошто по старост само тоа ќе ви остане“... а токму телефонските разговори се оние со кои луѓето се приближуваат, си ги откриваат своите тајни, недостатоци, споделуваат мигови, болки, таги, си посакуваат добра ноќ, си шепотат „те сакам“... Кога еден маж измислува милион изговори поради кои не ви се јави во илјада битни мигови за вас да знаете не ве сака. Зошто нема пречка, далечина и зафаеност која не може да се прекине за љубов(дури и додека е во вц може да ви се јави , нели? ) 3. Не споделување – кога еден маж не чувствува потреба да сподели никакви тајни со вас очигледно покажува дека не ве сака и што поскоро сака да излезите од неговиот живот. Зошто тајните се наједноставниот начин со кој може да му дадеме меч на некој да не убие нели? Така покажуваме колку доверба имаме во некој, колку ни е потребно неговото мислење, совет или пак само утеха и прегратка. 4. Постојано поттценување – кога мажот во секоја реченица ви објаснува дека не разбирате ништо, не го разбирате неги, ситуацијата тој едноставно се става себе на пво место, а тоа сигурно не говори дека ве сака нели? Кога тој постојано ве карактеризира ве прави луди доколку покажете слабост, веправи хистерични доколку покажете дека ви треба, не може да ве сака и крај! Зошто мажот кој не е свесен дека сте вие добивка за него, дека сте неколку интелектуални нивоа над него и тоа воопшто не го цени, туку ви се наметнува вас како репер, не ви треба! 5. Наметнување правила – љубовта колку и да е комплицирана не е создадена да функционира по нечии правила. Кога некој ве терорирза со неговите „принципи“ и „ставови“ со неговите правила кога смете да му се јавите, кога не смеете, со кој тон треба да го погледнете , како да му се обратите и при тоа во предолг временски период не променува ниту едно правило без оглед дали вие ги сакате тие или не јасно говори дека не ве сака. 6. Не допирање – љубовта бара допир, макар и детски, макар и најнежен, макар и со очи, но таа бара кожа на кожа. Кога мажот не ве допира, не покажува никаква потреба од тоа да ве допре, дури и ве убедува дека „поради условите“ е тоа така, верувајте дека не ве сака. Не може да ве сака а да нема потреба од вашето тело блиску до неговото и крај! 7. Без љубомора – не дозвлувајте девојки да ве залаже некој дека љубомората е болест. Болест е онаа опсесивната љубомора, но кога некој покажува дека му е сеедно со кој сте, каде сте, дали некој ве допира, теши, бакнува, заведува и засмејува не ве сака! 8. Заштита – кога мажот не чувствува потреба да ве зашштити кога патите не може да ве сака. Ако вие со секој свој личен, професионален или емотивен предизвик се соочувате без тој да ви даде поддршка и без да ве сослуша, тогаш не ви треба во животот, зошто во машката биологија е да заштитуваат, да бидат предатори, да живеат по иреката „во неа не ме допирај“. 9. Предрасуди – љубовта се јавува секаде во секој облик , и треба да бидеме мудри да ја препознаеме онаа која вреди да се задржи до нас. Но ако некој ве убедува дека вашето не е љубов, ако вашата посветеност и емоции ги срамнува со минлива страст верувјте не ве сака и продолжете напред. 10. Без комплименти и восхит – кога некој ве сака вие треба да бидете најдобрите за него нели? Но кога тој не ве почестува со никаков ко плимент, пофалба, кога не ви се обраќа мило, ниту пак има омилнен дел од вашето тело кое истакнува дека секогаш буди страсти во него и при најмалата помисла на него не ви треба. Зошто ви е партнер кој ќе ве споредува со минатите искуств, кој ќе ви ја убива самодовербата и тој секогаш ќе се истакнува над вас. Ви треба ли некој кој не ве обожува ко луд, не збеснува од страст по вас и не ви се восхитува на мудроста , шармот и убавината? 11. Без изливи за емоции - мажот кој ни кога водите љубов не ви изјавува љубов не може да ве сака. Не дозволувајте мажот да ве убеду дека изјавите не љубов не се негов стил на комуникација. Никој не мже да живее со горчливото„те сакам“ на грло, кога тоа постои сите го кажувата колку тоа и да не смее, колку и да се плашат дека некој би го злоупотребил тоа , Затоа знајте дека заслужувате „те сакам“ да чуете и не прифаќајте ништо помалку од тоа. 12.Инает - мажот кој секогаш својот инает го става пред вас не ве сака. ЗОшто никој не е толкаво магаре да знае дека ве повредува но повторно да тера по свое. За инетот и гордоста секако нема место меѓу двајца луѓе. П.С. Девојки мои ЧЕСТИТ 8ми МАРТ.....бидете мудри, нежни, успешни и секако подготвени за љубов... оти токму онаа вистинската доаѓа кога најмалку ја очекувате
Да прашаш некого - Кога планираш да бидеш трудна?, а да знаеш дека нема партнер е навистина безобразно, па колку сака нека ти е блиска личноста. Во последно време телефонот ми е направен да не се слуша, а многу често и го гасам. Не можам и не сакам да зборувам со луѓето, избегнувам безначајни разговори, избегнувам теми кои ме болат, едноставно избегнувам било какво друштво. А ми се тоне во нечии прегратки, ми се отвара душава на некого без никаква резерва. Спонтано одење во кафана значи и одличен помин. Салата и по една ракија, па и келнерката со нас на маса Се прашувам само како во една личност има толкаво дете и толку зрела девојка? Ми фалеше таква сурово искрена личност како неа.
Во Sacred имаш класа вампири, односно-вампирки Јаде ќотек преку ден ама затоа ноќе е непобедлива. Ако сакаш RPG слични на Диабло, ти ја препорачувам игрицава
Запомни! Многу малку е потребно за среќен живот. Не постојат луѓе кои ги мразам... Но, постојат луѓе кои нема зошто да ги сакам.
Си дозволив себе си изминатиот период да се разгалувам како дете, да се смејам чисто од срце на цел глас и да ширам насмевки со сјај во очите кога гледам во него.. Си дозволив себе си милион работи да ми го стоплат срцево од огромниот минатогодишен студ и пролеаните солзи! Си дозволив себе си да реализирам се што фантазирав со години наназад и да успејам да изградам околу мене свет кој што мене ми годи независно што рекле другите.. Си дозволив да љубам и да бидам љубена.. Тоа ми е доволно, доволно ми е да е покрај мене, да ме смее и да ме гледа.. тоа ми е доволно за да пронајдам поттик за сите предизвици што ме очекуваат! СДК: пред да барате љубов од некого треба да ја дарете и вие истата од срце, што повеќе дарувате љубов тоа повеќе ќе ја примите истата! Не бидете себични и никогаш не паѓајте пред чуството "инаетење", оние кој што умеат од несебичност се посреќни ..
Сабајлево кога одев на школо поминував покрај едно куче и буквално му реков Добро утро. Додека се свестив што направив, неколку луѓе веќе ме гледаа чудно. Ах, леле, каде со овој мозок?
Им завидувам на оние κои умеат од 1000 добρини да му запаметат само еден лошотилуκ на човеκ... Јас од 1000 лоши дела сеκогаш го запаметувам она добρото, маκаρ и било само едно...
Кај мене се оди со претходно спремање ... неколку менс со ред не ме болеше ни малку - после надохнади за сите пати, неколку менс по ред само се цедеше, речиси ич да немав - сега неможам испраена да стојам ми се врти безразлика колку течности да земам. Ама зошто бе мора во крајности, зошто?!