Ах да можеше барем на 5 минути сега да поразговарам со татко ми, па да ми внесе доза на разум и утеха!
Си беше едно девојче кое не сака да ми објасни што се случи во денешната приказна за мене. Очекувам објаснување од неа. Ако не ми објасни, утре ќе ја давам во школо. КРАЈ.
Како што растам свакам нови работи. Секој ден, светот се пореално и пореално го гледам.. Веке како да ја снемува имагинацијата, чудно ми е секој ден. Понекогаш се чуствувам како да делам. Како да не припаѓам овде.. Неможам да се вклопам во стилот со врсниците, музиката што ми се допаѓа, а никако во размислувањето.. Живеам во мало место, можам да го наречам дури и село.. Не тоа дека “градот“ не ни е уреден, тоа какви “опинци“ го газат, на тоа мислев. Каде што сите се дволични и.. Гледаат само материално. Многу ретко да најдеш ЧОВЕК тука. Многу ретки се луѓето што НАВИСТИНА ке те сватат. Секој втор ти прави муабет за тоа како си поминал и како се “испијанчил“ во Саботата.. И кој со кого се изнамувал. Неможам да го сватам тој начин на живот! Немаат свое ЈАС, а се прават магуп(к)и.. Секогаш те прават будала кога си со “познатите“ у град, што всушност се “пропалиците што се к*рчат со парите на тате“. Но нејзино право си е тоа! За 10 години ке ги видам како пропаѓаат еден по еден.. Не судам, само си кажувам мислење на што личат. Знам.. Смешно и чудно за мој години.
Отсекогаш се чуствував несфатено,отсекогаш се чувствував дека не припаѓам.Секогаш сум била поразлична од другите, секогаш сум се истакнувала на овој или оној начин и многу ми беше тешко што не можев да се вклопам никаде, што не можам да бидам дел од топлата.Ама со тек на време се научив да се сакам себеси таква каква што сум.Научив дека никој и ништо не е вредно за да се менуваш себеси, да си го погазиш сопствениот карактер само за да бидеш дел од нешто. Научив да го сакам фактот што сум црна овца. И бидете поинакви, бидете свои.
Премногу сум паметна за да живеам во свет како овој и да размислувам како сите останати Спојлер Се надевам ќе ме свати некој што сакам да кажам и нема да бидам сватена како самобендисана со ова премногу сум паметна
Прво и прво- не е педер туку е хомосексуалец. Можеби и е стрејт-можеби само природата му дала такво однесување? А и да не е..зошто бегаш? Зошто вака размислуваш,што ти смета? Да си против некој што сака некого од ист пол е исто како да си на диета и да не им даваш на другите да јадат благо. Ако од сега набиваш вакви мисли со омраза за ЛГБТ луѓето,каде понатака? Мислам,не сум хомо,не ме сфаќај погрешно,ама мисливе ти се ептен ограничени,мора да се разграничат.Љубов е љубов.Нема ваква или онаква. Што ќе постигнеш со тоа што ги мразиш? Баш ништо. Само дискриминираш,и тоа на големо. Сите сме луѓе. СИТЕ! Прочитај малку нешто.
Не знам дали постои нешто поубаво од сончевиот ден, свежиот воздух, сонцето после дождот, виножитото после дождот, чистото небо после невремето, полната месечина како украс на ноќта, миризливите цвеќиња... Само еден збор природа. Да избегам од сета оваа технологија, која полека, но сигурно го уништува животот. Во моментов само сакам да одам во природа, покрај некоја река, а таа да жубори, а јас да читам некоја добра книга, а подоцна може и некоја добра музика, лежејќи на полјанката, а подоцна од некои убави цвеќиња да си сплетам цветно венче. Сакам да одам и да се одалечам од се барем на неколку часа, да бидам САМА, потополно сама. Не барам ништо скапо ниту пак скапоцено, туку само еден мал одмор во природа, да се оддалечам од се, само јас и неколку книги, а со мене само вода и овошје, само природа, рај за очи и душа. Барам многу, знам...
Тука сум сеуште. Можеби не на истото место од пред извесно време, но битно тука сум. Здрава, жива и што е најважно среќна. А можеби и заљубена. После подолг период на монотонија, се случија извесни работи кои придонесоа да се помрднам од мртвата точка во која стоев долго време и кои ми го променија животов. А и расположението, размислувањето и гледањето на работите. Од време на време, ги ставам розовите очила, и веќе се` е подобро. Се разбира, не е се` така розово. Има работи кои недостасуваат, само што гледам да го извлечам најдоброто од секоја работа, да мислам позитивно и на крај да се надевам на подобро утре. Најдов работи кои ме исполнуваат. Најдов човек кој ме исполнува. Човек со кој времето лета како лудо. Човек пред кој не се срамам да го кажам и покажам она што го знам. Човек кој, кога го гледам не можам да ја симнам насмевката од лице. Долго време не сум се чувствувала вака. Всушност, можеби и никогаш. Никогаш толку брзо не сум раскрстувала со минатото и не сум бришела личности од животов. Време беше да дојде и тој ден. Не знам од сега што ме чека, но време беше грижите да престанат и тотално да и се препуштам на среќата.
Спојлер @Queen Elena, @SweetChild; Во контекст со муабетов, еве сега го зборувавме тука дома. Јас сум сретнала многу хомосексуалци кои се успешни и почитувани луѓе, и кои својот интимен живот и потреби си ги чуваат за себе, и не им е целта на секој да му посочат дека се хомосексуалци, и исто така не мислат дека цел свет ги мрази, бидејќи и не е точно затоа што се себедокажале како успешни, културни и воздржани, крајно зрели личности. Сум сретнала и такви млади „педерчиња“ што на секој чекор викаат признајте ги геј паровите, геј браковите, тоа што се осеќаме како жени. И тие што се осеќаат како жени и се облекуваат како жени, особено вака надвор од нашава држава се почитувани ако се успешни во полињата ВОН интимниот живот. Е сега што сакам да кажам, не е ваша работа кој што е и кој што прави, во интимата и изборот на некого не е ваше да се мешате. Ако некоја особа ви се допаѓа и сакате да комуницирате со неа, бидете културни и направете го тоа, ако не, пак бидете културни и не го правете тоа. Како би ви било некој да се меша во вашата интима? Друга работа, еволуцијата е јака ствар, еден ден може ќе дојдеме до степен кајшо сите ќе сме бисексуалци. И незнам веќе, темава каша попара е. Него кажи Елена, денеска те пофали ли наставничката тебе за петките?
Пак јас се согласувам со џинџер чајлд. Елена сите сме луѓе, без разлика на одреденоста на тоа дали ќе сме хомосексулаци или не, сепак сите сме луѓе. Веќе ти кажале со неколку мислења над мене, но немој така да ги осудуваш луѓето. Јас познавам еден пар хомосексуалци кои што се многу друштвени за разлика од некои не педерастични како што ти би ги нарекла. Немој така да зборуваш, па и тие се луѓе.
Убав ден...Се истуширав се спремав излегов по град си имав работи и отидов кај идната свекрва на гости си пиевме кафе си праевме моабет и потоа ме испрати и во град си седнавме на кафе... мило мие што во животот можам да имам такви луѓе околу себе со кои можам се да споделам и се да си кажам...Се радувам што можам да кажам дека околу мене најблиските се злато...ГИ сакам многу најмногу Ajдееее чекирањето излезе малку од мода сега е во мода СЕЛФИ....Јас уште и не знам што е тоа но битно сите се сликаат и обавезно пишуваат СЕЛФИ хаха....Што е следно ?
Можам да учам од сопствените грешки,но не можам на никој да наметнувам мои ставови. Сакам да бидам опкружена со лица кои сами го градат своето его,но не сакам да имам улога во ничие сценарио. Морам да се трудам за да опстанам,но не морам да прифатам ризик по секоја цена. Треба да вложувам во себе за да постигнам успех,но не треба безочно да им верувам на другите.
Колку само се пронаоѓам во реченицата, среќата е во малите нешта! Уште од мала многу сакав да имам гумено нилско коњче, ама никаде не можеа мајка ми и татко ми да ми најдат, па да ми купат. Едноставно никаде немаше, ниту во една продавница за играчки. Денес се враќам дома од школо и што да видам! На масичката во ходникот ме очекуваше гумено нилско коњче, а до него ливче на кое пишуваше: "За мојата драга Кајли, бидејќи ти го ветив уште од пред осум години! Те сака, тато". Не можам да ја опишам радоста што ја почуствував во мене и моето срце, после цели осум години! Го гушнав татко ми силно, му се заблагодарив, го земав коњчето и отидов во соба да си играм со него. Насмевкава на моево лице, денес никој ќе не може да ми ја расипе, ама и нема да му допуштам. Иако имам цели 12 ипол години, тоа детското уште работи во мене, а така и ќе остане и во иднина. Дете сум уште, се радувам на тоа и не се срамам како некој, кои што веќе од моево годиште се на штикли, пушат и се пијанчат. Благодарна сум на Господ за овој убав ден!
Why do you test on animals when there are pieces of shit in prison that have raped women and have molested children. Test it on them. What the fuck did the rabbit do to you?!
Абе добро, не реков јас дека не се луѓе. На крај, нека прават што сакаат, нека кршат глава. Но, не мора секојдневно да прават работи со кои ќе ја истакнат својата определба. А јас не верувам дека некогаш би можела да ја прифатам оваа група на луѓе. Да, дискриминирам, но не можам поинаку. Тоа е толку неприродно, погрешно и грдо. Едноставно не е во ред. Не, јас не сум таа што треба да им суди. Но не можам да ги прифатам. И добро, нека сум проста и застарена.
Волку многу среќа дури и ме плаши. Дали е тоа така бидејќи долго време не сум била вака среќна и исполнета ? ...